1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. elenadaceva

    elenadaceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    5
    Мојот дух ќе оди во рајот :D ..каде што ќе ми се исполнат сите желби и барања кои сум неможела да ги остварам а ниту пак ќе ги остварам...така да оставам за понатаму :D
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Задгробниот живот (жвотот после смртта или животот на оној свет), претставува идеа според која,свеста или мозокот на битието остануваат и после неговата физичка смрт. Според многу познати сфаќања, оваа продолжена егзистенција има духовен или нематеријален облик. Поголем дел од сфаќањата за задгробниот живот потекнуваат од религијата, езотеријата и метафизиката. Се верува дека починатите лица, после смртта, одат во некоја специфична област или место за егзистенција кои ги одредува Бог, според заслугите за време на нивниот живот. Реинкранацијата пак, од друга страна, се однесува на живот после смртта во кој е зачувана само ,,суштината`` на битието, а ,,животот после смртта``, е друг живот на Земјата или пак во рамките на истиот универзум.
    Постојат две основни сфаќања за задгробниот живот: емпириски, врз основа на набљудување и религиозни, врз основа на верувањата.

    Првиот тип на сфаќања се засноваат врз набљудувања и претпоставки од страна на луѓето или иструменти (на пример радио или диктафон кои се користат како електронски гласовни феномени или EVP). Овие набљудувања потекнуваат од истражувањата во врска со реинкарнацијата, искуствa близу до смртта, вонтелесни искуства, астрални проекции, EVP, медијација, разни форми фотографии итн. Научните анкети во врска со овие феномени моче да бидат грубо поделени во две категории: психичкото истражување се фокусира главно на проучување на случаи, интервјуа и теренски извештаи, а парапсихологијата пак, се однесува на главно на лабараториски истражувања.
    Вториот тип на сфаќања се засноваат на форми на верувања, најчесто верувања во приказни раскажувани од предците или верувања во религиозни книги како Библијата, Куранот, Талмудот, Ведите, Трипитаката и тн. Овој текст се однесува најмногу на вториот тип.
    Во метафизичките модели, теистите главно веруваат дека луѓето, после нивнатасмрт ги очекува некаков вид на задгробен живот. Атеистите пак, главно не веруваат дека постои задгробен живот. Припадниците на некои нетеистички религии како Будизмот, веруваат во живот после смртта (реинкарнација) без да се спомене Бог.Садукеите, биле прастара еврејска секта кои верувале дека постои Бог, но не и задгробрн живот. Агностиците се држат до ставот дека како посоењето на Бог, така и постоењето на души или живот после смртта е непроверено и со тоа останува непознато. Некои филозофии (на пр: хуманизам, постхуманизам и до некој степен емпирицизам) се држат главно до ставот дека не постои задгробен живот. Многу религии, без разлика дали веруваат во постоењето на душата во друг свет како Христијанство, Ислам и многу други пагански системи на верување, или пак, во реинкарнација како одредени форми на Хиндуизам и Будизам, веруваат дека статусот на дадена личност во задгробниот живот е награда или казна за животот што го живееле.

    Поздрав
     
  3. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    На оваа тема ниту има докажани факти ниту пак некогаш ке има,никој неможе да докаже што е вистината за после смртта,зашто едноставно тоа не е можно,никој не се вратил од смрт па да каже што било и како е,може само верникот да верува,а скептиците да веруваат дека тоа се "глупости".
     
