Работата е што на повеќето хомосексуалци баш им е гајле дали некој како поединец мисли дека се нездрави, ненормални, неморални, се додека тој поединец не се обиде да му го наметне тоа мислење како факт на некој хомосексуалец. Затоа, не глумете посебни снегулки кои се навредиле затоа што некој им ставил етикета хомофоб, кога хомосексуалци се нарекувани со секакви погрдни зборови секојдневно.
Интересни ми се овие теми со крајни противности и емотивен набој Такво општество не може да постои затоа што ќе трае една генерација А што ќе прават за да постигнат тоа, како ќе направат некого педер или лезбејка? Луѓето се еволуирани, како и сите цицачи и следствено хоминиди и остали претци - да се размножуваат преку секс и имаат соодветни нагони, органи, хормони и мозочна активност за да го постигнат тоа. И тоа е тоа во некои 95% од раја по светот. Останатото е мистерија пошто нема апсолутно никаква еволуциска или биолошка причина за постоење на хомосексуалци и други нестандардни форми на сексуалност. По дефиниција, сите остали сексуалности освен хетеро се - аномалија, се јавуваат кај скромно малцинство, зошто - никој не е на јасно, сеуште нема прифатен одговор, дали е nature, дали е nurture, дали е комбо од обете... Но тоа не значи дека таквите лица треба да бидат дискриминирани. Граѓански брак, заедница, било што каде би имале исти права со хетеро брак е ок и чекор напред. Посвојување, не гледам логичка причина за такво нешто. Тоа е сеуште социјален експеримент и не се знае како ќе се одрази тоа, пошто тоа е новотарија, тек после 15-20 години ќе можат да се направат релевантни научни истражувања. http://www.dailymail.co.uk/news/article-2068731/Gay-couple-accused-abusing-adopted-sons.html http://www.dailymail.co.uk/news/art...ilty-plea-decide-trial-fight-allegations.html https://www.rt.com/news/pedophile-syndicate-russian-boy-481/ Пошто имаш вакви ситуации, двајца геј педофили си посвојуваат деца и ги силуваат. Ради политичка коректност и тоа што сите сакаат да бидат супер-екстра-kewl нема проблем, девет деца сакате да посвоите? Нема проблем. Тоа се девет деца кои не отишле кај хетеро парови кои би биле среќни после години и години пробување, лечење, страдање да се дојде до дете - отишле кај педофили.
Иначе, @EvAngelos е во право од христијанска гледна точка, без разлика дали е католичка, протестантска или православна теологија, Писмото е сосема децидно дека хомосексуалноста е грев. Следствено на тоа, секој кој се смета за христијанин или христијанка а има позитивен став кон геј популацијата - прави грев Или поинаку кажано, не може да се биде христијан/ка и да се смета геј за океј, тоа се меѓусебно исклучиви ствари (исто важи и за муслимани и евреј). Ако верувате во Бог, тогаш треба да знаете дека тој Бог, преку своите пратеници на земјата, стриктно кажува дека геј не е океј. Ако верувате во Бог а не го слушате, тогаш или се правите поголеми од Бога (а тоа е смртен грев) или сте викенд-верници. Но тоа не носи во водите на логичката и моралната доследност а тоа е тема која никого нема да го израдува
Црна ружа, ја имаш почитта од мене за твоите ставови со кои често се согласувам, но јас сметам дека Е можно да го сакаш Бог а да немаш предрасуди. Имам кажано исто дека јас го сфаќам Бог како космички дух, енергија која се вселува во сечие срце и прави да е лицето способно да љуби. Slightly off topic сум, ете престанувам
Да , оти стрејт родители не си ги силуваат своите бебиња и деца, не ги продаваат за пари на педофили, комшии и роднини, а па уште помалку ако ги посвојат. Ај да не ставам тука сто линкови наспроти тој ваш еден пример кој го користат сите ваши што не се хомофоби, ,, али ,,...низ светов. Ај стајте некој линк каде родители си ги силуваат своите деца, ги продаваат, па посвојуваат и ги проституираат, па да бараме и забрана на било каково посвојување, па и на раѓање бре!
