1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    aj ne lupaj gluposti , ne ni e stranava za prevaranti i lazni kako iscelitel ivan
     
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Прашувам бе не лупам глупости, баш ме интересира кој и кога имал увид у оној свет??
     
  3. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    John Snow... ти самиот беше на оној свет ;) Ти кажи ни што виде. :D

    Го виде The Lord of Light?
     
    На candy.cane, theowndemon, Cinnamon Bun и 2 други им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Тоа беше брат ми Jon, ја сум John:smirk::D
     
    На candy.cane, daylight и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    8 работи кои не сте ги знаеле за смртта, ги открива жената на којa и' се јавил мртвиот брат!



    Авторката на книгата "The Afterlife of Billy Fingers", Ени Каган, ниту сама не си верувала на својот здрав разум кога слушнала дека и' се обраќа мртвиот брат, но тогаш...
    "Кога мојот брат Били ме разбуди три дена откако тој почина, опишувајќи ми што му се случило по смртта мислев дека се поздравив со мојот здрав разум", напишала Ени Каган, авторката на книгата "The Afterlife of Billy Fingers" во која ги изнесува сите податоци кои тој и' ги раскажал, пренесува OM Times.



    Нејзиниот брат, инаку зависник, починал трагично. Неколку дена по смртта и' се обратил од "животот после смртта", а таа не можела да поверува што се случува се додека не и' приложил убедливи, конкретни докази.

    Сето ова го напишала во својата книга, а еве ги 8-те клучни работи кои и' ги кажал во врска со смртта:

    1. Првата работа која се случува е благосостојба. Штом ќе починете, го напуштате своето тело и одите во "комората за лекување". Светлата во оваа комора ги бришат сите потешкотии кои сте ги претрпиле за време на животот - физички, ментални, емотивни. Па така, за помалку од една наносекунда сите ваши болки исчезнуваат.

    2. Се' уште имате чувство дека тоа сте вие. Иако повеќе го немате своето тело, се' уште се чувствувате како индивидуа. Всушност, повеќе се чувствувате како вас самите отколку билокога додека сте биле живи. Додека сте на земјата, на вас многу влијаат другите луѓе и немате време да бидете сами.

    3. Светлината има личност. Во задгробниот живот зраците светлина имаат квалитети како мудрост, добрина, сочувство и интелегенција. Таа светлина овозможува она што е невидливо на Земјата да стане видливо, божествената природа на сите нешта.

    4. Гревот и казнувањето се човечки концепт. Постојат секакви приказни околу тоа што не чека откако ќе умреме. Грешките кои ги правиме додека сме живи се дел од договор. Да мораме да бидеме совршени за да стигнеме до рајот, таму не би имало никој.

    5. Животот на земјата исто така не е казна. Секако, има и страдање, но не бидејќи некој направил нешто за да го заслужи страдањето. Болката едноставно е дел од човечкото искуство, исто како што е дишењето, гледањето или протокот на крв низ телото.

    6. Кога ќе умрете нема суден ден. Кога ќе го погледнете својот живот ќе го видите патот по кој би можеле да одите и оној кој сте го одбрале. Ќе видите во кои ситуации сте одиграле паметно, а кога сте можеле да одиграте многу подобро, но не чувствувате грижа на совест поради тоа. И иако можеби сега вам тоа нема да ви има многу смисла, но кога ќе умрете ќе сфатите дека сте имате прекрасен живот, иако некои негови делови биле многу тешки.

    7. Среќни сте што изгледате како што изгледате. Нема да бидете преоптоварени со начинот на коj изгледате. Нема да настојувате било што да промените кај себе. Едноставно ќе зрачите, без никаков напор.

    8. Љубовта не е како на земјата. Тука не ве сакаат поради работата со која се занимавате, како изгледате, колку сте популарни или колку заработувате. Не може некој до вчера да ве сакал, а денес повеќе не. Љубовта е навистина безусловна. По животот на Земјата постои совршено сочувство и без оглед на тоа како сте живееле, вие тука сте сакани.

     
    На Гога 16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Научниците од универзитетот во Саутхемптон пронајдоа доказ дека свеста продолжува барем неколку минути а може и саати по клиничката смрт, што до сега се сметаше за невозможно.
    Смртта е неизбежен завршеток на животот, но научниците веруваат дека откриле ново „светло на крајот на тунелот.“
    До сега најобемното истражување за смртта, докажа дека и откако мозокот ќе се исклучи, некој дел од свеста останува активиран.

    Научниците цели 4 години истражуваа над 2.000 смртни случаи во 15 болници во Велика Британија, САД и Австрија.

    Откриле дека речиси 40% од луѓето кои доживеале клиничка смрт, на некој начин биле свесни од моментот по застанувањето на срцето, до моментот на оживување.

    Еден од испитаниците дури и опишал како „го напуштил своето тело“ и надвор од него гледал како сите се борат за неговиот живот.

