1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    4.418
    Ти кажав, Ова е Мојата Реч Алфа и Омега - Христова објава
    Библијата е мешавина на божествени вистини, човечки представи, но и инфилтрацииод противникот Божји.
    Значи тебе ти звучи праведно за привремено грешење да страдаш вечно? :o
    Ѓаволот е тој кој што тоа го има измислено за да ги држи луѓето подалеку од Бога преку страв. Природно е од тоа што се плаши некој тоа и да го одбегнува.
    Како чувство би сте имале кога би ги виделе од рајот вашите најмили како страдаат во пеколот, и тоа вечно, без можност за промена на состојбата?! Тоа тогаш и не би бил некој рај, нели?
    Исус Христос и самиот го нарекувале секташ неговите современици така тоа само ја докажува вистинитоста.
     
  2. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.518
    Допаѓања:
    27.305
    Пол:
    Женски
    A во Библија што пишува за после смрт ?
    Каде оди душата?
    Само ме интересира…
     
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Машки
    Тоа е пишувано во 20ти век и ти на тоа веруваш не на Библијата..
    Дури и да не гледаш од верски аспект ова е исто дошол некој после незнам таму колку века и некое дело некој што си го напишал ќе рече "чекај ова е старо веќе ќе го изменам јас и ќа кажам дека не важи". Или еве нешто историски некој ќе му текне после многу години "абе ова е старо веќе дај ќе пишеме дека некој друг победил во прва светска па ќе кажеме дека се кажано пред тоа не важи".
    И да Христијанството се темели на Библијата, се што е надвор од тоа не е Христијанство исто за било која вера си има своја света книга и не може некој да дојде после и да рече "не не е тоа друго е"...
    Неколку пати е спомнато прочитај ги претходните мислења или прочитај ја главата Откровение.
     
    На jungle и minne992 им се допаѓа ова.
  4. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.157

    Какво е тоа привремено грешење?
    Бог ни дал слободна волја и на нас останува како таа слобода ќе ја искористиме преку постапување и одлуки.
    Убивам, силувам, правам секакви можни гадотии и тоа е привремено грешење па нека ме наградат?
    Ѓаволот нема измислено никаков пекол, пеколот е состојба создадена за тие како ѓаволот кои треба да се казнети за своите дела и непочит кон Бога.

    Гледам милуваш да се нарекуваш современик односно секташ па така нема да продолжам да се објаснувам со современици чии верувања се темелат на колекција самокомпонирани лични убедувања каде се постои само не Господ и христијанство.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Машки
    Бог воопшто не е лош како што мислиш ти дека е опишан во Библијата и далеку од тоа дека е од ѓаволот..
    Бог е најдобриот судија што постои, како што постои закон, за секоја грешка казна, така и Бог ни дал закон, кажал што е грешка и што е последицата од тоа.. Ама Бог е добар не сака никој да пати и го праќа Исус како жртва за секој наш грев и со самото тоа што веруваш во него си спасен имаш право да се покаеш за грешките и Бог секој пат ќе ти прости. На кој рекол Исус дека нема да го спаси? Дури и човекот на крстот што во последната секунда од животот се покајал му кажал "Вистина ти велам денес ќе бидеш со мене во рајот".
    Дали мислиш дека на земјава треба убиците слободно да шетаат да нема суд, овие што во некои земји ги казнуваат и со доживотни казни, мислиш дека не го заслужуваат тоа? Секој ќе биде суден по заслуга, Бог знае како и кога.. И не нема да ти биде жал за ништо после, убаво кажува како ќе биде таму дека нема да ни фали ништо од животот кој што сме го поминале на земјава..
     
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.433
    Допаѓања:
    33.401
    Пол:
    Женски
    Не верувам во живот после смртта. И да има рај или пекол, гајле ми е. Сакам да живеам додека сум жива.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.793
    Пол:
    Машки
    Иронијата е што барем досега, никој не знае, што по смртта, буквално никој. А, толку текст е напишан. Било да е наука или спиритуална практика (спиритуалноста, сфатена како пиширок концепт од религијата). Вечна човечка потреба за смисла каде прашањето е поважно од одговорот. :)
     
    Последна измена: 22 мај 2026 во 21:28
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.