1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Животот после смртта е продолжение на животот од овој свет но во малку поинаква форма.
    Навистина верувам дека има живот после смрта во кој живот човекот одговара пред господ за сторените добри и лоши дела на овој век , па според тоа кој колку сработил и добрини направил ќе заслужи награда од севишниот , а во спротивно кој направил лошо ќе си ја добие заслужената казна.
     
    На *Amethyst*, LadyInTheDark, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ова верување е слично на верувањето во Исламот. Муслиманите веруваат дека над секој човек Алах има поставено по два ангели. Едниот ангел ги запишува добрите дела, а другиот лошите. И после смртта на човекот му се суди согласно нивните извештаи.
    Во сериите на македонските народни приказни слично на ова на човекот Св. Петар им суди со тоа што на вага им ги става гревовите и добрините, па ако наттежнат добрините, го праќа во рајот, а ако наттежнат гревовите - во пеколот.

    Во христијанството ситуацијата е поинаква. Во Библијата јасно и на многу места пишува дека буквално сите луѓе се грешни и дека не можат да ги откупат своите гревови преку правење „добри дела“, туку се спасуваат преку покајание и вера во Исус Христос. Така што оние грешници што се покајале и поверувале во Исус ќе бидат помилувани, нема да добијат осуда за своите гревови и ќе наследат вечен живот.
    Секако дека добрите дела се очекувани од покајаниот вернник. Исус дури ветува и награди за оние верници кои прават добри дела. НО, залудни ќе бидат добрите дела на оние кои ја одбиле Божјата помирителна рака преку Исус Христос.

    „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ (Ефешаните 2:8-9, Библијата)
     
    На Lella, Bender Rodriguez и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па Адоки си е муслиман.
     
    На Pontif и ADOKI им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    После смртта, прав и пепел.
     
    На Dust, Aleksandar1212 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Wow само скролнав онака низ мислењата и забележав дека многу луге се религиозни и целото ова го поврзуваат со религија и како нештото го пишува во Библијата и некаде на друго место.


    После смррта што е толку битно што се случува ?

    а) И да се случува нешто не се секирајте сите ќе стигнете до таму безразлика дали е уживање или измачување како што некои го толкуваат
    б) И да не се случува ништо тоа значи дека не се случува ништо и бидете спокојни
    в) Кое било од предходниве да се случува тоа не значи дека ќе сакате побрзо да умрете ниту пак да не го искористите овој живот кој што го имате тука на планетава Земја.


    Како и да е, интересна е љубопитноста на човекот, ама бидете спокојни и онака никој не знае што се случува. ( само не реплицирајте како пишува во Библијата, Куранот или некаде, освен ако не приложите докази кои сеуште ги нема)



    Keep it real,

    Body, Mind, Soul

    ПозЗ3³ ®
     
    На Emilija97mk, Bokchee, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    @Читател темава е во категорија Религија. Знаеш што значи тоа? Дека треба да се поврзуваат коментарите со религија и да се цитираат Библијата и Куранот. :)
     
    На Pontif, EvAngelos и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Велат - од таму никој не се вратил за да каже...
    Па, не е баш така

     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    После смртта јас ќе се повампирам и ќе реметам глупи луѓе што ме нервирале.
     
    На GrevMk, marija305, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Тоа е само желба,нели!?:D
     
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ја не сфаќам зашто сите очекуваат дека после смртта ќе ги очекува некаква награда затоа што биле добри - зарем да се биде добар не е награда само по себе?

    А ако правиш добрини само затоа што очекуваш награда за тоа, тогаш всушност и не си баш добар, нели? :D
     
    Последна измена: 28 март 2017
    На ♡BuBaLe♡, Pontif, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Тоа е помалото од две зла. Подобро така, отколку Госпо да ме тури во пеколот.
     
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Јас па не размислува дали ќе бидам во рај или пекол,мислам само дали ќе бидам со мојте:x
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Ако душата спие после телесната смрт, како ги објаснуваш чудата кои ни ги испраќа Бог, а кои често се случуваат преку посредништво на некој светител?
    Сите тие биле луѓе и нивните души, поради светоста која ја заслужиле во земниот живот,сега продолжуваат да живеат близу Бога.
    А казната и наградата на некои души, започнува понекогаш и пред самата телесна смрт.

