По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.826
    Како да не.
    Се' унапред е одредено.
    'Можеш што сакаш да правиш, ама прави вака'.
    Пак да прашам: Зошто имаш потреба од авторитетен ентитет, кој е семоќен???
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.967
    Допаѓања:
    159.672
    Пол:
    Женски
    Убаво имаше речено Раст Кол во True Detective, ако некого единствено премисата за награда или казна по смртта го спречува да повредува, па и убива луѓе - тој е во суштина ужасна личност.

    Атеистите многу повеќе го вреднуваат животот на Земјава, наспроти верувањето наметнато од теологијата. Наместо цел живот да го живеат на коцка, со наметнати вредности за на крај да добијат награда во задгробен живот кој никој не докажал дека постои - тие самите преземаат одговорност за своите постапки овде и сега во реалноста. Впрочем, верниците се тие што дури и да ги прекршат основните морални начела кои наводно се оддржуваат во општеството благодарение на религијата, може само да се покајат и да се мирни верувајќи дека им е простено, токму такви случаи со брутални убијци кои пред својот крај се свртуваат кон религија се познати за јавноста.
    Атеизмот и почитувањето на научното гледиште не ги негира емоциите, не ја негира психологијата и етиката како интелектуални дисциплини, тоа се тешки глупости и ноторна дехуманизација.

    И кога веќе толку сакаш да ги групираш атеистите, би ти препорачала да читнеш малку не за натурализам, туку за секуларен хуманизам (самиот поим „хуманизам“ укажува на вреднување на човекот и човечкиот живот на пиедестал, а со тоа и колкави небулози се тоа што го зборуваш околу убиството). Тоа е веќе филозофија и идеологија (а не атеизмот во целина, и пак и ова не може да се изедначи со религија), во која може да речам дека се пронаоѓам и ја почитувам, а и мислам повеќето либерални атеисти во денешно време би се пронашле.
     
    На Nigredo Odor, Asparagus, Tiktaalik и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ubavka D

    Ubavka D Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ev Angelos mnogu dobro kazano (y)(y)
    нема теоретски шанси животот да настнал случајно. Тоа значи дека некој планирано и со цел го создал животот. Тоа е Бог. Е сега, ако Бог го создал животот на почетокот, тој може да го создаде и пак после смртта. Животот е повеќе од само хемиски соединенија. Ние имаме и дух во нас. Всушност ние сме дух кој има тело. Телото умира, но духот продолжува да живее и се враќа кај Оној кој го дал духот - Бог.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.826
    Ај и тебе пак да те прашам:
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    9.110
    Пол:
    Машки
    Немам потреба. Едноставно ја прифаќам реалноста каква што е - а таа вклучува семоќно битие кое има авторитет над цела вселена и се што ја исполнува.

    Девојки, морам да излегувам, се читаме у наредна прилика. Ве гушкам иако не се согласуваме во некои работи :hug: имајте убава вечер.
     
  6. Ubavka D

    Ubavka D Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ај и тебе jас да те прашам:
    Зошто немаш или негираш потреба од авторитетен ентитет, кој е семоќен ??
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.826
    Ама не е 'реалност', ако нема доказ.
    Просто.
    Знаеш ти како одат тие работи..
    Не знам дали имам.. и не негирам, туку велам: Нема докази.

    Се повторувам без веза..
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ubavka D

    Ubavka D Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Shto kje kazes na ova ??
    https://www.apologetika.mk/naucni_argumenti_za_bog/
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ubavka D

    Ubavka D Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.826
    Лелеее, аман.
    Ти анте, тие анте-курале.
    Добро.
    Терајте.
     
    На theowndemon, Lianna Anna и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    13.184
    Пол:
    Женски
    Го прочитав текстот и сметам дека истиот само прикажува аргументи кои одат во прилог на ограничениот исказ на "the fine-tuned universe", кој освен што претставува логичка грешка, истовремено ја манифестира човековата нарцисоидна природа дека претставува релевантен фактор во универзумот и воопшто не претставува валиден доказ на постоењето на одредено натприродно суштество.

    Причината поради која постоиме во овој "совршен универзум" е бидејќи сме еволуирале прилагодувајќи се на овие услови. Доколку има паралелни универзуми каде универзалните константи имаат различен збир на вредности, не треба да не изненадува тоа дали постојат форми на живот различни од нашите бидејќи тие форми на живот ќе се развиле прилагодувајќи се на условите релевантни за нивниот универзум.

    Со други зборови, кога универзумот бил бил дури и малку поинаков, сепак би можело да се развие живот, само што тоа не би била онаа форма на живот која ни е позната денес, односно би ја завзела формата на тој универзум, а не нашиот.

    Веројатноста можеби претставува погодна алатка за прегледување на веројатноста за појавата на одредени настани во иднина, односно кога веројатноста за појава на алтернативи ни е позната, но тоа не е така кога станува збор за настани кои се случиле во минатото, каде алтернативите не се разбрани.

