Што подразбирате под "хомофоб"? Мене припадниците на ЛГБТ често ми велат дека сум хомофоб само затоа што не се сложувам со нивните убедувања
Па кога го наречеш ЛГБТ движењето убедување, автоматски си хомофоб. Не е убедување и не е избор, кога ја направиш таа разлика нема да бидеш хомофоб.
Хмм тогаш и моето убедување не е убедување, туку апсолутен став, а ти си хетерофоб! Инаку не го нареков ЛГБТ движењето убедување, ама тие и те како имаат низа убедувања кои сакаат нетолерантно да ги наметнат врз секое живо суштество на планетава. Биди си хомосексуалец или подржувај ги хомосексуалеците, али не ме терај и јас да се сложам дека хомосексуалноста е океј и нормална работа.
Болест, хормонално пореметување, неприродна појава или како сакаш. Со неколку збора тоа е. Ако не сакаш понатаму да се заинтересира на таа тема кажи му ја вистината, јас ако имам мои деца вака би им објаснил наједноставно. Разбирам дека тоа не е избор но има лек за тоа и сметам дека треба да се излечат наместо да ги учиме нашите деца да им се восхитуваат и подржуваат.
во денешно време не верувам дека сите гејчиња се 'болни'. не знам мене ова на помодарство почна да ми личи. може грешам, не знам..
Хомосексуалноста не е избор. Кога си ги оставиш да си бидат хомосексуални и не ги убедуваш дека нешто со нив не е во ред, тогаш нема да бидеш хомофоб. Живеј си го животот како хетеросексуалец и не им се мешај во креветот Како хетерофоб Реков некаде дека да бидеш хетеросексуалец не е во ред и е убедување? Не е убедување, состојба е, исто како што е и хомосексуалноста.
Хомофоб не е добар термин, но за жал нема друг. Не се плашите вие од ништо туку сте на исто рамниште со расисти, сексисти и националисти, само што наместо наведените работи, мразите сексуалности. Ако ве навредува таа ,,титула", тогаш можеби би сакале да ја промените.
Ги оставам ја и не им се мешам у креветот, скраја да е. Ама тие не ме оставаат и со сила сакаат да ме убедат дека хомосексуалноста е нормална. Па уште сакаат и во учебниците тоа да го пишува, и моето дете да учи дека хомосексуалноста е ок и нормална. Ма дај ти се молам, не биди хетерофоб.
1. Влези во темава, на онаа како би реагирале ако детето ви е геј и уште некоја на оваа тематика 2. Горе во пребарување во „испратено од член“ пиши Vitaly, carangigia, Abeja, Petra777, Jacques, HUNK (може и од банирани да се гледа) и уште некој 3. Види мислењата, енд... вуала А сеа друга опција актуелно ти е темата за серијата Фамилијата Марковски со некои мислења, или уште бетер - некои коментари (обично од луѓе со знамето на Вергина и слично на профил) на нивниот фб сајт. И ете ти егземплифицирана дефиниција Ај сеа сериозно (не дека и ова горе не е баш сериозно и вистинито, али ај)... Хомофоб (за мене) е човек што мрази, се гади и е склон дури и кон насилство (макар и да помисли на тоа) кон хомосексуалци. Не ги прифаќа како еднакви на себеси. Убеден е дека всушност и не постои сексуална определба како поим што означува нешто вродено, и смета дека сето тоа е помодарство, западна измишљотина и тотално неморално и изопачено. А најлошиот тип се оние што (тврдат дека) дури и за сопственото дете кога би дознале дека е геј - би се откажале од него, би го исфрлиле или би кренале рака на него
Ова сигурно си го прочитал исто ко и мене на некој квази македонски портал, кој немал што попаметно да пише тој ден. Се надевам дека не го делиш истото мислење ко некои што имаа коментирано дека децата ќе им станеле хомосексуалци затоа што ќе учеле за тоа. Патем, отсекогаш се учело за тоа по психологија, ама кој ќе сфати... Кога професорката викаше прифатете ги луѓето кои се различни од вас, не мислеше само за бојата на коса, или очите. И да, смешно е да кажете во држава ко нашава, каде што се осудува за сè и сешто, дека некој е хомосексуалец поради мода.
