Ima film baziran na vistinska prikazna,tatkoto pop,gi uci hristijanite da veruvaat i da ne se somnevaat vo Bog i vo negovoto carstvo..vo megjuvreme negovoto since dozivuva nesrekja i pagja vo koma. Na nekolku minuti mu zapira srceto..koga ke go povrtat,i ke zakrepne,raskazuva na tatko mu za negovata bliska sredba so Bog i sto se se slucuvalo za tie nekolku minuti..znaci tatko mu koj gi ucese drugite da veruvaat za rajot sega ne mozese da poveruva za ova sto go slusa od deteto..ke se uveri odkako deteto raskazuva za likovi i situacii za koi nema od kade da gi doznae..prikaznata e vistinska i e komentirana po poznati mediumi...sto i dali nesto se slucuva, ne znam,nemam definicija,no veruvam deka sepak,smrtta ne e ona poslednoto..
Верниците отприлика знаат што да очекуваат, неверниците можат заведени да бидат. Зборувам за првите моменти по телесната смрт. Не постои трета категорија. И да, или веруваш или не, неважно за вистината.
После смртта ништо не се дешава. Престануваш да постоиш. Колку и да звучи застрашувачко и песимистичко- тоа го мислам. Како да спиеш во длабок сон бесконечно долго.
Како е насловот на филмот? А за темава, еве да не бидам оф топик, има еден куп сведоштва од луѓе кои се вратиле, имам и во фамилија таков случај, така што, не се ни сомневам дека душата оди на друго место и свесни сме за тоа.
Како и да е, јас овде изброив три категории А авторот би требало да земе предвид, дека ги има повеќе.
После смртта не се случува ништо престанува човекот да постои. Може да кажуваме многу работи ова може да биде, она ама никој не може да се врати и да ни каже.
Можеби си во право, ако ги поделиме на два дела оние кои кои го спознале Бога, но едната група свесно ја отфрлила неговата милост.
Од каде знаеш дека никој не се вратил? Еве многу сведоци во 1ви век тврделе дека го виделе Исус кога се вратил од смртта. Многу од нив со смрт платиле за таа нивна вера. Тешко дека некој би умрел за таква смешна лага. Ова е една причина зошто верувам дека тие навистина го виделе Исус кога се вратил од мртвите.
Кој знае каков е филингот да умреш у сон. Си легнуваш и се будиш на оној свет. Гарант тие што се будат така, мислат дека тоа таму е дел од сонот, па ја тресат главата да се разбудат, се штипат се боцкаат, ама будење нема и си викаат ок, this is it
Оваа тема од секогаш многу ме интересираше, па кога ја читав Библијата посебно внимание обрнав на ова прашање. “А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.” (1. Мојсеј 2:7) Значи тело + дух животен = жива душа “Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.” (Јаков 2:26) “И да ти се врати телото во правта од којашто е земено, а духот при Бога, од Којшто потекнува.” (Проповедник 12:7) Тука се прашувам ако да речеме дека сме свесни што се случува после смртта, тогаш зошто немам сеќавања од моментот кога бил создаден мојот дух се до дека не бил споен со моето тело и сум станала жива душа? “И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам.” (Даниел 12:2) “… на луѓето им е определено само еднаш да умрат, а потоа доаѓа судот.”(Евреите 9:27) Стихови од стариот завет: - Не ќе те слават мртвите Господи, ниту оние, што слегуваат во местото на молкот, туку ние живите ќе Го благословуваме Годпода одсега и засекогаш. (Пс 113: 25,26) - Живите знат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот, и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе изчезнале, и ќе немаат дел до века во ништо, што се случува на земјата. (Проп 9: 5,6) - Се, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши, зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.( Проп 9: 10) "Каква полза од крвта моја, ако слезам во гроб? Ќе Те слави ли правот, ќе ја облави ли тој верноста Твоја?(Пс 29: 9) - Зар за мртовци ќе правиш чуда? Зар сенките ќе се кренат и ќе Те слават? Зар во гроб некој ќе кажува за Твојата милост и за Твојата вистина - во местото на распаѓањето? Зар во темнината ќе ги објават Твоите чудеса, и во земјата на заборавот - Твојата правда? (Пс 87: 10-12) - Нему ќе Му се поклонат сите заспани во земјата пред Него ќе паднат сите што слегуваат во земјата. (Пс 21:29) - Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди, така, Ти, Господи, ќе ги презреш нив, кога ќе се разбудат! (Се мисли на оние кои упорно си терале грешен живот) (Пс 72: 20) Стихови од новиот завет: - А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи. (Лк 20: 38 - И кога влезе, им рече: "Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено туку спие!"( Мк 5: 39) И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и тој заповеда да и дадат да јаде. (Лк 8: 55) ( За оживувањето на Јаировата ќерка) - Ова им го кажа, а потоа им рече: "Лазар, пријателот наш, заспал но одам да го разбудам." Тогаш уениците Негови рекоа: "Господи, ако заспал, ќе стане." Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање во сон. Тогаш Исус рече отворено: "Лазар умре! Кога дојде Исус, откри дека тој веќе четири дена е во гроб. (Бог го оживува Лазар.) (Јн 11: 11-14, 17) Ниту девојчето, ниту Лазр раскажуваат приказни што правеле додека биле умрени.
