Венчавка на најдобрата другарка од детството,лошата болештина која ја победив,лудите вечери поминати со друштвото,журките во лето,подолга врска од десет месеци завршив пред крај на годинава и почнав нова со многу добар дечко,помлад ама позрел од мене
Ќе ја памтам по матурата,по тоа што си напраив тело какво што сакам,по најинтересното лето,по запишувањето на факултетот кој што си го сакам,по многуте поминати денови во читална Се на се многу добра година
2014та ми почна со голема напнатост и нервози - последна испитна сесија во која сакав сé да завршам на време. Ноќите ми се претворија во денови, заради стресот ме нападна и бруксизмот, па првите два месеци ми беа катастрофални. Едвај го чекав моментот кога сé ќе заврши. Арно ама откако залепив четири десетки во индекс, полесно се дишеше Последната ми беше најслатка, зашто и најтешко ја добив Изминатата година ќе ја памтам како успешна година на тој план, најмногу заради одбраната на магистерската која одбележа убав и релаксиран почеток на летото. Некако, работите си течеа по замислениот план и откако ја земав дипломата. 2014та ќе ја паметам и по прекрасните патувања на нови дестинации, по супер забавните концерти и по неколку спонтани запознавања кои се претворија во одлични дружби. Ќе ја паметам и како година во која прв пат се приклучив кон читателски предизвик и како година во која сум прочитала најмногу книги досега Првиот подарок за нова година ми беше баш од форумов, па 2014та ќе ја паметам и по титулата и сите убави зборови што ги прочитав овде Генерално имам многу убави спомени, а на оние лошите не им дозволувам да надвладеат. За следнава година најмногу посакувам здравје и за мене и за моите најблиски. Посакувам да немаме недостиг барем од оние работи кои не се купуваат.
Па има и добри работи но ми се случија и многу лоши работи ,,најдобрата'' другарка ми забоде нош во грб но добро е што сватив дека на никој не треба во целост да му се верува и доброто е што се ослободив од неа и такви како неа другарки има мн други работи ама многу се и не ѓи набројувам барем јас ги знам.
Мене слична ситуација. Не најдобрата другарка ама како што по минуваат годините сфаќам дека колку по малку луѓе во твојот живот толку поедноставно ќе биде, а не оној средношколски муабет леле никад нема да се разделиме леле форевр тугедр...
Минатата година со себе донесе многу стрес и проблеми, но, сепак одбирам да ја паметам по 364-те „Ти кажав ли денес дека те сакам“ од девојка ми.
Што ослабев 4 кг па ги вратив хаахха шега не ќе ја паметам по многу работи.Таа година почнав да излавам таа година ќе ја паметам потоа штоимав доста убави моменти но и доста лоши.Од таа година почнав да се дружам со фемина.За првпат во животот го видов жељко јоксимович итн итн.201т год беше една од најубавите години во мојот живот●★♥♡▪○
...по голем број шетање, корисно поминато време со волонтери од америка - пријатели засекогаш, по многу добро организирано време, многу фитнес, нови пријатели нови љубови и тн и тн. има и некои лоши но се ништо во споредба со тие добрите вредни за памтење
Полуматурата и убавите денови тогаш со школските другарки и преубавото лето...а останатите месеци просечни....се на се прилично добра година за разлика од минатите...се надевам на уште подобра
Како година на многу промени. Како ми е тргнато, имам циклус од неколку години на промени. Имаше искуства и позитивни и негативни. 2014-та ми беше последна година на студии по кои носталгично тажам понекогаш. Година на огромни дружби со колегите. Година кога ја пропатував пола Европа и 20 дена преспав во автобус 2014-та ми беше година кога изгубив многу важна личност во мојот живот. Личност која, иако е се‘ уште меѓу живите и и‘ посакувам да си дочека длабока старост, успеа себеси вешто да се смести меѓу мртвите во мојот живот. Личност која две години ми беше и сестра, и мајка, и на која и‘ бев истото. Личност со која го делев последното парче леб и чинија супа. 2014-та беше година кога одлучно решив да воведам промени во начинот на кој живеам и да се ослободам од сите лоши мигови што ми се трупале и трупале; година кога решив да си поработам повеќе на здравјето и активно да почнам да се занимавам со спортски активности (на некој ова ќе му биде смешно и тотално неважно, ама за мене е голем успех). 2014-та беше година кога го положив последниот испит и кога дипломирав, станав академски граѓанин и придонесов за покачување на стапката на невработеност во земјава. Ова беше година кога ги направив моите родители ПРЕГОРДИ на тоа каква личност направиле од мене. На денот на дипломирањето ми се плачеше од што го гледав татко ми колку му се радува на мојот индекс. Се надевам во 2015-та ќе ме следат успесите на професионално поле, а оние лоши искуства во врските со мажите (кои не можам да се замарам да ги спомнувам) и „пријателите“ ќе ги оставам зад себе. Нека биде на повидок една светла и опуштена иднина.