Мене ми се врти главата од тоа вечно живеење и вечно да живеам ми е измачување само по себе. Мислам, сериозно вие верниците се стремите да живеете морално за да бидете наградени со бесмртност? Мене анксиозност ми дава самата помисла. Добро што сум грешник според христијански стандарди и не се каам за тоа. Ќе дојде вашиот господ и прашина ќе станам, амин.
Можеш да веруваш и да не веруваш во што сакаш,но не е во ред да се потсмеваш со нешто што на некои им е свето.
После смртта нема 'ништо', како што немаше пред да се родиме. Се сеќавате на нешто пред да се родите? Нема свесност, нема 'ништо'. А свесност нема оти нема енергија. А енергијата никогаш не се уништува, само преминува од еден вид во друг. Некои растенија и животинки во земјата, ќе се нахранат и стоплат од нас... Многу е вројатно и масата да е константна.... што значи, едно сме со Универзумот. И не ни треба Бог и приказна за задгробен живот, за да се воодушевуваме на 'магијата' на природата, и да бидеме вчудоневидени и љубопитни... оти не знаеме се'
Овие работи не може да се докажат со микроскоп или телескоп. Овие едноставно не се во доменот на егзакниот научен метод, туку се во доменот на историјата и теологијата. Исус ги објави или потврди овие работи. Зошто да му веруваме на Исус? Затоа што е јасно потврдена Неговата божественост. Како? 1. Исус бил претскажан од сите старозаветни библиски пророци кои живееле 700-800 години пред тој да се роди. Претскажани се стотици детали за Неговиот живот, делa, смрт и воскресение. 2. Исус направил многу чуда кои што биле потврдени и од Неговите најголеми непријатели. 3. Има силни докази дека Исус воскреснал од мртвите. Еве ти линк од мојот блог на оваа тема. Има и други докази, ама доцна е сега.
Не Некст, сосема е во ред да се потсмеваш со нешто што на некого му е свето, не е во ред кога ќе почнеш лично да навредуваш постоечки личности и категории луѓе. Богохулењето е човечко право и спаѓа во слобода на говор... барем треба да спаѓа, оти за жал од ова „не е во ред“ на некои места луѓе сè уште законски се прогонувани за своето неверување. Затоа немој, посебно не како иден правник ако не се лажам.
Абе, на која црква припаѓаше ти? И имаш ли причр статус некаков, или си само голем ентузијаст во врска со твојата вера?
Тоа можеби е случај за другите верници, но христијаните не живеат морално за да бидат наградени со вечен живот. Централното учење на Исус и целата Библија е дека човек не може да „заслужи“ избавување од казната за гревовите. Едноставно казната за гревовите е вечна смрт, а нема безгрешен човек. И колку сакаш прави добрини и морални работи, тие работи не ги поништуваат гревовите, слично како што и добро дело нема да ти ја поништи казната за поминување на црвено Така што спасот од гревовите се добива исклучиво по милост, ако се покаеме за нив и ја прифатиме Исусовата жртва на крстот - каде што Исус со Својата смрт плати за гревовите. Инаку се сложувам со тебе дека ако вечниот живот е како што ние го живееме тука, ни јас не би сакал да бидам дел од тоа измачување Но сепак вечниот живот без гревот, без грешниот човек, без злото, страдањето, болестите, смртта, загубите, солзите, без стравови, неизвесности... искрено не можам ни да го замислам. Како што бебето додека е во утробата на мајката не може да замисли каков би бил животот надвор од таа утроба, отстрането од папочната врвца, така ни ние не можеме да го замислиме тој живот ослободени од ова распадливо тело и ум. Ама му верувам на Исус дека тоа ќе биде јако
Верувам во Господ. На мене,на @EvAngelos ,на останатите верници,ни треба Господ. Таа верба во семоќно битие ни дала,ни дава и ќе ни даде надеж и сила да продолжиме натаму. И утеха е во најтешки денови. Специ,политичарка сум. Туку ти си ОК,ама некои други одат предалеку. Ти слушаш и поставуваш прашања,но други членки претеруваат. Пак ќе повторам,секој има право да верува и да не верува во што сака,но не и да го руга истото тоа право на друг. Јас сум девојка која повеќе пати била блиску до смртта,оваа година најблиску.Сите тие пати сум почувствувала нешта што и науката не може потполно да ги објасни. Инаку,сум спомнала и претходно,јас сум личност која верува и во верата и во науката и која се потпира и на двете.Поради тоа и сум сè уште жива.
Не, не мислев на вечен живот како што имаме сега, мислев на како би било тогаш со Исус и покајаниците. Да, океј, не може никој да замисли како би било, ама како да ти кажам, ќе здозади какви и дешавки да има.
Не се сеќаваш да, но Бог се сеќава на целиот процес на твоето создавање и оформување. Еве како отприлика Бог ги дизајнирал процесите за да бидеш родена како мало слатко бебе И тоа ова е само на „макро“ (морфолошко) ниво. Ако одиме внатре во делбите на клетките, ДНК молекулите, во синтезата на протеините кои биле потребни за твое оформување...ниту милијарди години исполнето со најинтелигентните научници и инжинери нема да успеат да те создадат таква прекрасна Ете толку е голем Бог.
Секој ќе си збори за религија и се поврзано, тоа што сака да си го зборува и не е твоја обврска да кажеш кој колку претерувал. Верувај си и не се замарај. Ако си ти во право, ние наебавме Да додадам Сакам да кажам најсериозно пријателски. Немој да се замараш што викале другите за твојата религија пошо увек ќе има луѓе на кои ќе им биде чудно и смешно твоето верување, на некои моето, и ништо не можеме да направиме за да го смениме тоа. Само ти ќе се нервираш.
Жал ми е за тоа што ти се случувало, мило ми е што си добро и ти посакувам да не се повтори, долги години да живееш здраво и без вакви немили моменти. Јас на овие работи гледам многу поинаку, емпатична и емотивна личност сум и не се срамам да кажам дека и таа моја природа е дел од моите ставови против религиозниот/христијанскиот наратив. Не можам да прифатам дека семоќен и добар Бог би го дозволил ете ова, ниеден млад човек да страда со болести и да се соочува со смртта, и после тоа истиот тој да се смета за заслужен за тоа што преживеал (а од друга страна кога и умираат мали дечиња, одговорноста верниците ја бараат секаде само не во него). И не можам да прифатам идеја за задгробен живот во кој ќе биде казнето самото неверување во тој Бог, потоа на пример различна сексуалност, завршување на суров живот на психички болен човек со самоубиство итн.
Не мислам дека се слабаци. Во секоја религија (и меѓу атеистите) има и слабаци и ептен јаки. Непотребна лична навреда.
Твое гледиште. Мене лично верата ме направи и психички и физички посилна.Во одговорот на мислењето на Специ кажав зошто.
Ете и слабаци нека сме, и нека бегаме од моменталната сегашност, океј е... Подобро да сум слабак кој во исто време е верник, отколку досега да ме немаше благодарение на депресијата и анксиозноста, како што ги снемува стотици луѓе секојдневно, за жал... Аман зарем немаме право да почитуваме и веруваме во нешто многу помоќно од се и секого, нешто што ни дава сила да стоиме на здрави нозе?! Инаку да, колку и да звучи смешно, нејасно и слично, јас верувам во вечен живот, верувам дека постои и ќе дојде суден ден, дека постојат рај и пекол, и дека сите според овдешните заслуги ќе одиме кај што ни е местото, се си е убаво кажано во Откровението од Библијата.