I jas bi igral taka, samo ke pocekam malce ne neboto dodeka da se podiscistat malce sranjata na zemjata
Ми текнува, пред неколку години мислам дека даваа на телевизија за некое дете кое се сеќавало на минатиот живот. Демек кој бил, кај живеел, кои му биле родители и се што кажуваше беше точно. Колку е ова вистина не знам, со оглед на тоа што има луѓе кои имаат кажано како биле во рајот па се вратиле и слично, но ептен језиво ми звучи. Според мене, после смртта - толку. Ниту во рај, ниту во пекол, ниту пак се раѓаш. Стварно ми немаат некоја логика сите овие работи. Ама, кој знае?
@Дугокоси Швалер, кога си веќе толку паметен, дај некое логично објаснување, а не вицови да ми кажуваш.
E kaj mene najde mene za logicni objasnuvanja sega? Eve citas na temive sigurno imas eden kup. Ja sam samo jedan obicni dugokosi svaler
Јас мислам дека после смртта душата продолжува да живее... некаде. Пошо и самите ние сме души што имаме тело, продолжуваме да постоиме само тогаш немаме тело.
Си верувам во карма, и ми е најсвојствена од баш сите верувања за "после смртта. Сите одат во рајот и добри и лоши, ама секој си ги плаќа гревовите повторно кога се враќаат на земјата. Што значи секој од нас додека живее на земјава го живее пеколот, нормално според заслугите од прошлиот живот. Некој сосема сурово ко сиромашните, или раскошен пекол како оние богати луѓе.
Секако дека после телесната смрт, душата продолжува да живее. Мноштво сведоштва постојат, да воопшто и би се дискутирало околу тоа. Дискутабилна е вистината на истите, бидејќи во склад со својата вера или невера, тие сведоштва се разликуваат. Православниот одговор во кој јас верувам, зошто е тоа така, е поради средбата на голем број од тие замрени души, со светот на паднатите ангели, кои имаат моќ да му се прикажат на замрениот, во склад со неговите уверувања. Сепак заедничко за тие искуства е што се чувствува спокој и среќа и што во голем број случаи душата не сака да се врати назад. Ни трага од праведност, каква постои во православното учење за рајот и пеколот. Поради тоа сите тие сведоштва се сомнителни, не дека не се случиле, туку дека се дел од играта на лукавиот, кој сака да ја искриви вистината која е јасно кажана во Светото Писмо. Некој убаво приметил, дека лоша смрт имаат само оние кои знаеле дека Бог постои, а сепак живееле како да го нема. Останатите се или праведни или измамени со убава смрт, а мошне веројатно изгубени за вечен рајски живот..
А има докази дека душата живее и после смртта? Се вратил некој од мртвите да каже што се случува со душата? Или само по приказни се водите?
Да, многу замрени се вратиле, тоа не е спорно и многу истражувања има во врска со тоа. Спорно е тоа што го виделе, но напишав веќе.
А пишува за ова некаде? Дека умрени се враќаат и кажуваат какво е во рајот/пеколот? Сакам да прочитам пошто ме интересира, а немам сретнато.
Јас лично знам луѓе кои умреа, а не можат да се сместат во категориите кои ги наведе: И што правиме сега со нив? И не може да се знае дека Бог постои. Тоа никој на светот не го знае. Може само да се верува, или не.
Ако сакаш современи истражувања имаш во книгите на Рејмонд Муди. На самава тема имаш линкови други. А најдобро да направиш паралела со православната литература.