1. Јас ги сакам и прифаќам гејовите како и сите луѓе. Нз од кај ти е идејата дека не ги прифаќам. 2. Моите несогласувања со ЛГБТИ пропагандата не се мотивирани од религиски причини, туку од здраво-разумски причини. Не ми треба Библија за да знам дека е нормално клучот да го ставиш во бравата за да ја отклучиш, а не бравата да ја отклучуваш со друга брава и сл.
Да си живеел во општество каде би те воспитувале да бидеш геј/асексуалец/педофил/зоофил/и т.н., тоа ќе си станел.
Ова кажува доволно. И самото тоа што тебе ти е загрижувачки дека некој транс маж ќе влезел во исто вц со твојата ќерка и одма автоматски ќе ја силувал, и тоа кажува дека само пропагандно ги мразиш, без разум. Затоа што женско не би можели сексуално да ја вознемири твојата ќерка, нели? ЛГБТ не значи лошо, неморално или извитоберено. Не можеш да споредувап ЛГБТ со силувачи, педофили и убијци. Да, хомофоб си, а штета е затоа што си интелигентна личност. Со сила се правиш дека не разбираш и чекаш да ти се докажуваме. Пропаганда Од сите луѓе баш ТИ за пропаганди ќе зборуваш?
Уште подобро штом така. Значи тие не повредуваат никого и не влијаат на никаков начин на твојот живот, но ти не би им дозволил да склучат брак и да посвојат дете, ако дојде до тоа да треба да се гласа. Нормално не сакам како поим да го употребувам, бидејќи е опасно променлива работа која сами ја дефинираме. Да не беше природно, немаше да се појавува во природата. Изопачено, пак не е, единствен секс кој е изопачен ако може така да се нарече е неконсензуален секс. И јас пак не сфаќам зошто си хомофоб, бидејќи ако не е од религиски причини мора да е од омраза слична со расизам. Или од неедуцираност, во краен случај. Ама барем кај тебе, не е ова.
Кога сме кај права за хомосексуалците појма немам кои им се. Ниту па искрено ме интересира. Немам ништо против нив. Иако сум израсната во средина каде што ме учеле дека тоа не е природно и не прифатиливо сепак ги прифаќам луѓето такви какви што се. Дури и имам другар кој што е геј. Значи дечкото е нај нормален, паметен, згоден. На почеток кога го запознав дури и ми се свиѓаше хахаххахаха Од после дознав дека е геј ама сеуште имам позитивно мислење за него. Он уствари никогаш не зборува со друштвото на таа тема. Мислам дека и партнер има го познавам и него и 2цата се етпен фини и културни. Никогаш ништо немаат во јавност направено. Е единствено што сум против е посвојување деца во хомосексуален брак. Не знам тоа не можам да го прифатам кој колку сака нека ми докажува.
На интелигентните луѓе им доликува да имаат свој став, а да го почитуваат различното мислење и не се трудат да го наметнат и да ги присилуваат сите останати да го имаат нивното мислење. Интелигентните луѓе не ги етикетираат сите кои различно размислуваат од нив. Штета што лобистите на ЛГБТИ прават се спротивно од ова. Штета. Не сум хомофоб. Немам ни ронка фобија од хомосексуалци. Едноставно сметам дека хомосексуалноста не е нормална, дека е изветоперување на сексуалниот нагон. Имам право на таков став? Ќе ми дозволи ли твојата широкограда толеранција таков став? А за тоа дали е неморална, хмм нели треба прво да дефинираме што е морал и некакви морални стандарди?
Ако се гласа, би гласал да им се дозволи да си склучат некакво граѓанско партнерство, но да си смислат некое покреативно име од „брак“, од едноставна причина што зборот „брак“ е резервиран и означува заедница помеѓу еден маж и една жена. Не може јас да измешам портокал и вода и да го наречам тоа фанта нели? Хомосексуалците што ги познавам се доста паметни и креативни луѓе и сигурен сум дека можат да смислат некој подобар и помодерен збор од старомодниот збор „брак“, освен се разбира доколку претендиозно не сакаат да го користат истиот збор. А за посвојување деца, тоа е малку поширока тема. Не се само хомосексуалните заедници нездрава средина каде би се развивало едно дете. Јас би бил против и многу нормални брачни средини да посвојуваат деца. Каков е тој неконсензуален секс?
@EvAngelos сексуалноста е дел од човекот, не е нешто некоја лоша особина која ќе решиш да ја промениш. Пет годишно момче вика на мајка му дека Марко му е симпатија. Дали некој му го испрал мозокот на тоа невино, нерасипано мозоче. Каков неморал направило тоа 5 годишно детенце?
Пет годишно дете има симпатија и за тебе тоа е нормално? И што ти е поентата, дека децата се раѓаат совршени и не може да се роди дете со некакви вродени нарушувања, болести, генетски мутации и сл?
На 5 години кај децата не се лачат такви хормони. Пубртетот тогаш не е ни во најава. Ако има симпатии, тоа се пријателски, социјални симпатии, а не романтични/еротски симпатии. Тоа што возрасните знаат да се зезаат „аааа таа ти е женска, фраерче на тато или сл.“ тоа е само во нивните глави. Децата и да се насмеат на овие шали, тие не чувствуваат такви нагони кон нивните другарчиња.
