По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не се знае. Ќе дознаеме кога ќе ни дојде денот :D
     
  2. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Ќе си спиеме долго и убаво без никој да не разбуди :D
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    gledav eden klip od eden ruski naucnik koj dokazal na nekoj nacin deka teloto umira no dusata prodolzuva da zivee toa go imase objasnato preku mislite za toa kako i od kade ni doagjaat...ne go svativ bas ubavo no negoviot zbor bese smrtta ne postoi.drugo so sakam da kazam e za klinickata smrt citav deka naucnicite toa go objasnuvaat deka svetlinata sto lugjeto ja gledaat doagja kako proizvod od nedovolno energija vo mozokot .neznam iskreno ponekogas si veruvam deka postoi raj i pekol a nekogas si velam dusata se seli vo drugo telo..gledav edno video mislam bese na ovaa stranica vo ovaa tema so eden od rusin sto bil zemen vo drugiot svet samo za da vidi ,go opisuvase pekolot.navistina se voznemiriv.neznam vo sto da veruvam :^)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    После смртта никој не се вратил да каже понекогаш мислам дека ова е пеколот упорно сакаш да постигнеш цел,и ете нешто ти се испречува на патот.Што знам не сакам да се замарам за после смртта сакам колку што можам да си го одживеам животов да ми биде исполнет со благосостојба се умерено,на крајот на краиштата за расад никој не не чува,а да се вратил некој и тоа не се случило па уживајте во животот!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    После смртта....u bolji zivot :rofl:

    Ненам ни јас самата, нон стоп различни работи читам, нон стоп менувам мислење, а и искрено многу многу не му ја мислам.
     
  6. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Прашањето за тоа што се случува после смртта е доста конфузен. Во Библијата не е конкретно кажано кога даден човекот го настигнува вечната судбина. Но се кажува дека после смртта, човекот го одведуваат во пеколот или во рајот, врз основа на тоа дали го прифатил Исус Христос за свој Спасител. За оние, кои веруваат смртта означува напуштање на своето тело, за да бидат вечново Божјото присуство. (II Коринтјани 5:6-8; Филипјани 1:23) А за оние, кои не веруваат – вечна казна во пеколот (Лука 16:22-23).

    И точно тука настапува конфузноста за тоа, што се случува после смртта. Откровение 20:11-15 опишува како сите луѓе, кои што се во пеколот ќе бидат фрлени во огненото езеро. Главите 21 и 22 од книгата откровение ги опишуваат новото небо и новата земја. Токму затоа изгледа, дека до моментот на своето воскресение, изгледа дека човекот после смртта живее во „повременен“ рај и пекол. Вечната судбина на човекот нема да се промени, но ќе се промени точната „локација“ на неговата вечна судбина. Во даден момент, после смртта, верниците ќе бидат одведени на новото небо и на новата земја (Откровение 21:1), а неверниците ќе бидат фрлени во огненото езеро (Откровение 20:11-15). Тоа ќе биде последната местоположба не секој еден човек – тоа ќе се определува единствено од тоа, дали човекот се доверил единствено на Исус христос за спасението на своите гревови.

    Превземено од got questions :) :)
     
  7. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Леле само да се заплашувале луѓето за да се држат во контрола преку религииве :) Па човек го пишувал сето тоа, не е од небото паднато :) Не се потсмевам на ништо... ама не верувам на ништо што презентираат религиите.

    Верувам во моќта на умот и во енергијата. Во ништо друго.
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не знам оти
    по природа не сум некоја самоуверена личност, некој нарцис па сега ова она..
    , ама кога ќе си се исклучите од светот, од се околу вас, духовно кога ќе си нурнете во себе, зарем не гледате колку е големо и моќно вашето „Јас“ и таа енергија која ја носи за сосема да исчезне?

    Навистина е чудесно ако сето тоа туку така се згои некаде и никогаш повеќе не се појави, но зарем нема некое делче во вас кое едноставно, совршено се поклопува со сиот космос, со сето безвременско, со сета сила, некое делче што му припаѓа на Универзумко? :*:

    Постов нема никаква намера да наведе религиски мислења, реинкарнирање, постанување вампир,дух и слично, ама мене ми е тоооолку многу неверојатно туку така само да не снема.
    Ако е навистина така, тогаш природата е навистина чудесна. :)
     
  9. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Законот за запазување на енергијата гласи: Енергијата ниту се губи, ниту се создава, туку само се видоизменува. Па според тоа оваа енергија во нас (духот) по смртта на нашето тело би требало д се ослободи и да продолжи да опстојува како некој друг вид на енергија.
    Јас верувам во живот после смртта (смртта не е крај на животот, таа е дел од него).
    Многу луѓе на кои им се случила клиничка смрт кажуваат за некои чудни доживувања и прекрасни чувства. Можеби сето тоа е илузија на свеста која и во таа клиничка смрт е делумно зачувана, а можеби е тоа стварност. Кој знае?!
     
