Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Човеков сум го гледала, запознена сум со неговата приказна. Не се прифаќаат различностите тука во Македонија. Поентата моја беше токму тоа неприфаќање на овие лица. Конкретно лицево го има сменето само изгледот, но јавно се нема определено дека е хомосексуалец. Наидува на секакви препреки и дискриминации само поради тоа. Замислите да некој јавно каже како е определен и можам да замислам што ќе му се случи.
    Осуден е човеков само поради изгледот. Тоа е Македонија. :) :) :) :) :)
     
    На TIGRICA123 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  2. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    А ти се изначита за ЕУ па кажуваш.
    Никаде не е наведено дека прифаќање на брак помеѓу истополови и посвојување на деца се услови за членство во ЕУ и Грција е проблемот!! ВМРО се на власт и тие се во постојан контакт, тие ја одржуваат комуникацијата и секоја одлука од нив доаѓа, а не од тебе!!
    Многу држави години членки на ЕУ, НЕМААТ одобрено права за брак и деца кај хомосексуалци.

    Затоа мој совет не шири дезинформации, владата го разгледа ова, рече не така?, било која одлука или услови кои ќе ги бараат од ЕУ ќе бидат јавно покажани, а народот ќе му верува бидејќи тие преговараат не од сдсм, не ти, ВМРО. Верувам дека за да направат ваква одлука треба на референдум да се потпишат сите, е од тоа ќе зависи се.

    Моето мислење за ова е вака
    Кога ќе се донеси предлог за некој закон истот се разгледува и оди на гласање во Собрание.
    Доколку се изгласа треба одобрување од претседателот на државата за да стапи во сила.
    Доколку претседателот не потпиши согласност, мислам дека можи предлог законот да се донеси повторно на дневен ред во Собрание и наново да се разгледува/измени.
    И потоа повторно оди на гласање во Собрание.
    Ако по втор пат се изгласа стапува во сила.
    Референум генерално се прави за многу покрупни измени во закон(или кога во владеачката партија не сака да понеси вина за одлуката) со што ќе се чека одлука од народот.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Полека дете, полека. Ај разграничи некои поими и прочитај. Да еве вчера Грујос го среди и ова прашање, не гледаше на Сител тв. Од утре сме у Еу. Кој шири приказни? Се е супер тука, Грција не чини. Чекај да не беше Бранко Црвенкоски.
    Хаххаа само твоите 2 права кои си ги навела ги немаат хомосексуалците, а им се преедуслов за Еу. Боже, боже.
     
    На bonitacika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Не ти држи вода муабетот уште :D
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Хрватите на референдум го дефинираа бракот како заедница меѓу маж и жена и така се изјаснија против хомо бракови па да не ги исфрлија од еу случајно?? :^) ај соберете се што пишувате.... и не е оваа тема за вмро и сдсм тука да се инаетите и да ја префрлате расправијата од темите што ги заклучија, поминаа изборите, бидна што бидна, доста вадите очи на сите теми
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу ми се смени мислењето по ова прашање.
    Порано бев строго против ама сега...незнам.
    Неможам во потполност да го прифатам тоа како нормално и денес утре да биде дел од секојдневието ама па и секој треба да има право да си го живее животот како сака и со кого сака.
    Хомосексуалците не штетат никому од околина.
    Само кога е во прашање правото на деца, кај нас и да се дозволат вакви бракови, за деца би требале да се подзамислиме.
    Не затоа што тие нема да го чуваат добро ама како општеството ќе го присати. Денес децата се малтретирани на училиште затоа што носам протеза, наочари или пак имаат акни, а не пак ситуација каде што ќе има 2 мајки или 2-ца татковци.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ^Да за тоа си апсолутно во право, знаеш зошто, зашто од дома ги учат децата така, дека хомосексуалноста е болест и дека треба да е предмет на исмејување и зезање, а кога како родител ќе застане цврсто и ќе му објасни на детето што е хомо, а што хетеро заедница и како треба да се однесува еднакво спрема сите луѓе во општеството тогаш нема да има вакви заебанции. Ама не, чувај Боже да му спомнеш на детето педер, не не никако, срамота е тоа. Па ќе чуе од другите деца на училиште чии родители незнаеле да му го објаснат тој поим како треба туку со погрдни зборови и деградирање на таа категорија луѓе, и од тука иде тоа и секако прашањето „Како ќе му објаснам јас на моето дете зошто неговото другарче има две мајки или двајца татковци?„ Е така де, ќе го седнеш и ќе му објасниш и нацрташ ако треба, и за него тоа не треба да биде нешто неприфатливо и да му служат како објекти за измејување таквите појави, терба да ги прифати и да ги тертира како еднакви во општеството, ако му објасниш на дете ќе разбере, ама ако избегнуваш само ќе си створи мислење слушајќи најразлични коментари од околината и другарчињата така да на вас останува, мислам на тие што не се спремни да му објаснат на детето за хомосексуалноста или па воопшто и не планираат да го оптоваруваат детето со вакви прашања |(
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Вака уз муабет делува лесно ама многу, многу, многу време му е потребно на нашето општество да стигне то тоа...седнуваш дете, му објаснуваш и готово.
    Рачунај кај нас сеуште на самохрана мајка, која немажена родила дете луѓето гледаат како на ку*ва а детето- копиле по народски кажано. Така да, да добијат они право да посвојат дете (значи рачунам ете веќе да имаат право на брак, а сеуште и тоа е многу далеку) е многу далечна тема.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Па кон тоа целев да кажам, ама ако родителот го гледа тоа нормално и го прифаќа како такво верувам дека и детето нема да има проблем да го сфати, разбере и почитува тоа.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Како луѓе не знаеме што е нормално, или можеби така се правите?
    По улица да се шета машко со тон шминка и штикли и фустан, тоа на вас нормално ви е?
    Болест е тоа, исто како што има многу психички болести, така и трансексуалноста ја сметам за болест.