    Навистина ќе бидеш награден ако си добар сам по себе.Добрите луѓе немаат страв од Бога, но водени се од него.
     
    На ♡BuBaLe♡, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Демек некој не би сакал да биде со своите во задгробен живот некаков. Ама дали е изводливо тоа... Мој заклучок е - не. Кога човекот престанува да дише, толку со него.
     
    На Bender Rodriguez и Frose Nose им се допаѓа ова.
  15. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Јас како и секој христијанин верник верувам во ечен живот т.е дека не завршува се со нашето заминување од овој свет, всушност овој земен живот е само оној дел од искушенито пред рајските порти за да докажеме дека сме достојни да ни се оторат и да зачекориме во рајот.
    Доколку не сме доволно праведни за во рајот а ниту доволно лоши за во пеколот господ ке не врати повторно на земјата во матрејална форма во тело на некое животно или во тело на човек кој ќе биде подобар од оној кој сме биле претходно.
    Она што не го знам е дали човекот е врвот на тоа напредување во земскиот живот или не.
    Јас не се плашам од смртта само се плашам дека имам премногу гревови и дека не сум достојна за да ми се отворат рајските порти и дека ќе морам повторно да го одам овој земен живот, дали во тело на човек или некое животно сосема е небитно.
     
  16. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.641
    Допаѓања:
    9.459
    Пол:
    Женски
    Моите верувања се скроз различни од овие.
    Јас верувам во карма и во реинкарнација. Верувам во различни димензии, верувам во светлина (Бог, Универзум, како сакате кажете го).
    После смртта верувам дека физичкото од мене ке се разгради и ке се спои со природата, од каде и што потекнуваме, а душата е таа што ке замине во една друга димензија каде што би имале некој вид енергетска интеракција со сите оние со кои сме имале некакви врски во 3димензионалниот свет, и би дискутирале за разните настани и како да станеме подобри следен пат. Ако не сме научиле лекција се враќаме пак во училиштето Земја и повторно истите луѓе истите работи... се така дур не научиме или не си ги исправиме лошите карми.
    Верувам дека после ова следи нов степен на учење во некои поразлични димензии, можеби би биле ангел чувар на некој што е во 3та димензија или нешто сосема друго.

    П.с. ке ве молам верниците да не ме цитирате и да не ми држите предавања од библии и остали верски книги, и да не ми солите памет како само вашиот пат е единствен, правилен и точен.
    Ова е моја лична замисла која повеќе ми дава спокој за полесно да ја профатам смртта како дел од животот.
    Толку од мене на темава.
     
    На Bokchee, ♡BuBaLe♡, Florenсе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Одлично прашање. Порано и јас верував во безмртноста. Да се исправам во моето размислување и мислење дека нема воопшто луѓе кај Бог, тотално заборавив на Енох, Илија, Мојсеј...најверојатно има зашто се порано воскреснати, меѓу кои и живи вознесении. Но е мистерија што се случува со нив, веројатно не ни треба да знаеме, но интересно е што и покрај овие случаи, Бог, пророците, апостолите и понатака учат дека смрта е како состојба на спиење. Затоа не верувам во чуда кои наводно настануваат од починати луѓе, зашто Бог за себе вика дека е Бог на живите, а не на умрените. За чудата треба да сме многу внимателни и да испитуваме, зашто токму од чудата многу ќе бидат прелажани. За луѓе Бог вика да не се надеваме на нив:
    - Ќе го фалам Господ додека сум жив, ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам. Не надевајте се во кнезовите и во синовите човечки, во нив нема спасение. Излегува духот негов и тој се враќа во земјата: во тој ден изчезнуваат сите негови планови. (Псалм 145: 2-4)
    Чим дел од овие луѓе на кои денес се молиме спијат и не се свесни, логично е да се запрашаш, треба ли да им се молам? Ќе кажеме за они да го молат Бог за нас, прво ако спијат, не се свесни, а второ нели Бог Исус е единствениот посредник помеѓу нас и Бог, од каде ги ставивме сега луѓето кои се Божји созданија, посредници? Да не навлегувам, за друга тема е ова.
    Кога Исус кажуваше воопшто да не веруваме кога некој ќе каже ене го Исус,таму прави чуда, колку повеќе се однесува на луѓе кои биле некогаш живи. Пример апостол Павле, на кои денс се молиме и славиме, мислиме дека тој прави чуда и кога го нема, но истиот Павле во нешто друго верува и не учи, исто она во што верувале и учеле остантите Божји луѓе. И врв од се е што токму за оваа тема после смртта Павле бил суден и нарекуван еретик од страна на свештените лица, а денес го славиме но пак не го слушаме.

