Искрено, уживам додека сум жива и додека сум тука. Додека дишам, и ја ловам секоја шанса што ќе ми се пружа. Пошо еднаш се живее, иако имам слушано за реинхарнација (ваљда така се викаше) ии.... не верувам дека можеби еден ден ќе се вратам пак на земјата. А длабоко во потсвеста, живеам со помисла дека има рај и пекол и некогаш е токму тоа што ме спречува да повредам некого или да се одмаздам.
Што и да си доживеала, треба да сватиш дека е во твојата глава. Мозокот е комплицирана работа, знаеш..
Или не чека рај или пекол,па го молам Господ да не сочува од дзеннемски оган, да не воведе во рајот да уживаме и да умреме како верници,зашто кај нас бог (Аллах во куранот вели) Луѓето велат зарем бог ке не оживее од коски и прав кој што станавме,а бог им возвраќа,зарем не се сеќавате дека вашиот господар ве створил од ништо нешто,зарем ќе му биде мака по втор пад да ве оживее, а вие не верувате нив ги чека жестока казна на овој свет и на другиот,
ех колку само сум размислувала за ова искрено не верувам дека постои нешто после смртта и да постои,никогаш нема да дознаеме Никој НЕ се Вратил За да ни Каже
Без разлика на тоа кои сме или каде живееме одговорите на што после смртта не засегаат сите нас.Исто така сите жалиме кога ке умре некој близок,и се прашуваме што се случува со него?Дали се мачи?Дали не гледа?Можеме ли да му помогнеме?Ке го видиме ли некогаш пак? Секоја религија во светот си дава свои одговори на овие прашања. Некои од нив учат дека ако си добар одиш во рајот на небото,а ако си лош во пеколот.Други веруваат дека после смртта преминуваат во духовниот свет каде што ке бидат со своите предци.Трети пак веруваат дека мртвите одат во подземниот свет каде што им се суди ,а потоа се реинкарнираат во некое друго тело.Но што кажува библијата,каков одговор дава таа?Сите религии имат едно заедничко нешто а тоа е ВЕЧНОСТА.Zатоа што- Бог ни ја ставил во срцето- според проповедник 3-11.Потоа библијата кажува Адам и Ева koga згрешиле Бог не им рекол ке одите во пеколот или рајот туку рекол -од прав сте-1 мој.2-7 и-ВО ПРАВ КЕ СЕ ВРАТИТЕ-според1мој.3-19.Тогаш зошто многу сакаат да отидат во рајот а малкумина сакаат да умрат за да појдат таму?Исус рекол дека тој слегол од небото јов.6-38 а на верските водачи им рекол -вие сте одоздола-земјата а јас сум одозгора -небото јов 8-23.Па прашањето е чив дом е небото? И како трето библијата кажува дека -мртвите не се свесни за ништо-според проповедник 9-5,6 и 10 стих.Тогаш може ли некој да се сети што бил пред да настане?пред да се соединат ситните клетки од родителите?едноставно кажано не е возможно зошто НЕ sme ПОСТОЕЛe.Логичен заклучок е дека по СМРТТА сме толку СВЕСНИ КОЛКУ шТО СМЕ БИЛЕ i ПРЕД ДА СЕ РОДИМЕ
многу имам размислувано на оваа тема ама не знам ни дали постои или не постои после смртта што и да е, како што кажаја повеке девојки никој не се вратил за да каже како е. Се секавам пред неколку месеци почина бабами и имаше еден роднина кој имал клиничка смрт но повторно го повратиле и ни вели не се секирајте јас бев таму ги видов сите они пак си работат и ве гледаат.
Да се надевам дека ѓаволот е згоден Шала. Незнам се двоумам меѓу живот после смртта и реинкарнација , како и да е несакам да знам уште долго
Како верник во Бога верувам дека после смртта на секој ќе му биде судено па според тоа душата ќе оди во рајот или пеколот.
Па не сакам ни да размислувам затоа што ако има рај и пекол, во рај сигурно нема да одам, ако ги нема истите-останува црвите да ме јадат под земја...значи со сигурност можам да кажам само дека арно не ме чека во ниеден случај...
