1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По што ја цените личноста?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cvet957, 18 октомври 2013.

  1. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    38
    Често пати слушам околу мене дискусии, како личноста е облечена,како се однесува,дека треба вака,или онака а никој не проникнал во душата на личноста каква е.Дали е тоа добро и дали треба да се донесе суд за неа според тоа, или е едноставна а богата во душата, пред некој да ја запознае што всушност е.Дали и вие феминки сте имале такво или имате такво искуство?Ако имате споделете :)
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Личноста ја ценам според добрината. Не ми е важно како некој се облекува. Важно ми е да има добра душа, да се однесува добро. Облеката не го прави човекот. Џабе му е на некој ак осе облекува убаво, а душата му е расипана.
     
  3. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    1 по изгледот и по тоа што е добра со мене и крие тајни и прави лоши работи со мене! :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Личноста ја ценам по карактерот,тоа значи да биде реална,интелигетна,да знае што сака во животот,да има свое јас,личност која цврсто стои тоа што ке го каже а не да потклекнува под туѓо влијание,приземјена да биде,да не се прави нешто што не е.
     
    На poenta и Aneto10 им се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    По искреноста,добрината,способноста да цени пријателство и да ти даде совет кога е потребно.Изгледот не е важен и од изгледот не можеш да процениш каков е човекот според карактерот.
     
  6. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Најбитна ми е внатрешната убавина.Изгледот никако.Еве,познавам многу „лепотици“ со покварена и љубоморна душа.Само незнам со убавина до каде ке стигнат во животот...

    А што подразбирам под личност со добар карактер - личност која знае да почитува,цени,нема маски,не љубомори,не е себична и многу ми е важно да е секогаш искрена со мене и да знае да го негува пријателството,врската или whatever.

    И многу сакам личности кои имаат сочувство кон други личности.
     
    На cinderella.red му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    По искреноста, по тоа дали озборува, дали знае да ме насмее, дали знае да цени пријателство, дали е себична, дволична, дали чува тајни... :)
     
  8. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    По карактерот,останатото воопшто не ми е важно :)
     
  9. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Вака, можеме да филозофираме до утре дека е битен карактерот, внатрешната убавина......
    Значи, сите ние бираме особа која ќе ни го кажува тоа што сакаме да го слушнеме, да може да биде како ние ќе кажеме и сл. Зависи кој тип на човек сте, оние што се водачи секогаш бираат некој што ќе биде послушен и кој ќе прави онака како што тие сакаат и ќе им го кажува тоа што тие сакаат да го слушнат.
    Друг тип на луге се оние кои карактерно се слаби и со намалена самодоверба и им треба личност која ќе им кажува што да прават, и што ќе доминира затоа што тие не се родени за водачи.

    Но во никој случај 2 јаки каракери или личности кои сакаат да доминираат неможат да бидат пријатели а ниту во брак.
    Сите вие што викате дека сакате искрени пријатели кои ќе ви ја кажуваат вистината, запрашајте се колу пати вашите пријатели ви ја кажале вистината, без оглед дали се работи за вашиот изглед, вашата врска..... Верувам ниту еднаш, доколку го направеле тоа досега немало да ви бидат пријатели.
    Дали би го сметале за пријател некој ако ви каже искрено, не носете кратко здолниште не ви стои, или нели гледаш дека дечкоти те прави будала што не го оставиш..... И покрај тоа што сте свесни дека тоа е така, вашиот психички одбрамбен механизам ќе ве тера да не верувате во то и да ја отфрлите таа особа, под изгоор дека ви љубомори и дека сака да ве раздфли или дека сте поубава од неа па од завист ви го кажува тоа.

    Еве кога сме тажни разочарани во љубовта, кога знаеме дека е вистина крај секогаш бараме некоја другарка која ќе не теши и убедуа дека има шанси да се смириме, а не некоја што ќе ни ја каже вистината дека е навистина крај и не вреди да се лигавиме безпотеба.
    Секогаш велиме дека ни е права другарка онаа која со денови ќе не теши и ќе ни кажува зборови кои сакаме да ги слушнеме а не онаа што ќе ни ја каже вистината.
    Запрашајте се колку пати вие сте биле искрени со вашата другарка и сте и го кажале баш она што го мислите, особено ако тоа е негативно?

    Да не должам, секој си бара особа со која ќе може на некој начин да манипулира, за каков карактер за каква внатрешна убавина збориме. Сето тоа убаво звучи, но јас имам доволно години и интелигенција и сакам да ги кажувам работите со вистинското име, а не име што убаво звучи.
     
    На cinderella.red му/ѝ се допаѓа ова.
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Па јас лично правам разлика помеѓу личности кои ги ценам и личности кои ги ценам и ги сакам околу мене. Овие вторите ги оценувам според тоа колку нивниот карактер одговара на мојот или во суштина колку се сложуваме или не. Според тоа може да се каже дека сакам да се дружам со личности слични на мене или барем кои имаат некои слични размислувања.

    А постојат личности, т.е оние првите што ги спомнав, што и покрај тоа што не ми се допаѓаат карактерно и не сум, да речам, кликнала со нив сепак ги ценам и почитувам за тоа што се.

    А физичкиот изглед ми нема благе везе со ова. По физички изглед ценат само тинејџерките кои се уфилмани во фазон mean girls.
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    ПО искреноста, карактерот, начинот на изразување и однесување , и колку е спремна да даде дали во пријателство дали во врска, ова даде го мислам не во парична смисла туку во духовна.
     
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Личноста најповеке ја ценам со нејзината искреност ,значи многу сакам да се дружам со искрени личности кои тоа што го мислат го кажуваат без никакви маски
     
  13. girl.in.pink.dress

    girl.in.pink.dress Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    40
    Ја ценам личноста највеке по карактерот, начинот на изразување но знам некогаш да дадам мислење според тоа како се облекува или какви слики ставала на фб ама тоа е додека не ја запознаам потоа обично ми е криво заради тоа што сум го мислела за неа/него. :)
     
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    По однесувањето т.е карактерот.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Најважно ми е да е искрена личност. Но, во последно време искреноста кај народот се губи.. Ги ценам луѓето по: карактерот, хуморот, изразувањето, делата кои би ги сторила за да заштити некого. Искреноста веќе ја тргнав од тие граници.. :(
     
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Според кај секоја личност треба да го гледаме карактерот и според тоа да одлучиме каква личност е а не според надворешниот изглед . Барем јас се придржувам до тоа . За да ја проценам личноста прво треба да видам дали е комуникативна , искрена , нејзиното однесување , изразување .
     
    На Nate- princeza, Crystals21 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  17. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Па, се разбира, по карактерот! :D Гајле ми е за изгледот. :)
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    По душата, по добрината, по искреноста, по сочуствителноста, по разумноста , по дозата на алтруизам, по топлината и енергијата што ја шири. :) И да не ја заборавиме, одговорноста и праведноста. :!:
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Личноста ја ценам според добронамерната искреност. Значи не мислам на онаа искреност што ќе те извреѓа, туку ќе ти укаже на некои работи, ама на фин начин. :!: Има разлика од искреност, до искреност.
     
  20. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Личноста ја ценам според, сигурно не по облеката, по карактер прво а потоа по добрината, искреноста, начинот на однесување и мислам дека е доволно. :)
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.