За 20 години би сакала уште да постои форумов за да можам да се сеќавам на сите коментари што ги пишував на форумов.
За 20 години се гледам како успешна жена , со кариера, ама истовремено со незапоставено семејство,пријатели и изглед. Се надевам дека трудот со школувањето ќе ми овозможи да заработувам доста, па ќе имам сопствена куќа,кола и можност за патувања. Сакам стабилно семејство, со паметен и згоден маж што ќе ме сака и почитува. И едно детенце кое што ќе се трудам и ќе успеам да го изведам на прав пат.
Офф ќе се изначитаат...но баш ми е гајле.Што ако дознаат.Па сега луѓе сме мајко му,тие сигурно ќе знаат дека не се само така дојдени на овој свет.Повеќето работи и не ми се за криење,така да ако сакаат и јас лично ќе им дадам да прочитаат. Нема што да се крие.Може само нешто да научат од тоа. Но не знам зошто..по која логика тука на 15,16 годишни им велиме ако си спремна и мислиш дека тој е вистинскиот оди со него итн...а кога тоа прашање доаѓа во врска со нашата ќерка,не го оправдуваме. Даваме некои секс совети,но добро би било повеќето работи и нашите деца да ги знаат,а не да се тролаат по форумов за некои безвезни прашања,бар ќе се едуцираат нешто.
Не верувам дека дотогаш ќе постои форумов. А ако постои, нека читаат слободно. Јас за моите родители не знам речиси ништо, само најбитното, а мислам дека е кул децата да знаат за животот на своите родители. Не мора се да знаат, но знаењето повеќе нешта повеќе и ќе ги поврзе.