По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Мислам дека никој не може да даде задоволителен одговор на темава,а и сите таканаречени сведоштва за патување кон белата точка на крајот од тунелот и што ти јас знам појави на луѓе вратени назад од клиничка смрт не даваат целосен одговор на прашањето.Сега постои литература за реинкарнација - минати животи,па верувања на некои источни религии во повеќе трансформации низ повеќе животи за доаѓање до совршенството но горе-долу се‘ се сведува на претпоставки,шпекулации итн.Никој не бил и се вратил па да не просветли,така да нема одговор на ова прашање,барем никој жив го нема.
    Ако сме религиозни,според религиските убедувања ќе одиме во рајот или повеќе веројатно во пеколот.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    да се согласувам со тебе потполно...
    но што е со тие луѓе што тврдат декаа дошле до белата тпчка на крајот од тунелот ?
    можеби сепак постои место на кое сите одиме..!?
     
  3. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    се е можно и јас верувам дека не постои такво место, туку дека духот влегува во друго тело или пак .. се враќаме во минатото и почнуваме од ново :)
     
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Задгробен живот :?: Можно е :?:
    Еве нешто околу тоа:

    Задгробниот живот (жвотот после смртта или животот на оној свет), претставува идеа според која,свеста или мозокот на битието остануваат и после неговата физичка смрт. Според многу познати сфаќања, оваа продолжена егзистенција има духовен или нематеријален облик. Поголем дел од сфаќањата за задгробниот живот потекнуваат од религијата, езотеријата и метафизиката. Се верува дека починатите лица, после смртта, одат во некоја специфична област или место за егзистенција кои ги одредува Бог, според заслугите за време на нивниот живот. Реинкранацијата пак, од друга страна, се однесува на живот после смртта во кој е зачувана само ,,суштината`` на битието, а ,,животот после смртта``, е друг живот на Земјата или пак во рамките на истиот универзум.

    Видови сфаќања за задгробниот живот

    Постојат две основни сфаќања за задгробниот живот: емпириски, врз основа на набљудување и религиозни, врз основа на верувањата.
    Првиот тип на сфаќања се засноваат врз набљудувања и претпоставки од страна на луѓето или иструменти (на пример радио или диктафон кои се користат како електронски гласовни феномени или EVP). Овие набљудувања потекнуваат од истражувањата во врска со реинкарнацијата, искуствa близу до смртта, вонтелесни искуства, астрални проекции, EVP, медијација, разни форми фотографии итн. Научните анкети во врска со овие феномени моче да бидат грубо поделени во две категории: психичкото истражување се фокусира главно на проучување на случаи, интервјуа и теренски извештаи, а парапсихологијата пак, се однесува на главно на лабараториски истражувања.
    Вториот тип на сфаќања се засноваат на форми на верувања, најчесто верувања во приказни раскажувани од предците или верувања во религиозни книги како Библијата, Куранот, Талмудот, Ведите, Трипитаката и тн. Овој текст се однесува најмногу на вториот тип.

    Задгробниот живот во разни метафизички модели

    Во метафизичките модели, теистите главно веруваат дека луѓето, после нивнатасмрт ги очекува некаков вид на задгробен живот. Атеистите пак, главно не веруваат дека постои задгробен живот. Припадниците на некои нетеистички религии како Будизмот, веруваат во живот после смртта (реинкарнација) без да се спомене Бог.Садукеите, биле прастара еврејска секта кои верувале дека постои Бог, но не и задгробрн живот. Агностиците се држат до ставот дека како посоењето на Бог, така и постоењето на души или живот после смртта е непроверено и со тоа останува непознато. Некои философии (на пр: хуманизам, постхуманизам и до некој степен емпирицизам) се држат главно до ставот дека не постои задгробен живот. Многу религии, без разлика дали веруваат во постоењето на душата во друг свет како Христијанство, Ислам и многу други пагански системи на верување, или пак, во реинкарнација како одредени форми на Хиндуизам и Будизам, веруваат дека статусот на дадена личност во задгробниот живот е награда или казна за животот што го живееле.

    ПС:Текстот е извадок од википедија
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    Дали постои место на кое сите одиме ?