    Универзумот, како и планетата Земја во никој случај не се совршени. На пример, 99,9% од животните форми на планетава се изумрени, 75% од земјата на нашата планета е несоодветна за земјоделство без наводнување, сонцето физички ја гори нашата кожа, пропратено со радијација која на многу луѓе им предизвикува рак, само 2% од водата на Земја е свежа и за пиење, што значи дека скоро 1 милијарда луѓе немаат пристап до чиста и безбедна вода за пиење и поради тоа милиони умираат, итн.

    Всушност, кога ќе подразмислиме, универзумот е повеќе погодлив за црните дупки, отколку за интелигентен живот на една планета - толкав простор и толку ненаселени и пусти планети се "совршени" за одредена супермасивна црна дупка која секојдневно уништува цели небесни тела.

    Освен тоа, истиот концепт се фокусира само на животот развиен на планетата Земја, особено човековиот живот, меѓутоа ја занемарува примарната цел на астробиологијата, а тоа е да се истражува како може да се развие било каква форма на живот на други планети и небесни тела бидејќи спекулациите за постоење на било каква форма на вонземски живот варираат од суштества со слична анатомија како и луѓето или некој од другите видови флора и фауна на планетава, како и вирусите и бактериите - не мора да значи дека овие животни форми мора задолжително да имаат развиена свест, когнитиви и интелигенција.

    Мислам дека Douglas Adams доволно добро ја доловил суштината на горенаведената логичка грешка:

    "This is rather as if you imagine a puddle waking up one morning and thinking, 'This is an interesting world I find myself in — an interesting hole I find myself in — fits me rather neatly, doesn't it? In fact it fits me staggeringly well, must have been made to have me in it!' This is such a powerful idea that as the sun rises in the sky and the air heats up and as, gradually, the puddle gets smaller and smaller, frantically hanging on to the notion that everything's going to be alright, because this world was meant to have him in it, was built to have him in it; so the moment he disappears catches him rather by surprise. I think this may be something we need to be on the watch out for."

    Без разлика дали некој верува во задгробен живот или не, факт е дека најбруталната вистина со која човештвото треба да се соочи е дека на оваа планета откако ќе умреме, сите им се придружуваме на милионите луѓе кои претходно живееле и биле заборавени.
    По нашата смрт, можеби нашите пријатели и роднини ќе се сеќаваат на нас, но како што годините ќе се врват, евентуално ќе бидеме заборавени засекогаш, како никогаш да не сме постоеле. Така, историјата само продолжува да се повторува.

    Можеби тоа е и најголемиот страв за еден човек, знаењето дека тој некогаш бил дел од оваа планета за ограничено време, а потоа се му е одземено и истиот престанува да постои како и пред неговото раѓање...
     
    На Asparagus, Angie1432, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.826
    Поезија :inlove:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Calla

    Calla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    839
    Како мислиш 99,9% од животните форми на планетава се изумрени? Од каде ова?
     
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    13.184
    Пол:
    Женски
    Of all species that have existed on Earth, 99.9 percent are now extinct. Many of them perished in five cataclysmic events. According to a recent poll, seven out of ten biologists think we are currently in the throes of a sixth mass extinction.

    https://www.pbs.org/wgbh/evolution/extinction/massext/statement_03.html
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miki4eca

    Miki4eca Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки

    Рај и задгробен живот постои и верувам во тоа

    Еве и филм според ова
     
  16. Miki4eca

    Miki4eca Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки
  17. Sweet Harmony

    Sweet Harmony Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Pa moze i ovoj FIZICKI zivot sto e na zemjava e sekakva APSTRAKTNOST..moze ni ovoj MOMENTALEN zivot NE POSTOEL NIKAD...moze sve e FIZICKO BIOLOSKA MUCNA iluzija...
     
  18. Sweet Harmony

    Sweet Harmony Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka "RAJOT" e IZMISLEN OD SVESTENICITE za da demek nekoj si BOG OD IZMISLENIOT RAJ demek da im sudi vo nekakov si IZMISLEN BOZJI SUD za VO PEKOL...A jas ne veruvam ni vo pekol ni vo raj ni vo bozji sud...jas veruvam KARMA!!!!Amin.Jas ne veruvam vo zagroben zivot...jas ne veruvam deka ZIVOT posle bioloskata smrt demek IMA... Jas duri i DOTOLKU MISLAM deka duri i SEUSTE NE SME (nikako)RODENI (dur demek momentalno PREKU FIZICKA ILUZIJA deka demek ziveeme na planetava)..
     
  19. Miki4eca

    Miki4eca Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    5.512
    Не знам дали постои живот после смртта. Не знам ни дали верувам во такво нешто. Мислам дека не. Не сум видела, веројатно е некоја празнина. Те снемува и толку. Научниците ќе тврдат демек не е така, енергијата не исчезнува туку преминува во некој друг вид енергија. Искерено не знам, на средина сум. Никој се нема вратено од таму и да каже, а и кога би кажал некој пак не би имало веродостоен доказ. Овие што преживеале клиничка смрт кажуваат приказни. Не знам дали случајно се погодува сите да гледаат тунел или тоа е халуцинација некоја кај сите.

    Кога би имало задгробен живот сигурно не е пекол или рај. :D :D
    Можеби би сакала да талкам наоколу. Секако св. Петар нема да ме чека на некоја порта.