Можеби не сте запознаени со тоа али колку случаеви има што докажале дека рајот постои исто пак и пеколот секој ќе си оди на заслуженото место.Еве на мојата баба нејзина добра пријателка што и се случи..Жената остана во кома и веќе докторите рекоа дека е мртва и дека ќе ја погребаат и во ковчег ја носат на погреб( а она всушност била во рајот и стоела на влезот на рајот и и се појавила светлина и некој ангел,таа светлина е Господ ваљда, и Господ му рекол на ангелот оваа жена не треба да умре врати ја во живот а ќе ја земеш нејзината комшивка кое се вика по истото име Весна ) женава се буди од ковчег и истовремено ја гледаат нејзината комшивка како ја погребуваат...Сите остануваат зачудени..Не измислувам ова вистина се случи и баба ми е сведок на тоа...Ќе поверувате еден ден кога ќе застанете пред Господ и неговиот суд,али тогаш нема спас и нема назад
Јас верувам дека смрттае нов почеток на нешто. Еве на пример,мојата мајка е почината уште пред да се роди ќерќа ми, ја знае само од по некоја слика. Не сме дискутирале многу за смртта со неа, зошто е 4 години, само дека таа била мајка ми, баба и, и дека не е веќе со нас. И пред извесно време девојчево почна да си игра игра каде збори на тел. со некого, некоја баба со име ххх никогаш ни чуено ни видено, на нет пребарував и сепак постои некаде во Русија. И вели еднаш итвори ја вратата ми дојде баба ххх, вели таа со магија доаѓала тука, ја опишува баш мајка ми како што била, кажува дека таа е болна од тоа и тоа, а таа беше вистина и од каде би знсела ќерка ми за тоа!? Вели сега е тука,ми вели ова и ова, еднаш отиде ссма во шкафот со лековиж и вика баба ххх ми бара апче, ја боли тос и тоа... Па вели сака чај, пази ја згазна, ја слика на мобилен, празен кревет и кога после некое време листа слики на празните вели еве ја баба ххх. Еднаш ме натера даџсе гушкам со воздух за да ме сликаа со неа, имам такви слики. И една ноќ вели дојде баба ххх и сега ќе си летне дома и, велам каде спие таа, ми вели во куќата на дедо ххх - мојот татко. А со тетка и кога палеле свеќи на таа за умрени рекла оваа за мајка ми, баба ти таа и таа и ќерка ми и рекла ааа таа сега се вика баба ххх, таа ми е таа баба што ја гледам само јас. И сега што да речам и мислам повеќе. !?
Wow..Што да кажам не знам,али верувам дефинитивно во тоа дека може да се случи,знам и друг ваков сличен случај за едно детенце од 5 години кое направило сообраќајќа и било во кома неговите родители постојано биле до него го надгледувале плачеле по него,а тоа детенце имало сестра почината за кое не знаело никогаш,не му кажале дека има почината сестричка,и детево се разбудило после некое време од кома и рекло јас бев во рајот,и му се чуделе му се смееле докторите,мислеле дека се зафркава или пак дека има нешто последици од мозокот,и детето рекло на родителите не се смејте навистина бев,од таму ве видов дека плачете цело време по мене,дека се молите за мене,а и таму ја запознав мојата сестра,зошто не ми кажавте дека имам сестра ? Е тогаш родителите сфатиле дека стварно ја кажува вистината...
Јас верувам во живот после смртта. Сестра ми лично има такво искуство, но не сакам вака јавно да наведувам детали.