    според мене задгробниот живот постои..
    ако не постои зошто мртвите ни се јавуваат на сон,зошто постојат "задушници" .. зошто некои луѓе тврдат дека виделе духови... ? никој неможе јасно да ни образложи и каже затоа што никој не се вратил да потврди.. според мене сепак постои :?:
     
  6. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    268
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Имам читано и слушано за луѓе кои доживеале клиничка смрт и раскажувале дека постои некоја светлина од каде се вратиле,или така нешто.Ако најдам некој текст ќе постирам на темава,сега неможам да се сетам на ништо по конкретно.Лично јас,многу баш и не верувам во тоа...но сепак оставам простор за некоја мала веројатност бидејќи тоа е една од оние работи кои никој жив не ги знае,може само да се претпоставуваат и слично.Единствено ова со клиничка смрт ми е некако по конкретно и реално,ама на крај можеби и сето тоа е само всадено длабоко во човечката потсвест,па се јавува дури и тогаш кога човек се наоѓа во состојба на клиничка смрт.
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.881
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Hезнам дали некој ке ме смета за лудачка :tmi: но јас имам замисла дека одкако ке умрат лугето,одат на некое убаво место-зеленило,се наогаат со сите роднини,па го продолжуваат животот :?: мене често ми доага братучед ми на сон дека,се женал,дека му е убаво таму,дека му недостигаме,ама некогаш пак ке се видиме :tmi: исто така знам некои луге на кои истото му се случило,му дошле на сон,со различни приказни,а некогаш имам замисла дека кога ке умре некој,се рага бебе некаде во светот,и ги има истите карактеристики,како умрениот,и почнува нов живот :$ :tmi:
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Никој не може со сигурност да каже :| Но сепак верувам,пошто не сакам едноставно да верувам дека од луѓето што ги сакаме остануваат само коски во земја ;( :doh: верувам дека нивната прекрасна душа живее и е со нас,околу нас.....ако не е така,зошто ги сонуваме,толку реално како да се со нас....Зошто кога дипломирав-татко ми на сон ми честита,зошто кога се сестра ми се запиша на факултет-првиот ден го сонувала татко ми како се качува во автобусот-облечен во истото во кое го закопавме ;( седнува до седиштето на сестра ми и вели-со среќа нека ти е првиот ден,еве ти од мене пари,и дал пари и го снемало ;(
    Брат на дедо ми за време на операција два пати доживеал клиничка смрт-тврдеше дека се гледал од плафонот на креветот како го спасуваат,како да лебдел горе ,ова за клиничката смрт и за светлото од тунелот го имам слушано од безброј луѓе,така да верувам дека постои нешто
     
  9. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    да верувам,пред некое време еден Човек ми раскаЖуваШе како доЖивеал несрека и бил во многу лоШа состојба ,во еден момент си го видел целиот Живот како на лента дури подоцна разговарал со неговата мајка која му објаснила дека тие слуцки биле на неговата 8 мес.воздраст,осетил некоја Чудна топлина и ветер околу креветот како вртлог и фамозната бела светлина и наеднаШ поЧнал да го слуШа апаратот за откуцаите насрцето и после целиот разговор ни реЧе дека секој после смрта ке одговара за своите дела инаку цовекот е професор на педагоШки факултет и бесе крајно сериозен
     
  10. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Bерувам еве ќе кажам нешто,но не е баш поврзано со темава ама веројатно ќе сфатите. Hеколку недели после смртта на баба ми одев на училиште и одејќи видов едно малечко девојче во количка(бебе некаде неколку месеци можеби старо) ме погледна на некој чуден начин се загледав во него и истите очи од баба ми ме разбирате? Cакам да кажам дека во секој момент некои луѓе умираат,а други се раѓаат така да не се знае можеби...
     
  11. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    434
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    и јас често си помислувам дека откако ќе умреме одма нашата душа почнува да живее во друго тело т.е во бебето кое во тој момент ќе се роди...............па дај боже да е така само тој си знае ние само замислуваме и претпоставуваме
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Секој е со различни тврдења.. но според мене местото на кое сите еден ден ќе отидеме ... ПОСТОИ!
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.467
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Тврдења? Јас би сепак верувања.

    Не сум чула за личности кои биле на место каде другите не, и подоцна се вратиле.
    Секако, има приказни, верувања, убедувања и дискусии на оваа тема. Реинкарнации и куп други чуда. Работи кои не можат да се појаснат, ниту во скоро време ќе бидат појаснети.
    Затоа секој со своите знаења и верувања. :!:

    Јас верувам во повеќе животи и дека се кружи, но не дека има збирно место.
    Живот после смртта да, во друго тело. А тие духчиња, залутани души.
    Имаш прашано зошто ги сонуваме и зошто постои духовден? Не знам за во христијанството но во мојата религија тоа е ден посветен на нив. Им оддаваме почит колку што можеме.
    Многумина велат виделе духови, вечерале со ѓаволот или се вратиле од некое мирно место по клиничка смрт, листата продолжува.
    Ништо не се знае, барем не пошироко од тесни кругови на тајните друштва. За ништо не постојат докази. Ние знаеме дека човекот стапнал на месечината, а постојат и тоа колку добро поддржани со факти спротивставени мислења.

