бог нема да се симне, туку лугето ке бидат озивеани и сите ке отидат пред бога, па ке им се суди на сите лугје на сите вери на сите нациј пред бога сите ке застанеме во една цинија со се вика. а бог ке не определи за каде сме,а јас секогас го молам да бидат сите верници покајници, во рајот да не соцува од пеколните горестини Aмиииин
Луѓето кои имаат увид во невидливите пордачја на животот известуваат дека дел од душите на починати луѓе кои цврсто се врзале за таквото верување долго време остануваат покрај својот гроб чекајќи го воскресенеието на своето физичко тело, кое меѓутоа веќе се распаднало бидејќи материајта е минлива. Вечниот живот постои само во Духот Божји, сè друго е минливо. Еден ден преку Исус Христос сите души ќе се вратат повторно во своето вистинско дома, Царството Небесно.
Најверојатно е дека нема ништо после смртта, нити рај, нити пекол, незнам, само претпоставувам, едноставно само енергијата, останува после тоа, а имам на ум, дека може и да се случува астрална проекција, од овие две некое, не тоа првото што го реков.Иако се што е напишано во Библијата е на база на алегорија, ништо друго.Мал дел од она што си размислувам да си надокнадам тука
Во библијата јасно пишува дека после смртта човекот ништо не чувствува,не гледа, не осеќа, исто како да е во длабок сон, само тие што му биле верни и послушни на крај (кога ке дојде крај на светот) ќе воскреснат и јас верувам во тоа бидејки мора еден ден да му дојде крај на овој злобен свет исполнет со зло, лицемерие итн.. па да дојдат подобри времиња како што била и првата намера на бог со луѓето.
Уф, тешка е темава. Ај прво да кажам дека порано ич не и се плашев на смртта. Е сеа, некако успеа да почне да ме плаше. Далеку од тоа дека сум падната у некоја депресија и страв ми е да не умрам за брзо време, ама сепак некако ме фака страв. Сакам да живеам долго ама па страв ми е од старост. Како ќе го постигнам едното без другото незнам. У секој случај за ,,тоа нешто,, после смртта незнам шо да мислам. Мислам дека коа ќе ти престанат органите со работа, тоа е тоа, нема ништо повеќе после тоа. Само два метри земја над тебе.Ама па после у исто време ми висе еден прашалник над глава пошо мислам дека има душа бе во нас. И стварно незнам шо се дешава после смртта ама ете, многу сакам да верувам дека незнам после смртта постое некој друг живот, нешто друго. а најмногу од се сакам да верувам, т.е на некој начин почнувам и де си се убедувам дека постое реинкарнација, дека на некое друго место пак си имаш живот итн.... убаво ми е така да си мислам
Искрено од твоите АМИН постови ми се буквално. Како да си на форумот само за една пуста религија и да ни посочиш дека сите ќе завршиме пред Господ и он ќе ни суди, бре мајката! Дај олабави жити се, и живеј а не само амини и судења во секој твој пост. И да не бидам офтопик, после смртта се надевам само дека постои живот, дали подобар или не, врска немам, рај пекол, сеедно, само не сакам таму да е крајот, ама ич не сакам тоа!
Не мора да значи ако се земе во предвид кармата. Точно е дека сме енергија, но душа претставена како енергија која во себе ги впива последиците од своето делување, тие делувања и последици од истите се складираат во енергијата и ги исфрлаат последиците од нашите делувања. Но и кога се работи за кармата ние треба да се трудиме да го градиме на здрав начин нашето тело, мисли и говор, да се стремиме кон спознавање на себеси, збогатување на своето знаење, правење на добри дела, делење со другите (несебичност), бидејќи добрите акции ќе ни донесат и позитивни реакции (причинско-последична врска). Додека пак ако ја храниш душата со зло, со измама, алчност сето тоа го складираш во својата енергија и тоа може да вроди само негативен ефект во иднина. Јас вака ја замислувам енергијата која ја нарекуваме душа, и таа душа патува (се реинкарнира) и зависно од нашите постапки и живот таа се гради, се усовршува. Само од нас зависи дали ќе ја усовршуваме или труеме и ќе ја враќаме на пониско ниво. И тука има степени, кога енергијата ќе го достигне највисокиот степен, го достигнала своето совршенство и го наоѓа своето место во небеското царство како водич. Јас вака го разбирам "нашиот пат", а Господ е енергија која го достигнала своето совршенство и преку божјите заповеди ни го покажува вистинскиот пат како да стигнеме и ние до совршенство и така да бидеме во неговото царство. Не сакам да верувам дека божјите заповеди се норми кои санкционираат со пекол. Нема пекол и рај, пеколот и рајот како што ние си ги замислуваме, се производ на нашиот начин на живот. Ако си живеел добро кармата те води кон посовршена последица (наречена рај) и обратно (пекол или потежок живот како последица од лошото живеење). Ова мое сфаќање не го поврзувам со религијата, ниту со црквата и нејзината идеологија и наметнување, само со Господ како совршена енергија.
