1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    да и јас се согласувам за дежа ву-то ..
     
  2. Emlend

    Emlend Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ne e tocno toa deka postoi RAJ i PEKOL.Toa e samo zamisla na samiot covek poradi toa sto posle svojot zivot ako covekot predhodno imal nekoj golemi grevovi kje trpi pekol po smrta negova,a dokolku covekot nemal nekoj si grevovi golemi togas on kje si ja odmara dusata kako vo raj. Toa e samo pretpostavka :D
     
  3. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    pa ako se za taka se e pretpostavka nikoj ne znae sto sledi posle smrtta
     
  4. Lady-T

    Lady-T Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    0
    само господ знае што има по смртта .. али ако има реинкарнација би сакала да се родам во времето на Александар Трети Македонски или во времето на Исус Христос.Сакам да си бидам некоја богата принцеза :rofl: богами и идна кралица :lol: или па девојката на Александар :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Не можеш така да си тврдиш дека не постои. Јас верувам и во невиденото. И сега? Ќе ме убедуваш?
     
  6. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    dragi moi pa se prasuvam samata kade e togas voskresenieto za koe zborel i go pravel isus hristus sinot bozji???dajte ne tropajte gluposti ,kakvo dezavu, kakvi bakraci, kakva reinkarnacija-ste bile luge zdravi pravi na zemjata a potoa kojznae sto zirafi aloooooooooooo..????koja e logikata-nikoja. :D :D :D smesno.......isto kako od sto e stvoren covekot od majmuni ,a idi kazi mu nekomu majmun ocite ke ti gi izvadi se uvredil covekot. :D :D :D gluposti na kvadrat.rabotava e veruvam vo isus i uste 100drugi raboti...na dva stola ne se sedi.isus koga go voskresnal mrtvoto devojce i lazar za kogo vikate sveti lazar vo sto voskresna vo peperutka li????... :D :D :D stvarno zalosno rabotava ispaga ko neverni toma...
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Верувам дека секој по смртта оди на местото каде што заслужил да биде.Верувам дека кога ќе му дојде времето секој ќе плаќа за своите гревови.Има разни гледни точки,меѓутоа јас верувам во рајот и пеколот,во тоа дека душата 40 дена по смртта го поминува целиот живот и потоа ја носат на суд каде што ангелите ги пишуваат добрите дела,а демоните лошите.Едните тежнеат да ја однесат душата во рајот,а другите во пеколот.Неможе да одат во ист кош и оние кои правеле добро и кои правеле лошо.
     
  8. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    порано постојано се прашував дали и каде одиме после смртта.Но сега не се преоптеретувам нешто со тоа но сепак би сакала да знам.А дали верувам во рај и пекол па може да кажам дека до некаде верувам
     
  9. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Незнам..Никој не се вратил после смртта па да каже што како било, кај бил, и така натаму..
    Знам читав некаде, еден човек кој живеел за времето на 2 светска војна, се преродил во друг човек и случајно му текнало се се на се се сетил, и се опишал како што памтел, се до детаљ за светската војна, за луѓето што ги познавал
    дури и знаел како се вози авион, што во новиот живот никогаш не го направил..
    и сега јас сум збунета до крај :fubar: :)
     
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    3.963
    Пол:
    Женски
    Имам читано интересна книга која ја опфаќа оваа тема. Всушност се работи за луѓе кои доживеале клиничка смрт. Тие раскажуваат како неколку моменти после смртта се гледаат себеси како лебдат над сопственото тело исполнети со неверојатно чувство на спокој, олеснување и задоволство. По неколку мига се гледаат себеси како проаѓаат низ темен тунел, а на крајот ги чека блескава светлина. Излегувајќи од него се среќаваат некои од нив со починати роднини, а некои само со едно лице за кои мислат дека е Господ. Интересно е што цело време ги следи тоа чувство на мир и среќа и никој од нив не сакал да се врати назад, на земниот живот, а по пробудувањето сите промениле по нешто во сопствениот живот. Научиле да ја ценат хуманоста, несебичноста,чесноста и др. вредности кои човека го прават човек. Друг интересен факт е доказите со кои авторот ги побива тврдењата дека се работи за некоја психијатриска болест или обични доживувања кои мозокот ги ствара кога е под дејство на стрес како одбрана од повредите на организмот од несреќата.Дури и мали деца и бебиња го доживеале тоа.На крај авторот доаѓа до заклучок дека тоа е мистерија, оставајќи му на читателот сам да одлучи дали постои живот после смртта. Мое мислење е дека душата како енергија мора да се ослободи и да отиде некаде, во некој друг свет или димензија. Не може туку така да исчезне. Инаку книгата се вика С друге стране светлости.
     
