Право на брак и посвојување на дете им се скратени. Ако некој разбери дека се хомосексуалци (повеќе важи за мажите) се тепани и малтретирани. И уште со самиот Устав во нашата земја се дискриминирани, каде пишува дека брак може да се склучи само меѓу маж и жена, а не и луѓе од ист пол. Ама се правите наивни... Како и да е ќе ни дојди јајцето на газот па сакале нејќеле вие ќе им ги обезбедат и тие права,се само за да влезиме во ЕУ.
Можеби ке ги добијат тие права кога ке дојдат комунисти на власт во Македонија,сега за сега нека уживаат дома во хомосексуалноста
Без разлика кој е на власт, социјалисти или квазидесничари не е битно кои да се кога ќе ги притиснат од ЕУ се ќе потпишат и име ќе сменат и права на хомосексуалци ќе им дадат секакви, исто како во Хрватска, освен ако не се одлучиме со чичко Путин да сме, ама така нема ЕУ.
Многу сте контрадикторни вие кои го оправдувате посвојувањето на деца од страна на геј пар. И пак ќе ја вмешам педофилијата во темата, но неизбежно е. Од една страна велите дека во случај на педофилија детето е несвесно за делото кое му го нанесува педофилот, а во случајот за посвојување на дете од страна на хомосексуалци, ние ќе си земеме за право да одлучуваме дали тоа е свесно или не, или дали сака да живее во хомосексуален брак или не. Нели и тоа дете е несвесно и недоволно зрело да размислува? Се согласувам со оние кои напишаа за тоа дека подоцна во животот тоа дете може да наиде на многу потешкотии, многу работи во животот нема да му бидат јасни, што е маж а што е жена. Еве за пример, ако двајца мажи го посвојат, тоа дете никогаш нема да знае што е мајчинска фигура, што е мајка а што татко. Свесни сте колку неприродна средина е тоа за дете? Или не сме биле низ ова, па ајде да речеме дека нормално е. Има некој на темата што е од таков брак? Не, и не можете да кажете како тоа дете би се чувствувало. Се вадите на тоа дека и тие (геј парот) можат да пружат љубов и слично. Точно, јас не ги гледам нив како чудовишта, може во многу случаи и се подобри од некое нормално семејство во кое има насилство и малтретирање, но самата заедница ќе е чудна и конфузна за детето, кое уште од мало нема да знае кого да вика тато а кој мамо. Ќе ги гледа другарчињата во училиште со родителите, и ќе се прашува зошто не е како нив, и да не се повторувам веќе. Јас нив не ги мразам, ништо не ми направиле. Доколку и двајцата или двете се свесни личности и ете, се во некоја љубовна врска, не ме тоа мене засега, што сакаат нека прават, нивен живот и нивно право. Сигурно нема да бидам од оние кои ги плукаат и од старт да ги сметам за лоши личности оти се интересираат за ист пол, но за посвојување на деца НЕ. Едно големо не, ако веќе го имаат тој живот, нека не загрозуваат и друг со тој неприроден начин на живот, во друг случај е рамно на педофилија, да едно мало дете биде принудено да гледа како неговите татко и татко или мајка и мајка се прегрнуваат и бакнуваат. Лесно е да се правиме либерални и модерни, ама не е се така едноставно. Факт е дека хомосесуалците постојат и не се измислени, и повеќето од нив се можеби нормални личности, со исти животни навики. Ама колку и да се трудиме да нема дискриминација, еве и јас се трудам да не дискриминирам, но сепак секогаш за во јавност ќе се смета за неприродно да видиш двајца мажи или жени како се гушкаат и бакнуваат. Може ќе се правиме дека ни е океј, и се тоа ама ќе ни е неприродно да го гледаме, а вие очекувате за дете да е нормално тоа. Има секаков вид на такви неприродни работи. Добро, што правиме со трансексуалците, ете мене тоа не ми е нормално. Малку е тесна линијата меѓу, на пример педофил и човек кој има потреба да се шета нашминкан и во фустани, да променува пол. И сега, и едното е ненормално, и другото. Некако многу работи почнаа да се прифаќаат како нормални, дали од тоа што сакаме да испаднеме многу современи, и да им велиме на другите како се они конзервативни и со предрасуди, и бла бла. Па и по филмови гледаме секакви пропаганди да прифаќаме таков тип на луѓе. Се плашам во иднина уште што ли не, ќе прифаќаме. Арно е пишано дека еден ден може на некој ќе му текне и педофилијата да не биде казнувана, и за каде сме тогаш? Јас ете како што кажав, како личности не ги мразам хомосексуалните луѓе, но тоа што го прават ми е неприродно. Неприродно ми е да гледам како личности од ист пол се бакнуваат и крај. Не значи дека мислам дека треба да бидат линчувани, но тоа е. И никој не знае дали се раѓаме како вакви и такви, или подоцна во животот се оформуваме со сексуалната ориентација. Ништо од тоа што пишувате дека се раѓаат такви, не е научно докажано. Што со бисексуалните, што биле цело време со личности од различен пол, и сеуште сакаат ама ете експериментираат? Што со нив? Да, се е нормално и се треба да прифатиме, оти во друг случај сме конзервативни и видиците не ни се доволно широки.