Прочитајте ја книгата Што ќе ни се случи по смртта? од Александар Донски, собрани се сведоштва од луѓе кои доживеале клиничка смрт има објаснето убаво многу работи. Јас верувам дека има нешто па не може кај сите луѓе истото да се случува.
Јас имав прочитано друга книга од странски автор, кој истражувал на оваа тематика, всушност се говореше за тоа што се случува по смртта, за луѓе кои доживеале клиничка смрт, Спојлер на пример тие кои доживеале сообраќајна несреќа, со самата смрт, тие се одвојувале од физичкото тело и со своето духовно тело гледале одозгора се што се случувало околу него, истото и за природната смрт, па и такви изјави каде гледале светлина која им го покажувала нивниот живот од раѓање до смрт... го ставив во spoiler бидејки може и да е вознемирувачко.Незнам дали е вистина, бидејки се работи само за клиничка смрт.Веројатно има нешто, патем и спомнав неколку пати во темава.
Што се случува кога возачот ќе излезе од возилото? Што се случува кога ќе ја фрлите старата облека? Дали престанувате да постоите? Така е и по смртта. Телото се разградува на своите составни делови, симболично кажано се враќа во прав, но свеста, она „Јас„ - душата , продолжува да егзистира понатака до духовната димензија.
Работата е што сите скоро истото го доживувале, одвојување од телото, неопишливо чувство на мир, спокој, бела светлина..Дури некои тоа го доживеале и кога настапила и т.н. мозочна смрт. И да, сите после тоа поинаку гледале на животот, многу поспокојно.
Мислам дека после смртта се раѓаме во ново тело. И често размислувам на оваа тема, и се надевам вака ќе биде. Или пак умираш и сваќаш дека се будиш од некој сон. исто размислуваме, како ова јас да сум го пишувала.
Наставникот по биологија ни имаше кажувано дека откако ќе умреме нашата душа се распарчува на повеќе делови и оди во различни суштества.На пр. во друго бебе,во некое животно и сл.Дали ви се има случено некоја случка и да почувствувате дека ви е позната од некаде?Епа наставникот вели дека тоа се случува бидејќи нашата душа односно душата на тој човек што умрел веќе го има тоа доживеано. Е сега не знам колку има вистина во тоа.Ќе умреме некој ден и ќе видиме како е.
Јас имам слушано дека после смрта повторно се раѓаш (немора да значи како човек) но дека не се сеќаваш на претходниот живот!
Во рај и пекол не верувам. А мислам дека по смртта душата ни оди во друго тело а нашето тело умира. Незнам така ми е некако нај логично.
твојата дуса е само твоја, сите ке умреме еднас и ке застанеме сите пред Gосподарот целиот универзиум, а твојата дуса никаде во друго тело нема да влезе, засто бог на секој цовек му дал дуса,и секоја дуса ке полага сметка, ај размисли малце твојата дуса сега да влезе во мене, и све сто си правела ти греови јас ке платам за тебе, хехехе не и иде така тоа. секоја дуса ке биде возкресната на суден ден, па ке ни се суди според насите дела, насите дека ке се мерат на вага, десна страна се писе добро, лева страна се писе лосо,секој цовек бог му дал по два ангела на лева и на десна трана,сто нема да се тргнат од нас се до смрта наса,а потоа тие идат кај господарот, и му даваат известај све сто ме правеле на овој свет, и според тоа или ке бидеме наградени со бозјите влагодети, или ке бидеме казнети, тоаа е моето веруванје.
Не сум многу расмислувала на оваа тема, иако морам да признам дека понекогаш си го поставувам ова прашање дали постои живот после смртта или тоа е само една човечка фантазија, се со цел да се намалат злосторствата на земјата, луѓето да веруваат дека сепак постои нешто и кога тогаш ќе им дојде "судниот" ден да платат за своите злодела. Пред некој ден и јас гледав на интернет луѓе кои што имале клиничка смрт. Според она што тие го кажуваат, сепак постои нешто после смртта. Речиси сите исто зборуваа, како влегуваат во нешто ново, се е бело, убаво, совршено... Од тогаш почнав да верувам дека сепак има нешто, но сепак не сум сигурна, а и никој не е сигурен во тоа, од секогаш било мистерија за човештвото а и засекогаш ќе остане, бидејќи сепак никој не може да се врати и да каже.