Нели? Затоа не може и не треба да се прифати тој став и терминологија дека хомосексуална врска, полна со љубов и разбирање – е изопачена и неморална, а секоја врска или граѓански и црковно одобрен брак се нормални дури и во вакви случаи, само затоа што се хетеросексуални. За посвојувањето деца сфаќам дека е подискутабилна тема, но истото ова погоре ми важи. Колку и да ви звучи клише, јас како личност за која нешто најневино и најчисто се децата и нивните права и добросостојба се приоритет – цврсто стојам на тоа дека да, подобра средина за деца би бил хармоничен, ненасилен и стабилен хомосексуален пар отколку нефункционален хетеросексуален во кој владеат инциденти и кавги, пороци, психичко насилство и најлошото – законот дека ,,ќотекот е излезен од рајот“. И да, секако е неспоредливо подобра средина од домовите кои се токму секојдневие на децата за кои станува збор и што се за посвојување. Секако, пред да се даде дете било кому, треба да има психолошки тестови за способноста за родител, а педофилијата како склоност мора да биде целосно исклучена, и тоа важи и за хетеросексуалци и за хомосексуалци. А за средината колку влијае на сексуалноста и дека посвоените деца од вакви парови би станале и самите хомосексуалци ради воспитување – доволен доказ е дека хомосексуалците потекнуваат од хетеросексуални бракови, од кои голем дел ги воспитувале и ги опкружувале со традиционални вредности, па дури и предрасуди кон таквите луѓе...
@blonde_supergirl Не се труди да му објаснуваш на Ружа (или на било кој друг со таков став) дека е возможно да си верник и да немаш предрасуди. Веројатно таквите како нас се еднорози за некои луѓе Она што е најбитно е тоа што го носиме во срцата, во душите. Во моето срце нема место за омраза, предрасуди, хомофобија. Епа ако тоа ме прави помалку верник let it be. Порадо човечна отколку верник кој осудува. Он топик - секако треба да имаат права. Сите сме луѓе. Хетеросексуалноста не треба да е привилегија, како што хомосексуалноста не е нус појава. Двете се ЧОВЕЧКИ ориентации.
A, да, и ова... @Црна Ружа, не можам баш да осетам и проценам дали и колку си саркастичен во случајов, ама сепак ќе се надоврзам за ова што си пишал. Јас најмногу од сè почитувам верници за кои хомосексуалноста како различност (а и други слични табу прашања кои се лична работа или избор) е океј, а хомофобијата не е. Таквите се надеж дека религијата може да биде вистински сфатена како љубов и толеранција, а дека не треба да биде условена со закоравеност, предрасуди и ограничувања.
Emotions run high Но не си христијанка, муслиманка или еврејка, твоето замислување на Бог како енергија, космичка сила си е во ред сето тоа, но ти не припаѓаш на религиите чиј Бог кажува дека геј не е океј. Богот во тие религии, наречени и аврамски е јасен и прецизен во однос на тоа прашање. Поолека, нема потреба од толку емоции. Овие се веројатно само педофили кои лажеле дека се геј, кои делат иста куќа и се имаат регистрирано и впуштено во посвојување со една цел - да имаат секс со деца. Таквиот закон овозможува на двајца педофили да си се најдат на дарк нет и да си се договорат. Фиктивен брак и реално силување. Тоа што им доделиле 9 деца е крајно ненормално. Кои се тие ваши и наши? За тоа какви луѓе ке израснат од хомо посвојувањата можеме само да шпекулираме бидејќи тоа се нови ситуации, посвојување беше дозволено пред 10-тина години ако и толку, така што треба да пројдат 15-20-30 години за да може да се утврди со релевантна евиденција какво влијание имал одгојот од истополови партнери. Да те прашам, зошто било кој геј пар треба да има предност пред хетеро пар при посвојување, наведи некои причини, значи се пријавиле ги исполниле законските услови и сега комисијата зошто да го даде на хомо парот а не на хетеро парот (пошто има бескрајно повеќе хетеро парови кои сакаат да посвојат, факат) Не да си верник по дифолт (енергии, виши сили ова она, њу ејџ) туку Христијанин, Муслиман или Евреин. Евангелос пример не ги мрази гејевите но нивниот акт го смета за грешен бидејќи така му заповеда Бог во кој верува, христијанскиот, од Библијата, отецот Исусов. Ако Бог ти кажува преку Светото Писмо дека геј не е ок а ти тврдиш дека е ок тогаш не му веруваш на Бог, едноставно е Во ред, 