И тоа ми падна на ум, не дека не. Во случајот сакаш да се почувствуваш како интелектуално супериорна, оти тие се заведени, за разлика од тебе. Ама до одговорот секако не ти е, тоа не се менува.
Не мислиш дека не е фер човек да живее во страв од казна и да следи правила кои го потценуваат како личност? Посебно жена ако си. Моралот, на пример... кој за повеќето е тесно поврзан со религијата... Според мене, моралот треба да е common sense, а не да си 'морален за да не гориш во пеколот'. Ако единствено што те држи at bay е стравот од казната, тогаш што кажува тоа за тебе како личност? Исто како муабетот: Врзи појас, има полиција. Појас врзувам оти знам дека можам низ шофершајбна да летнам, а не оти има полиција.
Молам? Пак испомеша религија со вера. А да, ако некому му е неопходна религија за да биде мирен и да не прави проблеми, нека си се држи до неа. Иако мислам дека веќе она од кое се плашат луѓето е државниот закон, а религијата мноштвото не си ја ни познаваат. Ете пак како си ти подобра во нешто од некои личности. Моралот не потекнува од религијата. Моралните норми што ги знаеш, не се ексклузивност на абрахамските религии. Многу од нив можат да се сретнат во други, претхристијански култури или такви кои не биле во допир со јудеохристијанството. Подреденоста на жената исто така. Прочитај Аристотел какво мислење имал за жените. Ништо чудно што е на полуостровов ситуацијава на тоа поле и денес каква што е. Проблемот е постар од христијанството, кое патем учи дека пред Бог сите се еднакви без разлика на пол или на кој народ припаѓаат. Ама ко што напишав погоре, има многу декларативни верници, кои не знаат од што се состои она во кое веруваат.
Кажувам она што го читам од религиозните. Тие тврдат дека моралот излегува од религијата, не јас. Не мешам јас религија со вера, туку оние што не знаат дека се тоа две различни работи. Наврати се на постари мои постови, па ќе видиш дека сум пишувала за тоа милион пати...
Ги мешаш, затоа што мислиш дека луѓето сигурно следат наметнати правила поради страв, а не можеш да ја сфатиш духовната димензија зад практикувањето. Спомна тие што веруваат во Христос, а не знаеш дека таму ниту плашливите нема да го наследат вечниот живот. Се се сведува на слободна волја и избор.
Според некои протестантски правци (калвинизмот на пр.) поради тнр. предестинација на душата, дури ни тие не се осигурани од „вечните маки„ туку како кому било предодредено. Испаѓа тогаш, бадијала се труди некој да биде добар, ако му е пишано пекол. Но битно е да се напомене дека таквите небулозни сфаќања на теолозите немаат никаква врска со Исусовото учење за слобода и рамноправност.
Sadly, the answer is hell. ВЕЧНОСТ во пекол. Не е утре, не е задутре, не е после 5-6 години, не е после 70-80 години. Вечност во секојдневно измачување и болка. Место во кое не постои Бог, далеку од светлина и надеж. Верувањето во Исус Христос е единствениот пат кон промена на срцата, кон следењето на патот кој Бог сака да го чекориме. Неговата Волја, не нашата. Последица од свесното одрекување од тоа, за жал, е пеколот. Затоа целта на секој христијанин би требало да биде, да се сподели Божјата вест, Божјиот збор. Дека со вистинско покајание во душата пред Исус Христос, верувањето во Него и следејќи го Негово учење, our soul will be saved. Our soul needs to be saved. Jesus paid the price of that because He loves us. Нема поголема љубов од Божјата љубов. He will NEVER leave us. He will never forsake us И кога телата ќе остарат, кога родителите ќе ги испратиме, кога децата ќе си одат од семејното гнездо, ќе се свртиме кон животот што поминал. Останува да погледнеме дали сме биле верни на Бога, што сме направиле за Бога. Сѐ друго, everything we did, како што и е било пред 200-300 години за други лица, ќе биде заборавено. " For a dust you are, to dust you shall return". Останува само средбата со Бога на последниот ден од животот. Каква ќе биде, зависи од сегашноста што ја живееме.
