Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Не ми е сфатливо тоа што на овие посериозни теми каде што секој има право да си го искаже своето мислење, веднаш по дифолт му го кратите тоа право на оние кои имаат поразлично мислење од вас со тоа што цитирате, се правите паметни и плукате по истото.(facepalm)
    Да не бидам оф топик, да си кажам и свое мислење.За мене хомосексуалноста е нормална работа, бидејки ја имало и ќе ја има.Не е болест, не е настраност и не се лечи, како што некои упорно тврдат.Што ќе лечите?Ајде вас некој нека ве лечи, префрлете се од луѓе со разлчиен пол, на луѓе со ист пол како вашиот.Не бива така?
    Е сеа, и јас не ја прифаќам многу.Јес да, не можеме на никој да му го ускратиме правото да биде среќен и да живее како сака, али мене не ми е тоа пријатно за очи.Маж со маж или жена со жена.Мое мислење.Кога и да видам на тв ми се преврќаат очи, не можам ете таков нагон добивам.Да би сретнала на улица, што тука е многу тешко, не би плукала по нив нормално, али не би ми било ни сеедно, што знам.Како што реков, доколку така се среќни go for it.Не би ми сметало да се легализираат такви бракови(што тука тоа нема да го биде во наредните 100 години сигурно)но строго сум против да посвојуваат деца заради траумите кои ќе ги имаат тие деца тука, во нашава државичка.Исмејувани, вреѓани, тепани, избегнувани.Не, никако.Сеа некој ќе се надоврзи на мубатетот дека едно дете може да има трауми и во стрејт брак,али верувајте не е исто, бидејки вака може да дибие помош и разбирање од многу други, но се додека е дете на геј пар тоа никогаш нема да биде од никого прифатено.
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Ги почитвам правата на човекот, не се обидувам да одземам нечие право!!!
     
  3. Мечето Ушко

    Мечето Ушко Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Се менува формата на општеството, но не и природните закони. Илјада закони да смениш тоа повторно нема да го смени фактот дека две машки не можат да создадат дете помеѓу себе исто како и две жени.

    Најважни закони на природата се раѓање, творење, размножување , продолжување на својата врста и умирање.

    Очајно глупи се примерите во коишто давате пример за насилство во хетеросексуални семејства. Не постои совршено општество и систем, но едноставно начинот на кој живееме сега функционира колку-толку.

    Тие хетеросексуални лоши бракови низ историјата создале и многу генијалци коишто дале неверојатен придонес за цивилизацијата. Хомосексуални бракови и врски не создале ништо, затоа што тие не можат да го имаат тоа природното - да создадат потомство. Тука паѓаат во вода сите тие квази научни обиди нормален човек да го убедат дека хомосексуалноста е здрав чин на секс.

    И, ден денес постои робовладетелство, но тоа робовладелство е софистицирано. Како што кажав се менуваат формите, но не и основата.

    Хомосексуалци постоеле, постојат и ќе постојат. Едноставно постојат генетски мутации коишто не се природни и здрави. Не ги гледај работите низ призма на човечко сожалување и апатија. Денес воопшто не е тешко да потплатиш некого да напише научен труд во којшто ќе тврди дека хомосексуалноста е природна. Тоа се вика лоби. Луѓе се ќе направат за пари, па дури самите себеси ќе се прават глупи и слепи.

    Со тоа што некој ќе го прогонуваш, казнуваш, убиваш нема да ги смениш неговите хомосексуални чувства. Тука апсолутно се сложувам. Апсурдни се такви постапки, но дозволување нивно социјално делување е недозволено, затоа што гледам со свои очи како геј лобито прему медиуми, јавна кампања, вештачко креирани државни закони делува на машкоста кај генералната популација. Се што се појавува на телевизија е креирано со одредена цел и ништо не е случајно.
     
    На Abeja и Daydream им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.683
    Пол:
    Женски
    Добро, добро ... Океј, не ги поддржувате, whatever - ваше. Ама во поќе наврати пробав да замижам на то дека хомосексуалноста е болест“, „генетска мутација“. Искрено за ова сакам доказ зошто ме интересира кај ми отишла едукацијата грешно. Зошто по генетика ги поминав мутациите, на ваков „факт“ не се сеќавам. :shake:
    И се обидувам да сфатам дека уште сите* не сме толку напред за да гледаме пред себе и да не ни сметаат туѓите постапки. Како и да е, ги поздравувам тие кои не се срамат од себе и не се плашат да кажат кои се :clap: Зошто на децата на хомосексуалците ќе им е тешко - ако општеството им го приредува тоа. Кога ќе престани општеството да го приредува тоа? - Кога таквите парови и деца ќе станат нормални.
    Порано и жените немале права, па сигурно неможеле ни мажите да замислат како е тие да имаат права, па додека тие се кренале да ги бараат, имале бариера. И голем дел со нив живеат со тоа, дека жените имаат права, ги поддржуваат, ги сакаат (ама секогаш има исклучоци, се е релативно). Исто е и со ова, десетина години деца на хомосексуални парови ќе бидат малтретирани, омаловажувани, ама ако не се оди на тој чекор тогаш кога? Никогаш? Кога по неколку години ќе се сменат луѓето, ќе се смени менталитетот, ќе бидат растени под различни околности, под различни услови - се менува и мислењето,ставот кон нештото, притисокот ...
    Како и да е, навика на луѓето е да плукаат по нешто што е поразлично, валјда, не знам. Тврдејќи дека е нечовечно, ама како дискриминацијата е човечна?

