Според начинот на однесување,а тоа значи дека со секоја постапка и мислење се препознаваат позитивните и негативните особини на карактерот. Искреноста и скромноста се манири што најмногу ги ценам.
по карактерот те. знае да цени, добра, искрена, да има осет, однесување, и мн работи што припаѓаат во зборот '' добар карактер''.
По тоа како се однесува кон природата и животните. Ако е суров и груб кон тоа сигурно не е ништо подобар ни во односите со луѓето.
За жал денес лугето повеќе ги цениме по тоа како се облечени, каква кола имаат, или како мобилен, сите глумиме некоја финока оде и викаме дека карактерот е битен, но не е така. Лугето кои ги немаат овие придобивки на новото време биваат отфрлени на маргините на општеството, т.е опкружувањето. Никој јавно нема да признае дека е така, секогаш ќе постои некое оправдување, но главните причини се тие.
Mногу пати ке кажам за некоја личност ваква е или таква е од прв пат но подоцна кога ке ја запознам не е така ,што значи неможете да го процените на човек од прв пат.па јас личноста ја ценам пред се по искреноста и доброто однесување а по тоа по се останато.
Искреноста, однесувањето, карактерот, добрината и слично се мисли на најважните човечки вредности. Не ми е битно дали некој на себе носи тренерки адидас од 2000 денари или најобични партали од 200 денари важно ми е да е човек со мене секако во вистинската смисла на зборот. Сите сме луѓе, ретко кој е човек.
Карактерот, педантност(не зборувам за намазени, само да не смрди, да може човек да стој со него),добрината и сл.
Цените??Дали може да се цени карминот,патиките,градите,задникот,лицето,...Не..Секако дека не!! Тоа е само површината на една индивидуа.. ТОА шТО ВИСТИНСКИ се цени е Душата на еден Човек,неговите постапки и неговата добрина...За ЖАЛ во денешно време надворешната убавина е пресудна!!!
Секоја личност ја ценам според карактерот, ја ценам според однесувањето. Бадијала е надворешен изглед како што кажа феминката погоре, доколку се нема она доброто во душата.