    На Hipica и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Поверодостјоно дека ќе е така, бидејки духот опстојува и после смртта, без телото.Мене се ми се чини дека ќе да се случува астрална проекција, бидејки тоа е одвојување на духот од телото, има луѓе кои знаат како да го направат тоа, а на некои им се случува, случајно.Клиничката смрт, ми е малку чудна работа, како се случува, а и тоа што го тврдат тие кои ја доживеале, велат дека има нешто после смртта, некои чувствувале мир.Веројатно се во право, бидејки тенка е линијата меѓу духот и телото.Можеби клиничката смрт постои за да се разјаснат тие нешта :?:
     
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Или рајот или пеколот, друга опција нема :|
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Не се замарам од сега. Има време да размислуваме за то на старост
     
  13. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    изгледа нема ништо
     
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Кој како си заслужил,секако е индивидуално!Затоа треба да се стремиме да бидеме вистински верници и да веруваме во победата на злото и да ги почитуваме заповедите,да го следиме Бог во секој смисол на зборот! Верувај за да бидеш СПАСЕН!!!
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Кога ќе дознаам,ќе ви пренесам. :rofl:
    Шала на страна,верувам дека има нешто навистина инаку како би ги објасниле појавите до 40 дена откако ќе умре човек,лута и чека да го примат НЕКАДЕ?! .. Навистина би сакала да знам,дали повторно се раѓаме или вечно живееме во рајот или пеколот..Јас би сакала да одам во Рајот и таму да ми се сите блиски што починале и да го .. направиме пекол :devil: Пак шала на страна - би сакала да ги видам сите блиски и да не се плашам дека повторно ќе ги изгубам,затоа што таму ќе ми бидат вечно .. ;(
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Прочитав најразлични мислења на темава, од тоа како никој не се вратил од умрените да ни каже што има после смртта, реинкарнација, рај и пекол, телото умира ама душата живее до тоа дека нашата душа ќе талка по космосот.
    Исто прочитав мислења како „верувам дека има нешто после смртта, едноставно одбивам да верувам дека ова, сега и тука е се.“
    Е сега да си го кажам моето мислење.
    Тоа што никој не се вратил да ни каже што и како е упатува на тоа дека после смртта никој не оди никаде и баш затоа не може да се врати од таму.
    Поверојатна е реинкарнацијата бидејќи има луѓе кои тврдат под хипнози дека биле некој друг и сето тоа е запишано некаде длабоко во нивната потсвест, па само излегува на површина.
    Значи, во се има грешки. Високата и ниската интелигенција се грешки, дури и луѓето што „памтат“ претходни животи е грешка. Како тоа до сега не се направила таква грешка за некој да се врати од мртвите? Ова логички упатува на тоа дека мртвите не одат на едно место каде што остануваат и од кое може да побегнат.
    Реинкарнацијата е неприфатена од христијанство, но сепак не е ниту негирана со факти, ниту потврдена. Ние знаеме толку малку за човечкиот мозок и неговиот капацитет од проста причина што не го искористуваме целосно. Значи, ние како високоинтелигентни живи суштества сме ограничени. Токму нашата ограниченост е причина што не можеме да си ја објасниме смртта. Тоа не плаши. А стравот е причина за да ние веруваме во задгробни животи, рај и пекол и слични глупости.
    Нели кога некои луѓе доживуваат клиничка смрт тврдат дека гледаат бели тунели, рај не знам ти што. Тоа е само недостиг на кислород во клетките. Толку. Некој вид на халуцинации на нашата потсвест. Го гледаме она во што самите веруваме, или со други зборови нашата (пот)свест самата создава т.н рај и пекол. Сето тоа не постои. Тоа е илузија. Јас никогаш не би можела во целост да им верувам на моите сетила.
    А вие што верувате дека има нешто после смртта сте во фаза на негирање на вистината, негирање на нашата ирелевантност, нашата смртност.
    Како високоинтелектуални суштества, ние не можеме да прифатиме дека ова сега и тука е се и поради тоа нашиот центар за имагинација работи на долго и на широко и излегуваат триста верзии на прашањето „Што потоа?“
    Но, што ако нашето постоење е случајно? Што ако ние сме само алатки кои користат за продолжување на животните процеси на Земјата?
    Што ако ние „во очите на Создавателот“ универзално кажано сме сите исти? Но, не гледано од аспектот дека има љубов за сите подеднакво, туку исти како што на нас 100 перални ни се исти?
    Никој не го поставува прашањето каде сме биле пред да се родиме, ниту пак имаме смисла за времето кое поминало пред да дојдеме тука. Тогаш зошто толку паника околу тоа каде ќе одиме кога ќе си заминеме од тука?
    Некаде налетав дека ќе се споиме со изгубената космичка енергија и вечно ќе талкаме во космосот. Можно е. Реинкарнацијата е исто можна, но во секој случај ние нема да памтиме ништо од ова што е тука, од овој живот.
    Нашата свесност за раѓањето и смртта ни создава стравови и ни попречува да го живееме животот безгрижно.
    Јас само што сфатив дека нема потреба од сето тоа.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Кој сака може и така да гледа на тоа, но според таа логика може да се рече на пр. никој сеуште не заминал и не се вратил од Сатурн, Нептун(или подалечни невидливи ѕвезди) и тн. па според тоа тие не постојат.
     
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не размислував за ова во тој контекст. Но, ако се најде начин да се отиде до некаде, ќе се најде и начин да се врати назад. Со самото тоа што си стигнал до таму, значи си поминал одредено растојание кое е возможно да се помине. Се што треба да направиш за да се вратиш назад е да го поминеш истото растојание.
    Тоа што никој не отишол на некое место и ме се вратил од таму не го објаснува неговото постоење. Но доколку повеќе луѓе отидат на едно место и не се вратат од таму, дали ќе почнеме да се прашуваме дали тоа таму всушност постои?
    Сума сумарум, од секое место има пат назад до појдовната точка.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Еве кај ке одиме после смртта :D
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Се можеш да направиш, само не можеш да се вратиш откако ќе по4иниш (скараја да е) :*