  11. e.m.a

    e.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    PO SMRTA KE SE RAGAME PAK, I SEKOJ KE ODGOVORI ZA SVOITE DELA, POSLE TOA SEKOJ VO SVOETO MESTO KE ZIVEE SREKNO I BESMRTNO, MISLAM DOBRITE VO RAJOT , A LOSITE SE ZNAE VO PEKOLOT, MOLIM BOGA DA NE SME TAMO .
     
  12. gabigabi

    gabigabi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Подобро да живеам како да има Господ
    и да умрам па да откријам дека го нема,
    отколку да живеам како да го нема, па
    да умрам и да откријам дека постои. :P
     
    На A-j-a и rosana92 им се допаѓа ова.
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    јас верувам во реинкарнација, не знам зашто... од секогаш така.
    еве нешто интересно во прилог на тоа знам дека е долгичко ама интересно е, баш ме интересира што ќе кажете на ова:
    Реинкарнацијата е сложена тема, бидејќи за неа се кажани толку будалаштини што многумина денес однапред ја отфрлаат. Повеќето луѓе не знаат дека постојат и приличен број сериозни истражувања што се спроведуваат за реинкарнацијата. Во последните неколку десетици години расте бројот на научници со голем углед кои компилирале голем број на податоци на таа тема. Меѓу нив се Џоел Витон и Мајкл Њутн.

    Главната движечка сила на истражувањата на Витон и Њутн со хипнозата се темели на едноставен и зачудувачки факт. Кога луѓето се ставаат под хипноза, тие често се сеќаваат на она што изгледа како сеќавање на минати животи. Истражувањата покажале дека повеќе од дваесет проценти од сите поединци кои можат да се хипнотизираат, можат и да се сетат на такви сеќавања. Овој феномен во голема мерка го признаваат и скептиците.

    За да го спроведе своето истражување, Витон собрал група од триесетина луѓе. Во групата имало луѓе од сите слоеви, од возачи на камиони до експерти за компјутери, при што некои од нив верувале во реинкарнација, а други не. Еден по еден ги хипнотизирал и поминал буквално илјадници часови снимајќи сè што зборувале за своите наводни претходни животи.

    Податоците биле фасцинантни. Еден од зачудувачките аспекти е големиот степен на истоветност на искуствата на испитаниците. Сите зборувале за бројни минати животи, а некои дури и за дваесет или дваесет и пет, иако практичната граница е досегната кога Витон ги вратил во нивните, како што тој ги нарекува “пештерски животи”, кога еден животен век не можел да се разликува од друг. Сите добиени податоци укажуваат дека на душата не ѝ е својствен полот, и многумина барем во еден живот живееле како спротивен пол. Сите исто така зборувале дека целта на животот е да се развиваат и да учат, и дека бројните животи го олеснуваат тој процес.

    Многумина од испитаниците после трауматските сеќавања од минатите животи на кои се сетиле, доживеале длабоко психичко и физичко оздравување, и дале неверојатно точни историски податоци за времето во кое живееле. Некои дури зборувале со за нив непознати јазици. Додека повторно проживувал еден свој живот во кој бил Викинг, еден човек триесет и седум годишен бихевиористички научник, извикувал зборови за кои лингвистичките авторитети подоцна утврдиле дека се на старонорвешки јазик.[18] Истиот човек откако е вратен во својот минат живот во Персија, почнал да пишува со писмо на арапски стил, кој стручњакот за блискоисточни јазици го идентификувал како автентичен Сасанид Пахлави, одамна изумрен месопотамски јазик кој бил во употреба меѓу 226 и 651 година од нашата ера.
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во врска со претходниот пост,незнам дали е од една книга која што ја имав почнато со читање,а не ја довршив,тоа е книгата Патот на душите,мислам дека беше напишана од еден психолог,кој што кај своите пациенти,по пат на хипноза откриваше дека тие имаат претходни животи,дознаваше се што им се случувало претходно,но исто така спомнуваше за свеста и потсвеста кај човекот.Постојат се повеќе такви истражувања,се пишуваат книги,кои што според мене се всушност направени на база на претпоставка,затоа што никој тоа неможе да го потврди,дали има реинкарнација или не,значи дали има живот после смртта,малку се сомневам во таа хипноза,незнам зошто.Познати ми се овие работи,вакви теми за кои што сите разговори се само како што кажав претпоставка,секогаш и ќе биде така,никогаш нема да сме сигурни дали има или нема,исто како што секогаш ќе бидеме во неизвесност за тоа дали има Бог или не,сепак тоа е и индивидуална определба, па да споменам и за тоа како настанал светот.Некои сметаат дека постои живот после смртта,тие што доживеале клиничка смрт,па спомнуваат некакви димензии,посебно четвртата димензија во која што опстојува човековиот дух,после смртта.Психата кај човекот е многу комплицирана работа,се останува на меморијата во човековиот ум,без разлика дали имал претходен живот или не,само што и да правиме,никогаш целосно нема да ја дознаеме вистината.
     