Фала на исцрпната дефиниција. Епа вака... 1. Не мразам хомосексуалци. 2. Не ми се гади од нив. 3. Не сум склон кон насилство кон нив, ни кон никој друг. 4. Ги прифаќам како луѓе, еднакво вредни како мене. 5. Не сум убеден дека хомосексуалноста е западна измишљотина, ја имало и ја има насекаде. 6. Сметам дека е неморална како и сите останати гревови и дека е изопачување. Сепак тоа е мое убедување за хомосексуалноста и не им судам за тоа, ниту пак би барал нивно линчување или сл. Има хомосексуалци кои тврдат дека верувањето во Бог е забегана работа, па сепак не сум ги нарекувал Богофоби Едноставно тоа си е нивно убедување и им дозволувам да имаат различно убедување за верата во Бог. Тоа се вика толеранција, вистинска ТОЛЕРАНЦИЈА. За жал овој поим е непознат за припадниците и лобистите на ЛГБТИ движењето. 7. Не би се откажал од сопственото дете ако ми каже дека е хомосексуалец/ка. Не би кренал рака на него/неа. Не би се откажал и ако дознаам дека е алкохоличар, наркоман, зоофил, педофил, склон кон насилство, склон кон блудство или прељуба. Не би се откажал од него дури и ако ми каже дека ја изварал жената и спиел со 3 други жени или 3 мажи. Едноставно дете мое е, ќе дадам се од себе да му помогнам. Според твојата дефиниција и моите одговори, @Someonespecial дали сум хомофоб?
Се читаш ли, човече? Едно е да зборуваме за врска меѓу две согласни лица а тотално друго нешто е педофилијата\зоофилијата каде што единките се немоќни да се одбранат. Не знам по какви принципи во животот се водиш ама мора да си еднакво изопачен како и предаторот за да браниш вакво нешто, па дури и да ти е дете. Не, не си хомофоб... само имаш далеку посериозни проблеми со самиот себе.
Јас мислам дека човекот по раѓање е табула раса и се формира преку искуства воспримени од околината (тука спаѓа и сексуална определба). А сосема сум ОК кон геј-бракови и посвојување на деца од нивна страна.
Океј, фала ти и на тебе на одговорите Не знам како би го дефинирала и одредила со некој поим твојот став на темава, можеби хомоскептицизам (ако постои таков термин?) и конзервативност кон оваа популација поради религиски причини. Несомнено си далеку од луѓето ко овие што ги спомнав, не е кај тебе омраза во прашање, плус и она петтото е битно дека бараташ со факти, не си со глава во ѕид наспроти фактите како многу конзервативци што се на оваа тема. Но тоа не значи дека се согласувам со тебе... Поточно, не се согласувам со тоа дека е изопачување и неморалност. Лично, не сум била никогаш многу религиозна, сега може да се каже дека во сум неопределена или агностик, но сметам дека ниту според религијата не треба да се смета како такво. Не знам со какви конкретно личности од ЛГБТИ популацијата или активисти за нивните права си имал такво искуство (тоа со споредбата со Богофоби), но не треба да генерализираш. Далеку е од тоа дека сите што се залагаат за правата на хомосексуалците, што превртуваат очи на навистина закоравени хомофоби полни со омраза (including me) и самите припадници на ЛГБТИ популацијата – се луѓе што не почитуваат религија и верници и ги карактеризираат како забегани. Напротив, има и многу од двете категории што самите се верници, и според мене сексуалната ориентација/поддржувањето на човековите права на луѓе со поинаква сексуална ориентација – не ги прави помалку верници. Друго, за твојот последен одговор, те молам немој сите овие работи да ги ставаш во ист кош со различна сексуална ориентација. Алкохоличар и наркоман се уништува свесно самиот себеси, а со потенцијалната агресивност и сите последици и многу луѓе околу него. Со прељубата и изневерувањето повредува емоционално друга личност, можеби и деца и цело семејство ако има. Со насилство повредува физички, а за зоофилијата и педофилијата не сакам ни да коментирам колку се баш исклучиво такви појави одвратни и изопачени за мене – искористување невини суштества без нивна согласност. A хомосексуалците како возрасни, свесни луѓе стапуваат со меѓусебна согласност во врска и во односи со друга возрасна свесна личност, без да повредуваат никого притоа. Знам дека најверојатно ти беше целта да набројуваш екстреми како споредба, но сепак боде очи. Е така
