1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По што го паметите 1 септември?

Дискусија во 'Образование' започната од vendiii, 1 септември 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Кога бевме мали ова беше еден од датумите кои ги мразевме. Летното уживање завршува после три месеци и време е да седнеш пак во училишните клупи.
    Како растеме, така повеќе се привикнуваме кон фактот дека се си има своја убавина. Така возрасните, денес би дале се, да можат да се вратат во училиште, , и јас спаѓам тука :(

    Ова се некои сеќавања со овој датум:

    1. Од вечерта се спремаш што ќе облечеш.

    2. Ова е денот кога знаеш дека одиш без ташна па можеш и малку по шминкерски.

    3. Од вечер се договараш со екипата каде да се чекате и дали да одите покасно.

    4. Баба ви фрла вода кога ќе излезете од дома за со лесно да ви тргне годината.

    5. Сите меѓусебно се прашувате кој кај бил на одмор.

    6. Почнуваат новите трачеви – кој со кого летово, што, како.

    7. Имате само класен час на кој класната кажува два збора, останатиот дел го поминувате во гласен меѓусебен муабет.

    8. После часот задолжително се оди на кафе во некои од шемаџиските кафулиња.

    9. Денот кога се молите да не почнат со предавања одма на втори, за да имате бар уште еден слободен викенд.

    10. Ја пафкате првата цигара скришно во ве-це.

    11. Свесни сте дека веќе наредниот ден ве чека писмена по македонски: Како го поминав летниот распуст!

    По што вие го памтите први септември? :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Во основно -
    - задолжително нови патики купени месец или два пред почетокот на учебната година , ама необлечени, значи специјално за 1ви септември и она задолжително удирање на истите од сите "да си купиш поубави". :D
    - нови тетратки, нови моливчиња, гумички, пенкала и задолжително виткање на книгите.
    - прераскажување кој како си го поминал летото и неизбежниот состав за домашното за сефте: Како го поминав летниот распуст. :lol:

    Во средно -
    - константна мачнина , лепење календари по ѕидот, чкртање датуми и броење денови до распустот.
    |(
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Шуткање чаша со вода за добар почеток на учебната година
    Седење и зјапање во класната


    Ова беше кога одев на 1 на училиште лани бев на Тиесто и не бев на 1ви, а оваа година исто во СК :$ :$ :$ :$ :$
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    По новите тетратки, моливи, гумички, острилки, ленирчиња, боички дрвени, мрсни, водени... и обавезно, како што спомна Трендафилка, виткање на книгите, најчесто со проѕирна фолија. Врз фолијата лепите лепенка и си пишувате име и презиме и одделение :D
    Носите најнови хулахопки и сукњица и при првата брканица во школскиот двор паѓате и ги кините (ова традиција ми беше :D ).
    Секако да не заборавам, пред излегување од дома ви даваат некој денар и баба ви ве прска со вода за нели учењето лесно како вода да ви тече (кога ќе подразмислам, ова и ден денес го правам :D ).
    Први септември ден кога стандард ништо не се прави на училиште, па во основно носевме само една тетратка, а во средно изигрававме шеми некои и не носевме ништо :wasntme: :emo:
    Класната како класна, ќе подрнда, и после сите си правите џагара-багара муабет, ја напуштате училницата порано и се упатувате кон сендвичарата отспротива да го испиете првото од многуте кафиња за таа година.
    И на тој ден стандард сите многу се сакате и многу сте си недостигале, и сите си сте многу изменети едни на други, сте се исончале, сте ослабнале...
    На втори веќе друга приказна :D

    Овој денешен први септември ќе го паметам по топлотниот удар комбиниран со стресен испит. И сфаќам дека претходните први септември и не биле така страшни, во споредба со овој.
     
  5. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    И јас по ова :D
     
  6. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    - една година по свадбата на братучетка ми

    - останатите години главно по почетокот на учебната година

    :?: Тоа ќе да е.
     
  7. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Нови почетоци, нови очекувања дека годината ќе биде подобра и повеќе ќе учам (how-yes-no);
    Баба ми ми истура вода, проследено со "школото да ти оди лесно како водата";
    Класен час, диктирање распоред ама
    Муабети кој каде бил и како си поминал, после доживувањата ги пишуваме во добро познатата "Како го поминав летниот распуст";
    Пукање сеир на тие што се прва;
    Одам во книжари и Џамбо и правам огромна сметка за нови тетратки, моливи, пенкала и хартија за виткање книги (ноут: книгите секогаш ми остануваат незавиткани до крај на година).