Човекот е единственото животно кое е свесно за својата смртност и размислува за неа. Јас лично не верувам дека постои нешто после смртта, односно дека човековата свест или душа продолжува да егзистира на некое друго ниво на постоење. Точно е дека енергијата се трансформира од еден во друг облик, но енергијата нема свест или разум, за да може човековата свест да продолжи да постои во некој друг облик. По смртта, со луѓето се случува истото што и со секој друг жив организам – односно, ништо посебно. Иако сите сакаме да веруваме дека ние како луѓе сме на некој начин посебни и „подобри“ од животните, за мене тоа е целосно неосновано и многу пристрасно, да не речам, антропоцентрично гледање на работите. Единствената разлика меѓу нас и останатите животни е што ние сме свесни за тоа дека еден ден ќе не снема. Во рај и пекол, односно награда и казна за делата за време на животот или по него, верувам уште помалку. Работите во животот се се освен црно-бели – луѓето не се едноставно „добри“ и „лоши“ – во текот на животот секој прави и добри и лоши работи – исто така, дефиницијата за тоа што е добро, а што лошо, многу се разликува од човек до човек. За „лошите“ работи и постапки, луѓето многу лесно си наоѓаат оправдание. Интересно е што сите луѓе кој веруваат во рајот и пеколот сметаат дека тие ќе одат во рајот (зашто нели, „Hell is other people“), што само зборува за тоа колку различни (човечки) критериуми постојат за дефинирање на добрината. Соочени со неправдите во светот и нашето секојдневие, многу е полесно да веруваме во тоа дека добрите ќе бидат наградени, а лошите казнети – за време на животот, па и по смртта. По мене, ова е само обид за рационализација за лошите работи кои ни се случуваат и неправдите со кои се среќаваме – на некој начин, утеха, дека сепак за тоа што сме „добри“, некогаш, некаде, не чека некоја награда и дека оние што се „лоши“ ги чека казна за нивните постапки. Секој човек треба да се труди да биде добар во текот на животот, затоа што тоа е исправно, а не само од страв од некаква казна или од пеколот. Но, на крај, се се сведува на тоа дали некој може да живее со своите постапки или не. Некој ќе каже дека ова е многу мрачно гледање на работите, но јас не би се сложил. Попрво сакам да ја знам вистината – каква и да е, отколку да се залажувам. Која е вистината, никој не може со сигурност да каже, но наградувањето на добрите, казнувањето на лошите, постоењето на рај, бесмртноста на душата и можноста вечно да бидеш со саканите едноставно ми делува премногу добро за да биде вистинито. А кога нешто е премногу добро да биде вистинито, најчесто не е. Искрено им завидувам на вистинските верници – колку е убаво да се верува дека на светов постои правдина, дека добрината се наградува и дека разделбата со саканите личности е само привремена, а потоа со нив ќе имаме на располагање цела вечност. Но, колку и да ми звучи убаво, јас во ова не верувам. Животот го живеам онака како што мислам дека треба и постапувам согласно совеста – не поради страв од Божја казна, судбина во пеколот, карма и сл., туку затоа што мислам дека така е исправно. Се трудам да уживам максимално во животот и да поминувам време со моите блиски и сакани личности, затоа што мислам дека времето на земјава ни е ограничено и немаме цела бесконечност на располагање. На крај, не е битно колку време имаме (за време на животот или после смртта), битно е како ќе го искористиме.
Па што ти е тогаш битно како ќе го искористиш времето, кога што и да направиш еден ден се ќе отиде во едно големо ништо?!. Заедно сосе времето, и цел Космос! Ниту ќе се сеќава некој на твоите постапки и убави моменти со саканите, ниту ти ќе бидеш свесен за ваквата „инцидентност“ наречена живот во апсолутното ништавило. И што фајде тогаш имаш од совеста, па ја слушаш? Чим те фати жута минута, фрли го од балкон првиот што ќе ти стапне на мало прсте! Барем ќе му помогнеш побрзо да се врати во ништото, од каде што и дошол. И тогаш нема зошто да те пече совеста, бидејќи ништо, ама баш ништо вклучувајќи ги и животот, нема никаква целисходност и значење, туку е само лажен моментален отсјај во бесконечноста. „Да јадеме и да пиеме, зошто утре ќе умреме“
Точно така, сме дошле и настанале од „ништо“ и повторно ќе заминеме во едно големо ништо. Човековиот живот претставува само еден миг во споредба со Космосот. Но, баш поради тоа што животот е многу краток и што немаме друга шанса или цела вечност пред нас, е битно, и тоа многу, како ќе го искористиме времето кое ни е дадено - дали ќе го извлечеме максимумот или залудно ќе го потрошиме. Битно е, поради самите нас, и поради луѓето кои ни се драги. Едноставно, битно е. Што се однесува на тоа дека никој нема да се сеќава на мене - не сум некој мегаломан или его-манијак, па да имам потреба да оставам своја трага во историјата на човештвото - доволно ќе ми биде кога ќе ме нема, моите деца и евентуално внуци радо да се сеќаваат на мене. Совеста си ја слушам затоа што ја имам - постапувам со луѓето онака како што би сакал тие да постапуваат со мене и, да ти кажам, мирно спијам навечер, без грижа на совест. Ако тебе единствениот мотив да не фрлиш некој од тераса е стравот од Бог, ѓаволот или пеколот - мене ми е сосема доволна мојата лична совест и моралните вредности. Не правам „лоши“ работи не од страв од божја казна или карма, туку затоа што совеста не ми дозволува - јас, како човечко суштество, не би можел да живеам мирно самиот со себе потоа. Смешно е да тврдиш дека ако смртта е крајот, тогаш животот е безначаен. Животот е се освен безначаен, а токму неговата краткотрајност го прави уште повреден и поскапоцен. Секој тежнее кон својата среќа и остава трага на луѓето кои ги сака, како што и тие оставаат врз него. А според мене, тоа е и повеќе од доволно. Сосема доволно за среќен, исполнет и живот полн со значење.
