Досега никогаш не ми се случило такво нешто, прво кога видов се разочарав, а после ми текна дека имам читано на implantation bleeding па си помислив дека е тоа, но не сум сигурна, може и само така сакам да си мислам да го намалам ефектот на разочарување.
Не се разочарувај, баш напротив, еве читај за ovulation bleeding. Ако тек сега си имала овулација, за имплантација е сéуште рано.
Имав јас нешто такво како што опишуваат, на салфетката како белка од јајце со малку кафена боја внатре, растегливо.. да не опишувам детали. Незнам, дали гинеколошки преглед би помогнал во расчистување на дилемиве. Најмногу сум вознемирена околу вакцинирањето, во друг случај, веројатно не би се ни надевала на таков исход.
Некој да знае што правам од нестрпливост ќе ме направи глупа, ама што да правам кога сум нестрплива и направив неколку теста па врти наваму, врти натаму чекам бледа линија Изгледа ништо овој месец, ми почнаа симптомите за добивање, а штом почнам да касам значи ќе ми дојде , битно накупив тестови нека има, ќе се најдат
Не си единствена, и јас секој месец истата патека ја одам, неколку дена пред да добијам се борам сама со себе да не купам тест, бидејќи резултатот нема да се смени ако го направам порано тестот. Ама ајде кога нешто толку посакуваш, желбата те тера да правиш глупости, дури мислам дека некогаш сугестивно ми се лоши и повраќа, секој ден следам дали имам промени во градите , единствено сто останува е да се надеваме дека наскоро симптомите ќе бидат вистински.
Исто, симптоми сама си наогам пред да добијам, пред термин колку теста направив , како да не знам кога се прави тест. Баш сабајле со маж се спречкавме, да почекам па тогаш да правам, што е нормално, дека денес треба да купам тест, синоќе последниот го потрошив
Се пријавувам и јас за правење глупости. Си нижам глупост до глупост Некој месец бев посмирена малку, еве овој месец пак збеснав. Сабајле си правев еден, треба да добијам за 3 дена
Не сум ниту јас поарна пред неколку дена ми почнаа гадења и да ме надболува стомакот и денес направив селф клир негативен инаку за 5 ден треба да не добијам,незнам што ми текна ама тоа е. Инаку за гадење ќе ми речете дека е многу рано првата бременост 9 дена пред добивање ми почнаа гадењето.
Дали некој од вас добил резултати два дена пред менс да добие позитивен тест дали има некој со вакво искуство
Јас и првата и втората бременост. Ама во суштина битно е колку дена си по овулација, јас сум била 11-12 дпо. Порано од ова и има голема шанса за лажно негативен резултат.
Здраво, дали ако се прави тест за бременост после 3 месеци однос, би се покажале точни резултати? Иначе менструацијата си била редовна.
За тест веројатно ќе покаже ама најдобро на доктор. Моја другарка во 4 ти месец дозна дека е бремена, имаше редовна менструација, како до толку да не се осети не знам, веројатно се случува.