1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    2.666
    Пол:
    Женски
    Кои благодети?Што тоа пропушта оној кој верува во Бога?
    Значи според тебе постои земен живот и каков уште ( поради ова "земен" прашувам )
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Ако, верувај си.
    Не го пропушташ ти животот секако :angel:
    За вас го пишав тоа 'земен', оти според вас има и 'друг'
    Нема друг.
    Ќе умриш и толку.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    А кои благодети ги пропуштаат? И мене ме интересира.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Не знам кои.
    Реков: Немој да си ги кратите благодетите од овој живот, во чекање на 'нов', за кои не знаеме дали постои.
    Вие си знаете дали си кратите нешто, или не.
     
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    2.666
    Пол:
    Женски
    Ахх....постои,не постои...знаеме,не знаеме....многу тенко...

    Потпирањето на Бога е најголем благослов,кој може да му се "случи " на човека ,било и ќе биде...
    Иако навистина звучи помалку плитко,вака упростено...

    И ништо не ни недостига во овој земен живот,односно тоа што недостига не е условено од вербата во Бога...
    Многу погрешно ги перцепираш верниците,поради тоа те прашав..
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    времето ќе покаже :)
     
  7. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    После смрта мислам дека ќе следи судот. Не верувам во реинкарнации или дека ќе нема ништо.. Во библијата пишува дека се живее само еднаш и дека ќе одговараме за сите наши постапки. Мислам дека сите ќе застанеме пред Бога и дека ќе биде решено дали ќе имаме вечен живот каде со нашите најмили ќе го поминеме во рајот, или ако не сме се покајале, не сме се исправиле и не сме го прифатиле Исус како наш спасител (макар и во последниот час)ќе мора да платиме. Стварно верувам дека целиот наш приватен живот и душевна состојба ќе излезе на виделина, и дека ќе се надеваме само на Господовата милост и добрина.
     
    На eliesaab, Sweetlove_0312, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Пред ‎сите ‎ли? ‎Мислам ‎дека ‎тоа ‎е ‎навлегување ‎во ‎интимата ‎и ‎така ‎би ‎се ‎нарушило ‎правото ‎на ‎приватност.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Машки
    Свето евангелие според Лука 8,17
    Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина.

    Сепак, исповеданите и покаени гревови ќе бидат простени и избришани.
     
    Последна измена: 3 јуни 2021
    На eliesaab и Аргентина * им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Познат‏‏‎ ‎ми‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎овој‏‏‎ ‎цитат, ‎ама‏‏‎ ‎тоа‏‏‎ ‎треба‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎биде‏‏‎ ‎меѓу‏‏‎ ‎Бог‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎поединецот,‏‏‎ ‎нема‏‏‎ ‎потреба‏‏‎ ‎сите‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎знаат‏‏‎ ‎детали.‏‏‎ ‎Јас‏‏‎ ‎така‏‏‎ ‎мислам.‏‏‎ ‎Иако‏‏‎ ‎веќе‏‏‎ ‎има‏‏‎ ‎премногу‏‏‎ особи‏‏‎ ‎кои‏‏‎ ‎знаат‏‏‎ ‎се‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎секого.‏‏‎ ‎Но,‏‏‎ ‎нели‏‏‎ ‎сме‏‏‎ ‎против‏‏‎ ‎љубопитноста‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎туѓите‏‏‎ ‎животи,‏‏‎ ‎како‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎против‏‏‎ ‎global surveillance?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Зошто по смрта би биле овие работи важни? Ако не примил Бог и не соголил комплетно и све е простено што е важно што све се знае...... кога ти си влегол во Божјото царство не верувам дека ќе те оптоваруваат вакви прашања
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Зарем‏‏‎ ‎таму‏‏‎ ‎ќе‏‏‎ ‎важат‏‏‎ ‎други‏‏‎ ‎правила‏‏‎ ‎што‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎правилно,‏‏‎ ‎што‏‏‎ ‎погрешно?‏‏‎ Зошто‏‏‎ имаме‏‏‎ ‎потреба‏‏‎ ‎од‏‏‎ ‎приватност‏‏‎ и‏‏‎ ‎ја‏‏‎ ‎почитуваме‏‏‎ ‎туѓата‏‏‎ ‎‎ако‏‏‎ ‎тоа‏‏‎ ‎така‏‏‎ ‎не‏‏‎ ‎треба?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Не знам и не реков дека сега не треба да не се почитува приватноста. Понатака не знам....секое добро поздрав
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Без разлика во што (не) верувате, дали ќе се разочарате, ако испадне дека не е како што (не) сте верувале?
     