јас после смртта планирам да се в селам во рајот.. велат таму било поубаво.. сум размислувала да за оваа тема..ама стварно незнам, да имаше некој да ми кажи од овие умрените роднини, дедовци, баби.. ама не бе не кажват ..
хмммммм постои нешто сигурно ..но што не се знае , искрено јас не верувам во реинкарнација . Баба ми бог да ја прости, пред да замине на "оној свет" беше во кома три дена не се будеше , па еден ден се рабуди ..ама пак не беше свесна за ништо , па пак во кома 3 дена ...и пред да умре последните 10-тина саати беше будна , но пак не беше со нас , туку во некој нејзин свет. Додека беше во таа состојба која не не познаваше нас , постојано зборуваше со мртви луѓе ..сите до еден што ги познавала ги спомна ..што значи сепак дека тие луѓе некаде се ....или барем нивните души ..којзнае
што после смртта? ништо јас како материјалиста верувам само во тоа што ќе го видам, а никој не се вратил од мртвите за да ни каже дали има нешто или пак не? само несакам да бидам храна на разградувачите моја последна желба би била да ме кремираат
После смртта нашето тело се распаѓа ама останува нашиот дух кој што сме го негувале додека сме биле живи. Затоа многу луѓе од најразлични области сакаат да се здобијат со вечен живот преку своите дела. Вака со пример сакам да објаснам оти кога објаснувам такви ’’возвишени’’ работи немам некој којзнае каков речник. Значи имаме два профила на татковци. Едниот го учел својот син на морал, мудрост, итрина, му давал совети во текот на целиот живот. Другиот татко не го воспитувал детето туку викал еве ти стотче оди прошетај се ке ти помине нервозата. После смртта.... духот на човекот кој што го воспитувал синот ке живее. Тоа дете (сега веке возрасен човек) секогаш кога е во проблеми ке му доага сликата на татко му и ке го води низ животот исто ко татко му да бил жив. А другиот син што односот со татко му му се засновал само на ’’дај стотче-еве ти’’ на татко си ке помислува само ако види негова слика или предмет или во моменти кога ептен нема пари. Ама тоа не е духот на таткото туку само секавањето на него.
raj i pekol,veruvam vo toa,zasto hristijanstvoto se zasnova na toa,zatoa postime,se ispoveduvame i pricestuvame,za podobar zivot na toj svet,deka postojat luge sto se vratile,postoja,prv e Sv.Lazar,a i mnogu drugi pa i vo denesno vreme ima rusin,vo mnogu knigi e zapisano,zatoa se mitarstvataa koi traat 40 dena,zatoa na mrtviot mu pravat na 40 dena molitva,deka na toj den se odlucuva dusata kade ke odi,dali vo raj ili pekol,za se ima zasto,ima mnogu da se pisuva,tuku koj saka da veruva koj ne,no najdobro e da ziveeme po 10 Bozji zapovedi i veruvam deka ke bideme podobri luge, [mod-kirilica:1bdh14yo][/mod-kirilica:1bdh14yo]
Еве линк од русинот кој раскажува што има во рајот, а што во пеколот бидејки лично бил таму (неговата душа), значи објаснува чекор по чекор се и дава опис на тоа што го видел. Јас му верувам зошто истото тоа што го кажува го има и во Библијата. Веќе напишав дека верувам во рај и пекол односно дека после смртта на секој ќе му биде судено па според тоа душата ќе оди во рајот или пеколот. Ова е првиот дел од видеото, а вкупно се 13 дела, останатите ќе си ги гледате на You tube, имаат српски превод. http://www.youtube.com/watch?v=ZJZazBNA ... re=related
Го изгледав Русинов и ме остави без зборови. Сите мои гревови ми поминаа низ глава во моментот и си реков јас за во рајот не сум сигурно. Кај го видов кај се запустив. Имав некој страв од Божјиот суд ама ова ми ја уништи секоја надеж за мојата карта за во рајот. Ај бар во пеколот посалам место да фатам.
Јас имам некое си свое верување за живот после смртта. Мислам дека кога ќе умре човек повторно се раѓа, но на друго место (во друг град, држава) и дека не се сеќава на претходниот...од кај да знам може стварно така ќе биде или е.