1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По што ќе ја паметите 2014?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 10 декември 2014.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Скоро и да не сакам да ја паметам 2014. И покрај неколкуте интересни патувања кои се реализираа неочекувано, оваа година беше тажна за моето пошироко семејство. Тројца блиски заминаа од овој свет и од нашите животи. Фрлија сенка на нашето секојдневие со нивното отсуство. Ова беше година за растење за мене и мислам дека е прва година кога ја изгубив безгрижноста. Многу одговорости и обврски, малку моменти кои ја исполнуваат душата. Кога ќе направиш неколку чекори по светов тешко оди враќањето дома. Тесно е нашето мало гратче што имаше големо срце. За следната година си посакувам само добро здравје за целото мое семејство и блиски, зошто тие се причината за моето тапкање во место во оваа тиња од град. Да немав толку добри родители и пријатели одамна ќе бев некаде...
     
    На Teodora*, Lella, Sasha-Fierce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Дефинитвно ми беше најужасна година и искрено по ништо нема да ја памтам. Единствено добро нешто ми беше факултетот и само тоа. Ова другово ми е хаос .
    Во 2015 посакувам да добро здравје на мене и моите најблиски да бидам сакана и ценета од тие што исто јас ги сакам и ги ценам и да да си положам се од предметите на факултет.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Како година на преобразби.

    Тажна и среќна.
    Богата и сиромашна.

    Станав тетка на многу бебиња,многу свадби, но и тажни моменти.

    Изгубив две значајни личности.
    Пред се беше година на љубовта, во сите форми. За себе, за останатите разбрани или неразбрани, позитивни или негативни.

    Година на многу семејни вистини и промени, запознав голем дел од себе си.
    Многу куфери спакувани и распакувани. Тешки и празни чувства, но и топли и лесни. Секоја година финишираш викајќи си е годинава тоа сум тоа, се научив која сум, ама не било така.
    Мислам дека оваа година беше клучната кога загазив ептен во зрелоста, да стојам зад себе и да носам одговорност и тоа голема.
    Барем разбрав работи кои не ги разбирав порано.
    Бурата се уште трае, но е пред својот крај. Најважно од се, го разбирам повторно погледот на мајка ми и неизмерно и благодарам. Постојат само неколку вакви мајки на светов, верувајте ми. Не само затоа што е мојата во прашање, ама не на секоја и било толку тешко и не по своја вина и не кажала ни збор, ни пак се пожалила некому. Затоа е единствена, моја и најсакана. Секоја емоција и ја разбирам, секоја желба исто така и се е полесно.

    Година со материјални, академски придобивки е лесна година, не претставува исклучително успешна година, ама година во која упорно копаш по својата душа и се отвараш повеќе за нови искуства и те како е голема работа. Годинава направив многу авантури, но една е особено значајна. Сите имаме по нешто од кое МНОГУ се плашиме, епа... го направив тој чекор и видов дека не само моите, туку сечии способности се буквално неограничени ако знаеме што точно сакаме!!!
    Факултет се завршува, брак се започнува, родител исто така, кола се купува, стан исто така, ама среќа дали се добива со тоа? Вистинска среќа која ви го исполнува стомакот, ви дава мир и во најголемиот неспокој, се будите со личноста која би и простиле и ако џвака гласно и всушност дури и го сакате тоа, не се сомневате во себе си.
    Мислата креира чувство, чувството креира процес, процесот креира резултат! Пис оф кејк!
    Уф, би можела многу да пишувам и да не бидам конкретна од разбирливи причини и ќе биде празна приказна. Ама да... најголемата битка - да се победиш себе си е пред својата кулминација. Можам или не можам, сакам или не сакам, таму ли сум или не сум. Можам, сакам, таму сум и заслужувам! Пријатно!

    Дефинитивно една од позначајните години од досегашниот живот. Кога ќе се замислам... немало незначајна до сега.
     
