1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.852
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека религијата нема врска со тоа што се случува по смртта. Секој човек има право да избере во што да верува, што да смета за себе дека е правилно да прави. Најважно е само да сме среќни тука каде што сме и да правиме нештата кои не мачат да ни бидат полесни и едноставни. Да не постои нешто на светот што ќе не растажи или што ќе не падне на дно.
    И јас понекогаш ќе се замислам за таа тема и ќе си ставам во главата милиони прашања на кои нема точен одговор ама не треба да се дозволува тоа да биде често затоа што нема ни потреба сега да се мисли тоа.
    Како на пример,се прашувам дали постои можност да се сретнеме некаде со наши блиски починати. Тоа ми е најголемото прашање што ми се врти понекогаш во главата, но веднаш потоа кога ќе се сетам дека не постои повеќе човекот по смртта и тогаш можам да си кажам дека нема потреба од такви мисли и нема фајде од таквите размислувања. Само терај напред и држи се цврсто и тоа е сѐ што ти треба.
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ти реков секој ќе каже дека неговата религија е вистинска.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За тебе прашуваме.
    Што вика твојата религија?
    Што се случува со оние кои не веруваат во Исус?

    Пошто се произнесе дека 'знаеш'

     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Точно, главно секој што не знае да размислува подалеку од границите што сам си ги ставил.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Па и за моите се плашам а и за самата себе, од смрта имам највеке страв, дури не можам да гледам такви работи ич ама.
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    650
    Пол:
    Женски
    Не да е јако тоа има да им правам нереди на бившите. :devil: Кутриот нема никад ни да легне да спие ни па да стане од спиење како човек или ќе го задавам или душата ќе му ја извадам од страв :rofl:
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    А зошто ограничувања само во склоп на оваа минијатурна планетичка? Планетата, а и ние луѓето заедно со неа, сме дел од многу поголеми нешта. Пологично е ако веќе има душа и оди некаде, тогаш да оди некаде низ универзумот.
     
    На thelittle17, Guns N` Roses и daylight им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Навистина нема логика со умирањето сè да заврши, душата е бесмртна.

    Но од тоа произлегува и прашањето кој ја создал душата и кога? Ако ја создал Бог при зачнувањето, тогаш зошто не би ги поставил сите души во тела со иста стартна позиција? Во секојдневието гледаме дека низ различни делови на земјината топка се раѓаат деца со различни состојби и различни животни околности. Зошто едните би го заслужиле вечниот живот кај Бог низ потешки, а а другите луѓе низ потешки околности? И најважно, зошто Бог воопшто би имал потреба да создава души кои допрва би требало нему да му се докажат со своите заслуги за вечниот живот? Би било поедноставно незаслужните воопшто и да не ги создава, или сите да нè создаде заслужни. Така би се заштедело многу време, енергија и непотребно страдање.

    Од Божјите објави за денешницата дознаваме меѓутоа дека нас Бог нè создал изворно како рамноправни и слободни божествени бесмртни битија и дека ние сме биле жители на духовниот космос (Царството Небесно). Но дека еден дел од нас некогаш многу одамна, по сопствен слободен избор сме ја напуштиле својата татковина. Тоа заминување понекаде се нарекува и падот на ангелите. (да се сетиме на параболата за изгубениот син во евангелијата на пр.).

    Како последица од тоа сосема постепено настанал материјалниот космос а подоцна и човечките тела во кои сме можеле да се отелотвориме и да ги испробаме своите луди замисли за свое царство. Со тек на времето сме заборавиле од каде и зошто сме дошле и поради нашите сопствени погрешни чекори (а не некаква Божја казна) сме почнале да страдаме и не сме умееле да се вратиме во првобитната состојба. Бидејќи Бог еднакво ги љуби сите свои деца, испраќал гласници на светлината - Божјите пророци - кои ги потсеќале и им го покажувале патот кон изворната, вечната татковина. Но поголемиот дел од луѓето не ги прифаќале и не ги следеле опомените и препораките преку нив. Честопати некое време по нивното заминување, луѓето создавале култ од нивните личности, наместо да ја разберат и применат пораката која тие ја пренесувале.

    Па така наместо „да заслужиме„ би било поточно да се каже дека треба да се вратиме во царството Небесно.
    Да не беше тоа така, Исус не би говорел за тоа дека „Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта;...
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Има ли посебно име ова учење?Или е само твое гледиште?
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Тоа е според објавите примени од божествениот свет преку пророчката реч за луѓето на денешницата(бидејќи секое време има свој фонд на зборови, свој менталитет). Од многуте наслови би можеле да се издвојат
    Ова е Мојата Реч Алфа и Омега - Христова објава„. и „Причина и настанување на сите болести - што човекот сее, тоа ќе жнее„.(изд. Универзален живот / Издателство Габриеле)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали сериозно сакаш да знаеш, или сакаше само да реплицираш и да контрираш, али ај.
    Зависи во кој период од постоењето на светов. Доколку до последните времиња не го прифати Исус во срцето и не живее како што Исус учел и како што е богоугодно, ќе премине на страната на злото, т.е. Бог таму ќе го препушти и тој човек ќе се дорасипе, за што на судниот ден ќе одговара. Така е според христијанската вера. Во исламот, Иса бил Божји пророк кој еден ден ќе се врати да го спаси светот и да завладее со него. Евреите не го признаваат Исус, велат дека е лажен месија и уште го очекуваат вистинскиот за нив, а другите религии, ги има многу, некои го имаат инкорпорирано Исус во верувањата, некои не.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Значи ќе одат во пеколот сите оние, кои не веруваат во Исус?
    И будистите?
    И хиндусите?
    И јудеистите?
    И индијанците?
    итн...

    Сите?

    Оние кои веруваат во Исус имаат монопол на Рајот, а другите: Кој ги тркала?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Не е тоа така. Не се работи за припадност кон религија, туку за сфаќања, чувства и постапки на поединецот.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Значи не мора да верува во Исус, за да оди во Рајот?
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    А мораш да си во некоја религија за да имаш позитивен став кон Исус?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не ме прашувај мене, не проповедам јас, туку вие.
    Изјаснете се како учи вашето верување.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Кој бре ние. Јас не проповедам, ти појаснив како е во неколку религии зашто ти самата праша, а не видов да ти одговорија. Јас на конкретна религија не припаѓам, а во што верувам ќе пишувам тука или на други теми ако сакам. Дали е верник или не е извесен член на форумот, не е моја работа за да проповедам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Аха.. сори..
    Портпарол значи :D

    Ќе почекам некој што верува во Исус да ми одговори.
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Тебе не те интересира одговор. Ти само сакаш од неинформиран верник да прочиташ дека оние кои не се припадници на неговата религија ќе горат во пеколот, за да можеш да зборуваш дека верниците се зли и да се осетиш морално суперирна. :) Притоа не поимаш дека не мора да се припаѓа на религија за да се верува. Религијата е овоземна, духовното е нешто друго.
     
    На mesecar и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не.
    Не милам дека верниците е зли.
    Никогаш не сум го мислела тоа.

    'Заведени' - да.
    'Зли' - не