1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Едно е само сигурно, дека никој од смрт не се вратил па да ни каже што не очекува, така да ние можеме да пишуваме колку сакаме на крај секој има свое мислење и гледиште, се држи до тоа во што си верува, а секој сам бира во што ќе верува, не сме тука да наметнуваме мислење или став на некој.

    Јас лично верувам во задгробен живот, дека кога овој свет ќе го напуштиме нашата душа патува во друг свет (духовен) и таму вечно живее. Верувам во рај и пекол и дека според каков живот сме живееле (добар или лош) според тоа ќе ни се 'суди' и нашата душа ќе припадне таму каде што заслужува.

    Според мене јас мислам дека нашата душа постои од вечноста и живее во тој духовен свет, од таму Господ ја испраќа на земјата во свое време, секоја душа и човек има цел зошто е пратен на земјата, откако ќе ја исполни својата цел завршува и повторно се враќа таму од каде што дошла.
    И за крај, подобро да умрам и од после "да видам" дека мојата верба и Бог биле лажни, отколку целиот живот да богохулам, да не го признавам Бог па душата да ми страда. Со верба во Бог ништо не можеме да изгубиме (макар и да не постои како што атеистите не веруваат), ама без верба можеме многу да изгубиме.
    Бог без човекот останува Бог, ама човекот без Бог е ништо, само една празнина.
     
    На Need for Speed, thelittle17 и anaja1 им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.081
    Допаѓања:
    22.927
    Дали може да бидам добар човек, хуман, љубезен, културен, пријателски настроен, пацифист, да не штетам на други и да помагам каде можам, притоа да не живеам за Исус или едноставно да не бидам религиозен човек, и сепак да завршам во рајот доколку постои затоа што сум живеела добар живот?
     
    На elenaa0805, Vikktorr и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Не сум ниту свештеник ниту проповедам нешто, и затоа не се осеќам компетентна да ти одговорам на ова.
    Само знам дека во Библијата пишува: На секој ќе му се суди според делата свои.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Чекав прво Сноуфлејк да ти одговори. Според христијанството, за да добие некој вечен живот (живот во Царството Небесно или Рајот) треба прво да верува во Исус. Човек што не верува во Бог и Синот Божји, што би барал покрај него? Не е доволно само да е добар. Потребно е да верува и да го следи Христовото учење.
     
    На Need for Speed, BY<3, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Архимандрит Партениј

    5FE82FB1-A3BC-46EB-A6F7-74F4D1351B74.jpeg
     
    На Lizy333 и Justify им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.830
    Според Библијата, која се нaрекува Божјиот Збор, не дека била пишувана директно од Бог ама надахнута од Божјиот Дух, која без оглед дали некој ја чита како таква или историска книга, сепак има својот авторитет и нејзиниот збор е жив и денес, само оние кои го исповедаат името на Исус ќе бидат спасени.
    Кој го признае пред луѓето и Господ ќе го признае него.

    Не според добрите дела. Секако од тоа следува дека особата која го запозна Исус ќе биде променета одвнатре па од љубов кон Бога ќе прави добри дела. Не дека нема да греши, бидејќи не постои безгрешен, туку ќе се покае и ќе тргне натаму. Бог сака врска со секој еден поединечно. Како што беше првичната намера со Адам.

    Исус Христос е дел, замисла од Бога (кој патем е и самиот Бог дека нели Бог е троедин), за спасение на човештвото. Библијата учи дека не постои совршен човек, добар кој нема грев и како таков не може да се спаси себеси.

    Стариот завет, те. 10 Божјите заповеди, не можат да го спасат човекот. Патем ниту еден човек не може да ги исполни во целост. Тие беа дадени како насока, и како показател за гревот.
    Целта беше да Исус Бог, дојде на земјата како човек, и да ги исполни сите за нас.
    Секој еден кој верува и исповеда дека Исус е Господ и Спасител е веќе оправдан во Божјите очи, праведникот. Така вели Библијата.

    Да се потсетиме дека Исус не дојдел од христијанството, тогаш тоа ни не постоело.
    Израел (јудаизам) беше народ, или религија да речеме која беше избрана од Бога да се Бог прослави преку Нив. Исус како човек дојдел од јудаизам. И како таков тој бил целосен реформатор на нивни правила и верувања, закони и човечки одредби. Тој бил распнат од Својот народ на крајот.