    А хомосексуалците додуша ги привлекува сопствениот пол и тоа е, но тоа за мене е нешто неприродно, ако сакате до утре сабајле ми зборите дека исто е да видиш пар од машко и женско како се бакнуваат и двајца машки или две женски, нема да го променам мислењето. Ми се повраќа од таа гледка, не ми е природно и крај.

    Но не им се мешам во животот на тие луѓе, нека си живеат заедно, па ако сакат и геј бракот нека го легализират, воопшто не ме засега. Се додека не уништуваат млади животи. Кога веќе не се како другите, со репродукција да добиват деца, нема што да посакуваат да имаат.
    И пак ќе повторам нешто што е веќе кажано, детето не е милениче па дај го на било кој, само да не е на улица. Живот е тоа, за човечки живот се работи. Точно дека на децата од домови им е тешко, но ќе се најде некој хетеро пар да ги посвои, не бива луѓето кои не можат да имат деца се малкубројни, па ајде на хомосексуалци децата ќе ги даваме.
     
    На sweet-star, vinozito1, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    157.643
    http://www.luckymedia.nl/luckytv/2014/0 ... ll-of-you/

    Пресмешно. :D

    И овој случај треба да се продискутира.
    Добро што ќе му фалеше на батево како Дејна интернешнл да си искочи, да си испее и да си го тераме филмот? Жената сите ја сакаа и сите ја прифатија. Кој му брани да стане жена? Овој со сила се прави несфатен и иритира да не биде прифатен.
    Побогу внук ми ја прашал братучетка ми зошто чичково е облечен како жена,а утредента ја прашал зошто женава има брада, жените имаат брада?

    Е овие глупости им ги доведуваат правата во прашање,а не најнормално да си смени пол и да си го живее животот како нормална личност. Луѓето имаат тенденција да живеат со нормалното, тие не сакаат да се вклопат во нормалното (нормалното е кога не се крева врева, геј, геј, дете, дете, брак, брак, пол смени си ако така сакаш и ај здраво),ама со сила да бидат прифатени. Ок, маж си кој се чувствува како жена, во ред оперирај се и живеј како жена, среќен си, тоа е важно, ама да ми искочиш на сцена со брада и со сила да ми извољеваш глупости...нема поента.

    Овие се тие срамот на хомосексуалците и трансџендрот кои дури и од нив не се прифатени и под знак прашалник им ги доведуваат правата.
     
    На bittersweet, Glasna, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.092
    Допаѓања:
    135.070
    Никогаш не сум ги сфаќала поинаку од другите луѓе. Нивен живот, нивен секс. Што ми е гајле каков секс практикуваат? Дали ним им е гајле за мојот секс?
    Што ако се многу повеќе хетеро што сакат да имаат, на пример, анален секс. Треба некоја да отиде некаде и да реча, вработете ме, јас дома со маж ми иам анален секс. И кога нема да ја вработат, да рече, ме дискиминираат дека сум аналка:)
    Нема што да се бараат повеќе права од останатите, само заради тоа што сакаат секс со истополов човек. Ако сакаат имотот да име заеднички, одма нека го направат. Ако сакаат да живеат заедно, никој не им брани. Можат се што и ние, освен да застанат пред матичар, и тоа можеме да го дискутираме. Ама привилегии за вработување, за студирање и слино, само заради видот на секс кој го практикуваат, никако.
     
    На Daydream и Abeja им се допаѓа ова.
  15. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Да Лилит, многу е смешно видеото, ама знаеш ли што е уште посмешно?

