за 10 години: ќе имам 32 ќе имам 9,5 годишна ќерка можеби ќе работам нешто за разлика од сега -ништо се надевам дека дотогаш и сестра ми ќе се омажи и да имам внуче и батичко исто таман ќе има 27 доста му е тато и мама ќе бидат стари и дај боже здрави и на крај се разбира принцот мој ќе ме сака до крај на живото ете тоа иииииии мислам дека феминина ќе постои до тогаш и ќе си се дружиме и ќе видиме кој до кај стигна
Се надевам дека ќе си го завршам факултетот кој уште не сум го почнала Се надевам да имам успешна кариера и ќе целам кон тоа и секако време би ми било да стапам во брак во кој ќе го имам сето онаа што сите го посакуваме : здравје ,лјубов среќа, незаборавни моменти.....
За 10 год.ке имам 48 год,децата ке ми имаат 27 и 22 год.се надевам ке бидам баба ,мм и децата ке работат јас малку ке кулирам
Ќе имам две деца (најверојатно) и 29 години... Иии....незнам колку ќе имам време за Фемина и опуштавања
За 10 години ----> 28 години. Завршен факултет.Вработена. Среќно омажена. Мајка на близначиња. Сопственичка на 2-3 кученца. Аахххх
За 10 години ќе имам 29 - ок де за месец ипол 30, ќе бидам ептен успешна и ќе си живеам сама со мачките.
по десет години успешна жена со завршен факултет и прилагодна работа која целото внимание ќе му го посветува на сопругот и на децата уфф здравје боже
За 10 години ќе имам 27 години , ќе бидам мажена , бремена , со едно дете на 1 година, дом , работа , куче . Здравје Боже , така сакам , ама што се случи никој незнае....
За 10 години .. Ќе имам веќе завршено за судија на правниот факултет " Јустинијан I ". Ќе ја започнам со пост-дипломските студии по форензика на ПМФ. Ќе имам свој стан,кој ќе си го уредам по свој вкус. Ќе бидам млада госпоѓа со сопствено ферари ( по можност виолетово) Ако немам деца и не сум омажена,ќе имам кученце,мало,слатко,за гушкање со кое ќе го поминувам слободното време. Ќе бидам финансиски независна личност. Ќе имам свршеник - висок,со плава коса - кратка,кој ќе ме почитува и сака онаква каква што сум. Скромно,зарем не ?
Хмм..па по десет години ќе имам 28,ќе бидам среќно мажена,едно дете или близнаци,ќе живееме во куќа далеку од Македонија,ќе имам завршено факултет и ќе имам постојана работа и добра плата.. Just planes ..
По десет години се замислувам со завршен факултет и вработена во некоја аерокомпанија(да ви кажам овој збор у моменто ми текна и го запишав...мислев да работам како стјуардеса)
За 10 години јас и Барселона, водиме љубов 24/7, уживаме еден во друг. Од време на време го изневерувам со Лондон, sweet love, и понекогаш Ибица, жежок секс. Хеј, хеј Алис, враќај се во реалност.... Еве ме...па најверојатно очајна домаќинка со некоја работа не многу по желба, може и некое малечко детенце да ми игра балет по живци. Со прстен на рака ваљда и диплома на ѕид, нормално. Натинг спешл
Мажена...со факултет..сигурно ке работам како учителка во некое основно училиште (затоа што тоа планирам да се запишам) со две деца околу мене (по желба машко и женско)
По десетина години ке имам околу 25 години и пак нема да имам некое големо достигнување за тие години. Тогаш можеби ке го завршам факултетот, ке бидам вработена - тоа ми е првата желба што ми доаѓа на ум. Потоа ке можете да ме најдете во некое кафуле покрај кејот на Вардар јас и другарките скоцкани си пиеме кафе и си моабетиме.Сакам тогаш да имам пријател, потпора во животот, сопатник, рамо за плачење, верен придружник - таков дечко, но не да биде и сопруг. Тогаш ке ми биде може рано за мажење Најважно е да бидам здрава, среќна, да бидам со најмилите мои, се друго е минливо и потрошно.
Со магистерска диплома од Германија, новоотворено школо за странски јазици, прекрасен човек до мене и малечко детенце што не сака да се одлепи од моите нозе..
Како сум тргнала, не знам кај ќе завршам Не, озбилно, тогаш би имала 23 години и има неколку работи кои би сакала да ги имам/направам: -да завршам основно (дај боже) -да магистрирам кајштоќесезапишам -supporting guy до мене, некој со кого ќе ја делам и среќата и тагата -целото мое семејство и вистински пријатели, да ме расположат и во какани денови со глупави вицови и голема гушка - Во суштина, образована креативна млада девојка со широки погледи кон светот и реални очекувања, глава горе и напред кон нови успеси!