1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    11.366
    Пол:
    Женски
    Ништо нема најверојатно. Како при несвестица, се исклучуваш. Иако јас сакам да верувам дека е ко во филмот Vanilla Sky. :angel: Не пишувам повеќе, да не спојлнам на некој што би го гледал во иднина.
     
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    19.896
    Се надевам постои реинкарнација и дека нема да се родам у СРМ, на балканов или у некои затуцани и религиозни земји од трет свет каде владеат авторитарни конзерви. Уствари не мора ич да се родам на Земјава, мора да постои некоја планета без овакви шизофрени монструми. Овде ако се родам, сакам да бидам птица, само не петел/кокошка.
     
    На kim.k, daylight, Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. TwistedSister

    TwistedSister Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    562
  4. Zikos

    Zikos Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2026
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    „Имам слушнато дека во каква состојба починеш во таква ќе бидеш и после тоа не треба да се размислува за смртта но ако доаѓа убаво е да ја пречекаш со со сокче со благо“
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.980
    Допаѓања:
    10.608
    Пол:
    Женски
    Ако има вечен живот,како верник мислам дека има.Ако нема ништо, повеќе не постоиш и тоа е реалноста
     
  6. SpartanX

    SpartanX Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2026
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    21
    Не те разбрав .Има или нема ??
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.980
    Допаѓања:
    10.608
    Пол:
    Женски
    Има ,според мене
     
    На Simon4e0507 и SpartanX им се допаѓа ова.
  8. SpartanX

    SpartanX Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2026
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    21
    Има 1000 % и према мене .
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    4.418
    Знам дека ова го велиш во полу шега, но сепак, при вакви размислувања треба да се земе в предвид дека политичката и економската (благо-)состојба низ времињата се менувале и се менуваат. Богатите општества не биле отсекогаш богати, а човековите слободи и права низ Европа постојат последните неколку децении.
    На пр. мрачниот среден век воопшто не бил погоден за жената (и многумина други) низ западна Европа.
    Исто така треба да се има в предвид и незапирливата промена на климата и тоа на планетарно ниво.

    Душата инаку во прв ред ги бира родителите, не локацијата на раѓање - таа зависи каде одлучиле родителите да живеат и нивниот моментален сплет на кармички околности.
    И човечката душа не може да се раѓа во животински или растителни тела. Таа опасност Христос, спасителот на сите души, трајно ја има оневозможено.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cybernet

    cybernet Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2026
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    10
    Може ова малку да го објасниш те молам.
     
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    19.896
    Е баш ме утеши, ќе се раѓам како човек значи константно, ми нема спас.:drunk:
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    4.418
    Душата веќе според тоа какви длабински намери има и каков багаж си натоварила во претходните животи (инкарнации) има одреден квалитет на зрачење. Тој значи произлегува од збирот на нејзините светли и темни страни. Според законот на привлечноста (т.е. дека сличностите се привлекуваат) таа може да биде привлечена од зрачењето на гените на оние родители кои имаат нешто слично во својата душа и/или со своето мислење и однесување како луѓе длабински имаат некакви сличности со душата желна да се инкарнира. Тоа може да се заснива и на кармички врски создадени во претходни животи (на пр. нерасчистени, непростени работи) или некаква заедничка мисија.
    Душата можеби својата намера најдобро ќе ја реализира во денешна Америка, но родителите од, на пр. пиринска и егејска Македонија решиле да живеат во вардарска Македонија, да речеме тука „најлесно„ нашле стан и работа. Тогаш таа душа ќе се роди во Македонија, но нејзин избор како возрасен млад или постар човек дали ќе остане и понатака да живее или ќе продолжи на некоја друга географска локација (со вложување на сите мали или големи напори што тоа го подразбира).
    Но можно е на пр. некој дека во минатиот живот допринел кон развој и употреба на оружје поради кое страдале луѓе и животни. Една од можните последици е дека таквата душа ќе се отелотвори кај родители кои моментално живеат во земја каде владее воена состојба и поради тоа сите заедно страдаат.
    Друга душа може да се роди во истата земја но да не носи со себе таков товар од претходниот или претходните животи, па иако ќе се роди во тек на војна, нема да има поголеми последици врз развојот како човек - надворешните состојби ќе ја тангираат само индиректно или дури само од далеку.
     