Тие убаво го разгледаа тоа. Хомосексуалците никогаш не беа дискриминирани, но права за брак и семејство нема да добијат додека ова Министерство е на власт,,рече Никола Тодоров
^ Тоа е еден од многуте услови за во ЕУ, па вие одберете си , ЕУ или Путин или Голема Албанија. Кога ви дошло за 100 души во цела држава, толку да се вознемирувате. И да има дадат права само во Ск ќе ги видите и во ниеден друг град. Затоа не знам зоштп сте толку потресени 21век сме , опуштете се малку.
И да не ни ставеа вето, тоа е еден од условите. Па сега вие како сакате така правете. Јас не ги измислував условите, тие си постојат и си важат за сите членки. Како да се вртиш задникот пак ти е назад. Колку и да се инаетиш со мене , нема да ги сменат и ќе важат и за нас како предуслов како што важеле и важат за сите сегашни и потенцијални членки на ЕУ.
Постојано се повторува дека Македонија ги задоволува условите за земја кандидат за членка на ЕУ и едиствен проблем е сопрот со Грција. Склучување на брак помеѓу истополови, како и посвојување е дозволено само во некои земји членки на ЕУ. Баш ме интересира од кај ти се овие информации, за условите, дај извор?
Дволичен што да ти реплицирам кога и самиот ти не си запознаен со некои работи. Видовме дека си против оваа појава, но не е битно тоа. Тоа што ти несакаш реално да видиш некои работи и ја сфатиш поентата на напишаното вака ќе реагираш-нормално. Истово на сите теми се прави, едни исти лица. Прво читај и потрудисе да сфатиш што е напишано. Друг, дали како што си пишал ти некаде на огласи не пишело дека не е за такви лица???????????????????????????/ Во Македонија е доволно само да ти излезе еден муабет дека си хомо, а дали е вистина тоа или не - небитно нема ни на разговор да ги повикаат, а не пак нешто друго. Примерот со детето што го пишав требаше да го сфатиш. Ова е Балкан и јасно ни е како стојат работите тука. За мене се сите луѓе и крај на приказната. Секој нека си го живее својот живот како што сака и на начин кој тој е среќен. Ако ти не си хомосексуалец ок, никој не те ни натерал на нешто друго. И обратно. Хомосексуалецот си избрал таков пат и ти не си го натерал на ништо нели. Секој за себе ми е зборот. Факт е дека овде не се прифатени, нема дискусија околу тоа и точка. Твое видување, твој став. Мојот е таков и не можам да ти објасувам некои работи кои ти не си ги сфатил од напишаното. Јас не судам никому, битна е човечноста, не определбата. Овде за Боки 13 и Фифи јавно се крена колкава прашина, а пази при тоа тие никогаш не се изјасниле за својата определба, не пак нешто друго. Реалноста е друга во општеството. никој нема право да се меша во туѓу личрн живот и определба. Сите сме луѓе од крв и месо. Прочитај низ темава ќе видиш и други работи и аспекти, а не само од еден-твојот личен. Може ќе разбереш нешто. Поззз
Прво се обидувате да поставувате граници помеѓу нормалното и ненормалното, а ни сами не знаете што е нормално, а што не е. Всушност јас се прашувам и дали постои нешто што не е нормално, а вие веќе го знаете тоа. Браво бе Детето било несвесно за да може да одлучи дали сака да расте во геј семејство, а кој го прашал детето дали сака да расте без семејство? Кој го прашал детето дали може да го напуштат и да го остават во дом? За нешто треба да се прашуваат децата, а за нешто не? И геј бракот е здрава средина за дете ако се има услови и љубов во истото, верувајте дека и тоа дете ќе биде нормално и нема да влијае врз неговата сексуална определба, а фигурите мајка и татко што можеби нема да ги почувствува во тоа семејство нема да ги почувствува ни во домот, нема толку многу хетеро семејства што сакаат да посвојат дете колку што има деца без родители во светот. Во домот па ич нема да види мајчинска љубов така да... Дволичен нешто си прочитал ама не си дочитал или не си разбрал, примерот што го напишав е сосема на место од тоа со жените и правото на глас и хомосексуалците и правото на посвојување деца, се работи за истото, нели било ненормално жените да имаат глас па сега е нормално, исто ќе биде и за хомосексуалците, што не сфаќаш тука?
