во лето седам повеќе часа пред компјутер,сега овој период по 3часа најмногу,најчесто барам нешто за училиште,ѕиркам што има по фемина и фејсбук,обавезно слушам музика и така
Не знам баш по колку часови... Кога сум на училиште, набрзина разгледувам на Црнобело, фемина и кафепауза додека слушам музика. Се допишувам на фб, или на форумов, или гледам мајк ап туторијали. Кога не сум, истово, плус истражување за што ќе ми текне, и по некое филмче.
Цел ден, ама буквално цел ден, освен ако не земам да прочитам некоја книга по 3 саати На се сум во исто време Во едно прозорче ми е отворено facebook, во друго twitter, седам и на фемина, we it, слушам музика, гледам видеа на youtube или гледам некое филмче.
Само кога сум слободна и кога ми е досадно,а се случува и по ден два и да не го вклучам, сега додека сум на одмор бидејки фб немам на фемина сум цело време и музика слушам и по некој филм гледам и минувам околу 4 до 5 часа дневно
На компјутер седам отприлија 2-3 саат дневно, ако имам некоја работа на него ја извршувам а времето што ќе ми остане најчесто го трошам на фемина, јутуб или пак гледам некое интересно филмче.
Аааа па компјутеров станува многу досаден, ама не доволно за да не поминам добар дел од денот и моето време пред него Најчесто фејзбук фемина инстаграм,едно те исто, едно те исто , се врти во круг
Знајш дека исто така и јас. Мама ми вели тргни го телефонот ма од прееска ќе се озрачиш, тоа ме нервира o
Кога нема школо, знам да седам и по цели денови и ноќи. Не е убаво за очите, ама ајде. Исто и на телефонот. Ако не сум на компјутер тогаш на телефон. Може и затоа носам наочари.
4 часа максимум. Седнувам, отварам Фемина и Фејсбук, разгледувам што има ново по другите сајтови (Идивиди, Мотика, Црнобело и сл.) Некогаш гледам филм или серија, но само кога имам повеќе слободно време.
Зависи, некој ден повеќе, некој ден помалку. Инаку како и повеќето најчесто сум на форумов или фејсбук. Јутуб обавезно и најчесто пребарувам на гугл тоа што ми треба.
Работно секој ден по 8 понекогаш и повеќе часа. Фејс, и други од тој вид на забава немам, и за тоа не трошам време пред компјутер. Фемина е единаствен форум на кој ме има, иако еден пост можно е да почнам да го пишувам сабајле а со мали измени да биде пратен во текот на денот па и ноќебило од на работа или од дома, пак кога работам нешто за на работа И покрај дремењево пред компјутер, гледам супер
На компјутер многу ретко седам, скоро и никогаш. Се служам со добар телефон и го користам секогаш кога имам потреба.