99% од луѓето се теолошки крајно неупатени, ништо страшно Не сум саркастичен, туку инсистирам на логичка доследност што према искуство е најширок пат за стварање непријатели ама тоа е што е, ѓаоло така ме тера Христијан кој ги игнорира зборовите на Богот во кој тврди дека верува - е грешник. Прашај бискуп, пастор, владика, оџа, рабин, прашај поп или било кој. Или верникот верува во Божјата реч или не верува. Ако верува, тогаш верува во секоја света буква од Посланието Негово, ако не верува тогаш не е верник. Не може аха ок, ова ми одговара и ќе бидам рисјанин а она не ми одговара пффф батали тоа, тоа е грев. Бог јасно кажува дека геј не е океј. Верникот не му верува на Бог дека геј не е ок. Верник кој не верува во Бог не е верник. Дакле конкретно зборуваме за основните постулати на трите аврамски религии, а не за религијата сфатена колоквијано како палење свеќа и гнетење баклава, тоа не се верници. Не ми се верува бе, ја бранам монотеистичката позиција ццц, не е на арно ова
Ама @Црна Ружа не, секако дека не треба хомоескеуалните парови да имаат предност пред хетеро паровите при посвојување деца. Поентата е дека никој не треба да има предност врз основа на сексуалната ориентација. Исто така дете не може да посвои кој сака и на кој му текне. Има многу критериуми коишто треба да се исполнат, кои всушност служат баш за да се избегне таква ситуација, педофили да посвојат дете. Значи, ако има хомо и хетеро пар, супер си се и двата пара, нема да треба да се бира меѓу нив, туку и двата пара треба да добијат бебе. Исто како што не би се бирало помеѓу два хетеро пара.
А кај си го слушнал ти бог да го каже тоа, па толку цврсто им објаснуваш на вернициве дека не се верници ако поддржуваат толеранција и прифаќање на различниот?
Нит ме знаеш, нит ме познаваш за да кажеш колку јас сум неупатена или упатена јас си знам која сум и во што верувам, а ти, Трајче или Петре ако тврдите дека сум њу ејџ верник си е ваш проблем. И ај да не мешаме религија, темава е Правата на хомосексуалците, не е темата за њу ејџ верници како мене @Црна Ружа
Па законите за посвојување дозволуваат и педофил да има фиктивен брак со жена, само да си посвојува деца за силување. Или пак и да си ги раѓа... Тие вашите, хомофобите, кои користат глупи примери како горнион, па потоа се вадат демек не го мислеле она што го кажале. А ја да те прашам, кај сум рекла или подржала геј парови да имаат предност у посвојување? Поздрав.
Да, но во тој случај се дискриминираат бисексуалците, а тие се значителен борј од лгбт популацијата. Зошто да не може да се биде и со маж и со жена во брак истовремено и да си посвојат? Исто важи и за лицата кои сакаат повеќе од една особа, значи некој лик зошто да не може да стапи во брак со 2,3,5 жени или некоја типка со повеќе мажи (и да имаат право да посвојат). Тука се и асексуалните лица, зошто пак тие како самци да не можат да посвојат? Немора и да е асексуален, едноставно некој лик не сака да има трајни врски, си комбинира секс-бади, купува секс или секс за една ноќ, живее сам, зошто да не може да посвои? И уште стотици примери. Значи со овозможување на хомо-посвојувања не се решава дискриминацијата. Или биолошката основа на хетеро бракот останува валидна до крај, или ја баталуваме таа основа и даваме право на сите и не правиме дискриминација Не ми има кажано Бог мене, туку на соодветни овластени посредници познати како пророци кои тоа го запишале во Светото Писмо. Сериозно не ти е познато дека во Библијата си пишува јасно околу тоа? Јас не те знам но читам тоа што си напишала и оттаму ти кажувам што е и како е. А чекај, на која религија или деноминација припаѓаш? Бог оставил заповеди и закони чие почитување и исполнување се бараат од Бог. Нивно непочитување и неисполнување или прекршување значи дека се греши, или пак не се верува во Бог. За да некој биде кошаркар треба да игра кошарка. Со топка, со табла и обрач, со тајма аути и измени. Не може сега еј не ми одговара ова, ќе фрлам книжни топчиња во корпа за отпадоци и ќе се сметам за кошаркар. Таквиот би го сметале за забеган нели? Но некој кој ништо не верува ништо или само малку од она што Бог заповедал а се смета за верник, тоа е ок. За да се биде верник во Бога треба да се верува на Божјата реч и послание.
