Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Пак голотија и паради. Слеп за стап.
    Ноќна парада за борба против рак на дојка. На жени, претежно жени, но во последно време и храбри мажи, со угледни места во општеството, работиле цел ден и наместо да истегаат нозе, излегле цела ноќ без разлика дали врне и е ладна ноќ, и кои излегуваат секоја година на парада за парично спонзорство од пријатели, роднини и колеги во борба против рак, нешто кое сите не погаѓа во животот. Треба да им се поклони човек или да ги исмејува?

    [​IMG]

    http://www.walkthewalk.org/Home
     
    На tessie и babyblond им се допаѓа ова.
  2. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Јас сум против било која парада на која што се покажува голотија. Тие пари кои сакаат да ги соберат од ваквите паради можат културно да отворат центри преку невладини органиции, да пуштаат летоци каде ги довикуваат луѓето или чисто на штандој да ги информираат.
    Во тие центри барем парите ке се знаат каде одат, во тие центри жените ќе се информираат за самопрегледи и слични работи.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.648
    Да бидеме реални, после Јованка Орлеанка, никој не треба гол да се соблегува за да постигне поента.
    И јас не се согласувам околу геј парадите. Не ги разбирам и не им одат во прилог за она кое протестираат. Ти бара права, а се соблекол гол?! Џизс...

    Провоцирачки се и бесрамни и само мал дел од геј популацијата ги прифаќа и ги поддржува, нормалните геј парови се срамат од истите.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Значи само да се тропа нешто. Веќе од инат само. Сега и експерти станале за работа на невладини организации и собирање фонд за нивната работа. Седни на штанд и чекај некој да дојде пари да ти даде за твоето седење со кое ќе помогнеш на некоја кауза. Времето кое го даваат волонтери, па оние што на своја рака трчаат маратони, пливаат преку цели езера, си ја стрижат косата за спонзорства, возат точаци на долги траки, се фрлаат од авиони, да подигнат фонд без кој овие организации не можат да опстанат. Истото го прават и жениве и мажите на оваа парада, даваат свое време, облечат прслук кој им гарантира друг дека ќе ги спонзорира, тоа е поентата, не дека они по цел ден полуголи шетаат секој ден јавно, а прслукот е симболизација уште повеќе за подигање на свеста повеќе од било кој леток. Во бурка да излегле да не им се види гола кожа, само немој некој prude да се навреди.

    Сепак, целиот муабет е дека додека се грозите од голотија на геј паради, каде не сте виделе веројатно ни една, постојат паради, како оваа погоре, што се редовни, и поздравени од мнозинството заради тоа што допринесуваат со излезеноста, и ако ви се грози покажува всушност повеќе вие кои сте.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Мене ми е смешно оти имате хомофобични ставови, а сте граѓани на проамериканска прозапдна држава :rofl:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Никако од инает!
    Се знае прслукот што симболизација има и за каде е.
    Не мора некој анатомијата во јавност да ми ја покажи за да знам што сака.
    Забегуваш од нормалното и либерална си во секој поглед. Тоа е твоето сваќање.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мене ми е смешно што се правите интелектуални, еманципирани, модерни дами, а неможете да прифатите човек со различна сексуална определба од вашата. Ама јас мислам дека тоа доаѓа од страв дека утре можеби вашето дете ќе тргне по тој пат и ќе избере да биде хомосексуалец. Како што е веќе кажано тоа си во природата, не се бира туку се раѓаш таков така да нема потреба да се плашите, ако е генетски предодредено вашето дете да биде хомосексуалец ќе биде, не поради тоа што е растено во геј заедница, или поради тоа што на интернет и на тв видело такви слики туку затоа што тоа е во неговата днк. Мислам вакви појави имало уште во времето на старите Грци и античките Македонци, а да не го споменувам и видеото со животните што го постави Лилит, тоа ти е природа. А ако вашето дете утре излезе дека е геј вие терба да го подржите во одлуките што ќе го направат среќен, а не да го избркате од дома или да го убиете затоа што не ги исполнило вашите очекување. Мхм, децата ваљда не ги раѓате само за да ги исполнуваат вашите очекување или да? :^)
    Во врска со тоа дали геј паровите треба да добијат право за посвојување деца само ќе се согласам дека да. За секое дете е подобро да живее во семејство дали хомо и хетеро небитно одколку во некој дом со никакви услови и со воспитувачи кои во никој случај неможат да се грижат толку добро и да му посветат толку внимание колку што може да го добие тоа во некое семејство. Секое дете заслужува да живее во семејство. Зарем е подобро дете да расте во хетеро семејство каде што е тепано и малтретирано одколку во хомо семејство?
    На крај вие не сте никој и ништо да покажувате некому со прст, да го навредувате и да сметате дека нема право да ја дели оваа планета со вас, тоа многу повеќе зборува за вас одколку за некој маж или некоја жена која е хомосексуалец. Постовите ви се полни со омраза и можам да се кладам дека никој хомосексуалец нема во него толкава омраза спрема некој хетеросексуалец како вас. Треба да се срамите затоа што можеби од вас зависи дали некој ќе си добие право да биде среќен или не...
     