  4. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Слушнав интересна животна сторија на која местото и е баш овде, за едно момче кое уште од млади години имало огромен талент за сликање. Но момчето постојано сликало само една слика. Огромна соба, уредена во величествен стил кој потсеќал на раскошот на руските дворци од владеењето на Катерина велика, во која има само пијано и прекрасна девојка со долга руса коса како седи до пијаното, и гледа низ огромните прозорци. Родителите долго време не можеле да си ја објаснат случката, мислејќи дека нивниот син црта нешто што гледал на телевизија, но момчето упорно тврдело дека тоа не е вистина, притоа кажувајки детали од својот претходен живот-но исклучиво зборувајќи на руски-јазик кој им бил тотално непознат на неговите родители, а и на сите оние кои контактирале со момчето. По одредено време детето ја кажало и точната локација на случката која постојано ја цртало. Родителите направиле огромни напори да отидат на местото, но кога успеале во својата цел, биле запрепастани од откритието. Во дворецот постоела идентична сала само со пијано на средина но неможеле да најдат ништо поврзано со мистериозната девојка. Момчето се шетало низ дворецот како да го поминало целиот свој живот таму додека не застанало пред сликата на русата девојка која всушност во претходниот живот била неговата мајка. Податоците подоцна пронајдени велеле дека момчето било нејзиниот син кој починал на 5-6 години (времето кога момчето почнало да ги црта сликите) и која од жал се самоубила по една година.Несреќните мајка и син живееле околу 200 години пред раѓањето на ова момче. Е ајде објаснете си го сега ова. Дали нашата душа е само трансформирана енергија заробена на земјата во нашето тело. Дали постои свет за кој човекот не знае дека постои но тој е тука, тивко егзистира праќајки одвреме навреме пораки за да се спаси од заборав? Доколку тој претходен живот постои дали и како има ефект врз овој сегашниот. Или се ова само измислици на луди луге, или луге кои немаат попаметна работа? Додека постои човекот одговор не би можел да се најде, бесцелна е потрагата. Но останува прашањето што сме биле во претходниот и што ке бидеме во наредниот живот. Дали тоа зависи од нашите сегашни активности? Ако постојано одиме од едно тело во друго што се тогаш рајот и пеколот?
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Никој не се вратил од мртвите за да каже дали има или не живот после смртта, така да и тие твои научни и стручни тврдења се само теорија, теорема а не аксиома- тоа е нешто што не е потврдено и докажано со докази.
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Прити нема апсолутна вистина, како може да веруваш без ни малку сомнеж во она што научниците го велат? Може и тие згрешиле ? Може допрва ќе се открие нешто ново и ќе се демантира она што досега важело како вистина.
    Особено во оваа тема ПОСЛЕ СМРТТА мислењата се индивидуални, никој не е прост или глупав ако верува во нешто друго и поинакво.
    Темава колку што е научна толку е и емпиристичка, не може да негираш нечие осознание, на оваа тема мислењата претежно се искуствени. Науката тука не е многу моќна.
    СДК дека не може да негираш нечие мислење само поради тоа што своето го сметаш за апсолутно вистинито.
    Секој има право да си пише што сака , особено на ваква тема.
    Да решававме задачи по математика, можеби ќе можеше да кажеш дека некој греши и тоа да го докажеш, ама на ваква тема тоа не е возможно.
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Највеќе се потпирам на науката, но од друга страна ни научниците не се безгрешни. Научните теории држат вода меѓутоа навистина со црвсти факти сеуште не е докажано што се случува после смртта. Иако сум прилично убедена дека после смртта нема ништо, сепак оставам мал резервен процент баш поради тоа што сеуште не е истражено до крај. Можеби малце контрадикторно звучам во споредба со првите мои постови на темава, но сепак има една маааала резерва што ме копка и можеби ќе ја дознаам дури кога ќе умрам :lol: Во рај и пекол и такви религиски приказни, не верувам, но како што кажа Сесилија никој не се вратил од мртвите за да ни каже што има или што се случува така да секој може да си верува во она што му одговара. :)
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Нешто прочитав од темата,последните постови,интересна тема за размислување,а сигурна сум дека нема човек што не размислил за темава.Интересно е што сите ние тука на еден начин правиме како истражување,анализи,свои,за тоа што има после смртта,иако никогаш и никој нема да дознае што има после смртта,како и за тоа како настанал универзумот,ете две невозможни и нерешливи прашања,за кои нема одговор.Имам коментирано на темава и на други теми кои се сосема слични во однос на истава тема.Биологијата,наука која е во контекст на слични теми како оваа или друга тема на форумов Необјасниви случки,која го објаснува физичкиот дел кај човекот,но има и уште еден дел наречен духовен,а недоволно истражен,поради недоволни аргументи за потврда на истиот.Имам едно прашање,зошто човекот почнувајки од праисторијата до ден денес,имал нешто во што верувал,имал ритуали кои и ние денес ги имаме,односно сите празници,палење свеќи итн.,задгробен живот,тема за кој најмногу е дојдена до израз кај древен Египет и Маите,Инките,а постоеле и неколку книги на мртвите,како Египетската и Тибетската книга на мртвите,за втората мислам дека беше таа,но не сум сигурна,ако грешам нека ме поправи некој, во кои според мене веројатно го опишува токму тој дел после смртта или животот после смртта како сакате,поради неодамнешна потврда на моето мислење,секако да се одговори во однос на сопствените уверувања.Значи што е тоа што го натерало човекот да верува во нешто,да споменам дека во праисторијата не постоле никакви богови,а нити Исус и да се пишуваат такви книги за мртвите,зарем не мислите дека откриле нешто?Дали мислите дека е потребата да се верува во нешто и притоа да се добие помош од тоа нешто во кое се верува?Зошто сега во последниов период одеднаш се појавуваат такви работи како паранормалните,зарем не сметате дека, во зависност од тоа кој,како верува,се појавуваат за да се докаже токму спротивното на биологијата?
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Прити, добро, а што има толку научно во твојот пост.... Цело време зборуваш за како телото се скапува после смртта... па боже мој тоа го знаат луѓето од памти век. Ништо научно не видов јас во твојот пост. И да ти кажам, колку научници има кои докажуваат дека со смртта умира и душата, толку има и од оние кои тврдат дека душата е вечна. Ако си запознаена има и експеримент кога доброволец, човек пред умирање, дозволил да биде мерен. Во моментот кога испуштил душа, на вагата се појавиле осцилации, мали ама сепак бројката се намалила..... И да, цела метафизика зборува за тоа дека душата е вечна и дека постои задгробен живот, значи ти според твоето оспоруваш една таква голема наука...