    Последна измена: 18 мај 2026
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    11.366
    Пол:
    Женски
    Е да бе, да не можеш сите околности да ги одбереш, не играм ја така.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    4.418
    Како што рече еден политичар: Човек пред сè! :D
    Инаку реинкарнацијата не трае вечно. Таа зависи од слободниот избор на душата (смислата е упатување кон вечната татковина - Небото, не повторно и повторно Земјата), но ограничена е и од можностите кои ќе владеат во иднина на Земјата која како планета постепено ја издига својата вибрација и ќе станува се помалку дофатлива за душите кои се темни поради своето постојано тежнеење кон моќ, алчност и газење врз другите. А после многу долго време, кажано е дека и материјата ќе се приведе кон крај, па така душите веќе нема да имаат каде да се реинкарнираат.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Машки
    Од кај ги читаш работиве?
    На мешај Христијанство со чудни работи што не се од Библијата, а не верува и дека од некоја Христијанска црква. Според Христијанството имаш еден живот и нема селење на душата од еден живот во друг, умираш после чекаш така да дојде второто Исусово доаѓање за да се суди на сите дали одиш во рај или пекол..
     
    На Mumoftwo30, sino.o.oka, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.511
    Допаѓања:
    45.887
    Пол:
    Женски
    Душа е само фантазија.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    4.418
    Од Христовите објави наменети за луѓето на денешницата кои имаат поширока свест и можат потенцијално да сфатат повеќе. Една од нив е Ова е Мојата Реч Алфа и Омега, секој кој сака може да ја прочита, достапна е и на македонски јазик.

    Црковното, зачмаено и млако христијанство не знае за селењето на душата бидејќи истото своеволно го отфрлило и вовело верување во вечен пекол - колку само неправедно и себично.
    Тоа „христијанство„ нема врска со Исус Христос, туку само го злоупотребува негово име за некои свои цели.
    Христос меѓутоа не прашува за мненијата на луѓето, сèедно дали се тие теолози, свештеници, библичари или нешто друго туку ја објавува вистината кога Тој сака и каде Тој сака.
     
    Последна измена: 19 мај 2026
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Машки
    Кои се тие објави, кај ги читаш ?
    И тоа што го спомна е цитат од Библијата кој воопшто и не е така, туку гласи " Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот, првиот и последниот" - Откровение 22:13, и нема врска со селење на душата..

    Ова е од Библијата "И како што им е одредено на луѓето, еднаш да умрат и потоа следува судење" - Евреите 9:27

    Не знам каква изменета Библија или што и да читаш, ама тоа нема врска со Христијанството..

    Будисти да не си, тие веруваат во селење на душата?
    Или читаш Библија изменета од суботари и јехови сведоци..
     
    На Mumoftwo30, jungle и lovely91 им се допаѓа ова.
  19. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.156
    Какви само глупости се ова, вао.
    Пекол е праведност и не е себичност.
    Господ е баш тоа, пекол и рај за кој ќе сме определени при Страшниот Суд, а не некои си реинкарнации во вардарска или егејска Македонија.
    И ова напишаново е извитоперено антихистијанство што некому му годи па си го допишува по желба.
    Ако веќе го спомнуваш Исус Христос не користи секташки примеси кои некој си ги нарекол делови од Библија пошто не е закоравен и има знаења за преселба на душата за која патем нели затуцаната црква нема поим (highfive)
     
    На pinklipstick и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  20. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Женски
    Бог дава предупредувања за пеколот во многу делови од Библијата.
    Некои христијански деноминации различно го интерпретираат тој дел, Адвентистите мислам дека го имаат тој став дека пеколот не е вечен затоа што Бог е милостив и не би дозволил пеколот да биде вечен
    но ја мислам дека Бог става акцент на тоа колку пеколот е страшен баш затоа што димензијата време ја има тука на земјата но вон универзумот е вечност и сегашноста е единствена релност, нема време што тече, ако е така може да се заклучи дека пеколот е вечен.