    На MajklMK, tessie, kikiviki32 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Мое лично мислење е дека хомосексуалците треба да ги уживаат сите права, ништо не треба да им се ускратува. Хомосексуалците се најнормални луѓе, ништо не им фали и не треба да се синоним за потценување, деградирање, омаловажување и вечна навреда и плукање према нив како да не се нормални лица т.е лица достојни за осуда. Тие секојдневно се сретнуваа со дискриминација по секој основ и секогаш се борат против сите предрасуди и стеротипи во општеството. Тие имаа право на нормален живот и имаат право да си го живеат животот онака како што сакаат и онака како нив им се сака, како и сетоа она што ги исполнува и прави среќни.
    Состојбата во Македонија е далеку поразлична од она што сме навикнати да го гледаме на Тв. Овде е сеуште срамно и ненормално да некој е хомосекуалец. Овде тоа од страшно по страшно. Состојбата нема да се порави уште долго време , ништо нема да се смени. Македонија не е подготвена за такво нешто. Сепак ова е Балкан. Овде подобро ќе ги етикетираш како лица на кои им фали нешто, отколку да се потруди да се разберат и сфатат овие лица. Чудно сме од земја во секоја смисла на зборот, а од друга старна ние сме најпаметните лица на планетава. Сезнајни од секој аспект. Чудни чуда.
    Што ако некој е хомосексуалец? Што треба? Ај да земем да ги бесиме јавно на плоштад и да ги измачуваме секако како ќе ни текне. За да служат како пример од кој сите ќе се ужаснат и ќе се влијае во иднина на некого да му текне такво нешто да биде т.е така да се определи. Сите имаат право на свој личен избор, немате вие никакво право да судите и кажувате кој каков е и кааков треба да биде. Секој за себе на крај краева.
    Јас сум видела со свои очи дете кое е родено со некои помешани хормони. Детето од неговата најмала возраст играше со кармините и шминките на неговата мајка, ги носеше нејзините високи потпетици, дома имаше секакви кукли и барбики и што ли уште не. Лакирано беше на ноктите во секое време, си играше и повеќе се сложуваше со девојчињ отколку со момчиња на негова возраст. На главата носеше блузичка која ја оставаше со отворот на челото и назад подбесена целата за да му изгледа како долга коса. Сите се чудеа со детето што се случува, но сепак веруваа дека кога ќе порасне ќе се сменаат тие навики и со оглед на тоа дека е син единец, се допуштено. Мајка му никогаш не го караше, тој и е се на светот. Никогаш за ништо не го скрши детето, се што сакаше и секоја желба му ја исполнуваше. Ок ај порасна детето и ништо не е сменето. Верувале или не детето има покрети на женско, рацете депилирани, оди како на модна писта, притеснет со фармерки и сл. некои работи. И тој не е крив до некаде, таков е од мал. Сите врсници му се смеат кога ќе го видат и секогаш го викаат педерче. Штом се спомне неговото име смеење и навредување на големо. И што сега, да земат родителите да го удават во Вардар што е таков. Нема смисла навистина. Детето не е хомосексуалец, но сите така го мислат и му лепат етикети те ваков е те таков. Околината не го прифаќа и сите му се чудат и смеат кај и да го видат. Значи тоа е осудено ни криво ни должно, а можам да замислам што ќе се случи ако еден ден навистина стане хомосексуалец. Друго што ли не преживуваат оние лица кои се така определени тука во Македонија.Тие се на судни маки и мораат да се кријат и негираат тоа што се. Овде е лудило, не е ова Америка, Германија, Франција итн. Овде на Балканот само овие лица преживуваат пекол само поради тоа што се. Треба да се смени свеста кај луѓето, а ние македонците сме далеку илјадници светлосни години кога станува збор за вакви теми и прашања.
    Во секој случај јас ги поддржувам овие лица и им ја посакувам целата среќна на овој свет. Еден живот е и треба да се проживее најдобро што може. Ние помладава генерација како така ги разбираме и поддржуваме овие лица, што не е случај со постариве генерации.
     