Posle smrta ke te zakopaat i za rok od mesec ke se raspadnes. Tvojot duh ke zivee se dodeka se zivi tie okolu tebe. Ke te spomnuvaat po dobro ili loso, a potoa ni trag ni glas od tebe. Pr; duhot na mojot tatko nema da zivee po moja smrt zosto vo moja familija (mm i moeto dete) nikogas ne go zapoznale. Jas sum edinstvenata sto ke go spomnuvam, a potoa se ke se izgubi kako i nikogas da ne postoel. Spored mene, se e tuka dodeka si ziv, po smrt nema nisto.
ПОУЧНО СЛОВО ЗА ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ТЕЛОТО (Архимандрит Јован Максимович - Шангајски) Еден ден на сиот овој минлив свет ќе му дојде крајот и ќе настапи Вечното Царство Небесно, во кое душите на праведните ќе се соединат со своите воскреснати тела, бесмртни и неминливи и засекогаш ќе бидат со ХРИСТА. Тогаш делумната радост и слава која сега им е позната на душите во Рајот, ќе биде заменета со полнотата на радоста на новата твар, за која што човекот беше создаден, но оние што не го сакаа Спасението што го донесе ХРИСТОС на земјата, ќе се измачуваат вечно, заедно со своите воскреснати тела во адот. Свети Јован Дамаскин, во последната глава на неговото "Точно изложување на Православната Вера", вака ја опишува оваа конечна состојба на душата по смртта: Да веруваме во Воскресението на мртвите, оти тоа навистина ќе се случи, ќе има Воскресение на мртвите. Но зборувајќи за Воскресение ние мислиме на Воскресение на телата. Воскресението е повторно подигање на она што паднало. Но бидејќи душите се бесмртни, како повторно ќе Воскреснат? Ако смртта е оделување на душата од телото, Воскресението е повторно соединување на душата и телото, и повторно подигање на раздвоеното и паднато живо битие. Значи, само телото, кое е распадливо, ќе Воскресне како нераспадливо. Оти Оној Кој на почетокот го создаде од правот земјен, може повторно да го Воскресне, по неговото пропаѓање и враќање во земјата, од која настана по вољата на ТВОРЕЦОТ... Се разбира, ако само душата правела Добри Дела, само таа и ќе биде овенчана со Слава, а ако само таа постојано била одадена на задоволства, би било праведно само таа и да биде казнета. Ама бидејќи нииту во добродетелта, ниту пак во порокот душата не дејствувала одделно од телото, справедливо е и обете да го приматона што им следува... И така, со нашите души повторно соединети со нашите тела, кој ќе станат нетлени и нераспадливи, ќе Воскреснеме и ќе застанеме пред СТРАШНИОТ СУД ХРИСТОВ. И ѓаволот и демоните негови, и човекот негов, кој е наречен антихрист и нечесните луѓе и безбожниците ќе бидат фрлени во во вечниот оган, кој не ќе биде материјален на каков што сме навикнати, туку онаков за кој што само БОГ знае. А оние што правеле добро ќе заблескаат како Сонце, заедно со Ангелите, во Живот Вечен со нашиот ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, ВЕЧНО НЕГО ГЛЕДАЈЌИ ГО И ПРЕД НЕГОВИОТ ПОГЛЕД НАСЛАДУВАЈЌИ СЕ СО НЕПРЕСТАЈНА РАДОСТ КОЈА ОД НЕГО ИСТЕКУВА И ПРОСЛАВУВАЈЌИ ГО ЗАЕДНО СО ОТЕЦОТ И СВЕТИОТ ДУХ ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ, АМИН. Извадок од Книгата Душата по смртта (Јеромонах Серафим Роуз+)