Не верувам во рај и пекол, затоа што истите се веќе присутни на земјата, што зависи од сопствените гледишта и перспективи. Од друга страна, идејата зад истото е премногу апсурдна, ако правиш добро ќе одиш во рајот, што значи се губи алтруизмот и сетта добрина е всушност чисто лицемерие со една и единствена цел, правење добри дела со умисла. Но истовремено служи и како closure за оние што ги имаат изгубено своите блиски и се надеваат дека еден ден повторно ќе се соединат. Јас верувам во физичките и биолошките закони кои со факти приложуваат дека енергијата преминува од еден вид во друг. Нашите тела се составени од енергија, потребна за било кој биохемиски процес во телото. Прашањето е, каде оди таа енергија, т.е во што се трансформира по смртта?!? Поверојатност ми е реинкарнација, отколку библиски небулози.
Yes. Идолопоклоници, многубошци. And no. God loves every human being walking on earth. Проблемот во сето тоа што, we, the world, we love our sins. Лажење, лицемерие, непочитување, промискуитет, паганство, крадење. Start with the 10 commandments. Ако Бог не суди спрема 10те заповеди, дали сме без гревови? How could we justify everything we do, knowing that's bad in front of God? Полесно е да се каже нема Бог, или не ни треба Исус, за сме " слободни" doing whatever we want to. Иако знаеме длабоко во душата е грешка. И пред очите на Бога, казната за грев е смрт. Нашите одлуки секојдневно, не водат сигурно до еден од двата патишта кои стојат на сопствен избор. Рај или пекол. Пред се, Бог ни дал слободна Волја за одлучување. Сепак, иако го имаме, " лекот", најчесто најтешкиот дел е да си признаеме дека сме болни. Порадо би се " крпеле" со сѐ друго, од бајачки, тарот карти, отколку да ди признаеме дека сме грешни, и ни треба помош од Бога. You can just think about this what I said, or you can ignore it. It's your choice.
Ова со енергијата често се меша.Има многу различни видови на енергија кои како што живееме се во постојана размена со околината, па после смртта се оддава како топлина или на пример се предава на микроорганизмите кои го разградат ткивото.Нема веќе метаболизам и тоа е тоа, престанува цела размена на енергија.Тоа е физички дел и е нормално. Тоа што ти прашуваш за реинкарнација алудира на постоењето на душа што е одвоена од физичкото тело.Значи се работи за 2 различни типа на енергии, физичка енергија и концепт за духовна, ако може така да се изразам.
Кога тоа би било вистина, тогаш Бог не би бил праведен. Да се добие вечна казна поради грешка што траела само еден човечки живот е вон секоја логика и правда. Тоа е додатна причина зошто таквото место не ни може да постои, а особено не вечно. Она што Бог го создава е добро, полно духовна светлина и трае вечно.
Можеш да прочиташ книги од свети отци, пишува. За нивното подвижништво и трпение, добиле свети дарови за кои тие работи им биле претставени. Сепак монасите штом се одлучиле на таков подвиг не го губат животот за џабе во црно расо и се откажуваат од овој живот. На Света Гора секојдневно се случуваат чуда и мироточат икони. Има знаци, само треба да побараме и ќе ни се покаже.
Вас ве прашувам. Како вие ги замислувате Рајот и Пеколот? Прво, каде се наоѓаат? Второ, како изгледаат? Опишете ми.
Подвижништво или Аскеза значи доброволно и свесно самоодрекување, од матерјални, телесни страсти и други потреби и угодности, поради стекнување на духовно прочистување и духовни вредности. Јас не сум компетентна да одговорам на ова прашање бидејќи тоа што јас го мислам и чувствувам нема да направи ти да ми веруваш. Има многу материјали каде што можеш да прочиташ и да си одлучиш за себе дали веруваш во тоа или не.
На форум сме за да разменуваме мислења. Ако ме интересираше размислувањето на некој теолог, ќе гуглав, немаше на Фемина да пишувам. И не разбирам, зошто ти е толку проблем да опишиш како го замислуваш? Данте успеал книга да напише за тематикава, не можете во неколку реченици да ми кажете како го замислувате?
Добро де... ама ако некој верува, сигурно има некаква замисла како би изгледало. И Данте не бил... ако гледаш така.