По нејзината трпеливост што ќе ја има кон мене... Некогаш можам да станам досадна и да изнервирам некој.
Ценам личност што ме почитува мене и моите ставови, што знае да сослуша и да даде свое мислење за нешто, и ако не потпаѓа под туѓи влијанија.
Ценам личности кои се единствени, кои не се менуваат поради некој друг. Личности кои не се срамат да кажат дека се сиромашни, искрени и најмногу од се - вистината и само вистината.
Искрено, сите ги прифаќам, ама зашкрипувам на злоба, необјаснив антагонизам и комплекси. Луѓе кои животот го сфаќаат како платформа за себедокажување, огромна сцена за внимание кое ќе го випваат само за себе. Луѓе кои крадат од други луѓе и го претставуваат како свое. За нив животот е панаѓур за евтина стока, бувљак. Они сакаат луѓе кои патат и се во агонија, но не и среќни луѓе кои може да бидат и над нив, интелектуално, емотивно, како и да било... Штета. Личноста ја ценам по искреноста и скромноста. Може да биде најгласната и најнаметливата личност на прв поглед,но на втор поглед гледаш дека се работи за детски дух.
Според карактерот. Колку е објективна, спремна за компромис, одлучна и си стои на тоа што ќе го каже. Личности „денес вака, утре така“ - не ценам.
Според начинот на однесување, карактерот, нешто што за мене е многу битно, а многу зборува за самиот човек каков е во душата.Може човек се да кажува, но вистинската слика за него е неговиот начин на однесување, тоа е она што многу го разоткрива како личност.
Мене не ми е важна религија, нација, години, изглед. Важно ми е дали е човек или не е. Да биде искрен, поштен, морален, културен. Ништо повеќе. Жално што овие особини треба да ги има секој, а денес ги нема речиси никој, па дури не се ни ценат кога некој ги има.
Според тоа колку им суди на различните од него. Никој од нас не е за пример, и мислам дека никој не смее да се дрзнува да напаѓа одредени индивидуи или пак група на луѓе без разлика на боја, вера, нација, сексуалност, општествен статус, парични примања, или било какви други карактеристики. Секој може да не се согласува со одредени работи, ама мислам дека нема потреба од судење и плукање по другите. Сума сумарум дали е човек или не.
пред се искреноста, од нејзина страна, карактерот, секогаш знае да ме ислуша и за глупости и знае да ми го покаже правиот пат да ме подучи,....... иако не ја послушав секогаш, а погрешив,......... и многу е убава
Прво и најбитно според тоа како се однесува кон мене. Потоа каков однос има кон родителите, најблиските и околината, важно ми е да има добра душа, добро воспитана (мислам на морал и карактер ) и културна личност. Искреноста исто така зазема голем дел, но пак ќе кажам најбитно ми е дали сите тие особини ги практикува кон мене, се однесува искрено, со почит, љубов и ме цени