Незнам зошто ми се тркалаат солзи додека читам вакви нешта но не од тага,сигурно од тоа што верувам и му се восхитувам на бога.Верувам во Бог и библијата.Верувам дека ќе дојде судниот ден (крајот на овој кучешки свет и влегувањето во божјото царство и вечен праведен живот во рајот) и мора да дојде,кога Бог ќе ни суди на сите и се што било неправедно во овој свет, кај Бог самата правда ќе си излезе на место.Многу нешта во овој свет се неправедни затоа што секој треба да има страв и почит само кон бога и никој друг,но ретко денес кој го поседува тоа и 10те божји заповеди.Па бидејќи е така, секој лесно има храброст се да стори и секакво зло да нанесе некому без.да има грижа.на совест и без да е свесен дека некогаш за стореното ќе одговара ...Но,затоа и има суден ден кога и мртвите ќе бидат живи и на сите за сите гревови Бог ќе ни суди. Исто така верувам во празникот Велигден најголемиот верски празник на кој воскреснал синот Божји Исус,на начинот кој и мртвите ќе воскреснат.Бидејќи бог е во борба моментално против злото и ќе дојде ден кога ќе дојде во судир доброто и злото,кога Бог конечно ќе слезе на земјата да не спаси но ќе настане хаос на оваа земја(можеби ќе има трета светска војна кога луѓето мегусебно ќе се испотепаат,земјотреси,поплавии се што би довело до пропаст на оваа земја се ќе искорени заедно со ѓаволот.БИДЕЈЌИ БОГ Е НАЈМОЌЕН НЕ Е НИКОЈ КАКО БОГ ДОБРОТО СЕКОГАШ НА НЕКОЈ НАЧИН ГО ПОБЕДУВА ЗЛОТО ) но не се знае кога ќе биде тој ден,само Бог си знае.
Кој се родил само еднаш, ќе умре два пати. Кој се родил два пати, ќе умре само еднаш. „ Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.“ (ев. Јован 3:3, Библијата) „Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт“ (Откровение 20:6, Библијата)
Да се надоврзам на предходниот мој пост, читајќи низ целата Библија и во стариот и во новиот завет се збори истото дека после смртта спиеме, но има еден стих кој мене ми беше контрадикторен на тоа и ме бунеше многу. - А Исус му рече: "Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!" (Лк 23:43) Ако ставиме запирка после денес, реченицава добива сосем друго значење и се вклопува со сите останати на таа тема. Тогаш испаѓа дека Исус тоа му го кажува во овој момент, во овој ден, дека во иднина ќе биде заедно со Него во рајот. И мислам дека најверојатно се работи за пропуст при преводот поради следниов стих кој го потврдува значењето на реченицата доколку ставиме запирка после денес. - И рече Исус: "Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец...(Јн 20:17) (Исус и се јавва на Марија Магдалена веќе воскреснат) Ако Бог рекол навистина за тогашниот ден, тогаш како Он не е истиот ден во рајот? Овде гледаме дека восреснатиот Исус на 3 ден од смртта сеуште не е кај Бог, што покажува дека навистина за во иднина му го кажува на разбојникот дека ќе добие спасение. Сугурно човекот нема предимсво пред самиот Божји син да биде со Бог. Мене смртта на Исус ми делува како пример кој самиот Бог ни го покажува што се случува околу смртта и воскресението, само што ние не воскресунуваме за неколку дена туку на второто Христово доаѓање. Друга работа што ми додаваше забуна е теоријата за митарствата, односно судењето наше после смртта каде поминуваме скалила на судови за секој вид грев. Каде ако ги искачиш сите скалила, т.е ги поминеш сите судови без да паднеш одиш во рајот. Ова воопшто не е библиски. - И водов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога, се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот, и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. (Откр 20: 11,12) - И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото езеро. (Откр 20:15) Во откровението гледаме дека ниедна душа не е судена сама одма после нејзината смрт, туку сите заедно испоредени на судниот ден, а не буквално по нашата смрт. Исто може да забележиме дека таму нема да се наоѓаат само луѓето кои ќе бидат осудени, зашто чим пишува дека кој не беше запишан во книгата..