1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По смртта

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 4 февруари 2010.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    После смртта - нова смрт. :)

    Дефинитивно верувам во реинкарнација и пренос на енергија.
    Не може да сме на овој свет само со овој живот. И древните мудреци рекле дека човек има милион животи, но се сеќава само на еден.
    Ако овој е тој на кој што се сеќавам, фала му, добар е.
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Ќе бидам слободна за секогаш.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    I'll be back 8)
     
    На faye, Diamond и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Реинкарнација. А и некои луѓе се сеќаваат на минатите животи. Taка да: I'll be back too. 8)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Па добро бе ти девојче образувана си или не си. Гледам само со Куранот на чело си и ни проповедаш овде за муслиманството. Многу ме испровоцираа ( и покрај тоа што тоа ретко се случува) твоите мислења, не знам како можев да изгубам време на тоа. Ти можеш да зборуваш за муслиманството колку што сакаш, ама немој да ни кажуваш за Христијансвото за Господ Бог дали можел да има деца или не. Си се фатила за тоа и во секоја тема за тоа зборуваш. Мислењата секаде ти се повторуваат без разлика дали пишуваш во тема религија или секти. Како ти како голем верник читаш за секти??? :^) Вадиш делови од Куранот од Библијата и ни ги презентираш овде. Па јас можам и Црвенкапа да ти ја извадам од Библијата на начинот на кој ти го правиш тоа. Те молам земи прочитај и нешто друго освен Куранот, има книги кои ќе ти го направат животот поубав, а ти ќе откриеш еден нов поинаков свет. Ако ништо друго ќе научиш да составуваш реченици, да користиш интерпункциски знаци. Тажно е една девојка на твои години да се замара со ова. Јас не го оспорувам твоето духовно образование, во ред муслиманка си и фурај го тоа, ама душо се што е многу не е добро, а ти можеби не си свесна ама си претерала. И да беше во право немаше да ти пишувам сега,ама ти не ги разбираш многу од работите кои ги читаш. Ги гледаш и веруваш онака како што се проектирале во твојата глава. :?:
    Или овде читам за тоа дека после смртта се гледа само светлина, како ти да си била знаеш па сега овде ни кажуваш??? Или дека човекот кога спие е во клиничка смрт??? Полумртов??? :o Ова не вреди ни да се коментира, тешко необразование гледам јас кај тебе ништо друго. Ако зборуваш за астрална проекција убаво да си прочиташ, кој и како тоа го доживува.
    Овде има многу деца кои не се духовно образовани и мислам дека само повеќе ги збунуваш со сите глупости што ги пишуваш. Доволно сум возрасна, и постара од тебе, образувана и духовно и научно за да ги разграничам работите правилно, ама тоа јас, овие деца тука, за нив искрено се плашам. Се плашам од вакви како тебе кои се сфатиле погрешно во овој свет.
    Јас би се извинила до модераторите затоа што ова е можеби наменето токму за @Aisha а не за темава конкретно ама почуствував потреба за сите деца што се на форумов, а ги има многу под 18 години. Вакви размислувања лошо и многу збунувачки влијаат на нив. Учат многу погрешни работи кои водат до сомнеж. Тоа веќе го забележав .Јас нема да продолжам да пишувам и да предизвикам расправија, го кажав она што го мислам, и најмалку имам намера да се расправам со некој кој не е на мое ниво.
     
    На drugarka, faye, Diamond и 2 други им се допаѓа ова.
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    ти си доживеала клиничка смрт паа знаеш како е ?!? ... ова од искуство ти го викам, бидејќи јас пред долги години преживеав клиничка смрт и не е точно тоа дека МОЖЕ ДА СЕ ВИДЕ САМО СВЕТЛИНАТА И НИШТО ДРУГО !!!!!...така да што би рекол народов НЕ СЛУШАЈ ГАТАЛЕЦ, СЛШАЈ ПАТАЛЕЦ ;) ...П.С. не си го полни тоа умчето со работи кои само ќе ги прочиташ и ништо друго ;))
     
  7. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    ајде кази ми сто си дозивела, па јас ке ти казам исто сто сум дозивеала 3 месеци. без свест
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ее 3 месеци не може да е клиничка смрт, туку кома !! (ова ти го кажувам како медицинско лице)
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ова што Аиша го напиша за клиничката смрт го гледаме во секоја шпанска серија, а богами и во повеќето турски.
    Лареинаделсур... имаш преживеано клиничка? или лошо разбрав?
    - може ли човек да се сеќава на нешто такво? на што се сеќава? што гледаат оние што бдеат над него?