    Сите оние либерални, слободоумни, без прерасуди поддржувачи на ЛГБТ организацијата и демократски настроени членки на форумов кои распалија на темава за правата на хомосексуалците и го извадија целиот арсенал од зборови на мегдан со цел да појаснат дека хомосексуалците не треба да бидат дискриминирани и секој еден треба да биде прифатен таков каков што е - 90% од нив ги прочитав во темата “Евровизија 2014“ како пишуваат дека оваа душичкава од Австрија е ненормална појава, и удрија на навредување.

    Она што на мене најмногу ми брцна во око се изјавите од пред појавата на мајмунот во фустан, и беа во стилот “кои сте вие да кажувате што е нормално а што ненормално во општеството и со кое право поставувате граница во демократијата и моралните вредности“ и замисли, после појавата на she is the man (најверојатно малку ги гризна реалноста) па тие беа оние кои се дрзнаа да кажат што е нормално и ненормално, подвлекоа линија и поставија граница на некои си морални вредности во општеството.
    Види иронија, баш смешно, нели? Чак повеќе ми оди накај жално...

    Јас не гледав Евровизија, но слушнав некои од песните и победничката не ми остави некој wow впечаток. Немам ништо лично против човекот што победи, баш напротив, го жалам. Очигледно дека е тешко оболен и се наоѓа на работ од лудило, а нема можност да се лекува. Истото важи и за оние што го гласаа, поддржаа и се напалија на неговата победа како млад мајмун на банана, факт е дека нивната болест го достигна својот врв и многу е жално а не смешно тоа што немаат право да се лечат.
    Јас ги обвинувам оние кои му дозволиле да искочи во јавност и ми пречи тоа што една очигледно ненормална, неприродна и потенцијално ризична работа се смета за нормална.
    На сите ни е јасно дека неговото пласирање во јавност има цел, а оправдување за луѓето што ги користат овие душички за свои лични интереси може да биде само една работа.
    Најверојатно станува збор за луѓе со тешко психичко растројство.
     
    На sweet-star, Abeja, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Susmita

    Susmita Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Jас еве како геј ке ви објаснам некои работи.пораснав во нормална фамилија.хетеросексуална нормално со две сестри кои се стрејт. кога почнаа оние години да имаш симпатија нервоза пред дечко некој мене ми се случуваше нервоза спрема истиот пол и почнав до некаде да разбирам нормално што е работата,сакала или не. ама со оглед на околината бркав и јас дечковци ама сватив дека не ми е едноставно убаво ми беше вештачко и бев затворена се додека не го завршив факултетот и решив да направам отворен муабет со моите дома и да свртам нов лист и да почнам да живеам како што јас сакам. мојот татко секогаш бил ригорозен човек ама собрав храброст некако и му кажав како се чувствувам и он на мое изненадување само ми рече дете мое си нема да те избркам од дома сигурно и сигурно ти не си сакала да биде вака. јас почнав да живеам како мене ми е убаво на мои 25 години без лаги која сум и што сум пред моите пријатели и мојата фамилија. никогаш немам налетано на особа која би ме одбила заради тоа што сум и пресреќна сум заради тоа. сега имам 30 години си имам убава работа опкружена сум со прекрасни луѓе кои не дискриминираат и тоа до некаде ми дава надеж да продолжам со крената глава. искрено никогаш не би чувала дете во заедница со мојата партнерка.доколку јас би решила да чувам дете би го одгледувала сама заради негово добро со оглед на тоа во каква хомофобична држава живеам. тоа го зборам јас што можам финансиски да си го дозволам да бидам самостоен родител за разлика од многу други. тоа ќе значи дека ако се одлучам за дете ке се посветам само на него бидејќи нема да можам и нема да сакам да живеам во заедница со партнерка или пак со партнер (што би било крајно неприфатливо како за мене така и за него,еден вид на лажен живот). до сега сум запознала многу геј особи што се високо респектирани кои се доктори,адвокати,јавни личности,професори,спортисти итн. кои совесно си ја извршуваат својата работа и се прифатени од околината такви какви што се. исто така што се однесува до парадите јас тоа не го поддржувам нит сум била дел од таков настан ниту пак ке бидам.не дека јас се срамам од тоа што сум туку не ја сваќам поентата на тие паради и нивното масивно ширење низ светов ама тоа е секој си има свое гледиште.
     
    На MajklMK, Golden, mimiiiii и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.092
    Допаѓања:
    135.070
    Ти си прва геј девојка која е разумна, дури не ми се верува.
    Целта е да бидиеме исти, не да бидеме поинакви и со тоа да добиваме привилегии, или да бараме привилегии кои не ги заслужувамеоти сме геј или не сме геј.
     
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ете што прави хомо фобијата :!:
     
    На tessie и imelda им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Полошо од тоа што 70 посто се хомофоби е што исто толку се неписмени. Homo sapiens е човек, свесен човек, не хомосексуалец.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Па тоа е поентата штом слушнат хомо одма им асоцира на хомосексуалци.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.