Се што правиме еден ден ни се враќа, утре, задутре, за 5г, за 10г. Така да не верувам да постои рај или пекол. Мојот став е тоа.
Знам дека секој, некој ден ќе се најде горе на суд пред Бог. Ќе нема преправања, тајни, скриени мисли. Се ќе биде откриено од светлина Господова. Сѐ што минеме тука на овој свет е тест за нашата "награда" во вечноста. Или е вечен рај покрај Бога, или е вечен пекол. ВЕЧНОСТ. Зависи кој пат ќе го одбереме овде. Секој којшто верува во Исус Христос, кој го почнал вистинскиот христијански живот, застанал со прошка пред Бога за сите гревови од минатото, со желба за нов почеток, ќе биде спасен. Тоа е и целта на земскиот живот, да бидеме спасени преку прифаќање на Христос, на фактот дека сме грешни. Земскиот живот е само дел од нашата приказна. Стравот Божји е почеток на целата мудрост за овој живот. Единствено сѐ што правиме за слава на Бога на оваа тло- вреди. Колку повеќе си ги забораваме сопствените егоистични намери, и се губиме во правење на поголемо добро на луѓето околу нас со цел проширување и прославување на името Божјо, само тоа останува. Не постои поголема љубов на овој свет од Божјата љубов. Сѐ што сум денес, сѐ што сте ВИЕ денес е благодарение на милоста Господова. Затоа, единствено што може комплетно душевно да не исполни е константата врска со Бога, знаејќи дека НИКОГАШ нема да не остави, никогаш нема ни наштети, сѐ што прави за нас, е да ни даде подобар пат за нас овде до Него. И кога сѐ ќе заврши, не чека таму горе денот на судење.
Верувам во конечноста на смртта и мислам дека сите теории за пекол и рај, задгробен живот и реинкарнација се, за жал, само обиди да се утешиме себе и другите.
Не тврдам дека не е можно да се изненадам, но лично не би сакала да замислам бескрајно постоење. Според мене, човекот си има вроден страв од непознатото и на секој начин се обидува да си го објасни и замисли „тоа нешто" по смртта. Како што било пред да се родиме (т.е. не сме постоеле) така ќе биде и по нашата смрт (т.е. нема да не' има повеќе). Пак ќе кажам, тоа е мое лично верување, убедување.
Што и да има ПО смртта најважно е тоа што правиме ПРЕД смртта. На светот ВЕЌЕ има премногу страдање, да направиме сѐ што можеме, колку што имаме контрола врз тоа (1) Дополнително да не ги повредуваме другите (2) Да не се повредуваме себеси (3) Да не дозволиме другите (свесно или несвесно) да не повредуваат. ДРУГИТЕ може да биде и некој ваш близок, некој што што е на другата страна на глобусот, вашиот миленик или целата биосфера. Тоа е доволно.
Јас лично верувам дека ние сме дојдени на овој свет за да го заслужиме вечниот живот кај Бог. Просто не ми е логично да умрам и тука да се заврши се со мене. Душата никогаш не умира. Знам дека и муслиманите исто веруваат во рај и пекол. А сите останати освен христијани и муслимани немам поим у што веруваат. Секој ќе си каже дека неговата религија е вистинска. Никого не му судам немам ништо против атеисти но луѓе Бог навистина постои.Милион докази постојат само самите вие сакате да не верувате во тоа. За жал и ѓавол постои. А тој го прави целото зло што моментално ни се случува во светов. Бог е единствениот спас за сите. Искочив скроз од темава ама имав потреба да напишам.
Добро, зашто цитираниот дел ти беше дека секој што не поверувал во Исус ќе оди во пекол, па те прашав што е со другите.Логично е дека ако постои Бог и ако постојат облици на задгробно постоење сите да одиме на исто "место", а не дека некој е посебен само зашто се декларира како муслиман, христијанин итн.