    Според мене душата е едно повисоко ниво на енергија, нашиот нервен систем и нашето тело се само посредници помеѓу душата и надворешниот свет... А за тоа каде оди душата после смртта не сакам да дискутирам... еве сите вери проповедаат различно христијанството за рај и пекол, будистите веруваат во состојба на нирвана после која следи реинкарнација... Колку повеќе читам за овие работи толку повеќе се збунувам... Ама важно сакам да нагласам дека Душата не умира...
    Како и да е ќе дознаеме сите некогаш, што е вистината, ама се надевам не во скоро време... Да си уживаме меѓувремено на овој свет...
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Има некои кои се бавеле со наука многу (Ајнштајн). Кога Ајнштајн го прашале како се одделува душата од телото тој одговорил на следниов начин. Ги однел оние што го прашале во својата работилница и земал предмет за стругање и парче челик и истото го стругал на подот. Потоа земал магнет и поминал над струготините кои се наоѓале во прашината на подот (односно на земјата). Во тој момент струготините бидејќи се многу ситни и при движење човечкото око не може да ги перцепира се гледала само правта. Но, сепак струготините стигнале до магнетот, а правта се вратила на земјата. Така се случува со душата и телото односно телото се враќа во земјата од која е создадено, а душата, бидејќи е повозвишена, заминува при својот Создател. Ова вака го објаснил еден од најголемите мозоци во историјата на човештвото, а можеби и најголемиот.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stephy15

    stephy15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    iskreno ne veruvam vo religija i vo takvi sranja zs religijata e najgolemo perenje na mozokot,isto taka ne veruvam deka ima zivot posle smrtaa (raj/pekol) samo edno nesto ostanuva kako misterija za ovaa tema kaj mene..a toa e kako se cuvstvuva mrtov covek?znam malku e glupo prasanjevo ama stv me interesira kakvo e toa cuvstvo nisto da ne custvuvas... (ja ova bi go oblasnila koa si mrtov deka e isto kako koa spies i nisto ne sonuvas ama sepak toa ne mi e dovolno)
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    псоле смртта се знае што не чека сандак две метри под земја и спомен надгробна плоча што може друго да не чека :lol: втора работа христијанството зборува за рај и пекол но никој не се вратил ни од рајот ни од пеколот па да дојде и да ни каже како и што има таму освен во народнине приказни ,второ данте алигиери си зборува и за друг трет свет покрај претхоните две - чистилиште ,некои научници и истражувачи зборуваат за реинкарнација во што би сакала да верувам многу повеќе но не верувам ни во ова но најмногу ми се допаѓа како идеа и би сакала да се реинкарнирам во ангече или во ѕвезда ;)
     
