Секогаш ќе ме асоцира на почеток на учебната година. Овој 1ви септември ми беше 12ти и последен како тргнувам за првпат во новата учебна година во школо како ученичка, гимназијалка. Веќе следниот ќе тргнам на 15ти како студентка. Секогаш имам возбуда за 1ви септември, најмногу ме потсеќа на тоа. Без книги и тетратки, како седиме сите и си разговараме со класната, неформално и летно облечени, чувствувајќи ја се уште летната еуфорија. Се прашувам дали догодина ќе ја имам возбудата за 15ти ? Сигурна сум, ќе биде поголема.
Мојот први 1 септември? По благо розево - зелен комплетчич, на винтиџ фустан - од оние кои се носат сега со тенко кафено каивче на струк (жими све ќе ви постирам фотка) и со едно широко сако со потпунки Благо розева панделка во мојата кадрава коса и јас изгубена некаде на втора клупа. Исчекување, возбуда. Кој, што и како. И некој дечко ми го потегна сакото и скоро ми го скина. И се жалев на мама, а таа ме погали и знам дека го добив најгордиот поглед од неа - прваче на мама Сите останати? По тоа што едвај чекав да тргнам на училиште, дали во средно или во основно. Не знам бре, ама дури пролив добивав од возбуда кога ќе ми текнеше дека пак ќе бидем помеѓу моите другарчиња, другари, другарки. Септември имаше секогаш за мене посебна магија. Значеше враќање во интензивно секојдневно дружење, а помалку ја перцепирав мачнината од раното станување, евентуално од испрашувањата или пак домашните задачи. Први септември за мене беше врв на мојата друштвена природа. Ко пастрмче во Охридско, е така се чуствував. Само без вештачки нацртани точкици со фломастер Први септември за мене беше - Како си го помина летниот распуст? Абе многу креативни биле нашиве учителки, жими розевото сако! И јас ептен креативно им одговарав. Моите пиеја вино, а јас пиев сок. И ете така си го поминав летниот распуст Ц ц ц бунтовник од мали, ситни чекори. Лошо едно. Си удирам една васпитна сега кога ќе ми текне
Први Септември. Секако дека ме потсеќа на училиште, еуфорија, дотерани во нови алишта врц прц. Ама најмногу на предроденденска еуфорија. На 2-ри ми е роденден.
Први не знам, ама втори секако дека ќе го памтам по тоа што уште тогаш ни го викнаа психологот поради "не бељата" што ја направивме
По лончето вода кое ми го пушташе мама по мене ,да ми тргнело школото и по тоа како трчав и бегав надолу по скалите да не ме потфати водата Зошто не беше лонче,лончиште
Од основно, не го паметам по ништо, цела меморија од тогаш ми е потисната. Ама во средно,на секој 1ви септември сум му се радувала ненормално. Во прва година уште памтам што имав облечено, памтам дека седев на претпоследна клупа со мојот најдобар другар со кој се знаев од претходно и бев ептен опуштена,поради тоа што веќе имав другар во класот.. Секој нареден 1ви септември го чекав едвај, затоа што тој датум за мене значеше нов почеток, секоја година различно. Обожавам кога промените кај себе ги поврзувам со некој конкретен датум, па така и за 1ви.. Криво ми е што овој датум веќе нема никакво значење за мене, освен преубав спомен..
А по што друго ако не по почетокот на школската година..?! Бев прваче, втораче....и полуматуранче и сите 1ви септемвровци започнаа исто: прва во училницата облечена во ново руво специјално набавено за тој ден, со средена коса (за тој ден мораше коњско опавче да се има), едно тетратче и пенкацле или моливче за да се запише распоред... Мора да се излезе со десна нога и да се турне чаша со вода за, нели, годината да ти тече лесно. И секако, неизбежното раскажување како си го поминавме летниот распуст! И така завршија тие осум годинчиња во основно. Сега веќе, први и не го сакам...односно од први септември започнува одбројувањето на деновите до следниот летен распуст (зимскиот краток ми е ептен па и не се радувам толку).. Не морам да облечам нова облека (иако обавезно одам во голем предшколски шопинг), не морам да ја врзам косата во опавче (фала богу) и не морам детално да раскажувам за изминатото лето... Сега е доволно само едно „убаво поминав, одев на плажа и се забавував“ и толку. На кратко, 1ви септември го паметам како грд ден поради почетокот на школската година...