    *сите = не мислам на МКД, на Балканот, на Европа, на Америка, мислам општо на целото човештво. Морав да разјаснам неќам да бидам грешно сфатена.

    Како и да е, ако немавме спротиставени мислења - немаше да биди ни интересно, ама сепак мислам дека за посериозни теми треба да размислиме малце и за чувствата на луѓето кои ги дискутираме.
     
    На Lolo5, MajklMK, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    Значи зборуваш за создавање потомство.Има милиони хетеро парови кои немаат деца поради различни причини.И дали на тие треба да им забраниме да се земат? Тоа за деца создавање не го мешај оти нивно е дали ке имаат или не.А и додека некој деца го поминуваат животот во домови,сиропиталишта можат да водат нормален живот дали со хомо или хетеро парови.
    Највеке сте против посвојувањето заради тоа што ке било малтретирано.Епа ајде да не ги малтретираме оти за тоа ние сме криви.Зборуваме дека ке бидат малтретирани,кога можеме тоа да го прифатиме и да ги оставиме лугето да живеат како што сакаат.
     
    На Lolo5, MajklMK, ku4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    А кој рече дека е природно двајца мажи, на пример, да родат дете? Сите ние знаеме дека тоа не може. Ама знаеме и за тигрица што посвојува антилопче, иако природата и налага да го изеде.

    И второ, не знам што е проблемот во нивното социјално делување? Ќе преобратат некого? Мене на пример, многу ми е пострашно детето да ми гледа сиријци (и не коментирам натаму за нивната проблематика) кои бегаат по шини, да гледаат гладни кучиња по улица и баба им да гледа турска серија каде што протагонистот е 15 годишно девојче кое е силувано и трудно, него да гледам океј геј пар кој чува дете.
     
    На Lolo5, MajklMK, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    Ако ја водиш државата, ќе забраниш гејој? You don't say?
     
    На Lolo5, tessie и jelena.rozga им се допаѓа ова.
  8. Мечето Ушко

    Мечето Ушко Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Не мешај исклучок од правило. Исклучокот секогаш се возвишува и фаворизира, затоа што човекот има хормон кортисол ( хормон на стресот) и хормон окситоцин ( хормон кон промовира поврзување и идентификување).

    Зошто на телевизија секогаш гледаш среќни геј парови, а од друга страна злобни хетеро луѓе? Како медиумот делува на мозокот и неговата работа ќе ти пренесам едно истражување:

    "Нашите резултатите откриваат зошто во рекламите за тоалетна хартија има кутриња и бебиња. Истражувањето покажа дека огласувачите користат слики кои прават нашиот мозок да создава повеќе окситоцин и со тоа да создадат поголема доверба кон производот или брендот," објаснува професорот од Клермонт Универзитетот, Пол Зак.

    Што е проблемот во нивното социјално делување? Доволно е да прошеташ по некои европски држави во коишто хомосексуализмот е веќе инстуционално реализиран. Таму машките последните 20 години се толку демускуларизирани и исфеминизирани што и најтврдоглавите феминистки си го поставуваат прашањето “ што се случи со нашите мажи“.

    Сакаш да кажеш дека серии како “ Сексот и градот“ немаат инпакт врз младината и нивниот начин на размислување и живеење?
     
    На Daydream и Abeja им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Да си го надополнам претходното мислење на темава, бидејќи меѓу другото беше пишано во новоотворена тема, а потоа едитирано и префрлено овде.

    Хомосексуалноста е природна, од аспект што таа се јавува во природата - не е исклучиво човечка појава или резултат на општеството, таа се среќава и кај животните.

    Од друга страна, би можело да се рече дека хомосексуалноста не е природна, бидејќи основната цел на секој жив организам е размножувањето, а со хомосексуалноста ова не може да се оствари.

    Меѓутоа, вториов став - дека не е природна - би можеле да го дискутираме доколку со свеста би биле на некое животинско ниво, и кога навистина единствената цел во животот би ни бил оставање на потомство.