    Ете тоа беше овој 1ви септември за мене.
    Ма самиот ден е убав и возбудлив, сега се осеќам полна со енергија за учење. :)
    Маките почнуваат покасно.
     
  8. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    По тешкото станување наутро
     
  9. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    ^мислев после три месеци дембелеење и излежавање..
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Јас редовно не одев на 1 септември... До прва година ако сум биле ете нека бидат 3-4 пати ...
    Никогаш нема да го заборавам првиот ден ... Прво оделение замислете која еуфорија , дотерано парфемирано .Чекам чекам за на крај ми вика мама ајдее ...Јас каде ? :?: Готово толку беше после 30 минути во школскиот двор . :D
    Инаку 2,3,4 јас годината си ја започнував од 15 8) . Не ми се шеташе за џабе.
     
  11. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    1 септември го памтам по роденденот на најдобрата другарка..... и секогаш за роденден освен она главниот подарок и купувавме тетратки, пенкала и такви работи демек да си ги користи за на училиште.. :) :D :)
     
  12. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Погребот на татко ми :'(
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Го паметам по едно мало црвено костумче со потпунки што толку многу го мразев, ама ме пикнаа во него и се чувствував како мал помошник на Дедо Мраз. Први септември, прво одделение. Оттогаш прилично нормално се облекував за на училиште. :D

    По мачнината во стомак што ја чувствував во прва средно затоа што не знаев буквално никој од новата средина.

    По еуфоријата во втора година пак да го видам М. иако не знаеше дека постојам.

    По новите тетратки со дебели корици, пенкала во боја и миризливи гуми за бришење.

    По редиците пред Просветно Дело да си купам книги. :)
     
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    По шутирањето чаша вода и задолжително нови фармерки, блузичка и патики... :D еех, колку би сакала да се врати некој први септември ама од основно... :inlove: :inlove:
     
  15. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    по глупостите на школо :rofl:
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    По почнување на нова учебна година, по задолжително купување нова облека и целодневен шоппинг :rofl:
     
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Е јас ќе го паметам први септември по тоа што во второ одделение брат ми ме окапа со вода (знаете оној обичај, како вода да ти тече годината) а мене алиштата нови, за на училиште купени. Ех, кај му даде мајка ми да ми поттури вода. Да одам окапана :D :D а јас инат, сакам по новите и точка! И си појдов така :)
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    По влегувањето во кофа со вода, наместо истурањето на истата.
    Наместо од солзи, од вода влажно првооделенче кое се го нервира. Ха! Кој ќе ги трпи дебиливе 4 години... ееееј! Па овие не знаат ни да читаат. |( :^)
    Во друштво на мајчината рачичка се движам кон училиштето. Слушам солзи, крици и звук-производ на груби прегратки.
    Едно нешто на кое мајка ми секогаш ме потсетува е дека на девојчето кое со мајка си седело зад мене, целото во солзи, сум му се завртела и сум му рекла - еј, а што кога ќе се мажиш? :^) И ни секунда не сум почекала одговор, сум се завртела напред и сум продолжила со гадење да гледам кон сите расплакани разгаленици кои не знаат распоредот да си го запишат. :^)

    И така. Секоја година нешто слично. Со недостаток на првоодделенските солзи.
    Ново фустанче, нови сандалчиња, бубамара-ташничка.
    А следните 4 години, новостариот ранец со нова рачно изработена апликација.
    - во петто со пеперутки, во шесто со кученца (25), во седмо со потписи, а во осмо со кукасти крстови.
    Во средно со југословенски знамиња. И точаци. Е не. 8)

    Годинава го одбележав со добро познатата фраза на татко ми - „Подобро е да се учи отколку да се работи.“ Да чале, точен си. :nod:
     
    На Hipica и LittleDevil им се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Се сеќавам една година дека бев со мајка ми да ми купи фустанче за 1ви септември, трето или четврто одделение бев и испеглано, средено за во школо, кога станувам сабајлето надвор олуји. Ладно, сиво и мајка ми не ми дозволи да си го облечам фустанчето. Леле што плачки паднаа тоагш што морав да носам дуксер и пантолончиња.

    Друго по што го памтам е печатот на наставничката со пчелка (место 5ка), по гумите со пчеличката Маја и тетратките со тесни и широки линии.
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    1 Септември секогаш ме асоцира на школска година, барем до сега.
    Нов прибор за на школо, моливчиња, пенкалциња, гумички за бришење, фломастери, миризливи пенкала, пенкала во боја, тетратки итако даље и тако ближе.
    А по ништо не го паметам вака датумов, освен дека е прв ден од новата учебна година.