    На kikiviki32, bubamara12345, TIGRICA123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    единствено нешто што ќе ми биде мило кога после години ќе им се одбие од глава целата таа слободоумност и ќе бараат назад правила, ама нема ;) ....гледам уште од сега се жалат во сдк за екстремно кусото здолниште на некоја што ја сретнале во кафич и за нејзиното флертувачко однесување, за промискуитетот на девојчињата денес, како одат со мн. постари и т.н, епа така оди тоа, денес секој има право да прави што сака нели, да облекува што сака, да спие со кого сака, да има деца со кого сака и ако сака, кои сме ние да им кажуваме бе, кои сте вие? ;) правилата вие ги отфрливте и ги презревте, последиците полека ќе ви стануваат јасни.....и колку и да ми е криво што го упропастија светот ќе уживам гледајќи колку ќе им биде мака ;)
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Ама ти не разбираш. Тоа е нормално. Бидејќи е помеѓу машко и женско. Тие можат што сакаат да прават, бидејќи е во согласност со природата. И да се дрпаат во јавност и кога ќе ги видиш да ти се приповрати и да одат со допич*аци, ма се е тоа нормално.

    Единствено не дај Боже да се геј, за нив не може, тие се манијаци и се гнасни.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сајонарамучача тоа што некогаш било ненормално денес е станато нормално. Светот оди напред, а така и свеста на луѓето. Размисли некогаш било ненормално жените да имаат право на глас, а нормално било црнците на бидат робови, а денес е тоа фала Богу сменето. Така ќе биде и со хомосексуалноста, и со голотиите во јавност (не дека сега низ град има којзнае колку облечени девојки) и со уште милион работи ама мислам дека ќе ми ја сфатиш поентата. Неможе светот да тапка во место, ако тапкал сега уште во робовладетелство ќе си бевме. Не ни се допаѓаат на сите промените што ги носи времето ама па неможеш и да направиш ништо за да ги спречиш. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    па според вашата либерална филозофија дека секој може да прави што сака и никој не смее да му се меша, нормално е и едното и другото... незнам што се буните сега и што ви смета :) ....ако е во ред мажи да се облекуваат како жени како што прават трансџендерите, не гледам причина да ви смета кога жена носи допи_њак, ако е во ред двајца 50-годишни мажи да се држат за рака и да се љубат слободно, не гледам зошто ви е грдо 50 годишен и одвај полнолетна истото да го прават, ако е во ред гејовите да се соблекуваат на паради и да расфрлаат употребени кондоми, зошто да неможат и останатите да се драпаат по улици.....не разбирате вие, се е дозволено во име на љубовта и сексуалните преференци, ова е еден слободен среќен свет, зошто да бидеме злобни и да им им ги ускратуваме задоволствата на луѓето кои размислуваат и се чувствуваат поинаку од нас?? :) ако тебе ти смета да гледаш промискуитетни нападни особи, на нив им е убаво така, исто како и на хомосексуалците што им е убаво на нивен начин, што не е јасно? гледате колку е се фино?? или не е? :wasntme:
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Викам јас сте се фатиле за парадите како слеп за стап :D
    Досадни сте со тие паради. А кој тоа видел ваква парада? Ви поминале под прозор случајно? Сте излегле да видите една? Па уште имало и употребувани кондоми фрлано по улици? :o :o Да, да да... :wasntme:

