Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По десет години...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    По десет години ќе имам 29.Ќе имам диплома ама и завршени магистерски студии :!: па ќе бидам менаџер на некоја голема корпорација (впрочем тоа и студирам). Со многу пари во банка,со скапа кола, со дијамантски прстен на рака значи омажена и може едно малечко по можност девојче.. :wasntme:
    Ќе имам голем авторитет,ќе се движам во високи кругови нормално дотерана до последна мода..салони за убавина,масажи,маникир,педикир ммммммм....Патувања низ цел свет, крстарења,опуштена на некоја јахта со мажот и детето до мене си уживаме.Ибица,Палма де Мајорка,Сен Тропе...па се до Лас Вегас,Њујорк...
    Ех уште да ми се оствари.. :$ :$
     
    На Emma.Sun, maca78 и ViKtOrIjA21 им се допаѓа ова.
  2. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    По 10 години се замислувам сеуште со истата висина,пократка коса,малце побуцкаста.Веќе завршен факултет,вработена како социолог,професор по граѓанско или водич,верена или омажена.Се учам да возам кола во некоја авто школа :lol: Со мало стомаче како со свршеникот или сопругот одам на генеколог,леле радости аииии :angel:
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    По десет години :wasntme: , денеска ќе е 6ти јуни, но 2021 година... их, математичар сум невиден! 8)
    Мразев и мразам математика! Да се знае. И особено мразам се што вклучува бројки внесување во ексел. Фала богу не се занимавам со тоа и се надевам за 10 години на овој прекрасен ден, нема да се занимавам ама ич.
    Веројатно дека ќе имам по некоја брчка околу очите, а можеби и нема.
    Сепак 38 ќе ме биде.
    Тогаш ќе сум со плус искуство во главата, рацете и нозете.. пак сосема нормално е да има и некоја лузна од борбата со животот. Ама што да правам побогу, кога ми се смее - се смеам.. ок ајде да бидам искрена главно сум со окезена фаца, а и од смеење се прават брчки бре.
    Си имам и фаца љутиш, која е поскоро фаца „убичу те :!: ! ама гледам помалку со неа да ракувам, пошто челово ќе ми се збрчкоса ептем на денешен ден за 10 години.
    И значи за 10 години временска машино, јас се надевам ќе работам во секторов во кој работам. Ј
    а сакам работава пошто одговара на она што сакам да работам ама тотално, до најмала точка, запирка од се што главава смислува за да се сработи.
    Се надевам тогаш дека ќе имам нешто :wasntme: стабилно во животот :nod: , некој кому ќе можам да му го прераскажам денот и да чујам за неговата „возња“ дента.
    Ова време веројатно би биле на работа, па би да зборуваме по телефон или по скајп за по 17 саат што ќе се прави... уф, што? што? штоооооооо? :!: .
    А, што ќе се прави? јас би денеска понеделнички да се појде на ручек некаде надвор, на некоја летна тераса.. онака фамилијарно , па да се прошета низ некој од трговскиве центри, да се купи нешто за да не писка малишанот мој посвоен :P па да се оди дома пред телевизор малку на една партија мазење.
    Вечерта од овој after 10 години ден?
    Би некои пријатели да дојдат на заедничка скара и салата, плус сладолед.. за мене главно салата... мора да се пази на линија :D .
    Па ќе се седи во двор и после ќе ги набркам сите лапачи со пуни стомаци, пошто ако ја работам работава ќе треба и вечерта да досработувам, па и да испеглам бре за утредента, да зготвам нешто, ваљда нема и на 7ми јуни 2021 да се руча во ресторан :rofl: .
    Убав ден би било тој 6ти јуни 2021 ааа убав
     
    На MacenceEna, CameliaMiller, lovely-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    По десет години..само посакувам да не ми биде криво за нешто што сум го направила во текот на тие години, и да бидам исполнета со животот кој го живеам. Се надевам среќно омажена, со две слатки дечиња, добра работна позиција, уште подобра плата и куќа со огромен двор целиот со тревичка и цвеќенца, по можност и мали ламби , чисто да се гледат цвеќињата де :lol:
    уф...не сакам веќе ни да размислувам за после 10 години, зошто ако тогаш го читам ова што сега сум го напишала може да се разочарам ако не ми се оствари барем 80% од истото ;)
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Среќно омажена, со 2 деца, работа која ја сакам во куќа ками со мојот маж и двете деца! :)
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    pa za 10 godini sin mi ke ima 12 dotogas uste edna prinova valda dosta ke ni se :lol:
    edna ubava raboticka
    edno ubavo kolice
    sekoja godina po edno odmorce
    srekni zaedno i dosta ke mi e :talk:
    valda ke mi e dosta
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Famous writer! :cash: :cash: :cash:
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Се замислувам со солидна работа како наставничка или професорка по англиски,а можеби и друг јазик,со тајно хоби пишување 8) , се замислувам со дечко,апсолутно неомажена и со големи планови и амбиции за иднината. :emo:
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    17.088
    По 10 години ќе бидам послаба :!:
    Не бе стварно по 10 години шо..абе ај ништо..кидам у Париз :lol:
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    124
    Има две можни опции:
    1. Ќе живеам исполнет живот, со група блиски пријатели секогаш спремни да ме сослушаат или да шизат на свирки со мене. Со еден најблизок сопатник наречен дечко, кој ќе го сакам на посебен и единствен начин, поразлично од сите други, кој ќе ја возврати таа љубов и ќе биде подготвен да ме поднесува и во лошите моменти. Интелегентен, симпатичен, духовит и анти-турбофолкер, ништо друго не барам.
    Забегав, страмота :$
    Ќе имам работа која нема да ја ограничува мојата креативност или пак да ме депримира поради серкото наречен шеф. Ќе бидам високо образована, со сопствен стан (дај Боже) и со куп марами во плакар. :!:

    2. Или ќе бидам се' спротивно од ова.