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Не пред сите, туку пред Бог.

    Не знам како го сфаќате стихов, ама ако го сфаќате дека треба гревовите наши да ги разгласиме на луѓе, не е во таа смисла кажано.
    Се мисли на врската помеѓу човекот и Бог, често ние луѓето мислиме дека можеме да сокриеме нешто од Бог, исто како на почетокот кога Адам и Ева го прават првиот грев и се кријат мислејќи дека Бог не знае што направиле.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во Бог и божјиот суд, во рај и пекол. И не би се разочарала доколку не е вистина, повеќе би се разочарала да знам за ова и не сум го прифатила, а на крај е така и со тоа ја платам цената на вечно мачење.
    И ова не го кажувам од страв, мојата вера не е заснована на тоа.
    Макар и да не е вистина, со верба во нешто (Бог)не можеш ништо да изгубиш или лошо да добиеш, а човек без да верува во нешто е само една обична безцелна празнина.
    Бог без човекот останува Бог, а човекот без Бог е ништо.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Човекот е човек.
    Како е 'бесцелна празнина'?
    Имаме разум, имаме мисли, имаме чувства...
    И најбитно, физички постоиме.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.081
    Допаѓања:
    22.927
    Да не го кажуваше од страв, реченицата ќе ти беше: "....повеќе би се разочарала да знам за ова и не сум го прифатила, а на крај да ја пропуштам приликата да поминам вечност со мојот создадител." Фокусот ти е ставен токму на казната, што укажува дека потсвесно станува збор за страв.

    Постојат многу верби. Верба во љубов, во добрина, во човечност, во позитивност, итн. Без верба во нешто што самиот човек го измислил како приказна исто така ништо не губиш ниту лошо добиваш. Напротив, фокусот и можностите како човечко битие ти се ставени на тоа да бидеш што е можно подобро битие. Да направиш најмногу што можеш со шансата која си ја добил да живееш. Животот треба да се посвети токму на живеење, сето останато е само отфрлање на бесценета прилика која не секој ја добива.

    Бог без човекот престанува да постои затоа што бог е само приказна. Човекот без бог продолжува да биде битие.
     
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Физички постоиме, ама која е целта на тоа постоење?
    Човек без цел е изгубен, затоа реков празнина.
    Можеме да имаме милион цели во животот и да ги постигнеме и пак да не сме задоволни, или тоа да е краткотрајно чувство на исполнетост. Човекот си поставува цели за да постигне чувство на среќа, ама таа е привремена, а вистинската вечна среќа доаѓа од Бог.

    Често пати од овие верувања доаѓа до разочарување кај човекот, и после човекот ги отфрла и не верува дека не постојат.
    Исто е и со вербата во Бог, некогаш ни доаѓаат искушенија или тешки моменти во животот и човекот го отфрла Бог, а наместо тоа да побара поддршка и сила од него во тој момент, па да го искуси Бог вистински во својот живот.

    И како со верување во Господ се отфрла приликата да го живееш животот не разбирам?
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Зошто мислиш дека е без цел?
    Целта е самото постоење.
    Да го осознаеш светот околу тебе, да уживаш во неговите благодети, да се восхитуваш на природата, да се надградуваш, да учиш и искусуваш.
    Едноставно, да го живееш животот.
     
    На 999 му/ѝ се допаѓа ова.