Здраво на сите чланови на Фемина не видов тема за 2015 година , па решив ете да отворам ако не одговара или е дупла , слободно може да се сели у канта ајде јас да почнам прва бидејки ја отворам темата : Оваа година ке ја паметам и по добро и по лошо ...Да почнеме со добро првиот роденден на син ми , неговите први забчиња , многуте непреспиени ноки , борбите со температури од забчињата , првите чекорчиња , радоста на неговото лице кога тато си дојде од селективен , првите изустени зборови , неочекуваните подароци , сознанието дека наскоро ке имаме член плус у нашата фамилија и првото примање на сопругот во државна установа со редовна плата За лошите работи не би сакала да пишувам иако ги има многу , сепак сега тие се минато и нека си останат таму Вие сте на ред драги чланови на Фемина , споделете ги моментите по кои ке ја паметите годината што изминува
Ќе ја паметам по втора бременост, раѓање на мојата ќеркичка, преселбата, задоволување на материјални нешта, нови луѓе, соработници, ама иако се работи кои се убави сами по себе, сепак годинава ќе ја паметам и по премногу грижи, стресови, умор. Константен притисок и некои навистина тешки моменти на беспомошност.
2015-та ќе ја паметам повеќе по лошо, отколку по добро, за жал. Студии во мирување, јас во борба со себе, со невидливи сили, борба која кулминираше во негативна смисла во август. Кога преживеав тогаш, секогаш ќе можам. Овие несреќни настани ќе ми останат јасни во долго сеќавање, на мое огромно незадоволство. Прекин на хонорарната работа која ме исполнуваше. Малата инспирација за сликање. Во однос на добрите аспекти, ќе се сеќавам на радоста и еуфоријата која ме следеше благодарение на вистинската терапија и брзото опоравување. По доаѓањето на мачето кое ни го размрда домот и не' развесели сите. По купувањето на автомобил, по добивањето на фотоапарат за роденденот, кој не го пуштив од рака. Ќе ја паметам и по запишувањето на брат ми на факултет. Зачленувањето на форумов кој ми одвлекуваше внимание и ме исполнуваше со позитивна енергија. По комуникацијата со многу различни, но коректни форумски ликови кои ми се многу драги. Се надевам дека во 2016-та ќе биде подобро и дека ќе тргнат напред сите работи кои ми стагнираа, вклучително и здравјето. Не ми преостанува ништо друго освен надеж и вложување на труд. Само да не се повтори ништо од лошите работи од 2014-та и 2015-та година.
Ако треба да изберам најубави и најгрди настани во животот, тоа би било 2015. Најпрекрасните личности ги запознав оваа година, луѓе какви што мислев дека не постојат. Успеав да си исполнам работи коишто си ги зацртав, а мислев дека нема да можам. И се' беше како во бајка, се' до октомври, кога еден настан успеа да ме убие психички во поим и да не знам за себе. Во новата 2016, посилни, похрабри. За уште поубави работи.
Прво ќе ја паметам по раѓањето на внук ми Мојата љубов е он . Ќе ја паметам по преубавиот одмор летото,ќе ја паметам по една интересна обврска која ми донесе многу радост,ќе ја паметам по мојата прва врска и прекрасна љубов но и лекцијата која истата ми ја донесе,ќе ја паметам по правењето планови за животот после средно и сите нервози околу тоа Среќна Нова
По раѓањето на малечкото. По преубавите моменти поминати дома со малото кога бев на породилно. По песочните плажи, кофички, количка, пелени, шишиња,кашички,...потење, дигање количка По првата разделба со малечкото кога тргна во градинка По повојници, дружење, гости, долги прошетки. Сите убавини што постојат за една жена мене ми се случија во 2015.
За жал ќе ја заокружам како лоша година Иако на почетокот се случија доста убави работи, Новата Година ја дочекав со него, по толку години паричето се падна кај мене на Бадник, двата месеци во Словенија, една долго посакувана остварена желба, свадба на една од подрагите личности во мојот живот и раѓање на нејзиното бебче, убавите моменти со него, изненадувањата кои му ги приредував а и тој мене, подготовките за новиот дом кои се уште траат,.. Тоа траеше се до кај Август некаде, потоа се тргна надоле Проблемите со мајка му продолжија, беше и полошо од колку што очекував, проблеми со моите дома, финансиски проблеми, сврзување крај со крај, психичката состојба ми се влоши, паднав во депресија и ништо живо не можеше да ме извлечи од таму. Неуспехот од работа ме дотолчи Пак ќе кажам 2015 дефинитивно не беше моја година, се надевам 2016 ќе биде подобра, дека ќе се средат многу работи, дека ќе има некој прсврт во животот и дека конечно ќе можам да си заминам од тука..