    На 1209, Captain-Omni, ivancekitty и 13 други им се допаѓа ова.
  4. crazymusiclover

    crazymusiclover Нов член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Нема нешто посебно, но мислам дека ќе ја пмеам по тоа што годинава имам најслаби оценки :D
     
  5. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    По одморот во Ксамил. :inlove:
     
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    По тоа што станав тетка по втори пат и ја добив мојата прва работа. :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Искрено едвај сакам да заврши годинава.
    Мојата тага и несреќа ја достигна својата кулминација.Односите во семејството за жал ескалираа.
    Се чувствував толку тажно и осамено.
    Иако не беше се така црно,си имавме и добри моменти со либето но не ме правеа доволно среќна.
    Имам чувство дека веќе ништо не ме радува.
    Не ме радуваат ни успесите од факултет кога немам со кој да и споделам
    Проблеми со помнење,концентација...депресија..
    Немам ни такви луѓе кои барем малку ќе пробаат да ми продрат во душата и ја разберат болката која ме распарчува.А очекуваат многу.Знам дека можам ама кога сум здрава,сега не сум,а најтрагично е што никој не го сфаќа тоа.А уште потрагично- некој го направил тоа од тебе, ти дарувал несреќа.
    Ете и здравјето осеќам ме напушта,не сакам да верувам во ова,но осетив некои здравствени промени кои треба да ги решам,а кои произлегоа од стресот и нервозата.
    И вака можам до бескрај.
    Исто не се сеќавам дали имало ден кога не сум плачела..и да имало такви денови на прсти се бројат сигурно.А колку само ли солзи биле пролеани кришум...
    Колку ноќи непреспиени,измачувачки.
    Се тоа е поради семејството.Ако поради ова му подариш на некој живот,си го унаказил за цел живот.Некои стварно не го заслужуваат да бидат родители.
    Поболното е што не направија непријатели со брат ми и сега сме под ист покрив ама не комуницираме,што е уште поболно.
    Но бидејќи никогаш не сум била песимист,и сите работи на некој начин ме зајакнале,недежта постои.
    Макар и што е тоа една искра надеж.Секој човек додека е жив треба да се надева.Надежта никој не може да ни ја одземе.
    Така,јас оваа(нова) година посакувам барем малце топлина од старото огниште кое небаре згаснало.
    Малце љубов и од се по малце.Никогаш не барам многу,затоа што сум осетила како е да си без ништо.
    Кога душата ти е празна а тагата гостинка.
    Всушност имам предобра душа отворена за сите проблеми,но не и за моите.
    Јас ќе продолжам да бидам човек а за другите не знам.
    Извинете за долгиот пост,едноставно чувствував потреба да ја искажам болката од дно на душата.
     
    На Valerin, Lella и Teodora* им се допаѓа ова.
  8. wiky09

    wiky09 Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    po novoto drustvo
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    По многу болка. Ама онака, најмногу. До коска.
    Онаа болка што те депримира и те руши, те срамнува..
    Капак на се беа некои смртни случаи.
    Едвај чекам да си замине!
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Годинава ми беше како немирно море, чиви бранови ми носеа многу посакувани и непосакувани ситуации. Тага и среќа испреплетени меѓу себе, непроспиени ноќи - кои од чист хедонизам и неконтролирани нагони за авантура, кои од меланхолија во која тонев толку вешто, а не можев да потонам во сон. Како и да е, целата потреба за адреналин ми беше задоволена, направив многу грешки на кои што се гордеам и добив многу рани кои што како мудрост ги чувам во себе.
    Според некоја ирационална логика, сметав дека токму оваа година ќе ми биде мед и млеко, и бев во право. Така научив дека треба уште повеќе да му верувам на тоа кое што не можам да го опишам. Го пронајдов вистинскиот начин како да ги сплотам разумот и разбранетите чувства и да ги натерам да се вљубат еден во друг. Војните во мојот ум стивнуваа и се засилуваа со таква динамика, што ми се чинеше дека војсководците имаат тешки психички проблеми и во еден момент се љубеа, а во другиот се обидуваа меѓусебно да се убијат. Но, зошто годинава ми беше мед и млеко? Затоа што главната лекција која што ја добив од една претходна година беше дека во секоја болка има уживање. Па, се научив да уживам и кога најмалку уживав. Тоа ме водеше сето ова време, и сигурна сум дека ќе ме води уште долго.
     