    Соновите...дискутабилно. Впрочем сонот е поле за кое не се знае многу од секој аспект.
     
  14. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    35
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Jas veruvam deka postoi. Neznam dali ste ja citale knigata od Majkl Nuton Put duse. On e psihijatar koj so hipnoza gi vraka lugeto vo minatoto. Se sekavaat na svojata smrt od predhodniot zivot, i na ona izmegu.
    Se nadevam deka e tocno.
     
  15. Cinderella16

    Cinderella16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    можеби постои реинкарнација...:)
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    Дали постои место на кое сите одиме ?


    прекрасна книга која многу работи ги разјаснува .. верувам дека постои задгробен живот.. :)
     
  17. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    35
    Jas sum fizicar po struka i iskreno veruvam deka postoi nesto posle smrta. Vo kosmosot postoi zakon na termodinamikata vo koj sto veli deka energijata e kostantna ni moze da se sozdade ni da se izgubi samo preminuva od eden oblik vo drug. Koja bi bila svrhata na naseto postoenje ako posle smrta sve se gasi i site nasi iskustva sto sme gi steknale se gubat vo nepovrat. Iskreno citajki ja knigite na Majkl Nuton Put duse, Sudbina duse veruvam deka toa e vistina. Jas veruvam vo kosmos so poveke dimenzii i veruvam deka naseto postoenje na fizicki plan e samo edna dimenzija. Koga ke umres dusata(energijata) sto ja poseduva teloto odi vo druga dimenzija. I zivotot e samo skola, se reinkarnirame od edno telo vo drugo, na ovaa planeta mozebi i na drugi vo kosmosot steknuvajki razni iskustva. Iskreno jas imam nekoj sekavanja koi nemozam da gi objasnam(dosega ne sum kazala na nikoj,no bidejki tuka nikoj licno ne me poznava)ke kazam. Najprvo se sekavam kako da umrev nekade odnosno kako letav nadvor bese zima sneg a mene mi bese prekrasno si letav, gi gledav lugeto. Potoa kako nekoj da me prasa sakas da imas mnogu ubavo telo i tezok zivot ili sakas da da zivees vo prosecno telo so prosecen zivot. Go odbrav vtoroto. Isto taka se sekavam kako odednas se najdov se krevetce bebesko i si pomisliv o ne, pak ogranicuvanja nemozam da letam. I tolku stvarno neznam od kade bi mozela na ova da se sekavam. Ova mi se sekavanja od rano detstvo, pred da ucam fiziki, pred da citam knigi i slicno.

    [mod-kirilica:27rix6dz][/mod-kirilica:27rix6dz]
     
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    680
    ти си сигурна? :?: со она за сеќавањата?
     
  19. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Колку што јас имам читано, секоја човек што умира т.е. неговата душа о настапувањето на смртта се упатува кон белата светлина. Пред тоа има еден тунел кој илјадници луѓе кои биле во колиничка смрт го опишуваат истиот. Тоа е всушност премин од една димензија кон друга.
    Луѓето кои се насилно умрени и имаат нерасчистени работи, неможат да преминат на другата страна, па затоа остануваат на земјата, т.е. нивните души се сеуште присутни со нас. Може неможеме да ги видиме, но во некои одредени ситуации можеме да ги почуствуваме. Додека пак луѓето што прешле на другата страна, тие понатаму се реинкарнираат и нивната душа завзема друг човечки облик односно се раѓа повторно. Зарем не ви се случило дежа ву? На некој повеќе на некој помалку, но сето тоа се сеќавања од претходниот живот.
    Луѓе кои отижле кон светлината и потоа се вратиле назад (се разбудиле од кома) опишуваат дека таму постои цветна ливада со многу весели и распеани луѓе. Ако тоа е рај, пеколот е на Земјата, каде што остануваат душите кои поради разно разни причини неможат да преминат.
     
  20. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    смрт многу грд збор што значи разделба,самотија и тага,дали постои нешто после смрта а за нас е подобро да веруваме дека постои јас лично мислам дека постои нешто рај пекол кој знае што но сепак задгробен живот мислам дека има :)