Дефинитивно утната година за мене,иако имав некој успеси но тоа не ми ја одбележа за жал 2015 година,премногу нервози,многу стресови(што знам еден ден дека ке пукнат врз моето здравје),лош начин на живот,премногу работа,премногу замор,малку одмор,изгубив значајни луѓе за огромна жал ;/.Оваа 2015 година ке ја паметам по само едно нешто убаво,раѓањето на првата моја внука од фамилија,дефинитивно ми го продолжи животот за најмалце 30 години. Се надевам дека 2016 година,ке донесе преубави работи,дека ке имам минимални стресови и нервози,и повеќе насмевка на моето лице и на мојте најбиски.и дека оваа година сите ке бидат здрави и живи и дека Господ ке ги чува.
Интересна година ми беше, многу подобра за разлика од минатата! Многу настани, ситуации, нови луѓе. Иако, ништо посебно не би издвоила.. Кога ќе подразмислам, претежно по љубовта ќе ја памтам, многу љубовџиска година Некои нови стекнати пријателства, некои стари прекинати. Но, затоа 2016 ќе биде многу битна за мене има и зошто, ја чекам со душа!!
Свадбата од сестра ми и раѓањето на внука ми, матурската вечер,запишувањето на факултет,првата 10ка и уште некои мали ситници кои ми ја одбележаа годинава и ми предизвикуваа насмевки. Се' што било негативно,сакам да остане во таа година,а следнава година само радосни вести да слушам од секого.
2015 mi zavrsi mnogu brzo neprimetno. Samo sto se navikanv da pisuvam 2015 veke zavrsuva. Ona sto mi se sluci vo 2015 e malku nervozi, premnogi obvrski. Najubaviot i prv leten odmor so sinko, zapisuvanjeto vo gradinka. Na profesionalen plan po dolgo cekanje uspeav da ja dobijam rabotata sto ja sakav. Zal mi e za koleskite koj gi napustiv od starata no se nadevam ke bidam ispolneta so dragi luge i na novata rabota. Vo ljubovta se tece onaka kako sto treba bez mnogu peripetija i nesoglasuvanja pa i brakot e najteskata domasna zadaca
Скроз утната година и за мене е, нешто слично како Скопјетесакам само што фала Богу немав некои смртни случаеви во семејството. Се осеќам изнемоштено и нема ден да не се изнервирам за нешто, да не се разочарам. Што од луѓето, што од себеси. Малку и психички пропаднав, тоа го забележав и од грижи не сум можел да спијам до 04:00 сабајле, некогаш не можам да издржам па ќе пуштам по некоја солза. Исто изгубени пријателства кои всушност не ни беа пријателства, туку корист. Едноставно се затворив во себе, ми се случувало и ден-два да не зборам со никого. Ама се надевам на подобро, па некако преживувам од ден на ден. Една позитивна работа е што годинава се зачленив тука на форумов. Во 2016 сакам позитивни промени, помалку нервози и стресови и нормален живот. Сакам тоа што го замислувам да ми се исполни. А и сакам да запознам нови луѓе. На сите ви посакувам само убави работи во новата година и да бидете среќни и исполнети. Една виртуелна гушка до сите.
Ќе ја паметам по успешно завршени магистерски студии, по убавите мигови и сите патувања во 5тата година заедно со мојот сакан, по изненадувањето за мојот роденден од најдрагите луѓе, по оние кои си го покажаа лицето (фала им најмногу) и ги делитнав засекогаш ,па од тогаш ми е мнооогу поубаво! Во 2016 сакам здравје ,мир и љубов за сите (звучам ко манекенкине ) и си ја чекам дипломата и едно заслужено добро работно место!
На почетокот од годината започнав врска, потоа следуваше процесот на запознавање на нашите семејства, многу убави моменти, но на крајот она што дефинитивно ја одбележа оваа година е мојата ненормална заљубеност и страст кон друг што се случи како од ведро небо и заради што ја прекинав врската која ја имав. И тоа што ми се оствари новогодишната желба Крајот на годинава ми донесе многу среќа.
2015 не почна како шо треба хаха ама сепак имаше некои нормални денови многу солзи и среќа. највеќе ќе ја памтам по деновите поминати со љубовта.
По патувањата. По убавите моменти со блиските и сакани мои кои ми се далеку. По потрошени билиони зборови во длабоко мудрувачки муабети со вистински луѓе. Се надевам 2016 ќе биде добра да ни донесе здравје, мир, кислород и мене ми ги продолжи патувањата, а најважно ми ја исполни и донесе желбата која срцево долго ја помислува, посакува и очекува.
Ќе ја паметам по глупостите во школо, по ,,најфалениот,, клас на совети По тоа што се заљубив како никогаш досега, по плачењето на секој љубовен филм.Кога правевме тераса и стоев на една дасака која лежеше само на две шипки на 5-ти кат од зграда и цела се клатеше и мајка ми се дереше, пaдна болна жената помисли паднав од петти И ќе ја паметам по многу убави моменти со фамилијата и друштвoто, лоши моменти можеби имаше ама не биле толку лоши штом не ми останале во сеќавање