    На Captain-Omni, galapce, Teodora* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    543
    Од сите работи што ми се случија годинава можам да кажам дека од негативна страна ќе ја паметам по тоа што прерано ја изгубив мојата баба...,
    А од позитивна страна ќе ја паметам по тоа што станав тетка,на едно прекрасно мало бебе,со кое уживам да си играм и да се гушкам :l:
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    2014 се на се ми беше година исполнета со убави и среќни моменти..
    Никогаш нема да го заборавам одморот со моите најдобри другарки и моментите кои ги споделивме заедно ќе ги паметам до крајот на животот. Потоа по многу личности кои ненадејно влегоја во мојот живот, ме научија на многу лекции.. некои од нив останаа а некои си отидоа.
    Ќе ја паметам по една личност најмногу, но штета што си отиде од мојот живот ама сепак не жалам.. Ја дознав целта на нејзиниот краток престој и сфатив зошто некои луѓе не им е судено да останат..
    Ќе ја паметам и по крајот (иако сеуште не е официјално завршена) сепак доби неочекуван пресврт,
    интересно е тоа како ја почнав со една личност а ја завршив со сосема друга.. Како и да е, тоа ми беше најголемата лекција дека никогаш не можеш да знаеш што те очекува утре и кој:)
    Ќе ја паметам и по едни неубави моменти но среќа поминаа брзо.
    Се на се, многу научив за животот, пријателството, врските..
    Фала ти 2014, беше добра но нека 2015 биде многу подобра.. (fingers)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    2014 ah turbulencii nervozi razni peripetii sepak na kraj so uspeh smeniv tri raboti :) dodeka ja najdam vistinskata go proslavivme 1 rodenden uzivame vo brakot i semejstvoto i navisrina neznam koga zavrsi godinava sepak krajot go krasi deloto a nie sme srekni veseli i nasmeani za kraj :)
     
  14. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    По доста убави работи, година со пресврти, но и по денешниов ден кога сум на концерт на Каролина
     
  15. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Po najubavata vrska koja stotuku mi zavrsi :u:;(
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    По многу убави работи како и секоја година
     
  17. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Прекрасна ,незаборавна беше годинава што изминува.Свадба,незаборавен меден месец,унапредување на работа, зголемена плата, најдобрата другарка скокна во тавче, од другата најдобра станав тетка. се вселивме во нов стан, мм ми купи кола ( бајка бајка ми е 2014) . Дедо Мраз да ми донесе едно бебе во моето меше и бајка да ми биди и 2015:) .женски ви посакувам исполнување на сите желби и среќа колку мојата
     
    На galapce, ivancekitty, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ќе ја паметам по многу работи,најмногу досега.

    Прво заљубување,прво запознавање со љубовните болки и лавиринти.
    Прва озбилна врска,губење невиност.
    Прв одмор со дечко.
    Прв пат запознавање со состојбите. стрес,депресија и анксиозност.
    Губење на килограми без моја воља.
    Запознавање на нови личности.дистанцирање од стари.
    Со еден збор.Добре дојдов во светот на повозрасните.
     
    На Barbie20 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  19. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.768
    Пол:
    Женски
    Не само што ќе ја паметам,туку и никогаш нема да ја заборавам.
    Година која започна со среќа,љубов,хармонија,но тоа траеше само 28 дена.
    Останатите денови ќе ги паметам по големиот број непроспиени ноќи, таблети за смирување,
    океаните од солзи, тагата во очите на моето најмило, чудната тишина во домот, осаменоста.......
    За жал оваа 2014 година никогаш нема да може да ни го врати она што ни го зема.......
    Единствено што посакувам е животот да ми дозволи да и помогнам на мојата принцеза да го добие тоа што го заслужува
     
    На galapce, ivancekitty, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Кога почна не ветуваше многу, но како изминуваше можам да кажам дека ми беше една од подобрите години кои сум ги имала, ако не и најдобрата.
    Најмногу ќе ја паметам по добивањето на двете исклучително значајни дипломи за мене - универзитетската, а и таа интернационалната. Верувам дека токму тие се предвесник на нови и убави работи што ќе си ги посакам за 2015.
    Ќе ја паметам по тоа што конечно созреав, сфаќајќи кои ми се вистинските приоритети и афинитети, и аналогно на тоа почнав рационално да си го организирам времето - со луѓе во чие друштво се чувствувам убаво, правејќи работи што навистина ме исполнуваат.
     
    На Captain-Omni и Someonespecial им се допаѓа ова.