Се омажив, се преселив , добив резиденсе, ме дијагнозираа конечно: ПСТД и ансиозност плуст немаат поим дали иам депресиа или не , дали иам ADHD или не требало првин да се осигураат амигдалата дека не ми е у хипердрајв, барем знам дека цел живот сум поминала полусаката , Добив одговори на некои прашања Very long road ahead . Pølse Lol
За мене летниот период е време кога најмногу уживам во животот и тогаш ми се случуваат најубавите работи. Така што, ќе ја паметам по запознавањето на турската култура и посетата на многу нови места. Ќе ја паметам и по моето прво, ама не и последно волонтерство. Прв пат посетив обука од областа што ја изучувам. Се зачленив во студентска организација, сега само чекам поволна прилика да прошетам преку неа. Годинава за разлика од минатата многу почесто излегував на журки, а тоа значи многу повеќе алкохол. Аналогно на тоа иде и најврв пијанство што ми се случило некогаш. Ќе ја паметам и по џогирањата на кеј на изгрејсонце, по возењето ролери на зајдисонце. По вежбањето низ дома и сите тропања од комшиите за да бидам потивка со jumping jacks. Моментално чекам потврда за еден битен план, ако ми се оствари тоа, ќе ми ја заокружи годинава на фино среќна. Наредната очекувам да биде подобра.
Не ми се случило ништо посебно по што би ја паметела....само знам дека ми беше најтапа година до сега, а се надевам дека 2015 ќе ми донесе убави работи и ќе бидам посреќна
штом не се сеќавам на добри работи,сигурно и ги немало. ќе ја паметам по разделбите,патувањата,многу солзи,разочарувања. ќе ја паметам по една болна вистина. во глобала една лоша година.се надевам наредната ќе биде подобра.
Оваа година ќе ја паметам по огромната трансформација што ми се случи во животот. Доста напорна долга година, која почна наопаку а беше магична!
2014 год ќе ја паметам засекогаш, се омажив и имав преубава свадба. Се случија повеќе убави работи и среќни моменти отколку лоши. Имаше доста излегувања, журки во текот на летото..се на се убава година беше.
Мирна година, ништо впечатливо немам да издвојам, но дефинитивно среќна ми помина, како и досега, за уште една година зголемена љубовта со мојот сакан. 2015-та би требало да донесе повеќе новости, но ништо не се планира однапред, здравје ќе видиме.
Прилично добра година , немаше некој лоши работи и скоро победа на сите фронтови , така да би дал на годинава една 7/10
Првата вистинска љубов. Многу многу среќа,многу тага,многу разочарувања,од се по многу. Ме истошти и можам да кажам повеќе преовладуваше лошото,на љубовен план. А што се однесува на другите полиња,прилично добро. Се надевам оваа ќе биде подобра,спремна сум да направам некои промени,се надевам на успех. Вајда и мене ќе ми се насмее среќата во љубовта )
По тоа што ми се падна паричето на бадник По моето вработување и успесите во работата за кратко време... По малку кавги и многу љубов со дечко ми , со тоа што оваа година пораснавме како луѓе и созреавме како пар, по многу заеднички соништа што се надевам дека оваа 2015 ќе започнат да се остваруваат
Само три збора.... New York City....исполнување на да не претерам со животна, ама долго посакувана дестинација, ЖЕЛБА. Најмило ми беше што го доживеав онака како што ретко кој го доживува, вистински, онака како што посакував, вдишав и дишев во ритам со магијата на лудата асвалтна џунгла. Секако имав мнооогу долго време да го видам, да го шетам дури и да работам. Имаше многу многу други работи кои ја обележаа оваа година, ама оваа е најбитната за мене. Заедно со финансиска сопствена стабилност барем за краток период, убаво е чувството. Убава година, динамична и турбулентна. Навистина турбулентна и авантурстичка.
2014...љубев и работев, љубев и работев, љубев и работев...... И така ја дочекувам 2015 со мир во душава, задоволна од себе и од она што го постигнав во изминатата година. Многу вложував во луѓето кои ги сакам, многу работев...Не, не заработив нешто повеќе, но трудот резултираше со чувство на сигурност кое за мене е подрагоцено од сите пари. Не мрзев, не завидував, не се споредував со другите.. И можам слободно да кажам, иако имав и тешки мигови, го живеев животот што го посакувам.
Не знам дали сум имала полоша година. Да не даде Бог пак да се повтори. Смрт на две многу блиски личности, лоша сообраќајка, лоши болести кај речиси сите од фамилија. Мојата никаква здравствена состојба. Предавство од него. Добрите не се многу, но се убави. Дипломирањето на сестра ми, свадбата на братучед ми и чекањето на бебенце. Враќање на студии. Последниве денови се со надеж за влез во подобра година на сите полиња.
Многу солзи,разочарувања,научени лекции но на потежок начин,една непреболена љубов која осеќам дека ќе ме мачи и во 2015..и годинава ќе ја памтам по мојата прва врска