    Но, човекот е животно со развиена свест - со свои желби, цели и соништа. Потомството можеби (т.е. најверојатно) е една од нив, но во никој случај не е единствената.

    Има и многу хетеросексуални луѓе кои се стерилни или не можат да имаат деца од некоја друга причина. Дали на тие луѓе треба да им кажеме дека нивното постоење не е природно, бидејќи природата им го ускратила правото на размножување?

    И посвојувањето деца не е „природно“ - од аспект на природата (гените, животните, сеедно) нема ништо природно во тоа да се грижиш за и да одгледуваш туѓ генетски материјал. Ама, ете, сепак многу луѓе го прават.

    Муабетов ми е, се надевам дека како човечки суштества сме еволуирале над нашите основни анимални потреби и нагони, дека во животот гледаме и нешто друго освен потребата за размножување и продолжување на видот. Ако не сме, тешко нас, богами.

    ***

    Многумина тука се изјаснија дека се против посвојување на деца од страна на геј двојки, бидејќи ќе биле малтретирани и исмејувани од страна на средината. Искрено, мило ми е ако вашата загриженост за детството на овие деца е едиствената причина што ова ви смета.

    Ама, да бидеме реални - ако зборуваме за Македонија (а еве, да зборуваме, хипотетички), посвојувањето на деца е нешто што би било последен чекор во еманципирањето на геј заедницата, а не нешто со што уште утре ќе се соочиме, па сега да се секираме за тие деца, зашто ние како општество и средина сме назадни.

    Прв чекор би бил геј луѓето да бидат прифатени од средината, пријателите и семејството. Значи, едноставно да можат слободно да се изјаснат за својата сексуалност и притоа да не наидат на осуда, туку на поддршка.

    Потоа, откако да бидеш геј веќе не би претставувало срам, брука или сензација, туку нешто нормално - дури потоа би дошла легализацијата на браковите.

    И тек на крај, откако и на геј-браковите не би се гледало како на ванземаљци, туку на нормални луѓе и парови, тек тогаш би можело да се дискутира за нивно посвојување на деца.

    Што значи, ова е долготраен и макотрпен процес, во кој освен еманципирањето на геј луѓето, е потребно да се смени целокупната општествена свест на нашиов народ. А ние сме многу далеку од сево ова. Далеку сме уште и од првиот чекор - човек да може слободно да се изјасни дека е геј, без да биде осуден и отфрлен, дури и од најблиските. За другиве работи нема ни што муабет да се прави.
     
    На Lolo5, MajklMK, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.941
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ? Јас сум за да им се даде секакво право и тие се луѓе и заслужуваат се исто како и ние немам ништо против тоа
     
    На Lolo5 и Emili12321 им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.819
    Јок, јок Ушко, уште претходно кажав дека не сакам споделување на поединечни приказни и случаи, ама, искрени да бидеме, за оваа проблематика сеуште не сме имале прилика да направиме подетална студија. Еве Америве почнаа да попуштаат, за едно 20 години ќе видиме дали тоа имало позитивно или негативно влијание на општеството.

    На телевизија не гледам ништо :) Ама знам (и познавам) и злобни и добри гејој и злобни и добри стрејтој ;) Добрината на човекот, и генерално неговиот карактер, нема ама баш никаква врска со неговата сексуална ориентација.

    Што се однесува до болдот, па можда е до мене, ама при живеењето на американскиот континент во средина во која немаше некое табу околу хомосексуалците и беа прифатени нормално, не приметив околните мажјаци да бидат нешто феминизирани. А башка, не гледам ништо лошо во напуштање на традиционалните машки карактеристики, ама пак викам, зборам за мене.

    Сакам да кажам дека луѓето го читаат и гледаат тоа што им се сервира.
    Или мислиш дека христијаните се христијани од роџење? Не, тоа средината ти го сервира, колку ќе влијае на тебе, толку ќе прифатиш.
    Како и се останато.

    На пример, мене дома ме учеа да ги сакам сите, луѓе, животни, ама имам другарка која има фобија од мачки. Guess what? И мајка и, исто така, има фобија од мачки.

    Искрено, јас се прашувам што се случува со мозокот на многу жени околу мене, дал природно се толку ограничени, дал она што телевизијата им го сервира ги направило такви - тоа не значи дека ќе им забранам да гледаат турски серии, од страв да не опнат шамија на глава, па да се прашуваме што се случи со нашите жени.

    Јас сум тотално либерална во тој поглед, секој нека прави што му чини. And if you don't like it, сврти поглед на друга страна, оди си, реши си го проблемот.
     