Овде некој не прочитал некои основни работи за Еу, а бистри бисери за права на хомосексуалците. Тоа ти е тргедијата. Далеку сме од Европа многу, не е единствената пречка Грција. Ама од Вмро тоа им се пласира на луѓево и така ќе си мислат дека е. Не зеле сами да размислат и да се информираат кој се условите и постулатите врз кои е основана Еу. Битно е у муабет да се смешамо, што како небитно е. Да треснеш и жив да останеш пак и повторно. Хомосексуалците се само обични лица кои не се прифатени од околината. Во Тетово живее еден маж кој поради одредени х-причини и лично незадоволство си го има сменето изгледот, има гради ставено, долга коса, се облекува со кратки здолиништа, се шминка итн. Низ повеќе интервјуа со него јавно си ги кажува проблемите со кои тој секој ден се соочува и неприфача од околината поради изгледот. Кажа исто така дека многу пати е претепан и има звршено во болница поради тоа. Причината е неговиот изглед. Тој призна дека сето тоа ќе го прави се додека неговата сопруга не му се врати заедно со неговите деца. Таквата трансформација ја направил откако заминала неговата жена и го напуштила. Тоа беше неговиот одговор на прашањето зошто е таков. Што криминал и лошо сторил човекот да се третира на таков начин. Тоа зборува за фактот до кој степен сме ние дојдени како држава. Затоа не се оправдувајте се сите вие што сте полни со омраза кон хомосексуалците. Замислите и вас некој утре да ве претепа на улица само затоа што не му се допаѓате како човек. Сега линк барам. На Тв-Кисс му беа интерјуата.
За какви работи не сум запознаен ?Некој што сака да добие нешто што го нема пфф .Јас не ги осудив што се така ориентирани и тераат таков живот ,но тука дискутираме за ПРАВА.Хомосексуалноста е интимна работа и нема потреба да биде ЈАВНО презентирана како ускратено право на некој (со паради-те и измислување на дискриминација бидејќи се тоа што се ) .Ако сакаш да кажеш дека "хомосексуален" брак " и посвојување на деца " е скратено правао .Се надевам дека оние подржувачи за тоа ке придонесат во нивнота репродукција и разможување како хомосексуалци па така би ги оправдал "можеби " . На никој на чело не му пишува како е сексуално ориентиран,неможе ни по стилот на гардеробата,начинот на живот,однесувањето,пријатели итн .Како што спомена со фифи и боки 13 ) но според твојов став (е муабет јас што го имав кажано тука ) самите си се дискриминираат ,се ставаат во позиција на жртва непотребна.Конкретно за посочените примери немам прочитано од нив дека се изјасниле како хомосексуалци ( и поради тоа да имале пробелми.Конкретно боки па и фифи имаат некоја успешна кариера ) но едноставно се одбивни на луѓето порди нивниот стил на живот ( како познати фаци од естрадата ).Да се доизјаснам ние сме конзументи на нивните пикантерии и нормлано е да бидат плукани,а не поради тоа што и какви (се во кревет и со кој партнер ) Како што има строги казни за сех на јавно место на стрејт луѓето не гледам зошто хомосексуалците да добиваат некое + право и бенефиции (во врска со нивната сексуална определба ) . За посвојувањето деца нема компромис,и влегување на Македонија во ЕУ е смешно што го кажувате .Политиката на оваа власт е доволно добро оценета во врска со малцинства и мешан етнички состав ,хомосексуалноста е само измислица каде неможе да се нарече проблем за напредок на Македонија
Судбината на децата никогаш не се знае ,вие осудувате дека биле напуштани и оставани во дом .Има мн судбини на луѓе што ги принудило да дојде до тоа .Сигурно нема да бидат оставени деца на улица поради смрт на родители и разно разни несреќи .Системот и законот ги заштитува ги згрижува во дом и им понудува образование ,здравство и сега барем мн други работи како вработувања и заеднички домови -станови. П.с зете мили зете на нивна свадба 2 пати се свири ? #ТоаМеБуни
Хомосексуалноста е интимна работа и нема потреба да биде ЈАВНО презентирана ????????????????? Ти можеш со девојкати твоја јавно да излезеш и да ја бакнеш. Зошто да неможат и тие. Тие се такви какви што се, не се виновни што ги привлекува ист пол. Што сега, ајде викните полиција видовме две лица од ист пол се држат за рака на плоштад и се бакнуваат. Ајде во затвор право да се ставата и јавно на плоштад да им се суди. Демократија. Ок, јасно ми е на која бранова должина сме. Не ги прифаќај и тоа е. Го почитувам твојт став за нивна осуда и неприфаќање. Ништо битно не се менува ако ги прифаќаш или не прифаќаш. Истото важи и за мене. И мојот стaв не менува ништо во реалноста. Ке повторам за мене сите се луѓе, јас не ги делам и потценува врз основа на ништо. Секој си е вреден за себе. Јас мојот став си го кажав и не го менувам. Твоја одлука е што ќе прифатиш за нормално или не. Како што тебе никој нема право да ти забрани некои работи и да ти се меша во твој личен избор и живот така и ти немаш право да осудуваш никого. Кратко и јасно.
Еве Македонија како ги прифаќа: http://kurir.mk/makedonija/vesti/90345- ... l-policaec http://www.sitel.com.mk/mk/prviot-maked ... l-policaec Има многу барајте на гугал.
Абе ајде, стварно? Коа не си бил таму боље кути си. Ти некогаш имаш живеано у дом па да знаеш како ги третираат таму децата. Многу подобро е некој хомо пар да го посвојат детето од колку таму се и сешто да се изнагледа