Токму така, совеста и моралните вредности ни се водичи низ животот, без оглед дали веруваме или не во Бога. Ама зошто ги поседуваме, зошто само ние, а не и животните на пример? Од каде излегоа и што значат? Каква им е целта, ако до некој степен успееме да ги развиеме, и потоа се, заедно со нас, отиде во бестрага. Па тие и не ни се потребни за да го продолжиме видот, како што не се потребни кај животинскиот свет. А за животот како феномен, според мене, премногу е важен и скапоцен за да трае неколку децении и потоа ништо, се исклучува сијалицата и крај на филмот. Па без оглед ти колку си се трудел квалитетно да го живееш, на крајот се се сведува на заборав и минливост. Па зарем едно такво чудо над чудата - животот настанал за краткотрајно радување, спознавање, учење. творење, сакање, растење, само за да трае миг во вечноста! Тоа според мене е омаловажување на животот, Мора да се потрудиме да погледнеме и од друга перспектива, само така ќе може вистински да го цениме и оцениме она кое, рака на срце, ни е дадено како дар, без наша заслуга, па според тоа и не сме баш компетентни да предвидиме ни како почнал, а не пак да знаеме дали, кога, и во каква форма завршува.
Човековата совест и моралноста се резултат на високоразвиената свест, односно на големиот мозочен капацитет кој го поседува, најголем од сите животни. Тоа што постојат, самото по себе не значи дека имаат некаква цел, а уште помалку дека се доказ за постоење на нешто што спречува по смртта „се да отиде во бестрага“. Што се однесува до разликите меѓу нас и животните – животните иако немаат чувство за морал и развиена свест како нашата, тие сепак си помагаат меѓусебно и никогаш не убиваат припадници од сопствениот вид, а кога убиваат, тогаш тоа е за храна. Тие не се намерно „лоши“ или сурови спрема никој. И пред се, не ја уништуваат средината во која живеат. Човекот, од друга страна, просто „обожава“ да убива – пред се, други луѓе, и тоа од најразлични банални причини – различна раса, нација, вера, идеологија и останати субјективни и безвезални причини. А богами, и на животните не им останува покусо – освен за храна, ги убива за забава или „спорт“. Да не зборувам за тоа што кај и да се насели, човекот неповратно ја уништува природата. Најслични со луѓето во однос на развиеноста на свеста се шимпанзата. И тие знаат да учат, комуницираат меѓу себе (па и со луѓето, со помош на знаковниот јазик), чувствуваат радост, среќа, тага, а богами знаат и да лажат. Којзнае, можеби и тие размислуваат за смртта? Па сепак, и покрај ова, луѓето ги држат затворени во кафези, експериментираат врз нив и ги убиваат кога и како ќе им текне, затоа што никој и не помислил дека можеби и тие имаат „душа“, која оди некаде после смртта. Затоа што нели, таа „привилегија“ е само за луѓето, се разбира. Малку излегов од темата, но поентата ми беше дека и покрај нашата моралност и совест, кои се резултат на нашата свест, од неа произлегуваат и многу лоши (можеби и повеќе од добри) карактеристики кои се уникатни за човекот – злобата, зависта, суровоста итн. Животните немаат претстава што е тоа „морал“, но сепак знаат дека не треба да убиваат без причина. На животните не им треба света книга со Божји заповеди кои велат – не убивај. Тие и без тоа тоа го знаат и така и постапуваат. Така да, со целата наша свест, совест и моралност, ние сеуште не можеме да ги достигнеме помалку свесните животни во некои основни работи. Животот навистина е феномен. Но, тука повторно е проблемот антропоцентричноста – дури и ако немаат развиена свест, сепак сите животни, растенија и воопшто организми се живи исто толку колку и човекот. Зошто нивните животи се помалку важни, па на нив да може да им се „изгаси сијалицата“, а само нас да не чека нешто посебно? Се на светов, во природата и космосот има свој почеток и крај. Од најситните организми, до планетите, ѕвездите и галаксиите. Односно, зависи како гледаш на работите. Од згаснатите сонца и суперновите се раѓаат нови галаксии, ѕвезди и планети, и од органскиот материјал кој се распаѓа по смртта на еден организам, се јавува нов живот. Така да, секој крај на нешто е истовремено и почеток на нешто друго. Сите атоми и елементи кои ги