    Верувам во живот по смртта. Животот е преубав за да биде еден. А и што ќе ни е животот ако немаме верба.

    Ви ја препорачувам книгата Паралелен свет. Интересна е. “Приказни“ за реинкарнации ... или како луѓето во текот на животот откриваат дел од својот минат живот, поврзаноста на двата живота.
    Не велам дека книгава е научен труд ама интересна е :)
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    да имам, и не разбра лошо ;)
    искрено јас не паметам ништо од тоа и не верувам дека некој памети нешто, паметам што ми се случи пред тоа и што после будењето....а оние кои бдеат над тебе гледаат ужасна глетка искрено....тоа е нешто кое не може да се опише со зборови...а според кажувањата на Аиша дека се гледа светлината не е точно бидејќи ти си во сон, но не обичен сон при кој се ти е во нормала, туку сон при кој ти работи само нервниот систем (ЦНС) и ништо друго, и се додека не настане мозочна смрт човекот може да се врати назад во живот

    аа за тоа со книгава, ми ја препорачуваш за што ?!?
     
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    После смртта продолжува кружење на материјата... и се одново. Живот -смрт, така во непрекинат циклус... Мислам.
     
  12. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Незнам.
    Но некако во себе верувам дека сите одиме или во рајот или во пеколот
     
  13. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Не верувам дека постои задгробен живот..се е само верувања,приказни иако сум гледала милиони документарци,само сум матрејалист,верувам само во тоа што го гледам.
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Не можеме сите да одиме на исто место, не сме сите со ист памет и иста историја зад себе, така да некои ќе се печат во пеколот, други ќе се варат во пеколот, трети ќе се родат пак.. за рајот, не верувам дека има толку чисти меѓу нас пак да одат таму.
    Шала на страна, кој да знае што не чека на оној свет. Знам само дека на сите кога тогаш ќе ни дојде крајот, но што да очекувам кога ќе ги затворам очите, не знам. Можам само да се надевам на нешто подобро од ова што сум го видела тука. Ако нема, јас си се враќам тука па што сака нека биде. :!:
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Дали постои место на кое сите одиме ?

    Енергијата е постојана, не се губи, не се зголемува, само се претвора од еден вид во друг... По оваа логика би требало нешто да се случува и со нас, нашите "души", нашата енергија...
     
    На salty.dreams му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ја препорачувам затоа што е интересна, затоа што ќе го натера оној кој ја чита да го цени животот, но и да ги проценува своите постапки... се се враќа, се се плаќа :)
     
  17. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    јас само верувам дека постои некоја "сила" што води некаде понатаму...а каде, шо, како...појма немам..Никој не ми кажал :?:
    Да ви кажам што вика баба ми? :D
    Она вика вака:
    "Ех ќерко бабина, штом никој од мртвите не се вратил, значи на сите им е убаво таму! " :D (вака литературно кажано за да ме разберите :) ) инаку на дијалект како шо си збори таа пошо живее во едно село во Охрид, вака изгледа: "Ех мори бабе, ќерка на баба, да ми ти кажит баба нешо. Чим никој од умрениве не се вратил, значит многу им е убо таму..туку онај дедоти шо не се испусти да ни кажит шоимат како имат :D :D" (бидејќи дедо ми е мртов, затоа е спомнат во случајов :) )
    All in All, мислам дека постои "нешто"
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    ново ниво.......
     
  19. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    P.S.
    БЕЗРЕЗЕРВНО, ДЛАБОКО, со ДУША и НАЈИСКРЕНО ОД СРЦЕ Верувам Во БОГА! :l:
     
    На Aisha му/ѝ се допаѓа ова.
  20. avriill

    avriill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Искрено појма немам, и ќе немам се додека не умрам. И потајно верувам дека има рај и пекол, и би сакала да постои живот после смртта иако некако тоа ми се чини невозможно.