Обично со ден доцнење се точни Особено ако е од поскапите тестови што покажуваат и 10дена од однос, тие се 99% точни
Здраво нова сум на форумов и да прашам значи вака имам редовен менструален циклус од 27,28 дена.Последна менструација ми дојде на 24.04 и траеше 5 дена до 28.04.На 29.04 (шести ден од циклусот) имав однос со заштита (не пукна кондомот) притоа не сврши во мене.Дали има ризик од бременост и потреба да паничам и да правам тест?
Мене еден ден после доцнење на циклус ми покажа негативен ,кога направив после 4 дена доцнење ми покажа позитивен
Девојки здраво на сите, јас сум нова на форумот и притоа би сакала да ве прашам за совет. Последен циклус имав на 12.05, на 28 имавме прв обид за бебе. Од симптоми имам само потечени гради. На 05.06 направив тестови преку урина и преку крв и двата беа негативни. Сега си мислам дали сум ги направила многу рано, дали треба да чекам или сепак нема ништо. Поздрав
Искрено малку се разочарав кога тестот од крв излезе негативен бидејќи мислев дека преку крв веднаш ќе може да се дознае. Ќе почекам уште некој ден. Ви благодарам
Нема зошто д се разочаруваш дека не биднало од прв пат. Не се оптеретувај толку уште од прв месец, опушти се , уживај во љубовта. Ретко која жена останува бремена на прв обид. Гушкајте се и уживајте, ќе дојде и бебето. А и само од еднаш шансите се мноогу мали.
По колку време од доцнењето на менструација треба да се направи тестот за да покажи резултати и кои тестови се најточни.
После 2 дена доцнење направив и покажа негативен читав дека рано е да покажи затоа прашувам дали треба да почекам уште малку. Последна менструација имав на 27.12.2017 година а однос со обид за бебе негде околу 07.01.2018 година тие денови. По пресметките требаше да ми дојде околу 23-24-ти јануари но сеуште ми нема дојдено и тоа е некаде околу 6-7 дена доцнење. Па прашањето мие кога да направам повторно тест.
Мене ми се има случено после две недели каснење да добијам позитивен тест а до тогаш се негативни Најдобро и најсигурно е преку крв да провериш
Поминаа две недели до денот кога требаше да ми дојди и тестот покажа негативен а сеуште ми нема дојдено. За да бидам сигурна дека е негативен а не ми иди еве кога да направам повторно тест тоа прашувам.