Сакаме, не сакаме, ќе не стигне смрта кога тогаш. Од неа не се бега. Колку ни пишал Господ, толку ќе живееме.Но сепак овој свет е само пролазен ние сме патници кој поминуваме од фази на фази, а секако има вечен живот после смртта.
После смртта сите ние сме worms food Не верувам во задгробен живот... сите ние сме посетители на земјава и еден ден сакале, не сакале ќе си идеме од неа
Што има после смртта никој не знае!Никој не се вратил да ни каже,ама сепак јас верувам во задгробен живот.Верувам дека добрите и на оние кои им е простено одат во рајот а они лошите одат во пеколот
Самата библија ви кажува дека постојат рајот и пеколот, и дека после смрта има вечен живот. Како вели библијата и тие кои веруваат тие ќе влезат во Божјото царство. Епа сега треба да верувате, како тоа верувам дека има задгробен зивот ? Ама никој не дошол да каже дали постои или не,е како тоа веруваме а не дошол никој... или не сме сигурни, епа чим веруваме во задгробен живот,тогаш постои вечен живот, рај и пекол, епа дошол ли некој да каже дека има задгробен живот???? Чим веруваме во тоа, мислам не е логично, секако дека има оживување после смртта под фази на фази,кога и ние сите поминувавме фази на фази.Во матките на нашите мајки, додека бевме капка засирена крв, потоа обликовани.Во коски, па месо, па судбината наша па запишувањето на секој кој колку ќе живее и каков ке биде. И на крај дојдовме на овој свет,така и сега,поминуваме низ фази кој еден ден ќе умреме, и ќе поминуваме на тие фази за вечен живот.
Мислам дека со смртта на овој свет завршува и нашата историја, понатака останува животот на новите генерации.
Кога ќе дојде крај на светот, нема да постои нова генерација, зошто овој свет ќе биде уништен, нема да постојат животни, природа а не пак човек да има на овој свет, идеме кон вечен живот каде што нема да се умира никогаш.
По смртта.. не знам што, но мора да има НЕШТО. Една душа не може да исчезне, сме постоеле и пред да се родиме а и ќе постоиме откако ќе умреме.
Никој не може да каже што се случува после смртта, има или нема друг живот. Никој не се вратил од таму, така што останува мистерија. Но мислам дека мора да има нешто после смртта, можеби постои реинкарнација.
Има еден што се вратил, секој Христијанин знае дека Исус воскреснал од мртвите, некои не слушнале а некои си ги затвараат ушите да не чујат, за да не би поверувале.
Сигурно има нешто после смртта. Телото умира а душата се префрлува кај новороденче на пример. Никој неможе точно да објасни, ќе остане тоа вечна мистерија останува секој да верува во нешто.
Оние кои доживеале клиничка смрт имаат можат да дадат подетални информации, но најчесто не сакаат многу да зборуваат за тоа
Освен светлина не може ништо друго да се види кога човекот ќе доживее клиничка смрт. Исто е кога човекот спие, на него душата му лета, не се знае дали ќе му се врати во телото или не.Значи не се знае дали ќе се разбуди тој е полу мртов, човекот кога спие, исто се нарекува клиничка смрт.
убаво е да се залажуваме со рај и пекол со реинкарнација ама сепак јас мислам и логички ми е дека не постои ништо. Нема душа нема енергија клетките умираат ни сме живи суштества се раѓаме и умираме денеска кога живееме во еден ваков современ свет со напредна технологија некако тоа за рајот и пеколот не ми лепи. После смртта нема ништо тоа го доказал и Хоакинг познатиот физичар, значи ќе биде исто како пред да се родиш т. е. ништо. Ама сепак добро е да се тешиме со рај пекол реинкарнација му завидувам на тие што можат да веруваат во вакво нешто јас не можам
После смртта ќе се населиме во вечен живот. Кој ќе биде или радосен и среќен или нажалост мачен и тажен. Трето нема. Еднаш, некој благороден млад човек кој штотуку го завршил своето образование и стапил на самостоен животен пат, дошол кај некој свет старец. Сиот радосен брза тој кон својот почитуван духовен отец за со него да ја сподели својата радост. Како одговор на изјавите на младиот човек за неговото успешно завршување на студиите, светиот старец одговорил со едно прашање: - А потоа? - Потоа ќе станам научник, ќе го прославам своето име, ќе станам познат и ќе стекнат угледна позиција во општеството, – одговорил младиот човек воодушевено. - А потоа? – прашал старецот. - Потоа ќе се оженам за добра девојка и ќе станам среќен татко на семејство. - А потоа? – прашал старецот. - Потоа, – одговорил лекомислено младиот човек, – ќе живеам опкружен со богатство и почести. Но, старецот повторно го прашал: - А потоа? - Потоа … потоа … рекол младиот човекот, сега веќе мумлајќи, потоа јас ќе остарам и … умирам. - А потоа? – уште еднаш го прашал старецот. Но, тогаш младиот човек ја сфатил мислата на благодатниот старец и молчел се’ додека не му се појавиле солзи во очите. Не треба ли оваа кратка приказна секој од нас да нè наведе на сериозни размислувања за краткотрајноста на нашиот живот и на блиското доаѓање на телесната смрт и на судот после смртта? Блазе на оној кој често се сеќава на својата смрт, тој нема лесно да падне во грев, и ако падне, брзо ќе се покае, зашто е опашан со стравот Божји и молитвата. Spoiler Сите овие примери и случки од секојдневниот живот ги наведувам не со цел да ја наметнувам православната вера, но да им дадам поткрепа, храброст, издржливост и постојаност на оние кои се православни христијани. Православието никој не наведува да верува со сила, туку со љубов.
Би ти препорачала да ја прочиташ книгата Пеколот,Рајот и Чистилиште од Данте Алигери...многу интересни го има опишано задгробниот живот...