    На Lolo5, MajklMK, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Хомосексуалноста одсекогаш постоела и ќе постои, без разлика дали имаат право на брак и посвојување деца.
    Право на брак треба да се дозволи зашто нема причина да не биде така,а и односите ќе им бидат правно регулирани. Исто така и посвојувањето на деца.
    Еве зашто
    1. Има илјадници деца кои живеат по домови и никогаш не живееле со семејство кое ќе ги сака
    2. Тие деца нема по дифолт да станат хомо, затоа што хомосексуалците се 99 посто растени во хетеросексуални фамилии ( таков се раѓаш )
    3. Истите тие ,, добронамерни ,, луѓе кои се загрижени за тоа дека комшиите и другарчињата ќе ги зезале, се истите тие комшии и родители на тие деца !
    4. Мешањето на педофилијата си хомосексуалноста е дебилизам, така да децата се исто загрозени како оние во хетеро семејствата ,ако не и повеќе ( според последниве случаи годиниве ).
    5. Подобро е да се живее во функционално хомо семејство, отколку во дисфункционално хетеро семејство.

    Ако нашиов народ повеќе се фокусираше на борба против битни работи и ,, табу,, теми (страшно во 21 век сме !) како педофилија, силување, домашно насилство ,а не на небитни работи кои не зависат од него и не го ни засегаат лични и не го повредуваат, можеби и ќе не бидеше држава.
     
    На Lolo5, MajklMK, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    дали мене ми се чини или женските се повеке за хомосексуалците да добијат права ? јесте има и машки што ги поддржуваат ама многу поретки се.
     
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624

    Живееме во општество каде што подржуваш нешто само ако и ти си тоа или лично те засега, затоа што ни фали емпатија и соочуство кон другите.
    Затоа мажите во помал процент ги подржуваат хомосексуалците, а уште помал број тоа јавно го кажуваат - оти автоматски и тие би биле дискриминирани како хомо.
    Се удира на нивната ,, машкост,, наметната од општеството, но тоа е веќе друга и мноооогу посериозна тема, која е основа на сета нетрпеливост и агресија.
     
    На Lolo5 и MajklMK им се допаѓа ова.
  15. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    мене лично ми е многу банално кога ке слушнам некое машко како вика ми го срами полот.
    Ако тоа е за срамење (а не е) единствено посрамотен треба да биде хомосексуалецот бидејки тој нема никаква врска со другите.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  16. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    Луге ако не сакате хомосексуалци тогаш не бидете.Ама не им го кратете правото на другите.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624

    Па технички, не му го срами полот ( и двајцата имаат пенис, нели ), туку сексуалната ориентација ( кој пол ги привлекува ). Тоа се сосем различни поими, но недостатокот на образование си го прави своето. И секако не е срамота ,но тоа го наметнува општеството, кое многу други сериозни работи ги крие под чергиче.
     
    На Lolo5, theowndemon и tessie им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624

    Хомосексуалец неможеш да не бидеш ако не сакаш. Или си се родил таков, или не. Тоа е тоа. А правото не им е скратено,оти не го ни имаат,реално гледано. И сепак, хомосексуалноста сеуште постои и ќе постои оти тоа е природа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    Ќе кажам вака.Човекот постоел милиони години наназад.Луѓето се парат со машко и женско.Ја подржувам хомосексуалноста до некои граници.Во последниве години низ светов (читај Америка) секој втор е хомосексуалец.Точно,во секои општества има исклучоци,ама не и цело општество.Не е исто тоа ако сега е ин некоја мода да ја носеш оваа ташна и ако сега е ин хомосексуалноста да бидеш хомосексуалец.Наречете ме заостаната или како и да е не ми смета.Ова е мое мислење.Имав порано напишано дека ги подржувам.Ги подржувам ама луѓе во граници.Иако Америка се смета за една од најголемите светски сили не можеме а да не негираме дека воедно се едни и од најглупавите луѓе на светов.Ни ние Македонците не сме далеку,ама имаме граници.Тука секој втор не е хомосексуалец поради тоа што е мода.Но луѓе,чекајте.Јас сум далеку од тоа дека тие требаат да посвојуваат деца.Како што на едно дете му е потребна фугура на мајка така му е потребна и фигура на татко во семејството.Двајца мажи или две жени не можат да посвојат дете и да го чуваат под нормални услови.Не бива.Признаени се многу права на хомосексуалците,ама мислам дека во последно време почнаа многу да се занасаат.Бараат се повеќе и повеќе.И тие се луѓе како нас,тоа што се хомосексуалци не и дава право да баарат поголеми права од нас,под изговор дека не се прифатени од околината и дека се посебни.
     
    На Иван404 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.099
    Пол:
    Женски
    ^ а кои се тие поголеми права што ги бараат од останатите?
     
    На Lolo5, tessie, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.