    Понатаму, низ историјата настанало христијанството како религија. Не од Бога измислено.
    Едноставно, оние што веруваат во Исус би требало да се нарекуваат Исусови следбеници. Ама постојат поделби и поделби денес со различни доктрини и деноминации, што и не би требало, по моја лична скратена верзија, да ни го одвлекува вниманието се додека проповедаат најбитното, Тројството, и Исус како Спасител.

    @WildMk Околу постоењето на рајот и пеколот има многу различити гледишта. Јас долго верував во рајот и пеколот како се визуелно претставени кај нас, нели уште од мала не плашеја, ќе гориш во вечниот огин итн

    Од друга страна па кога помислував на рајот и тоа како го обично претставуваат па се запрашував: добро Боже, нели ќе ми биде досадно таму? Не можам да се замислам да стојам и пејам во бели облеки, ионака не уживам многу во музиката? :D
    Постојат стихови во Библијата кои се користат да се опише како тој рај и улиците ќе биде со злато, најскапоцени камења исл.
    И тоа разбрав дека не е тоа да поттикне материјлната страна кај луѓето туку сликовито да се објасни едно совршенство, кога ќе бидеш во присутноста на Бога, се возобновено, без тага, солзи, патњи.

    Низ годините разбрав дека, и прифатив дека спасението значи по вера, Тој знае најдобро за мене како Создателот мој.
    Уште на земјата со Бога ти започнува вечен живот бидејќи верникот има надеж и радост во срцето, дадено од Бога, без оглед на околности. Така да по мене, пеколот би било вечна одвоеност од Бога, самото сознание дека си осуден без Него ќе те јаде вечно, без можноста за покајание икогаш. Тоа ми е мене лично страшно.


    Додека сме уште тука сеуште трае Неговата милост, сонцето изгрева и за праведникот и неправедникот нели. Сеуште постои шанса на помирување со Бога за секое едно покаено срце. Оние што и сега не се покаени и живеат во зло веќе самите живеат живот на душевно измачување, немир, вина итн, еден вид пекол на Земјата.

    едит: конкретно околу темава. Библијата учи дека после физичка смрта за оние што се оправдани со Исусовата жртва , само се преминува во друг живот. Не дека ќе бидеме духови, ама ќе имаме некои просветлени тела, со физичкиот облик.
    1.Послание до коринтјаните 15 глава (од она што ми текнува, не можам да барам сега, а има многу околу таа тема во Новиот Завер) зборуваат токму за воскресение Исусово и оние што умреле на земјата. Многу убави текстови, мене барем.
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На malinnnnnna, Justify, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.600
    Допаѓања:
    6.383
    Мене ме интересира нешто, зошто нели за да ти се простат гревовите и отидеш во рајот мораш да се покаеш пред да умреш, што ќе се случи доколку некој не може да го направи тоа? На пример, некое дете, тинејџер, млад човек, па и постар нека е изненадно умира, во сообраќајка, ужасно тешка болест што зема брз замав и за 2 недели ќе почине? Што тогаш, што ќе се случи со него?

    Еве, си замислувам четири годишно дете, што во неговата глава воопшто не постои концепт за овие работи, не може да го разбере значењето и да се обиде, и зарем тоа дете ќе оди во пеколот? Или за децата не важи тоа правило? Но, ете пак ќе речам, и за постаро дете и за човек што ете верувал во Бог и со развиена свесност за овие работи, што ако не успее да се покае? Вечно ќе пати во пеколот зошто животот му бил прекинат изненадно?
     
    Последна измена: 12 март 2021
  8. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Децата до 7 години не се одговорни за никаков грев. До тогаш и можат да се причестуваат без да постат. Но подоцна родителите се тие кои што го насочуваат детето во светите тајни. Нити ние знаеме каква ќе биде нашата смрт и кога. Битно е денес да имаме покајание. А тоа каде ќе одиме зависи од нашиот живот, нашите одлуки и нашата вера во Бог. Затоа светите отци не учат на молитвата “Господи Исусе Христе Помилуј ме” и велат да се кажува секаде и во секое време. Бидејќи никој незнае кога е последниот час.
     