Затоа што да се биде бисексуалец не значи дека сакаш да си со двајца истовремено и бисексуалност не е еднакво на полигамија. Затоа што ако некој самец посака да посвои дете, нема да исполни еден критериум, но сепак нема да му се исклучи целосно можноста да посвои, само нема да има предност пред тие во заедница. Што се однесува до мене, секој кој е психички созреан и финансиски спремен за дете треба да има можност да посвои. А постојат психолози и психијатри кои може да ја проверат таа способност.
Ако си среќен со својот живот, ако си сигурен и исполнет со тоа што го правиш, тогаш воопшто нема да се замараш дали двајца момци биле заљубени или две девојки се во врска или некој пар одлучиле да имаат куче наместо дете. Ќе ти биде сеедно за се, зашто никој од нив не ти прави лошо, туку напротив, луѓето само си се сакаат и се среќни. А ако си ограничен во умот, ако си огорчен со лоши мисли, нормално се ќе ти смета и се што те опкружува ќе те нервира... А баш е тажно кога лошо ти влијае туѓа среќа врз тебе и кога немаш свој живот за да се замараш за себе.
Па да има и таква можност, но хетеро пар кој 10 години нема деца е мноооооооогу помалку изложен на ризик дека се преваранти отколку тазе склучен брак помеѓу двајца мажи кои имале ете, задни цели. А им доделиле ДЕВЕТ деца пази. А каде јас реков дека си рекла да имаат предност? Те прашувам што мислиш за тоа Логички, при било кое посвојување од нивна страна ќе бидат ставени пред некој хетеро пар, ќе се здобијат со предност пре хетеро пар кој нема да добие дете пошто тие ќе добијат. Секогаш исти реакции на ваквите теми , многу муабет за поштовање на различности, зуцни дека не подржуваш гејеви да посвојуваат, веднаш поштовањето на различности (мислења и ставови во случајов) одат низ вода и човек завршува во некаква група наречена "хомофоби". Дали ти почитуваш различни мислења и ставови?
А ти од кај знаеш што им кажал бог нив и дали тие го запишале истото тоа во светото писмо или низ годините било изменувано од несоодветни исто така "посредници". Цела христијанска религија почива на основа на толеранција и љубов кон сите колку и да се различни од нас. И сега ти ке дојдеш овде и ке му кажеш на некој дека не е верник оти толерирал и поддржувал гејови? Ти се молам..
Без разлика, може три месеци да си има секс со жена, после некое време со маж, зошто да не може да има брак и со двете лица? Зарем во сите бракови партнерите се постојано заедно?!
Аха, значи менувана била библијата. А кој е дел е менуван наводно, секако оној што не ти одговара, оној што е во спротивност со твоите желби Таа е библијата, ја имаш во превод на Македонски, прочитај. Десетте заповеди се менувани или не? Битие менувано е? Може Бог не го створил светот, може и тоа е лажно, може Исус е додаден покасно од Ватикан, може ништо не е точно таму. Значи или ја прифаќаш библијата таква каква што е како Негова реч или не ја прифаќаш, ја сметаш за менувана или било како. Ако ја сметаш за менувана, лажна, невалидна тогаш не си верник пошто не веруваш во она што е пишувано во библијата, не веруваш во Неговиот збор ! Сличен муабет беше со онаа шо немала секс со партнерот, пошто не го поштовала Заев, го мразела или така нешто, значи не ја почитува божјата реч дека секоја власт е од Него дадена Гревови така се прават. За неа може баш тој дел е менуван, пошто не и одговара.