Најлоша година до сега. Смрт на блиска личност која убаво ме тресна од земја и мислам дека за тој месец созреав за цел живот, увидов во каква држава и неправди јас живеам. На тоа надоврзани уште мноштво лоши работи, болести кои уште толку ме уништија.. добрите работи ниту можам да ги напишам зашто ретко ги има. Сакајте и ценете ги луѓето околу вас,еден миг се тука и за секунда може да ги снема. Моја цел за во иднина,само пасошот во рака и што подалеку од тука.
По тоа што научив дека и од оние од кои најмалку очекуваш може да те предадат за многу малку... И ајде по тоа што станав барем за малку по силна мислам психички и што научив барем малку да не се препусштам толку лесно на минатото и на спомените...
Ќе ја паметам само по многу лоши работи,болни проблеми,на кои им нема крај. Многу мили личности кои веќе ги нема покрај мене,многу проблеми кои нема да се решат,скретани години од нашите животи,стрес до бескрај,солзи,болка.... Најлоша година во мојот живот,баш оваа,која едвај чекам да ја испратиме и никогаш да не се врати повторно,со надеж дека нареднава што ќе ја дочекаме со многу елан и оптимизам ќр донесе подобри денови и среќа,зошто сите заслужуваме да го добиеме она за што сме живееле,посакувале и труделе да го добиеме.
Ќе ја паметам по добивањето на најголемиот подарок, моето непроценливо богатство, мојата среќа, мојот живот, моето најсакано синче
Најлоша година до сега. Го изгубив оној кој најмногу го сакав, ми се случија најлошите работи што никогаш нема да ги заборавам.
Мешана година. Завршив осмо,бев полуматуранка. Роденденот го прославив на брод. Почнав средно училиште. Почина баба ми.
2014 - та година е благо кажано година на очај. Изгубив многу драги личности во буквална смисла кои се на многу подобро место од нашето и доживеав многу разочарувања на професионален план. Меѓутоа во сите тие испрекинати и негативни случувања ја имав најблиската личност за поддршка која моментално поминува низ тежок период. Сфатив дека животот е навистина безбоен и како ќе го боиме зависи најголем дел од нас. Кај мене владееше црната боја кон крајот на годината, а во почетокот ги поставив темелите на заедничкиот живот со официјализирана веридба и тој сегмент беше прекрасно обоен со бела боја. Бидете радосни, среќни и задоволни и секој минимален повод за веселба искористете го бидејќи ако нешто научив од изминатата година е дека не смеете да ги прескокнувате убавите моменти ради било какви тривијални причини - мрза или пари. Славете бидејќи наредниот ден, месец може да ви се извртат сите секојдневни навики по кои силно ќе гребете да се вратат. Среќна 2015 - та!
Како што гледам, на повеќето од вас 2014 ви беше баксузна година а богами и мене не ми беше некоја којзнае што среќна година. Загубив личност која многу ми значеше и во секој сегмент од животот ми даваше безценета подршка и за тоа секогаш ќе му бидам благодарна. Година на многу разочарувања, запознав многу луѓе материјалисти со кои сеуште сум принудена да контактирам и така. Позитивноста е прва цел кон која се стремам оваа година.Ајде ќе биде подобра 2015, само верувајте
По припремите за свадбата По најубавиот ден во нашиот живот- нашата свадба По купувањето на автомобил По операцијата По заминувањето на ханито во странство По досредувањето на домот По многуте добиени награди