    Иако овој маж стар 57 години бил „мртов“ нешто повеќе од 3 минути, тој детално им опишал сè што видел.

    „Знаеме дека мозокот не може да функционира кога срцето ќе престане да чука. Но, во овој случај изгледа свеста останала будна тие 3 минути кога срцето не чукаше,“ рекол водичот на ова истражување

    Тој вели и дека пациентот опишал сè што се случувало додека докторите се труделе да го оживеат.

    „Човекот опиша сè што се случуваше во просторијата, но она што е уште поважно, слушнал звуци од машината која се огласува во интервали од 3 минути. Така можевме да откриеме колку долго траеше неговото вонтелесно искуство. Неговите зборови ни се чинат веродостојни и навистина сè што кажа вистински се случи додека беше клинички мртов.“

    Од 2.060 пациенти на кои им застанало срцето, преживеале 330, од кои 140 рекле дека имале одреден облик на свест пред да бидат оживеани.

    Испитаниците генерално не можеле да се сетат на деталите, но научниците забележале дека дел од описите се поклопуваат. Еден од пет испитаници опишал дека чувствувал спокој, а секој трети споменал чувство на забрзување или забавување на работите.

    Некои кажувале дека виделе светлина како златен одблесок, а други рекле дека се чувствувале како да се дават и тонат. Само 13% од испитаниците рекле дека го почувствувале двоењето од телото.

    „Овие резултати налагаат понатамошни истражувања,“ вели водичот на ова истражување.

    „Постојат многу добри докази дека свеста постои и по смртта. Сè уште не знаеме што точно се случува по клиничката смрт, но се надеваме дека овие истражувања ќе ни помогнат да дојдеме до нови научни сознанија.“

    Доктор Сем Парниа тврди дека за многу брзо време ќе ни го кажат или потвртат тоа





    Shto mislite za Dr Sam Parnia i mnogute naucnici shto mislat deka se blisku do odgovor so pomos na naprednata medicina i vremeto koe e razvieno denes mn
     
    Последна измена од модератор: 18 октомври 2019
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
  8. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Dr Sam Parnia i Morgan Freeman za Zadrgrobniot zivot ili zivot posle smrtta


     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Не верувам во задгробен живот, посебно не во нехуманиот и контрадикторен на идејата за all-loving Господ концепт за рај и пекол во Библијата.
    Како што не се ни коцкам, ниту дозволувам некој да ме уценува на кратки стази - така па уште помалку „купувам“ правила за тоа како да го водам цел овоземен живот, со ветување (невозможно да се докаже) за награда или ужасно страдање како казна после истиот.
    Глорија Стајнем го кажала тоа така добро :)

    [​IMG]
     
    На Amellie13, lovestoneddd, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    toa e tvoe mislenje , vakvi supci ima milijarda vo gospod Veruva i Donald Trump i Vladimir Putin lugje koi ja imaat celata mok na planetava , nebitna e ovaa shto kazala .. obicna feministka zatucana
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Девојче, те молам прочитај ги правилата на форумот и ти и другиот член со сличен срамен дискурс, па потоа продолжи да пишуваш и цитираш. Тука прво се користи кирилица, и второ, ако за тебе ние атеистите сме „шупци“ - подфорумов не е место за тебе.
    Феминистки со освестен поглед за штетноста на религијата ми се неспоредливо поголем фактор во оформување на моите ставови, од лидери како Путин и Трамп. И не можам да сум погорда на тоа.
     
    На candy.cane, Amellie13, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Така је анче бананче јас мислам дека ти си права женска со исправно мислење браво што мислите другите јас мислам анче
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Верувам во живот по смртта од неколку причини:

    1. Исус го докажа тоа со своето воскресение на првиот Велигден.
    2. Во текот на еден просечен живот од 70-80 години, човекот практично менува „седум тела“, бидејќи сите наши клетки се обновуваат со нови (некои побрзо, некои поспоро). Така што животот не е во моменталните хемиски соединенија што се во нас. Животот е многу повеќе од тоа.
    3. Научно е докажано дека животот не можел да настане сам од себе т.е. од неживите хемиски соединенија. Бог е творецот на животот уште во самиот почеток. Епа ако Бог можел да го создаде животот на почетокот, од неживите хемиски соединенија, зошто да не може да го направи тоа пак?
    4. Не верувам дека нашата душа и нашата свест се состои во некакви хемиски реакции на хемиски соединенија во нашиот мозок. Ние сме многу повеќе од само комплекс на молекули што се судираат. Ние имаме душа и таа душа не умира со распаѓањето на нашето тело.
     