@EvAngelos Ако навистина си не прифаќаш гејови само од религиски причини, тогаш навистина немаш причина да бидеш хомофоб, а сепак упорно си. Имено, во Библијата има само еден цитат во кој јасно се зборува за хомосексуалност. Многу јасно и едноставно. Сепак, имам читано толкувања во кои се зборува дека еврејскиот збор за male или man во некои верзии може да биде преведен не како маж, туку како дете. Така што, не е баш јасно што сакал Бог да каже на прв поглед, сети се на целата работа со тетоважите. Друга работа, многу поважна, во Библијата има директна забрана да се носат два различни вида материјали на облеката, сепак тоа скоро ниеден христијанин не го почитува. Не бидејќи не знаат, туку и да знаеја, немаше да го почитуваат ова, бидејќи не е практично. Има уште вакви помали и поголеми закони и забрани кои вие одбирате да не ги почитувате, затоа што не можат да се применат во практика. Тогаш, ако навистина како што кажа немаш ништо против хомосексуалци, зошто повеќесмислените и како што гледаме, не толку важни закони од Библијата те тераат кон неприфаќање? Дополнително на ова, ти си христијанин и како таков треба по дифолт да ги сакаш и прифаќаш сите луѓе, а не пред да размислиш дали ќе ти се допаѓаат да ги поминеш низ листата на гревови од Библијата. Ако не се лажам, тоа не е твоја работа, туку Негова. Твоја должност е да го сакаш и грешниот и да не му судиш. Пред да кажеш дека не судиш, судење е да следиш дејство на некој човек и да кажеш еј, овој греши. Ти токму тоа го правиш кажувајќи дека хомосексуалноста е грев. Те молам кажи ми како бараш некој да ја толерира твојата нетолеранција? Тоа директно се спротиставува на логиката. Немој да речеш дека ти ги толерираш, бидејќи да му кажуваш на некој дека ќе гори во пеколот не ми личи баш на толеранција.
Во поглед на сексот не е табула раса, чоекот се раѓа со комплетен сет полови органи, жлезди и соодветна мрежа во мозокот. За размножување и тие ствари Хомосексуалците се минорен процент од населението, иако медиумската врева и погодноста на таа ситуација за препукување како високо наелектризирана тема каде што ставовите се обично крајно спротиставени дава илузија дека на секој чекор има гејеви, па така рандом kjoseto се тресе во очекување ЦИА да му ги пропедерчи деците и за да ja sotre semkata makedonska ...
Реално, не ги знаев ни правата, ни предизвиците со кои се соочуваат се додека не бев на еден семинар летово во Грција. Дури се зезав за многу работи поврзани со темава со девојкиве од Македонија, кажете кои ми се цимери дали треба да се пазам од нив. И ми се налутија првиот ден, се додека не сфатија дека на моја сметка се зезам повеќе. Пред да одиме требаше да истражиме каква е состојбата во нашите држави и преку интернет дознав дека сме меѓу најхомофобичните нации во светот. У тоа време беше парадата во Солун и ние бевме поделени во групи и работевме на видео, радио, театар на нешто поврзано со темава. Се паднав во групата за радио и требаше на парадава да праиме интервју со луѓе шо би ни збореле за својата приказна. Мене ми беше непријатно да прашувам луѓе за приватен живот, нема везе дали биле стрејт или не и решив да дадам интервју како јас како стрејт личност гледам на нивните права општо и да спомнам еден личен пример кога на моите не им кажував за девојката, а кога на татко ми му кажав дека сум спиел во стан кај цимер од претходниве години, се изнервира и ми го зема телефонот и почна да ми чита пораките, за кога виде дека се договарам со девојката да се насмее и да ми даде пари Замисли да бев геј или би, ќе ме утепаше. Али имаше луѓе шо не им беше срам да прашуваат луѓе, па и свештеници, луѓе шо знаат дека се хомофоби и шо може да реагираат насилно и напраивме неверојатна радио програма од 50тина минути посветена на парадата у Солун и лични приказни на некои од интервјуираните. Бевме и на парада, до последен момент се двоумевме со една девојка дали да одиме али сепак отидовме Од учесниците не ми се свиѓаше, ептен навлегување у детали, како почнал да си продава тело коа имал 18 години и сеа ова го кажува пред сите, мислам која е поентата, како е ова поврзано со темата? Имаше едно аудио, баш кога не поделија у групи се викаше my first partner и типот почна у детали да збори, ама она да ти се згади и си станав напуштив просторија, викам која беше поентата на ова, знае некој, шо е следно, порнич? И ден денес не ми е јасно. Друго шо не ми се свиѓа е тоа јавно лапање, дури и машко женско да е, не у јавност. Генерално ок беа луѓево, многу креативни, ова ми е втор најдобар семинар од преку 15, ете дознав и за Македонија и нивните права.
Хомосексуалците немаат никакви права во оваа вукојебина ! Ги подржавам целосно , имам пријатели што се геј и со нив сум договорена кога ке има парада на гордоста во скопје ке одам да им изразам подршка