Јас 2014 ќе ја паметам по тоа што ја дочекав како мајка, првиот мој роденден како мајка....неговите први запчиња, зборчиња, чекорчиња, неговата крштевка, неговиот прв роденден.
По тоа што уште повеќе лека-полека напредувам во себеспознавањето!Исто и по тоа што дознав каква личност еден мој другар,да не грешам душа,ама ме научи каде треба да се чувам од него и од луѓето слични на него-гребатори и шпиони во туѓата интимност!
По тоа што добив сестра, што ја чував, и за петките на школо и по тоа што конечно си го исчистив шифоњерот и што почнав да читам ОК!. Не е ништо посебно но сепак ми значи.
По тоа дека родив ќерка, се здебелив, почнав да седам само дома, останав без работа, почнав да имам неопходни дежурства навечер (е со бебето де)... А да, од седење дома станав многу активна на Фемина
Уфф има многу добри ама и лоши работи.. Сите добрите работи кои се случија се поврзани со дечко ми Уште од стартот ми се исполни една желба - конечно нова година ја дочекав во неговите прегратки Во Јануари започнавме врска, во Јули прв пат бев со него , конечно моите сфатија дека тој е најдоброто за мене и ме оставија да уживам со него, премногу преубави моменти, премногу планови, премногу возвратена љубов.. го сакам и сакам нашево да потрае барем до крајот на животот . Лошите работи не вредат да се пшуваат, ќе кажам само дека имаше многу плачки, многу срушени соништа, болести.. се надевам се ќе остане во минатото и дека 2015 ќе донесе само добри нешта
Ќе ја паметам по пресвртите. Ќе ја паметам по разделбите и повторните средби. Ќе ја паметам по погрешните одлуки. Годинава созреав доста. Исто така, во 2014 станав член на Фемина Форумот.
Да не беше оваа година немаше никогаш да го сретнам мојот дечко, немаше да се засакаме и немаше да бидиме тоа што сме сега.
Ќе ја запомнам по тоа шо сфатив дека со години сум се дружела со погрешни луѓе, т.е невистински другарки кој ми правеле само лице. По тоа шо се подобрив на подобро психички (според мене), по тоа шо некој работи ми се случија за прв пат, по глупостите шо ги правевме со другарка ми во лето, по иницијативите за собирање на разгледници, четки за сликање и моливи. Во средината на годината се роди во мене некоја љубов кон литературата. По забавните пријатели шо ги запознав за време на патувањата. По тоа шо си најдов дружина со слични ставови и мислења како моите. По тоа шо си го подобрив односот со некој членови од фамилијата. Во 2014-та ми се случија многу подобри работи одколку лани. Оваа година сфатив дека се зависи од мене.
Poveketo po neubavi raboti za zal,strasnite kavgi so tatkomi,zavrsuvanjeto na mojata 4 i pol godisna vrska po poveke padovi otkolku izdignuvanja na profesionalno pole mn.neubavi raboti mi se slucija i ostavija golema praznina vo mene,od podobrite raboti ke go pamtam odmorot koj bese nazaboravno dozivuvanje nekoi raboti koi gi postignav koga bev uporna iako ne mi odese sve od raka no sum mn poiskusna sega nekoi luge koi gi zapoznav i nekoi ubavi momenti koi doziveav so moite bliski,za zal poveke se neubavi raboti otkolku ubavi ovaja godina no toa e...
За мене секоја година е посебна,и затоа нема да речам дека ништо посебно не се случи во неа. Па,на почетокот на оваа година можам да кажам дека не ми беше некој убав и посебен период.Имав и еден многу неубав настан преку летото.Подоцна,ослабев,си најдов друштво...Се заљубив по втор пат во мојот живот.Станав многу носталгична годинава,и,оваа година ако ме терате да ја именувам,би ја именувала како Година на Чувствата.Бидејќи и беше таква.Година,што ме натера да препливам низ разбрането море од чувства.
Нормално е дека во 365 денови ќе се случаи и убави и неубави работи, но сепак оваа 2014 година ќе си ја паметам по две од најклучните моменти во мојот живот: дипломирав и се верив ...тука се и слатките родендени, незаборавните дружби, (не)уморните работни денови, уредувањето на нашиот дом.... Сепак се надевам дека 2015 ќе ми донесе уште поголема среќа и радост, со оглед на тоа што се спрама свадба ви посакувам се најубаво на сите
Уредувањето на нашиот заеднички дом,понудата за брак,вереничкиот прстен,најубавиот летен одмор,сите моменти поминати со внуками
Ќе ја паметам по многу работи но најмногу по успесите кои со труд ги постигнав, по тоа што многу научив за една година