1ви септември го паметам по 3 работи: 31ви август бидејќи тогаш е роденденот на мојата најдобра другарка, 31ви август вечерта, кога пред да заспијам си ја пеев песната If tomorrow never comes - Ronan Keating и се разбира..еуфоријата за купување училишен прибор кој ми е дел од омилените видови на шопинг
Хах.. По роденденот на тогаш една голема моја непреболена љубов,симпатија,ватевр... Да,памтам роденден му беше на први и мислам две години по ред му честитав или како и да беше,не се ни сеќавам сега. Абе само една година помина од последниот пат кога ми значење 1 септември,а мислам ко 100 години да поминаа. Толку стара се чувстувам... Не е битно. Битно е дека обично секогаш си купував нешто ново за 1,се до втора или трета средно најверојатно,кога свативме дека уствари и не е нешто посебно 1. И тука следеа моменти и разговори,кај беше,како,што,еј ама си поцрнела (ама не) и така натаму. Годинава први не,али втори и те како ќе го запамтам.
Хм..Другарка ми и нејзиниот дечко се фатија на 1ви По тоа се сеќавам на него.. И почетокот на учебната година, да не заборавам
одамна беа тие денови знам дека имав огромна трема додека стигнам до училиште и седнам на клупата и обично си каснев тоа ти е навика секогаш последна и носев фустани со машни сите по боја розови а едниот дури беше цел насликан со слика од кока кола битно да е ново.
По неспиењето ...... Цела вечер се вртев мислејќи оти по 3 месеци пак на школо, па пак со другарчињата ќе се гледаме секој ден , па трема ќе ме фатеше и цела ноќ така си мислев глупости
во основно по најновата прекрасна облека и фризура(стандардно ) и срамот во ене поради сите тие исплашени мали лица околу мене а во средно веќе е друго,класната ја знаев уште од претходно,најдобрата другарка беше со мене, 80 % од класот се знаевме од пред тоа,а со другите најнормално се запознав-се на се-прекрасно искуство..и секако не смеам да заборавам-1ви септември во прва средно по мојата Прва љубов и прекрасната врска која следеше после тоа убави спомени-дефинитивно!
Основно? Џагор од деца и тепачка по тетратки, моливи во Тинекс, Рамстор... И легендарниот повик на баба ми кај мене, сестра ми и братучетки во 8 навечер на 31ви август: Дали сте спремни? Вриев, и уште вријам кога ќе го видам нејзиното име на идентификаторот во тоа време. Средно? Тетратки, тетратки, тетратки. Секогаш околу 20 август одам со мама, спремена кредитна картичка и уживам во моето место од соништата. Место каде има тетратки со светки, машнички и така натаму. Не можам да го опишам задоволството и глупавоста во тоа да одбереш тетратки преку фармерки или поголем џепарац.
Секој 31 авг од вечерта си ја спремам облеката,утрото станувам се облекувам,косата средена обавезно и потоа на школоо..Со ситее се поздравуваме ова она трачариме,па во училница од таму цело одделение на пица,потоа во шопинг за школски прибор и на крајот од денот дома си легнувам.Потоа другиот ден доаѓа 2 септември и ни почнуваат МАКИТЕ ВО МАЧИЛИШТЕТО.
Во основно обавезно одевме сите дотерани. Си делевме комплименти за изгледот, носевме по една тетратка и пенкало да си запишеме распоред и се "плашевме" меѓусебно колку тешка година не очекува... Во средно во прва година по неизвесноста, кој клас ќе бидеш, со когу ќе учиш, кои професори ќе ти предаваат и сл. Интересно беше тоа што најдобрата другарка и најдобриот другар од средно ги запознав баш на 1ви септември. Потоа наредните години следеа чаршиски муабети. Кој со когу во врска, кој раскинал, кој со кој се запознал и сл. Скоро сите одеа празни и до крајот на месецот па професорите неможеа да смислат дека се однесуваме ко да сме сеуште на распуст... Ми фалат тие денови, сега на факс не е исто. Ја нема таа еуфорија...
1 септември по тоа што тој ден сите се насмеани,дотерани,никој не се кара, муабети до 101 и назад. Тотална контраст на сето оноа што всушност следува цела школска година.
По шмизли облечени светкави розови фустанчиња, по досадниот говор на учителката/класната, по тоа што бев нервозна затоа што знаев што ме чека (мислам на досадни песнички и стихотворби за есента...знаете „есента е тетка во златен фустан и која доаѓа на гости и ни носи плодови“ и глупости од тој вид).