по однесување и коректност... критериумите колку долго се познавате или како ти одговорува кога ќе се праша за мислење за односот кон тебе не се меродавни објективно.
Саκам убави луѓе. Значи, κога неκој ќе ме пρивлече на пρв поглед, може да оди понатаму. Убавина пρед било што дρуго, останато.
Карактерот, т.е. внатрешната убавина. Физички секоја личност е убава, но ретко кој и психички. Важно ми е да е љубезна, културна и сл.
Луѓето ги ценам според тоа дали се фер, добронамерни, сталожени, објективни и конструктивни. А кој колку е убав и добро се облекува ми значи само ако бирам партнер, во останати ситуации е ирелевантно, реално.
По однесување со послаби, понеобразовани, понеуспешни од самиот себе. По постапки, по вкусови, по ставови и стил на живот.
Како се справува со неуспеси и дали тоа го натерало да се преосмисли или пак станал суров, мислејќи дека така помалку ќе чувствува. Кои се неговите животни соништа и како тие се измениле во текот на животот. Какви критериуми поставил за другите и колку тие важат за него. Колку е љубопитен и отворен за нови искуства. Колку успева да се стави на местото на другиот. Дали го дава тоа што не е пропишано да го даде, без да мисли дека некој му е должен да му врати. Како се однесува со подредени. Колку е практичен. Колку мисли дека светот му е должен за да е среќен Каква изрази прави додека е нурнат во својата глава, додека размислува, и мисли дека никој не го гледа...