    Во едно јавно веце не можеш да влезеш ако те фати зор од толку примерни кои поминале пред тебе, да се чудиш дали заклале некој и дали да викаш полиција. :x Исто така примерни сите кои во живот немаат фатено за газ дечко во јавност, за разлика пак на нив на секој чекор хомосексуалци им се драпаат пред очи по улици. :^)
    Инаку не знам од каде и модниот стил на индивидуи влезе во темава, и дозволената, пардон, општествено прифатливата разлика во години меѓу полнолетни луѓе? Нема едвај полнолетен, таман полнолетен и многу полнолетен. Тие предрасуди насочете ги таму каде припаѓаат, во темите за мода и врски.
     
    На tessie и ADOKI им се допаѓа ова.
  14. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    досадна си и ти со истите мислења милион пати па никому ништо, никој не ти се обрати за да ти го каже тоа, на игнор си обично :D
    ....и не, јас во јавни вецеа не сум затекнала употребени кондоми :) , за геј паради незнам ти дали си присуствувала за да тврдиш дека нема кондоми , а за мода и стилови никој овде не разговараше, си ги помешала капачињата нешто :wasntme: одвај полнолетна е дел од разговорниот речник не знам што има чудно тука, не сме од марс паднати ако сме во ГБ :yawn: и ете се на вас ви смета, толку либерални, а им смета некој и мислењето што го искажува на отворен форум.....јас реков да се дадат права колку подржувачите да не ни се качуваат на глава, реков дека не треба никому, не само на хомосексуалците туку никому ништо да му се ускратува за да се исполни вашата желба за среќен свет во име на љубовта :) пак сте незадоволни, мора за нешто да се буните....епа не знам во кој е проблемот сега :wasntme:
     
  15. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ц ц ц.. Уште што не се изначитав во темава. Зошто вие, слободни жени (и мажи) да се нервирате и препукувате живци за нивни права? Сите треба да ги имаме истити права.Не се тие дојдени од Марс па да им се скратени дел од правата. А не се ниту некои принцези и принцови па да бараат повеќе права од нас. Сите сме исти, луѓе сме. И на вас ви се случува да се бакнувате со дечковци на сред плоштад ќ, а и на нив. Нема врска тоа. Секој со своето нека си оди. Или па нека се отворат повеќе геј барови, па да не ги гледате насекаде. Мене како тинејџер, најпрво како дете, воопшто не ми смета никој од геј популацијата.
    Децата ги гледале како се "драпаат". Прво, не знам ни што ви значи тој збор. Не сум го видела во речник. Второ, децата треба веќе од десетини години да разбираат кој каков е. Инаку кога ќе пораснат и тие како вас ќе ги делат луѓето: дебели и слаби, геј и стрејт, високи и ниски. Па имајте малку осет, и тие се луѓе, а поважно од тоа се и живи суштества. Имаат право на живот, а со тие навреди и укинување на нивните права им се уништува достоинството. Кога некому му е уништено достоинството, можеда западне во депресија, а таа депресија може да доведе до самоубиство. Вршите социјален притисок врз нив, глупости. Нека си го живеат животот како сакаат. Не се тие виновни затоа што ги привлекуваат луѓе о истиот пол. И тоаа не е ни грев. Сѐ е нормално во овој век. Помирете се со тоа и доста со навредите за сите хомосексуалци.
     