    Апостол Павле вика дека Бог го дава одговорот на ова прашање и дека нема да бидеме во незнаење за ова.
    - Браќа, не сакаме да бидете во незнање за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж. Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоените преку Исус, ќе ги доведе со Него. (1Сол 4: 13,14)
    Кај нас го превеле како упокоени, во англискиот превод пишува спијат, но како и да е таа е поентата.
    13 But I would not have you to be ignorant, brethren, concerning them which are asleep, that ye sorrow not, even as others which have no hope.
    14 For if we believe that Jesus died and rose again, even so them also which sleep in Jesus will God bring with him.
    15 For this we say unto you by the word of the Lord, that we which are alive and remain unto the coming of the Lord shall not prevent them which are asleep.

    Павле кој ние денес го славиме воопшто не верувал во митарства или нешто сл. ниту не учел на тоа. Самиот се изјаснува во што верува и зашто го гонат и судат:
    - Но ти признавам дека според учењето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во се што е пишано во Законот и во Пророците, дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кои и тие сами го очекуваат. (Дела 24: 14,15)
    - "Заради воскресението на мртвите ме судите вие денес." (Дела24: 21)
    Да е денес жив, и да ни го кажува ова што ни го кажувал во минатото, мисиш денес би бил поразлично дочекан од свештениците?

    Се прашувам кога овој човек не учел нас, а и сите останати, значи нашите предци знаеле дека смртта е состојба на спиење се до судниот ден, од каде сме ја извртеле ние вистината? Од каде ни тоа да викаме дека Бог е нашиот центар, а веруваме на некој човек кој бил ученик исто на човек? Овие апостоли и пророци не биле ученици на луѓе туку на Бог, ова е голема разлика. Самиот Исус вика никој не нарекувај твој учител зошто Јас сум вашиот учител. Ај да ги тргнеме настрана сите пророци и апослтоли што кажуваат на оваа тема, што правиме со тоа што ни на самиот Бог не му веруваме? И Тој ни кажува за оваа состојба кога Исус вика за Лазар и девојчето дека спијат. Бог Отецот зашто вика дека Адам не смее и по втор пат да се дрзне да земе од забранетото дрво? За да не заживее вечно, значи сме смртни.Како што размисливав порано, ако умрените одат во рајот или пеколот, тоа би значело дека нивниот суд веќе се случил. Тогаш Библијата испаѓа дека е лага зашто целата книга кажува за очекувањето на големиот Божји суд на сите нас.
    Ова е мој начин на согледување и размислување, доколку некој од христијаните мисли дека нешто не го разбирам правилно, слободно пишете ми и во порака за да не ја полниме темава па да помисли некој дека наметнуваме мислење.
     
    На ♡BuBaLe♡, sonuvana и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Добро.
    Зборуваме од различни позиции, малку бев изненадена од тебе на оваа тема, очигледно моја грешка.
    Јас верувам дека при Бога се сите живи, верувам и во Светото Предание и Светата Црква.
    Најмногу го чувствувам Бога во соборноста и преку заедништвото, не се обидувам многу да го повикувам преку анализа на секој збор од Библијата, бидејќи срцето ми говори така.
    И верувам во чуда, ете.
    Ти благодарам сепак за опширниот одговор, нека не чува Бог сите нас, различни негови деца :)
     
    На ♡BuBaLe♡ и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Нешто има,што има никој не знае:)
    Јас само знам дека, има некои скриени пораки,кој отпосле ги разбираме,како на пример,сонови:|
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Возрасна жена раскажува дека не можела да оди во болница, да го идентификува мртвото мајчино тело. Па го пратила сопругот, инаку би завршила на психијатар, од стрес,нели уфф..
    И дека се паметни на запад што ги шминкаат покојните, хумано е тоа и достоинствено и бла, бла...

    Каква негација на смртта, каков страв од навидум јака жена.

    Наместо да се моли за душата жива, само со очај е исполнета.... прав и пепел, ете уфф...
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.