Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Да, МЕНЕ не ми е природно. Јас за МЕНЕ си кажувам.
    Да разграничиме.
    Разликата е во тоа што, тоа дете што е ин витрно зачнато ќе има нормално детство, а тоа што ќе расте со хомосексуалци ќе има трауми ( од навредувања, осуди и тепања во школо)....може по 100тина години ќе биде нормално и кул да се има двајца родители од ист пол, па лесно ќе бидат прифатени и нивните посвоени деца во општесетвото, а сега реално само на душа ги земаат.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    Немој со вакви претпоставки, таман мислев озбилно ќе дискутираме.
    Како знаеш дека од ин витро детето ќе има нормално детство? Може таткото ќе се пропие, мајката прокурва, и ете ти нормално детство. Може двајцата ќе умрат во сообраќајка. Може ќе го малтретираат. Не знаеш.

    А што се однесува до школото и малтретирањето во него, ете сама си кажа. Треба ние да се смениме, а не да им браниме на хомосексуалците да живеат како што треба. Ние сме криви. Општеството е криво. Ние сме тие што треба да се смениме и да ги прифатиме.
    И сега не ги земаат, во нашава земја не постои истополов брак, а не па посвојување на дете ;)
     
    На Lolo5, MajklMK, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    не познаваш некој шо лошо ги третираа ???? па буквално секој втор мрази такви луге.Уште кога ке слушнеш зборот педер дека го користат за да те навредат се ти станува јасно.
    Еве нека се фанат две машки и нека шетаат по улица и шо ке биде ? Лугето така ке си минат како ништо да не е или сепак ке се смеат и ке дофрлаат навредливи зборови.
    Уште коа државата ги мрази шо очекуваш за народот
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Голем дел од мажите ги презираат хомосексулаците и тоа нарочито мажи хомосексуалци, не жените, а тоа е резултат на тоа што на тој начин како да им се одзема машкоста и она што претставува еден маж во релацијата маж-жена. А каде виде ти хомосекцулаците дека државата ги мрази, како се обесправени извини, ги бркаат од работа, немаат право на здравствено осигурување, на што немаат право како и сите луѓе???некако се ми оди и ми се чини привилегија ќе биде да си хомо не straight. Е, само за посвојување на деца се крши копјето ама средината е таква некогаш бесмилосна, дури и децата со еден родител се третираат од самите деца поинаку некогаш. А државата ги штити на тие паради, чист циркус мене ако ме прашуваш. ЈАС СУМ ТОА ШТО СУМ КОМУ МУ ОДГОВАРАМ И МЕ САКА И ПРИФАЌА КАКО ТАКВА СУПЕР, КОМУ НЕ, ПРИЈАТНО БРЕ,нема потреба од глупости по улици или на телевизии и на крајот од краиштата па, ни хомосекцулаците немаат право со сила да се наметнуваат, а медиумските кампањи се баш тоа.
     
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно.... и зборот плавуша го користат за да те навредат, па сеуште се фарбаат плави, и зборот црнец, ѓуптин итн го користат за да те навредат... никому ништо... зборовите идиот, дебил итн се вистински психички состојби кои се користат во медицината за одредени групи на луѓе, па ние ги користиме за навреди... зборовите крава, овца, пес, кучка, вол... се користат за навреда, а животинчињата не се виновни, а да речам без повеќето од нив нема ни да може да се живее.
    Некого го навредиле дека е педер, мене ме вреѓале дека сум ниска, некого го вреѓале за кривиот нос, клемпавите уши, дебелината, за облеката, националноста итн итн итн. Дури има луѓе на планетата ќе има и вреѓање. Ако те вреѓаат дека си геј, да не беше геј ќе те вреѓале за нешто друго. Абе кој со кој сака нека си општи и нека си ужива... Права многу немаме ни ние хетеросексуалците, очигледно.... за вработување сакаш биди геј, биди стрејт, ако немаш врски џабе ти е. И за други работи е тешко на сите, не само за вработување.
     
    На Lolo5, tessie, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    Имало многу случаеви кога некој е отпуштен од работа заради тоа што бил хомо.Имам слушнато и случај кога некој го избркал станарот кој живеел во негов стан под кирија само затоа што е хомо.
    Што и да кажете не го менува фактот дека ние Македонци сме еден од најлошите народи во светот.Повекето од овие што на форумов пишуваат ''не ме интересира,нивни живот'' не го мислат тоа.Да видат барем малце исфеминизирано машко одма се дофрла ова жена ли е. Иначе незнам што толку ви сметаат парадите ? Ви штетат ? Ти прават некој промени кај тебе и кај другите ? Не.Епа нели нивни живот и што сакаат нека си прават
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Ах, пак полемика ама ок ... вака, фемизирано машко е друга работа,тебе глумциве што се геј ти личат на фемизирани момци мене не ми изгледаат дека се со вишок женски хормони. Како сакаш средината да ги прифаќа ? како средината ги прифаќа децата даунчиња ? како прифаќа се што е различно дури и по размислување од мнозинството??? Тие луѓе се аутсајдери било и ќе биде, тоа ни е во гените. А за бркање од работа,е, да имало таков случај ќе беше медиумски покриено и тешко на тој што би направил такво нешто, медиумите партал би го сториле иако можеби бркањето не би имало врска со сексуалната ориентација. Бркањето од стан е личен избор на сопственикот може било кого што не му одговара да го избрка. Нашот народ не чини, до некаде се сложувам ама до некаде не, нашиот народ само за сбе не си чини за се друго си е и повеќе од добар и послушен.А парадите ми сметаат затоа што се злоупотребуваат, настрвени луѓе уште да ги малата овие се поголеми жртви да изиграваат, чиста игра. АКо е за тоа ајде и самохрани родители да оформат заедница и на парада, дебелите луѓе и тн. едноставно се што се доживува како неприфатено во општеството.
     
