дали е можно тестот да покаже негативно а сепк да сум бремена правев тест на 19 ноември аминатиот месец ми дојде на 14 октомври правев тест блуе дреам
Значи ти каснело 5 дена па си го направила тестот? Тестот не може да биде лажно позитивен ама може да биде лажно негативен. Така да или направи си уште еден тест (sure check и self clear ти се најдобри) или појди си на лекар ќе ти каже најточно.
^ тоа е нормално да се случи, пример рана бременост, неправилно направен тест, грешка во самиот тест....
Вчера направив тест за бременост и ми се појавија две линии.. но втората линија излезе розева.. денес направив пак тест и исто така излезе тоа значи дека сум бремена..?? и зошто розева..
^ бушавка честитки, ти си бремена - тоа се два позитивни теста. Бледо розева е честа појава на тестовите, најчесто поради рана бременост.Или слабо лачење на хормонот hcg
И други така ми рекоја дека рана бременост ми е но сепак не е лошо и друго мислење ..фала многу за одговорот и дај боже и кај останатите шо сакаат да му се појават две линии..
Правев тест пред 5 дена и ми излегоа 2 црвени линии, но онаа кај што треба да биде позтивен беше многу бледа (на упатството пишува ако се појави вторава како бледа значи слабо позитивен и да се повтори тестот после 48 часа, а јас го повторив после 5 дена). Денес тестот излезе негативен, и сега ништо не ми е јасно кој е неточен. Инаку имам нередовен циклус, а веќе 2 месеци немам добиено. Некоја да имала вакво искуство со тестови?
ana и мене ми се случи ова во ноември, правев тест и излезе втората линија мн бледа, бев на гинеколог и ми рече дека ако има бременост сеуште е рано, бидејќи имаше поминато 1 недела до 10 дена после зачнувањето, а ми каснеше само 2 дена. наредниот ден правев тест приквечерта и излезе негативен, јасно негативен без никаква втора црта, и по еден ден после вториов тест ми дојде... стави си влошка со ракија натопена и ќе ти се стоплат јајниците, ако не ти дојде за ден два, оди на гинеколог, значи има нешто (можеби си бремена) а ако ти дојде то е то, ти работи си на случајот и ќе биде кога најмалку очекуваме. Spoiler поминато е доста време откако си коментирала, сега дури видов датум, се надевам немаш добиено..
И од мене со среќа за сите нови мешиња....Да не има во уште поголем број Инаку и јас прво после една недела откако ми каснеше менструацијата направив тест пошто мене никогаш не ми касни ни еден ден и ми беше ептен сомнително.....Тестот беше позитивен,па отидов во Плодност и ми го потврдија тестот...и мешето почна да расти
Јас го направив тестот за бременост после 2 дена доцнење. Се покажаа 2 цртички, од кои втората не беше многу црвена, ниту пак многу бледа.
Не сум сигурна но мислам треба минимум месец дена да помине.Ако сакаш да потврдиш бременост,со поголема сигурност од тест можеш и со анализа на крвта
здраво последен пат имав на 11.12.13 со мажот ми имавме не заштитен однос од 05.01.14се до денес со цел да останам трудна мене уште ми нема дојдено меѓутоа јас немам редовен циклус и знае по 10 дена да ми касни. на 13.01.14 направив тест излезе негативен е сега кога е најдобро да направад друг тест???