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Хих отсекогаш си викав дека јас ќе одам во рајот дека таму ќе си ги сретнам сите добри луѓе кои сум ги изгубила но еве сега верувам но и не верувам дека постои рај и пекол
    Но ете што даде Бог тоа :)
     
  16. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    како и да е дали има пекол, рај, реинкарнација или било што еден ден сите ќе дознаеме :)
    Ама јас сакам да си верувам во реинкарнација, како што веќе споменав во предходниот пост, и она кога се хипнотизираат луѓе како се сеќаваат на работи што воопшто не се случиле...
    имаше мислам на Опра зборуваа на истава тема... :)
     
  17. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    што е битно дали постои или не постои реинкарнација,дали има живот после смртта.Најважно е сега да го проживееме животот најдобро што можеме, да си ги исполниме соништата за кои мечтаеме, а кога ке ги затворам очите воопшто и не ми е важно што ќе биде.
     
  18. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    јас вервам во рај, пекол еден куп други работи и секогаш ќе вервам без разлика дали другите верват или не ... и се надевам дека постој оти не сум :devil: :rofl:
     
  19. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Ќе морам на подетално да ти објаснам за поимот енергија и душа...Животинските организми и човекот, кога ќе дојдат во летална состојба(изумирање), внатре или на површината на почвата, се подложни на процес на минерализација...Животинскиот и човечкиот организам се состојат во најголем процент на вода, а основни градбени и функционални супстанци се органските материи(протеини, јаглехидрати, масти,), кои се состојат од следниве хемиски елементи-јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор,сулфур итн.) Значи после нивното изумирање, започнува процес на минерализација, кој овозможува преку активноста на милионите микроорганизми во почвата(бактерии,габи итн.), телата да се распаѓаат или минерализираат.Како крајни продукти од овој процес се добиваат јаглерод, кислород, вода, фосфор, сулфур , азот итн. Растенијата како продуценти , со својот коренов систем ја примаат влагата и горенаведените минерални материи од почвата, па во интеракција со нивниот хлорофил, јаглеродниот диоксид од атмосферата и сончевата светлина се обавува процес на фотосинтеза(синтеза на органски материи), истите се складираат во плодовите од растенијата(затоа растенијата во науката се означени како продуценти :!: .Е сега да не навлегувам детално во метаболичките процеси, само ќе кажам дека животните и човекот се конзументите во овој циклус, ги конзумираат готовите органски материи, значи тие имаат хетеротрофен начин на исхрана :!: Прометот на хранливите материи од нивното внесување па се до исфрлање на крајните штетни и непотребни продукти се вика метаболизам, а при тој процес се ослободува енергија , која организмот ја користи за извршување на функциите...Нервниот систем, создаден од милјардиии нервни клетки, исто користи енергија за правилно да функционира(значи човекот еве конкретно, како разумно суштество Homo sapiens, е способен да размислува, расудува, да носи одлуки, да води грижа за потомството, има емоции-љубов , омраза, лутина, љубомора, радост..Сето ова е производ од функцијата на нервниот систем и комплетно тука можеш да си ја изведеш дефиницијата за душа :!: После изумирањето човекот, како и другите живи организми се подложни на минерализација(процесот што го објаснив на почеток), значи евидентно е дека енергијата во природата кружи, тоа е циклус...А, кај е душата тука??? Со настапување на смртта и нервниот систем изумира, а неговите горенаведени функции , кои ја сочинуваат душата исчезнуваат. Може ли мртов човек да говори, да размислува и чувствува...Мислам дека ми ја сфати поентата.Со престанок на работа на нервниот систем, човечките одлики , кои ја сочинуваат т.н душа ги нема повеќе, а со телата ти опишав што се случува :!: Сега за сега толку, макар што можам до сабајле да пишувам за оваа тема..Поздрав :)

    П.С. Пошто ме мрзеше истово два пати да го куцам, а ова е мое мислење во темата необјасниви случки, само го копирав... :!: Сметам дека е соодветно за тука... Ова се аргументи, научно докажани, за тоа што се случува после изумирање на луѓето и животните и како енергијата кружи во природата..Има уште многу на оваа тема, ама ова во кратки црти, да не навлегувам многу со стручни термини...
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Прити ако на човек му престанале виталните функции и ако телото му се распаднало, значи ако нема преку што да ги изрази своите емоции и чувства, не значи дека тие туку така исчезнале. И мене ми е интересна оваа тема и сум прочитала повеќе контрадикторна литература за тоа... ама никој не може да ме разубеди дека после смртта исчезнува и душата... Тоа е една виша енергија која засекогаш останува во универзумот...