значи дека имало и запишани во таа книга на животот, тие добиваат живот вечен. - Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас се до денешниов ден. ....Зашто Давид не отиде на небесата....(Дела 2: 29, 34) - Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина...(се мисли на Бог) (1Тим 6:16) Чим е Он единствен, значи ние сме смртни. Тоа може да го видиме и кај она што му го кажува Бог на Адам. - И Господ Бог рече: "Ете, Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло, но сега, да не ја испружи ракаат своја и да земе пак од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!" ( 1Мојс 3: 22) - Бога никој никогаш не Го видел, Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот - Тој го објави. (Јн 2: 1 - Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото. (Јн 3: 13) Исус дојде од небото затоа и таму се враќа, ние дојдовме од земја, таму и се враќаме. При воскресението ќе бидеме преобразени со нови нераспаднливи тела за да може да влеземе во Божјото царство. - A ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува не распадливоста. Еве, тајна ви кажувам, сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на окото, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме. (1 Кор 15:50-52) Значи ако на последната труба сите ќе се промени со нераспадливи тела, а очигледно тоа уште не е случено, значи дека ни нашите упокоени моментално не се веселат во рајот. - бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на ахангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите, а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ. (1 Сол 4: 16.17) Ова е моментот кога човекот ќе се сретне, види со Бог. Од моментот на смртта до средбата со Бог, каде сме, што правиме? Ако мојот дух при враќањето кај Бог има свест, значи јас одма би го видела Бог, тогаш зашто би го пишувал горниот стих кога е средбата? - Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: "Одам да ви приготвам место? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. (Јн 14: 2,3) Умрените сеуште не се таму кај Бог, зошто самиот Бог вика ќе бидеме со Него кога повторно ќе дојде, и ќе не земе. - Затоа е речено: "Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!" (Ефес 5:14) - Како кога облак се проретчува и исчезнува, така слезениот во гроб нема да излезе, нема повеќе да се врати во куќата своја, ни местото негово нема веќе да го познае. (Јов 7: 9,10 - Зашто , ете уште малку и во прав ќе легнам, утре ќе ме бараш, а нема да ме има.(Јов 7: 21) - така и човекот ќе легне и нема да стане, до свршетокот на небото нема да стане и нема да се разбуди од својот сон.(Јов 14: 12) Сега апсолутно има смисла зошто Бог ни вика да се држиме подалеку од повикувачи на духови и на нив слични. Па тоа не се нашите починати, а кога веќе не се тие, кои се тие духови кои се претвараат дека се? Кој ги прави сите тие лажни бајковити илузии, зошто Лазар и Јаировата ќерка не раскажуваат бајки? На кој му оди во прилог да ги заведува луѓето и понатака да спијат слушајќи "вистина" што сакаат да ја слушнат, што ќе им ги чешка ушињата? Животот после смртта, фактички не постоење на смртта потекнува од окултизмот. Додека кај Бог знаеме дека смртта ќе биде победена и фрлена во езерото. @LadyInTheDark Спојлер: Омразата на светот "Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет. тогаш светот ќе го љубеше своето. но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот - затоа светот и ве мрази. (Јн 15: 18,19) Испадна предолго но се што имамв да кажам си кажав, јас моментално вака ја согледувам и разбирам Библијата на оваа тема.