Сексуалноста не е состојба на хормоните. Сексуалноста се развива паралелно со љубопитноста. Сведок сум на деца кои никогаш не биле малтретирани со симпатии па пројавиле, тоа како прво. Второ, сигурна сум дека никој не форсирал симпатија од истиот пол на момчето. Сигурно го прашале која му е девојка, а не кој му е дечко. Трето, ситуацијата со момчето ја спомнав затоа што ти ја посочи хомосексуалноста како избор или убедување, а потоа сврте на генетска мутација, пореметување или болест. Како ја разбираш ти хомосексуалноста, како избор или како болест? Те молам изјасни се за да знам во кој правец да ја терам дискусијата.
Сум учела од учебникот, и годинава се чека за недела- две нова книга од истите автори едино ради овој дел. Информацијава ми е кажана лично од проф. Диана Белевска, зошто кога кажа дека повторно објавуваат книгава со мали промени, ме интересираше дали вреди да го земам пак зошто веќе го имам. Рече дека хомосексуалноста нема да биди опишана во оваа категорија и со поинакви зборови. Дека има и други промени, но дека се одлучиле на поправка главно ради овој дел. Не се обидувам да те предомислам, не ми е грижа било кој, како го перцепира светот, само сакам да кажам дека во оваа книга, конкретно овој дел подлежи на промени кои ќе бидат објавени наскоро. Поздрав.
Нема зошто да се нарекува нивниот брак поинаку, кога бракот по дефиниција е заедница помеѓу две личности. Единствено Црквата го наметнува она заедница помеѓу маж и жена. Затоа, одлучи се дали да ја исклучиме религијата од дискусијава, бидејќи ти сепак ја наметнуваш. За посвојување деца, се согласувам дека треба добро да се разгледаат луѓето кои сакаат да посвојат дете и секако да се види во каква средина оди тоа дете. Така што, да, и јас сум против хомсексуалци да посвојат дете, ако се воедно расисти, сексисти, наркомани, немаат стабилна работа итн. итн. Хомосексуалната средина, сама по себе, не може да биде нездрава, затоа што освен тоа што меѓу нозе го има едниот родител, нема никаква разлика од хетеросексуална средина. Децата не би станале геј по стапките на нивните родители (да се стануваше така, гејовите не ќе беа гејови). Неконсензуален секс е секс без консензус (зборов го мразам), или дозвола, поточно consent, како сакаш. Тука спаѓаат силување жена од страна на маж, силување маж од страна на жена, маж што силува маж, жена што силува жена, маж или жена што силуваат дете, маж или жена што имаат секс со дете дури и тоа да даде дозвола, секс со алкохолизирана личност или личност под дејство на друг вид дрога, потоа следи зоофилија, некрофилија и сите други сексуални актови со лица кои не се способни на дадат дозвола. Само во вакви случаи хомосексуалноста (и хетеросексуалноста секако) е изопачена. Не гледам апсолутно ништо изопачено во две личности кои со дозвола од двете страни имаат анален или орален секс.
Народниот правобранител го прогласи поглавјево за дискриминирачко. Хомосексуалноста ем не се смета веќе како раствојство, ем се јавува во детството, не во пубертетот или адолесценцијата. Истото поглавје целосно ќе биде отстрането.
Не, воопшто не наметнувам религија во дискусијава. Бракот во Законот на РМ е дефиниран вака: Член 6 од законот за семејство Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање. http://www.mtsp.gov.mk/wbstorage/files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf Ок, дали доколку некој има секс со дрво за тебе тоа не претставува изопачување само затоа што нема силување? Дали доколку детето утре ти дојде и ти каже дека видело некој човек како пенетрира во ауспух од кола, ти ќе му кажеш дека тоа е изветоперен секс или ќе му речеш па тоа е нормално, не е сулување, колата не е свесно битие, тоа си е само креативен начин на секс, едноставно тоа е вроден природен нагон на човекот...
@EvAngelos Нормално, во Македонија не се легализирани геј браковите. Прашањето е, кому му пречи дефиницијата да гласи заедница меѓу две личности, а не меѓу маж и жена? И зошто пречи, ако не од религиски причини? Кога збориме за изопачени сексови, објектофилијата претставува секс со несвесни нешта и со тоа спаѓа во секс без консент. Да можеше дрвото да даде дозвола, ќе беше во ред ако некој се секса со дрво. Но дрвото не може да даде дозвола, а со тоа и сексот не е консензуален. Исто е и со животни и со мртви луѓе итн. Не сфаќам како овие работи дојдоа во споредба со хомосексуалност, кога чинот е секс помеѓу две свесни согласни човечки суштества.
Она што не го сфаќам е како човекот се дрзнува да каже што е исправно за во (нечија) спална соба. Јас тоа навистина неможам да го разберам. Хех, многу хетеросексуални двојки мажот си ја силува жената, или ја тепа или што ти не, па поубаво ми е да видам искрено хомосексуална врска во која двата парнери се уважуваат меѓусебно и се сакаат. Љубовта ми е онаа која ми е важна, пред се. ПС Ако мене ми е дадено правото да бирам, зошто би му го ускратил некому?