    Ја сакам првата опција, дефинитивно. Иако сум скоро сигурна дека по десет години животот ќе ми биде тотално различен од замисленото.
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    По 10 години ..Хмм, ќе студирам во странство, откако ќе завршам ќе купам куќа некаде покрај плажа (Мајами;лос анџелес) После следи еден згоден дечко, интелегентен и духовит.. :$
    Ќе работам како адвокат или полицајка (уште не се знае :lol: )
    За скопје ич нема да ми биде гајле, пошто само гледам како да излезам од оваа монотонија |( ,така да нема да ми биде ич жал и да не се ни вратам.. :)

    Тоа е тоа,мојот животен сон..надежта последна умира.хахаха :)
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Завршен фалкутет.. да живеам во ЊуЈорк Менхетен.. да иам маж или дечко кој ке ме сака и ке го сакам.. да иам пари без да бидам славна.. и да бидам добар адвокат Ouuuu my dreamssssssssss ! хахаха
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сопственик на болница, приватна и сосема приступачна за секое живо створење. Без врски фино лепо молим. Освен за моите деца :wasntme:
    Ќе имам жолта кола. Гајле ми е каква, жолта нека е. :inlove:
    Среќно мажена, со три деца, ако не и две нека се како за почеток па ќе се множат.
    Со куќа во Италија, каде што ресторанот совршено ќе ми функционира. Таму ќе одмарам од болничките обврски и психијатарките третмани. А може и таму да живеам па болницата преку телефон да ја раководам. Или блиско лице да ја држи во мое име. Не се знае сепак, ќе размислам до тогаш. :P
    Во куќата ќе имам бела дневна, светло сино вц, огромна кујна, камин, соба за читање(библиотека), голем двор со убава трева, фонтана, и разноразни лепис твари, соба за релаксација, детски соби по можност жолти док се мали децата, и тако то. 8)

    Скромна сум де. :tmi:

    Сега, јас вака се замислувам, ама и да не е вака, ќе се задоволам со работичка и платичка доволна за живот и со човек покрај мене кој ќе го сакам и ќе ми биде постојана поддршка. Може и со првото детенце на пат(не се застанува на него, до три ќе се тера :D ), живеејќи во топол хармоничен дом на мирно место. А свадба сигурна сум дека сакам да направам пред да навршам 30 години (ако имам кандидат секако, ако не здравје ќе ја поместам границата во ваков итен случај) :D
     
  14. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    За 10 години ќе сум дипломиран психолог со сигурно некои надоградби во моето оразование, со своја ординација и вклучена во некоја невладина организација, а мојт статус да гласи Just married :lol: со човек со кој ќе имам меѓусебна љубов, разбирање, топлина и се така натака :)
     
  15. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    За 10 години сакам да бидам згодна секси убава мама на едно,две,три деца можеби,со прекрасен тато,на кој ќе му бидеме се во животот и кој неизмерно ќе не сака и почитува :)
     
  16. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Вработена, добро ситуирана, среќно омажена, можеби со 1 или 2 дечиња :lol: Се надевам дека барем приближно толку ќе постигнам :)
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    За десет години ќе бидам веќе одамна дипломиран лингвист :) се надевам вработена како наставник по Англиски јазик :) мажена со мојата љубов :inlove: да си имаме едно слатко ќеркиче :) и тоа ми е доволно :wasntme: :wasntme:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Со диплома, со прекрасен дечко/маж покрај себе. Можеби и детенце, којзнае. :)
     
  19. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    По десет години се замислувам дека имам докторирано и убаво работно место далеку од македонија!!!
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас и он во нашата убава куќичка во периферијата на Скопје, со убаво дворче, тој пие пивце и прави скаричка, нашите две дечиња се бркаат околу куќата, а кученцето наше си трча по нив. Јас на лулашката си правам муабет со моите и сестра ми кои ги очекувам на неделниот ручек. А вечерта договор со пријателите на седенка во нашиот двор. Да ечи смеја од сите страни.
    Две скромни колички во дворот. Парички секоја година за летување и викенд на планина. Солидни работни места. Ни барам премногу, ни премалку. Да ми се живи и здрави моите најмили, среќни да сме и полни со љубов! Доволно ми е тоа!

    Куќа на Бали, стан на Менхетен, викендица покрај езерото Комо, јас главен правник во Светската банка, возам ферари ф 430, се возам на 105 метарска јахта секое лето на карибите ... бла бла во друг живот, парите ни здравје, ни среќа, ни љубов нема да ми дадат, а мене тоа не ми се поклопува со желбите за до моите 35 години :)