  13. dondor4e

    dondor4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    После смртта можеби постои суд кој ти решава каде ке одиш дали во рајот или во пеколот или сосем нешто трето...А можеби навистина е утеха за нас лугето дека постои задгробен живот бидејки неможеме да се помириме со фактот дека навистина нашата душа исчезнува..
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Има докази, но општеството не знае за истите, ете пак сама си докажа дека е така. А тоа во никој случај не укажува дека не сум верник. Разгледај по моите постови по темиве и ќе сретнеш многу од нив, да не ги барам назад. ;)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Во врска со темава, сметам дека религијата со своите учења за рајот и пеколот фактички е резултат на дамнешната потреба на луѓето да веруваат дека нивната душа е бесмртна, поточно, резултат на борбата да се победи стравот од смртта. Многу луѓе, без разлика дали се образовани или не, се плашат од она после. Знаеме како оди биолошкиот процес, свесни сме за тоа дека нема бегање од природните закони, ама на луѓето, особено во минатото кога толку работи им биле непознати, им требало некое верување да ги смирува, да им помогне полесно да се помират со фактот дека сме смртни. Така настанале религиозните движења кои во принцип се слични едни на други и постепено се развивале. Црквата како институција во христијанството максимално го искористила тоа во мрачниот среден век затоа што и било јасно дека необразованите луѓе е полесно да ги водиш како што сакаш, па затоа и ги прогонувала напредните научни умови. Ама тоа веќе ќе ме поттикне да одам офтопик :)
     
  16. Sophy14

    Sophy14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    верувам во рај и пекол,но верувам и во нешто друго.верувам дека од коа ке си ЗАМИНЕМЕ , не чека спротивен начин на зивот од оној што сме го имале. мразам да читам долги одговори па затоа ке го оставам како што е без размислување.
     
  17. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Верувам во живот после смртта и баш би сакала откако ќе умрам да дојдам на планетава и да ги набљудувам луѓето :$ :lol:
    А мајка ми ми' кажуваше дека во некоја книга прочитала дека телото умира,душата не.Душата оди во ново бебенце. :)
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stephy15

    stephy15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    a inaku da te prasam za kakva dusa zboris??koga fakticki DUSATA-e covekoviot mozok,koa ke umre covekot aftonacki se izumira ...megutoa znaes deka eden den site ke umreme i nemozes da se pomiris so toj fakt deka posle smrtta ke gnieme pod zemja i deka razgraduvaci ke ne izedat pa zatoa si praite zabludi so mozokot
     
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Мислам дека смртта е последна во животните процеси. Се раѓаме , дишиме, се движиме, се храниме, растеме, се развиваме, се размножуваме и на крајот умираме.
    Не сум помислила дека има нешто подалеку од тоа.(Убаво би било, но сепак таквите мислења се јавуваат од страв дека тоа е крајот.)
    Не се сметам за верник и затоа не верувам многу во теоријата за рај и пекол. Според мене тие постојат, но само на Земјата. (Не работиш,не се трудиш,имаш еден куп пороци-еден ден животот помалку или повеќе ќе ти се поистовети со пеколот и обратно).Во моментот кога престанува мозочната активност, го снемува и тоа што ние го нарекуваме душа(сите мисли,сфаќања,особини,навики на човекот).
    Затоа да живееме во сегашноста,зошто залудно е таа да се троши и да се очекува дека ќе добиеме нов живот и шанса после смртта.
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Сакам дискусии околу темава..дали мислите дека после смртта постои друг живот,дали постои место на кое сите одиме што би се рекло ?