Најпрво од се, според карактерот и искреност. Ако немаш карактер, т.е. се лигавиш и не знаеш разговор да направиш, знаеш што следува од моја страна. Шамар или признание колку си невозможно суштество, сето тоа признаено со факти. А ако не си искрен, веднаш препознавам, така да нема потреба од лаги. Исто така, многу ги ценам личностите кои ги паметат убавите нешта кои некој ги сторил за нив, иако се ретки.
По тоа како се однесува со другите луѓе. Ми се гади од луѓе што ќе му се испоразвикаат на келнерот, а после како ништо да не се случило си продолжуваат фино со муабетот ...
Сакам луѓе што покажуваат емоции. Лута си ми? Дери ми се, не ми се лигави и не ми глуми дека ништо не се случило. Ме сакаш? Кажи ми. Исто така, по односот што го имаат спрема постари, родители, непознати луѓе. Не може да очекувам дека си фина личност ако не си културен со келнерот или со жената што чисти на работа.
По внатрешните добра кои ги поседува една личност. Ако имаш култура и почит спрема секого, ако си онаква каква што си, своја и искрена, ако си пред се човек без разлика на животните околности, ако си човек со цврст карактер и став, ако немаш срам да успееш секогаш да се избориш со секој предизвик, ако разбираш што значи добрина и хуманост.. Пред се ако ги цениш луѓето ќе бидеш ценет и од нив.
По тоа колку личноста ме цени мене. Но и по тоа како се однесуваат со другите луѓе ама и со животните.