    На Ana3567, Rama и daylight им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos, тебе значи погоре ти се допаѓа мислење на крајно неинформирана личност која во последно време спамира ко низ чаршиски муабети во категоријава, во кое се расфрла со навреди како шупци и небитни. А и овде на форум и на други места не престана да се жалиш за мемиња, ад хоминеми, исмејувања, понижувања од либерално и атеистички настроени луѓе. Кое лицемерие :D

    Инаку никако не е научно докажано ниту воскресението на Исус, ниту постоењето на Бог како творец, освен со циркуларна логика и апологетика базирана на God of gaps :)
     
    На lovestoneddd и Alisa22 им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.517
    Пол:
    Женски
    Јас не сум многу едуцирана ама сакам да прашам, што според религијата доаѓа по смрта? Бескраен живот? Дали сме ние свесни дека сме починале и дека сме во фаза по смртта? Како го опишува тоа религијата?
     
    На daylight и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не сфаќам зашо постојат вакви теми на форумов. Во 2019 година треба да ни е на сите јасно дека постојат 7 милијарди луѓе кои веруваат во све и свашта. Религии милион и сите луѓе тврдат дека нивната е вистинскиот пат. И атеистите тврдат и овие дебати се бескрајни и никој нема на друг да го убеди со неколку коментари. Не знам што редите научни докази, овој рекол оној рекол. Луѓе веруваат во тоа што веруваат заради сопствените животни искуства, а не заради неколку видеа некој што рекол. Религијата е премногу сензитивна тема, секој со малку домашно воспитање (а на форумов ги има многу без ич) знае дека никогаш не смее да се дава било каков коментар за верска определба на друг и оваа тема не е иста како други теми кај што се "дебатира" туку овде настанува галама и карање. Овде се мериме кој е поначитан, кој подобро елаборира, кој гледал повише видеа, кој е научник, кој е продуховен и сега ќе им кажува на сите колку се заглавени. Ало, кога нешто правиш добро, и кога на сите им префрлаш затоа што они не го прават како тебе, си во сериозен его трип и со его не бидува никаква духовност. Со его не се стигнува до никакви сознанија, биле духовни биле научни. Некои на форумов сериозно треба да олабавите. Прашања на кои луѓе не можат да одговорат илјадници години, ние сега на форумов ќе се фатиме за коси и ќе откриеме кој е вистинскиот одговор.
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не знам која е личноста и не ми е гајле што претходно постирала. Јас не се занимавам со личности и нивно следење, ми е гајле какви се и што прават. Јас го лајкам мислењето, а не личноста.
    А ти каде си да се изјасниш кај овие твоиве за порнографската индустрија и злоупотребата на жените и девојчињата во белото робје и снимената проституција? Нели беше феминистка и се бореше за правата на жените? Или штом станува збор за твои соверници (атеисти) у реду е, нека промовираат порнографија до миле воље? Или само тука на форумов застапуваш феминизам затоа што тука е IN?

    Џабе ти е. Никого нема да убедиш дека користам циркуларна логика и God of gaps. Во новата книга имам цело поглавје против God of gaps и Atheism of gaps . А објактивни научни докази за постоењето на Бог има во секоја научна дисциплина. Кликни на мојот потпис има линк до мојата книга. Позз и no hard feelings
     
    На nextredstyle и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прво, не постои нешто такво како „религијата“. Не постои една религија. Постојат многу религии и секоја различно верува и поучува. Исто така не постои една филозофија, туку различни филозофии - меѓу кои спаѓа и атеизмот т.е. натурализмот.
    Така што, според христијанството, кога човековото тело ќе умре, човечката душа оди на една привремена дестинација - во зависност од тоа дали се покајала за гревовите или не. Најверојатно се свесни, иако нема сигурен доказ во Божјото откровение (Библијата). И таму престојува се додека Христос не се врати на Земјата, стави крај на злото и потоа настапува ткн. „судниот ден“ каде што секоја душа ќе се претстави. Тие што не се покајали за гревовите, ќе бидат уништени, а тие што се покајале и го прифатиле Божјото спасение преку Исус - ќе го наследат Божјото царство. И таму нема да има смрт и ќе живеат вечно.
     
    На afrodita94, Rama и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    На крај на прикаскава заборави да пишеш Си живееле среќно до крајот на животот :D
     
    На Amellie13, joy1, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Точно, теизмот не е хомогена категорија, а ти го застапуваш конкретно христијанството според Библијата - не Бог како деистичка или пантеистичка идеја на пример. И еве, макар и да претпоставиме дека ти држат вода доказите за постоење на интелигентен создател (а прочитав нешто од нив и да, сите ти се базираат на God of gaps - необјаснивата совршеност на сè околу нас, вртоглаво големи бројки во физички и математички равенки и слично) - како конкретно за темава ќе го докажеш научно системот на награда и казна на твојот Бог и дестинациите каде одат душите? Исто како што ти стојат за докажување и создавањето организам од ребро, делењето мориња, создавањето вино од вода и многу други нереални сцени од Библијата.
     
    На candy.cane, Lianna Anna, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.