    На Need for Speed, Писана, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.830
    И јас се прашував често, ама верувам дека Бог има начин за некого кој го бара во текот на животот.
    Нели вели, Бог гледа на срцето а не на лицата. Освен Бог никој не знае што се случува таму нели.
    НЕкаде слушнав една изјава демек: ќе бидеме многу изненадени еден ден кога видиме во рајот некого за кого не сме помислувале дека ќе го видиме и нема да го видиме некого за кого мислевме ќе биде.
    Бог знае срца и мотиви за она што правиме што можеби некогаш изгледа добро во очите на другите.
    Тоа е моето размислување, точен одговор немам.
    Се става надеж во Бога кој е совршено добар и праведен.

    Библијата исто предупредува дека ако го чуеш денес Божјиот повик немој да го стврднуваш срцето. Јас верувам дека Бог секој еден има повикано на овој или оној начин, и не само еднаш, туку многу пати низ животот, на човекот е што ќе оддлучи.
     
    На KittyAgnes, Justify, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.600
    Допаѓања:
    6.383
    Во ред, ти благодарам на мислењето. Инаку, си го едитирав моето мислење и ете, ме интересира што ако едноставно игром случаја не стигнеш да се покаеш и исповедаш? Зошто ти може ете ќе го направиш тоа денес, во наредните 3 дена нема да го направиш, а можеби баш во тие денови многу голем грев ќе направиш и на четвртиот ден изненадно починеш?

    Иако, мислам дека и дете од 8 години, нема целосно да го разбере Бог и концептот на покајание, рај, пекол и слично. Бар јас на 8 години ништо од тоа не сум разбирала а и ме интересирале други, детски работи. И значи, автоматски ако 8 годишното дете не се покае и исповеда а почине ќе оди во пеколот?

    Не се потсмевам, навистина ме интересира, зошто според мене не би било фер...
     
  11. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Во библијата пишува кој ќе претрпи до крај, ќе се спаси. Јас конкретно неможам да одговорам на тоа ако после 3 дена од исповед извршува грев и умира кај ќе оди бидејќи се ставам во ситуација да судам, што не е во ред.
    Знам само како што ми кажале и сум научила дека за починатиот, само ние живите можеме да помогнеме, со молитви, давање милостиња во негова душа за опростување на гревовите, и особено со давање на нивните имиња да се спомнат на Литургија, кога се вадат честици за живите и упокоените и се спуштаат во Крвта Господова.
    Ќе ти ставам еден линк тука можеш да прочиташ.
    https://pokajanie.mk/2020/01/26/26112/

    А за децата се согласувам дека се мали на 8 годишна возраст и дека не знаат ништо. Тие тогаш треба да се воведуваат во верата, а родителите да ги учат дека треба да правиме добри дела, да не лажат,да не крадат пример на начин на којшто тие можат да го сфатат а не од таа возраст да се спомнува пекол. Место тоа да се учат на љубов.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.081
    Допаѓања:
    22.927
    Извини, не сум те разбрала, мислев дека споделуваш во што веруваш ти, па затоа те прашав.

    Супер, значи има луѓе кои религијата и верата во Христа ги натерало да помагаат на други луѓе и да бидат човечни. Јас лично се трудам да бидам најчовечна и најхумана што можам да бидам од 2 причини: 1. поради луѓето општо и 2. поради себе си, така ми е убаво. Значи може да се биде хуман добар човек и без религија. Можеби не секогаш и не со секого, но може. Но не е убаво да се биде добар човек, а да гориш во пеколот само затоа што не си религиозен. Нема логика, не е фер, дури е одбивно, наликува на диктатура.

    Фала на долгиот одговор. Во принцип, секој човек греши на еден или друг начин, но на крајот од денот она што е важно е да веруваш во тоа што Исус го проповеда, да бидеш свесен дека он е спасителот, да се покаеш за гревовите, итн. Океј, негова е религијата, негови се правилата. Или ќе се придржуваш или нема. Колку добри дела и да правиш, сепак свесно или несвесно, правиш и лоши, па дури и да се каеш за лошите, не е важно доколку не веруваш и не си религиозен. Јасна ми е "филозофијата", ама искрено уште толку ми е одбивна доколку тоа е вистината. Зошто воопшто ми нема логика, да си добар, а да бидеш казнет затоа што не си религиозен. Треба да се суди по делата.



    Ај да се вратам малце на темата, по смртта се надевам дека ако постои нешто, било каква свесност, дека ќе биде поврзана со целиот универзум, затоа што живееме во него, а не само на планетава. Сакам да го видам/почуствувам целото место каде што постојам.
     