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Да, толку труд, пари, нерви, време е вложено за да се зачне ин витро дете за кога ќе се роди, да биде малтретирано, тепано, бркано, ќе го остават само во подрум да спие, мајка му ќе се курва, татко му ќе пие...ако планирале така да го гледаат немале ни да се обидуваат за дете.
    Тоа е мое мислење и готов крај на приказната. Нема што да ме убедуваш дека ние сме криви т.е. општеството. Ако било нормална, природна работа тогаш и браковите и посвојувањата кај хомосексуалците ќе беа дозволени насекаде по светов уште пред неколку векови, немаше да се крева никаква прашина околу тоа...ама ете, не се дозволени ни ден денес.
    Нормално сите како живи разумни суштества би требало да имаме исти права, и сите кои мислат дека правата им се загрозени треба да си се борат...
    Нека се борат за своите права, и нека им дозволат и бракови да склучуваат и деца да посвојуваат, мене ништо не ми смета, пошто јас ги гледам сите како ЛУЃЕ а не како хомо, хетеро, метро...само го кажав моето мислење (дека според мене не е природно) и немора во круг да се вртиме. :)
     
    На Emili12321 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    Абе се се може. Јас знам еден ваков пример, само не сакам генерализации, ама во име на муабетов морам да го спомнам. Станува збор за мои роднини. Едвај остана жената бремена со близнаци, ин витро. Мажов ептен некако незаинтересиран беше, и во седми месец бременост, на мртво ја претепа женава. Башка, откако се родија близнаците (предвреме), ја напушти, уште мали бебиња беа. Плаќа алиментација, ама не сака ништо со нив. Знаеш што и рече еднаш кога го праша зошто не сака комуникација со децата? - Ти сакаше деца - ете ти ги, чувај си ги.

    Пред 100 години, беше нормално да имаш роб црнец во Америка, а жените немаа право на глас.
    Денес тоа не е нормално.

    Општеството се менува.

    Ако не сакаш да дискутираш не мораш, не може некој со сила да те натера.
    Секако, и мене има работи кои не ми се допаѓаат, ама никогаш нема да посегнам да ускратувам нечие право да се изрази. Во тој поглед најчесто го споменувам својот став према религиите - не се природни и се само угнетувачки систем според мене - ама немам право никому да ускратам во што сака да верува. Јас можам едноставно, ете, да не живеам како нив :)

    Поздрав :)
     
    На Lolo5, MajklMK, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    камо сите да размислуваа како тебе:)
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ако размислуваа сите исто нема да е интересно.
    Мора да постојат различни, спротиставени мислења за да се случува нешто...инаку се би било монотоно.
    Мора некој да се бори, некој да забранува, некој вака да мисли, некој така да мисли, за да функционира светот :)
     
    На Lolo5, MajklMK, jelena.rozga и 2 други им се допаѓа ова.
  12. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Хомосексуалци.. Сега се се почести и почести. Сите сме луѓе, можеби некого не го сакам и го игнорирам но не можам да мразам некој сто е најпрво ЧОВЕК како мене. Иако сум најмногу против хомосексуалците, сепак секој има право да го одбере начинот на кој ќе си го живее својот живот. Животот е само мој, јас одлучувам за моите постапки, одлуки, права. Јас да ја водам државата, ова би го забранила. Против сум геј браковите, Бог не створил онакви какви пто сме, карактерно и физички. Никако не треба да бегам од себе напротив да се гордееме самите на себе.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    Знаеш колку си контрадикторна, нели?
     
    На Lolo5, MajklMK, jelena.rozga и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Фала за петте минути смеа. :rofl: "Ај ем д бест, фак д рест" финтава. :rofl:

    Едно ќе ти кажам: Ако ги почитуваш другите, "круната" нема да ти падне. ;)


    Едит: Нешто ко за темава.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 12 октомври 2015
    На Lolo5, MajklMK, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    прво викаш дека сите сме луге и треба да живееме како што сакаме а после викаш да немаат право на брак ... нели сите сме исти ? (facepalm)
     
    На Lolo5 и jelena.rozga им се допаѓа ова.
  16. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Да, не го плукам тоа што сум го рекла. Секој има право да одлучува за своите идни цели и постапки. Но моето мислење за геј браковите е против но не им се мешам во нивниот живот. Имам свој.
     
  17. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Јес ем д бест. Ги почитувам сите зошто и тие како мене најпрво се луѓе, за Бог сите сме исти.
     
  18. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Ги почитувам сите, го почитувам сечие мислење...
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    А, би им ги одзела правата на одредени. (facepalm) Обиди се да си ја разбереш логикава, веруј у парадокс ќе паднеш.
     
    На Lolo5, MajklMK, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    Па какво почитување е да одземеш нечии права? Де објасни ми го ова.
     
    На Lolo5, MajklMK, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.