    На kikiviki32 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е крајно време сите вие со хомофобични ставови да се исповедате и да ни раскажите како некој хомосексуалец или хомосексуалка ви наштетиле во животот, бидејќи јас навистина не разбирам како би ви наштетиле дирекно вам во иднина. :^) Што се однесува до тоа колку би им наштетиле на општеството со тоа ако ги остварат нивните права како и стрејт граѓаните, вашата грижа за општеството имавте можност да ја кажите вчера и сите сфативме колку е голема. :rofl: На крајот на краиштата живеете во проамеричка држава,а сите проамерички и прозападни земји се толерантни во однос на правата на хомосексуалците (нема ЕУ без еднакви права за сите) така да ако не ви одговара барајте си државјанство кај чичко Путин :!:
     
    На tessie, kikiviki32, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Не ми сметаат, ниту па ме интересира што прават зад затворени врати во креветот.Ниту па ме тангира дали се во брак, нивна работа.
    Али да се драпаат, мувааат и лигават во јавност, е тоа ми е веќе :puke: .Да, има полно стрејт кои го прават тоа.Иако е непријатно, но немојте да споредувате две жени/мажи каде се лигават, и стрејт пар.Нема споредба, нема.
    Исто не поддржувам да посвојат деца.Па тоа би било траума во понатамошниот тек од животот за тоа дете, со две мајки или татковци.
     
  18. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Зошто да е траума? И тие сакаат родители да бидат исто како и сите стрејт луѓе, ако не и повеќе. Ако имаат услови за чување на дете, јас се согласувам. Да бев во дом за деца без родители и некој да ми кажеше дека некој геј пар ќе ме посвои, воопшто не би ми било проблем да заминам со нив. Тие би ме разбрале и подобро од стрејт луѓето. Знаат какво е чувството кога си понижуван, навредуван, тепан за безврска. И не би го сториле тоа не некое безпомошно дете. За разлика од стрејт паровите, кои посвојуваат деца не за да ги исчуваат, туку за да имаат играчка додека детето е мало. Да имаат кому да се радуваат. А геј паровите најверојатно посвојуваат деца затоа што сакаат на едно невино суштество да му пружат љубов и сѐ што заслужува.
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Сигурно нема тебе женски да дојдат да те драпаат и да те муваат со сила,ниту пак машки да дојдат тоа на дечко ти да му го прават, или на било кои твои блиски. Тоа тебе дирекно не те засега. Ако ти сметаат не ги гледај, не зјапај во нив. Јас навистина не знам што ви сгрешиле тие луѓе и што не можите да си гледата вашата работа,луѓе крадат, убиваат и тоа не ве засега дека некој се бакнал со некој, стварно не знам како ве засега. Речете далеку да е од мене, таму нека им е и терајте си работа, ако тоа не можете, Русија радо ќе ве пречека со вашите дикриминаторски сфаќања.
     
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    За какви права прво се разговара ?Јас не гледам дека некаде се обесправени во Македонија ...Пример, фирмите кога објавуват огласи за вработување нема ставка дека не примаат хомосексуалци ,туку се прима соодветен кадар .Во системот функционираат нај нормално ,зборувам за здравството,судството и полицијата (се на нивна страна) како за сите граѓани.Дискриминацијата си ја прават самите,се групираат и препознавааат само по својата сексуална определба (хомосексуалност) .Тоа што они сакаат да наметнат дека се жртви на општеството,дискриминирани и обесправени не проаѓа.Не навлегувам дали хомосексуалноста е природна или наметната како болест и дека во модерниот начин на живот треба-ло да се прифати како нормлна . :fubar: . Некоја спомена дека жените немале право на глас а сега имаат ,дека црнците биле робови ....
    Неможеме да го споредиме тоа со геноцидот на Евреите но да не навлегуваме во друга тема ....Едно е нарушување на човекови права а друго е оправдување (НЕморална) сексуална определеност .Кратко и јасно кој што сака нека си биде,нека се истакне-покаже како што мисли дека е најдобро но доколку не биде прифатен поради општеството ,законите и навиките треба да размисли дали е тоа нормално.

    :hai:
     
    На Daydream и missfortuna им се допаѓа ова.