    На Vikktorr и blueeparadise им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.311
    Допаѓања:
    28.860
    Пол:
    Женски
    Овој аргумент се вика Pascal's wager и не држи вода затоа што ако веруваш во Бог само од себични причини (за секој случај) тоа не би те квалификувало за влез во рајот.
     
    На theowndemon, BY<3 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Апостолот Павле бил неверник и гонител на Христијаните, па дури и ги убивал. Но станал апостол на крај и Христов следбеник. Затоа не треба да се суди, ако некој не верува во одреден момент од својот живот, не значи дека нема да поверува подоцна.
    Има една изрека кај светите Отци:

    „Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото:

    прво, дека е на небото;

    второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види,

    и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.

    Преподобен Гаврил Ургебадзе
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    10.621

    Постот сум го пишала 2 Септември 2018 година.

    Е сега еден апдејт.

    Пред 2-3 години(тогаш разговарал мажот ми со човекот) , ми спомна случка што ме замисли иако сеуште се сомневам дали навистина има нешто шуш муш после смртта.

    Он се познава лично со човек кој ненадејно паднал у кома. Тој истиот човек кога правел муабет со мажот ми, му рекол дека она што го снашло го натерало да поверува дека навистина постои нешто.

    Значи откако паднал човекот у кома, тврди дека се нашол во место полно со светци пред него и во центарот имало некоја дебела златна книга.

    Некој од светците ( заборавив конкретно кој светец) му пришол и рекол : шо бараш ти овде ? не ти е сеуште време за тука .

    Следните зборови на светецот биле : сега ќе се вратиш назад , а за точно една недела ќе почине човек со истото твое име и презиме од твоето место.

    И се разбудил човекот.

    Точно за недела дена починало машко со истото име и презиме :o. Грррр језиво нели ? Баш се рассчул муабет таму кај нив за смртта на тоа момче.

    Човекот му рекол на мм, : и јас не верував до вакви ствари, но има нешто, така да те советувам да правиш добри работи додека си уште на земјата.


    Хмммм, кога ми го спомна муабетов мојов, се замислив, дали навистина има нешто , ама си го знам, не ме лажи и не ми измислува.


    И еве сега сум на две, имаТ или немаТ нешто ? :^)
     
    На edna_malecka, KittyAgnes, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Истово ова го имам некаде прочитано, на некој портал беше објавено. :?:
     
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    42.936
    Пол:
    Женски
    Колку луѓе умираат во секунда, не ќе можат светците да престигнат со селекција кој е за таму, кој за долу, кој умрел по грешка...

    А на прашањето дали имаТ или немаТ, кој во шо сака нека си верува. Јас би се сложила со твоето прво мислење. А најлегитимно ми изгледа мислењето на Нил:
     
  18. Писана

    Писана Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не сум голем верник но верувам во Бога и се натприродно. Пред година дена прочитав една книга што многу ме убеди во верувањето дека постои живот по смртта и во многу други натприродни работи. Оваа книга мајка ми ја добила скоро по смртта на брат и. Подарена и е и тоа одамна па не знам каде би можеле да ја купите. Се вика Паралелен Свет од Б.Д Бенедикт. Во меа многу работи се опфатени вонзенјани, времеплов, реинкарнација, предвидувања, исчезнувања...но мене искрено многу ме збуни и замисли не знам во што да верувам веќе. Имтересна е. Некои од приказноте за тоа како луѓето сведочеле на натприродно работи како вомземјами и духови ги истражив и најдов вистинити податоци. Се споменува и историја и религија.Сметам дека и да не верувате во такви работи, треба да дадете шанса на книгата, дава доста надеж на луѓето кои изгубиле некого, но ве остава и во многу прашања. Прочитајтр ја па потоа одлучете дали ќе верувате или не.
     
    На edna_malecka и ТрагачПоНадеж им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Немојте да го пропуштите земниот живот и сите благодети кои со него доаѓаат, во надеж дека после смртта 'среќно ќе си живеете'
    Еден е. Не е 'генерална проба'.
     
    На edna_malecka и LadyC им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.161
    Допаѓања:
    147.676
    Пол:
    Женски
    Пааа зависи. Јас лично верувам во реинкарнација. :)
     
    На daylight, Писана и WildMk им се допаѓа ова.