има во нашето тело некогаш се создадени во внатрешноста на некоја ѕвезда, која денес ја нема. Баш поради нејзината „смрт“, денес ние постоиме. Во заборавот и минливоста нема ништо страшно, според мене. Зарем животот не вреди да се живее ако знаеме дека има почеток и дефинитивен крај? Според мене, тоа е причина повеќе да се живее, а не помалце. За мене, пак, е омаловажување на животот изјавата дека тој самиот по себе не е доволен, туку дека мора да постои и нешто после него. Зошто? Зарем животот, со сета своја убавина, не е доволно прекрасен и чудесен? Зарем животот, како таков, не е доволен? Секако, како што и самата кажа, никој не може со сигурност да тврди што се случува по смртта – можно е и да постои нешто друго – задгробен живот, рај, пекол итн., но според мене, ова е нереално и неверојатно. Секако, ти можеш да не се сложиш со мене, тоа е твое право. Намерата не ми ни беше да те убедам тебе или некој друг – едноставно си го кажав моето мислење. Само сакав да докажам дека дури и ако после смртта нема ништо – сепак, животот е прекрасен, чудесен и и те како вреден за живеење.
Се сложуваме дека овој живот е прекрасен и неповторлив, и треба биде исполнет и квалитетен. А за после.. како што рекол некој „се' во свое време ќе ни биде разјаснето“
Смртта е почеток на нов живот. Веувам дека постои и рај и пекол и дека секој човек сам си го поплочува патот до крајната дестинација.
Животот на земјата е рај и пекол и чистилиште. Верувам дека енергијата т.е свеста на човекот по смртта на телото преминува во друга димезија, овде сме некако да созрееме. Верувам дека секој има некоја цел што ја избрал пред да се роди на земјава инаку животот нема смисла, цвеќето ни на слика би немало убавина, а постои само за да му се восхитува некој, да го помириса. Сите жители на земајава се некако поврзани меѓусебе и банално е да не се забележи тоа, црвот во земјата движејќи се ја прави земјата ровка и порозна за водата и растенијата, бактериите помагаат при распаѓање на трупови, трупот станува храна, А САМО НИЕ ЛУЃЕТО СМЕТАМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ САМИ ЗА СЕБЕ. ТЕШКО.
@Bender Rodriguez интересно гледиште имаш. Спомена за совеста во постовите и за големото ништо после смртта. Ме интересира како ти би ја објаснил совеста и нејзиното настанување. Без телото, душата и духот како што нас ни е познато (светото тројство).
Ќе се обидам да ја разбијам модерната идеја дека животот е прекрасен и дека треба да се живее до максимум, односно да покажам разбирање за идејата на @okcenzi и верските сфаќања за душата и живот по смртта. Некаде околу 80% од луѓето во светот во моментов, односно речиси 6 милијарди од нив, живеат сиромашен и тежок живот и даваат сè од себе да го преживеат денот. Само мал процент живее пристојно и уште помал живее убаво и има можност да го ужива животот. Луѓето од светот не се дел од страницата „Humans of New York“ па да бидат all cool and shiny, туку се заглавени по оризови полиња, меѓу четири ѕидови во некакви фабрики, по рудници каде својот труд го наплаќаат екстремно малку или, не дај Боже, на фронт меѓу снајпери и гранати. Никаква разлика луѓето на планетата немале ниту пред 100, 200, 1000 или 10 илјади години, кога животот бил еднакво тежок и не се знаело во никој момент дали ќе се преживее до следната пролет или следниот ден, понекогаш. Шанса за реченицата „животот е вреден за уживање“ ја имале само владеачките семејства, а денес, ја имаат младите во модерниот свет каде родителите им обезбедуваат храна и средства да си ги прават мераците и оној екстремно мал процент на богати луѓе кои земаат пари не работејќи речиси ништо и единствена обврска во денот им е да ги потрошат. Сите други мораат да слушаат наредби, да седат на своите работни места барем 8 часа дневно или уште полошо како што напишав погоре. Во превод, животот не е убав, тој е составен од секојдневно мачење и борба за преживување иако нас тука седнати пред мониторот не ни изгледа баш така. И токму заради тоа што животот е исполнет со потешкотии, проблеми, тага, солзи, пот, мака, борба, истрајност и напор, луѓето од светот сфатиле дека овој живот земен е само тест, за она вистинското по смртта.
Е, вака сега. Совеста, како интуиција која луѓето ја имаат за тоа дали некоја работа е добра или лоша, според мене е резултат на тоа што човекот е социјално животно, односно живее во организирани заедници. Совеста претставува производ од спротиставеноста помеѓу човековите „себични“ тенденции да дејствува и прави работи кои се од негов личен интерес, наспроти потребата да се помагаат останатите членови на една заедница – нешто што на прв поглед не е во најдобар интерес на една индивидуа, но на долги патеки може да биде уште повеќе корисно за неа. Најлесно да се објасни феноменот на совеста е со помош на гените. Единствена и основа цел на генот е да се размножува, но пред се, да се пренесува од една во друга генерација на организми. Гените не се засегнати со индивидуалната судбина на организмите кои се нивни носители; всушност сите организми, па и човекот, се само транспортни возила на гените, ништо повеќе (ова е дефиниција за организмите од аспект на гените). Гените, сами по себе, се „себични“ – така би ги нарекле ние, иако тие немаат ниту свест, ниту совест, ниту разум, ниту познавање на нашиот концепт на себичноста – но, нивната себичност не е ограничена на индивидуалниот организам кој ги носи, туку таа се однесува истиот ген во генскиот фонд на дадена популација. Имајќи во предвид дека човекот, како и многу други животни, одамна почнал да живее во заедници, лесно е да се увиди дека одреден ген полесно и поуспешно ќе „просперира“ ако луѓето од една заедница (кои најчесто биле во роднински врски, па според тоа и носители на истиот ген) не дејствуваат себично, односно водени само од личен интерес, туку меѓусебно се помагаат со другите членови на истата заедница. Со самото тоа што луѓето си помагаат и се „добри“ едни кон други, се зголемуваат шансите за преживување на колективот, односно – за продолжување на генот. Гените кои поттикнувале „совесно“ однесување кај луѓето биле поуспешни и оставале повеќе потомци од гените кои поттикнувале „себично“ однесување. И така, постепено, првиве станале доминантни и широко распространети. Токму ова е и причината што чувствуваме поголема поврзаност кон членовите на поблиското семејство и сме спремни да поднесеме поголеми жртви за нив - често пати и на сопствена штета, а од друга страна – најчесто сме помалку погодени или индиферентни кон судбините на непознатите, особено на оние со кои немаме непосредна поврзаност. Алтруизмот, кој често пати се зема за пример за целосно несебично однесување, најверојатно е нуспродукт на дефиницијата на совеста која ја опишав погоре. Работата е во тоа што желбата за помагање и емпатијата која ја чувствуваме кон, условно речено, непознати луѓе е резултат на тоа што луѓето порано живееле во многу помали заедници – па дури и да му помогнеш на некој „непознат“, кој не ти е непосредно семејство, шансите тој да содржи голем дел од твоите гени се големи, односно, во малите заедници, секогаш постои роднинска поврзаност, колку и да е далечна. Сето ова се сменило со настанувањето на цивилизацијата. Денес, човекот е припадник на многу поголеми заедници – села, градови, држави, нации и сл. Па така, несебичноста - емпатијата и желбата да помогнеме на некој непознат припадник на нашата заедница е ништо друго туку резидуален ефект од „себичноста“ на гените кои ги носиме и нивната тенденција кон сопственото продолжување. Да напоменам дека и сите животни кои живеат во заедници пројавуваат некој облик на „совест“, несвесно, се разбира – ги штитат припадниците на заедницата, меѓусебно споделуваат храна и засолниште, „добри“ се едни кон други и често интересите на заедницата ги ставаат пред сопствените. Оваа дефиниција за човековата совест и моралност е добра, според мене, бидејќи дава објаснување зошто сите луѓе на светов, без разлика на тоа дали се христијани, муслимани, хиндуисти, будисти, припадници на афрички, амазонски или абориџински племиња или атеисти – имаат многу слични концепти за тоа што е „добро“, а што е „лошо“. Што значи, позади човековата совест стои нешто друго, а не некоја конкретна религија. Совеста и моралноста не се ништо друго туку способност на човекот да се стави на местото на некој друг – затоа и психопатите, кои се неспособни за вакво нешто, најчесто ги сметаме за „лоши“. *** Инаку, @Captain-Omni, приметив дека не сум бил доволно јасен што сакам да кажам со коментарите за животот во моето претходно мислење на темава, па може дури и зазвучав како некој наивен оптимист (а реално сум далеку од тоа), но всушност, напишаното се однесуваше на животот како феномен. Од друга страна, животите на повеќето луѓе (да не речам, најголемиот дел), како индивидуи, е, благо речено, далеку од убав. Така да, апсолутно се слагам со тебе во однос на ова. Ова, според мене, е и една од главните причини за постоењето и присутноста на религијата - токму маките, несреќата, сиромаштијата и животните неправди се тие што ги тераат луѓето да веруваат во тоа дека некаква повисока правдина постои, дека некогаш и на нивните маки ќе им дојде крајот и дека мора да постои нешто повеќе и подобро од животите кои ги имаат, па макар тоа било и после смртта. Луѓето кои имале среќа во животот да имаат доволно за задоволување на основните животни потреби, па и за по некој луксуз, кои живеат во слобода и во мир - имаат многу помала потреба од вакво нешто. Впрочем, земјите со најголем број на атеисти се скандинавските - земји и народи кои инаку важат за најсреќни, најзадоволни и солидно материјално обезбедени. Неоспорно е дека постои некаква корелација меѓу овие две работи.
После смрта не очекува само да профолжиме да живееме во сеќавањето на пријателите и најблиските, се друго во вид ма задгробен живот е само утеха за лугето дека не е крај. Луѓето и тска се плашат од смртта уште ако им кажеш дека е тука крајот уште потешко ќе го поднесат тоа, затоа им се дава некоја надеж дека одат во вечен живот а всушност одат во вечен заборав. Затоа луѓе, не се залажувајте со разно,разни филмови никој не се вратил од таму да каже како е живејте го секој ден како да е последен правете гревови блудничете затоа што само тоа ќе ви остане во животот. Она што не треба да правите е да убивате и повредувате други луѓе се останато е дозволено. Рајот е измислен за будалите и сиромашните да се тешат дека таму некаде ѓи чека полна трпеза и вечен живот, паметните и богати го живеат овоземскиот живот целосно затоа што знаат дека она другото е чиста глупост. Откако ќе умреме сите одиме 2 метра под земја или не претвораат во пепел се останато се бајќи за мали деца.
Јас мислам дека после смртта едноставно престануваш да постоиш. И точка. Не си свесен, не размислуваш, не одиш на друго место итн итн.. Како длабок сон без крај.
Според мене после смрта одиш на небото господ ја зема душата и добрите одат во рајот лошите во пеколот
http://kukuriku.mk/foto-video-ruski...ram-momentot-koga-dushata-go-napushta-teloto/ http://mkd-news.com/video-doktorka-...tatkoto-babata-se-razbudila-vo-mrtovechnitsa/ Има многу луѓе кои биле тамо и се вратиле. Има и многу деца кои откако ке зазборат уште од многу мали зборуваат за нивниот предходен живот. Постојат и индиго деца. Како вие кои не верувате во живот по смртта ке го објасните ова? Како 5 год. дете знае дека има сестра на небото, ја сретнува во рајот а родителите не му кажале дека тоа девојче е абортирано? Има многу докази, само срцата ни се празни и послесно ни е да се свртиме кон лукавиот или како што рече ти, да правиме блуд и останати гревови, мислејки дека само ова овде е единсвтената вистина.
Мани ме од тие филмови и маркетиншки терикови од оние кои се вратиле наводно. Имам јас објаснување и за тие појаи ама не можам сега да разглабам. Имаше еден дечко кој продал милионски тиражи на книга од неговото наводно враќање од оној свет, за да подоцна открие дека сето тоа било само плод на неговата фантазија. Луѓе, не наседнувајте на се што ќе видите во медиумите а посено ако се тоа фимови или наводни документарци. Дури и документарците се филмови така да не треба да се зема се здраво за готово. Дури и филмовиоте за Исус Христос се став резисерот а не апсолутна вистина.